
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Иницијативата SupportKocani успешно ја реализираше донацијата наменета за повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во Кабаре клуб „Пулс“ во Кочани со Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје. Донацијата е формализирана со потпишување на договор за донација, а вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети EXOMINE SMART KIT, 4 пакувања аминокиселини и 4 пакувања протеини. Вкупната ...
На 14.07.2025 во 16.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и бул.„8 Септември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, управувано од А.Ф.(32) од с.Мала Речица, тетовско и велосипед управуван од А.М.Т.(60) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М.Т., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил ...
Утрово околу 7:30 часот, на пешачката патека на улицата „Даме Груев“ во центарот на Скопје, лим од заштитната ограда на градилиштето спроти полициската станица „Беко“ се откорнал и паднал врз велосипедист кој во моментот минувал покрај местото. Педесет и четиригодишниот С.П. се здобил со потешки повреди и веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар за укажување лекарска нега, информираа од МВР. Очевидци за ...
Основниот кривичен суд во Скопје донесе пресуда за еден од најпознатите случаи на насилство врз животни во Македонија – убиството на кучето Феликс. Судијката Лидија Петровска ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски, кои според обвинението, на 19 ноември 2024 година, го малтретирале и повредиле животното, од што тој починал неколку недели подоцна. Крстевски доби ефективна казна од три месеци затвор, додека Билбиловски е осуден ...
Младиот бизнисмен и хуманитарец Зоран Љутков трагично го загуби животот во несреќа што се случила викендов, информираат локалните портали. Љутков имаше 42 години и беше еден од најпознатите млади претприемачи во Велес. Основач и сопственик на неколку семејни бизниси, меѓу кои најпрепознатлива е компанијата „Пододекор“, тој беше активен поддржувач на локалната заедница. Покрај бизнис-активностите, Љутков е запаметен како голем донатор и пријател ...
Министерството за правда на Република Северна Македонија сè уште нема добиено официјален одговор од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за барањето за екстрадиција на Шеваљ Муареми, осомничен водач на организираната криминална група „Дуќанџик“ од скопската населба Грчец. Како што информираат од Министерството, барањето за екстрадиција било испратено на 19 март 2024 година, а било примено од страна на надлежните органи во ОАЕ на 2 април. И покрај ...
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денес изјави дека Москва категорично не прифаќа никакви обиди за поставување барања, особено ултиматуми. „Секако, пред сè, забележуваме дека сите обиди за поставување барања, особено ултиматуми, се неприфатливи за нас“, нагласи Рјабков, коментирајќи ја најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за Русија и нејзините трговски партнери доколку во блиска ...
Додека водачот на криминалната група, Шеваљ Муареми, и понатаму е недостапен за органите на прогонот, Кривичниот суд во Скопје донесе пресуда против шестмина припадници на неговата група. Тие се прогласени за виновни за тешки кривични дела – организирање злосторничко здружување, двојно убиство и трговија со дрога. Најтешките казни ги добија Фати Сулејмановски и Шулајб Сулејмановски – 14 години и 6 месеци, односно 15 години затвор, за учество во ...
Од ЦУК информираат за состојбата со пожарите до 12:30 часот денеска. На територијата на државата регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои: Активни: 6 Изгаснати: 3 АКТИВНИ ПОЖАРИ: Општина Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума) Општина Чучер-Сандево: с. Горњани (нискостеблеста шума) Oпштина Велес: кај селата Џидимирци и Крушје (мешана шума) Општина Македонски Брод: помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа и с. Слатина ...
Студентите од втора и повисоките години, како и апсолвентите, од денеска можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Пријавувањето ќе трае до 31 јули, соопштува Министерството за образование и наука (МОН). Бруцошите ќе имаат можност да се пријават по завршувањето на уписите, односно во периодот од 10 до 17 септември. Апликациите се поднесуваат преку интернет, на ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. ...
Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, изјави дека не ги одобрил сите помилувања, дадени кон крајот на неговиот мандат во Белата куќа, туку дека многу од нив биле потпишани од неговиот шеф на кабинет, Џеф Зиентс. Во интервју за „Њујорк тајмс“, тој рече дека ја одобрил употребата на таканареченото автопен (репродукција на потписот на претседателот). Во декември минатата година и јануари оваа година, при крајот на ...
На 14.07.2025 во 18.10 часот, на автопатот А1 Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода С.Р.(29) од Битола. При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час. Известен е ...
ТИТАН УСЈЕ доби највисока потврда за имплементација на одржлив систем за управување со отпад – Нула отпад на депонија (Zero Waste to Landfill Platinum Certificate) и е прва компанија со Платинуим признание во земјата. Овој систем е базиран на механизми за справување со отпад односно рециклирање, компостирање, анаеробна дигестија, реупотреба и термално процесирање. Една од најзначајните негови придобивки е намалувањето на количините на отпад кои ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. На 9 јули, во близина на отпад за старо железо на улицата “Индира Ганди” во Скопје, обвинетите маж и жена заедно, со употреба на сила ги попречиле оштетените новинар и снимател на ТВ Алсат М во ...
Централниот регистар објави решение со кое се врши промена во органите на управување на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железничка“ на Република Северна Македонија. Согласно решението од 10 јули 2025 година, назначени се нови членови на Управниот одбор на претпријатието. За претседател на одборот е избран Роберто Тошевски од Скопје. Меѓу новите членови се Сашо Мојсовски, Негица Захариевски, Александар Маџаров, Ељвис Муслими, ...
Поранешниот лидер на згаснатиот политички субјект Фронт за демократска Македонија, Јове Кекеновски, е предложен за нов член на Управниот одбор на најголемиот земјоделски комбинат во земјата – Пелагонија АД Битола. Според документите доставени до Македонската берза, на наредната седница на Собранието на акционери, закажана за 11 август, ќе се разгледува предлогот за разрешување на Салаудин Арифи и именување на Кекеновски како неизвршен и ...
ЕДС, како еден од водечките снабдувачи со електрична енергија во земјата и дел од регионалната енергетска групација PPC, ја најавува својата нова летна промоција наменета за малите и средни претпријатија, со два тарифни модели што одговараат на различните потреби на деловниот сектор. Со цел подобро прилагодување на различните деловни модели, ЕДС лансира два нови тарифни модели, креирани за да понудат или максимална флексибилност, или долгорочна ...
Националната метеоролошка служба издаде предупредување за ненадејни поплави за сите пет окрузи во Њујорк. Во исто време, гувернерот на Њу Џерси прогласи вонредна состојба откако обилните дождови предизвикаа поплави во некои делови од таа федерална држава. Силни дождови го погодија Њујорк и околните предградија, предизвикувајќи поплави во метрото и на главните патишта, што доведе до доцнење на летовите од неколку часа – до три часа, пишува Н1. ...
Минималната цена на работа во Србија (минимум) ќе се зголеми на 500 евра од 1 октомври оваа година, беше одлучено на седницата на СЕС. На 124-та редовна седница беше донесена едногласна одлука за вонредното зголемување на цената на трудот. Поточно, минималната цена на работата во Србија од октомври ќе биде повисока за 9,4 проценти и ќе изнесува повеќе од 500 евра, беше договорено денес на состанокот на Социјално-економскиот совет (СЕС) на ...
На 36 годишна возраст почина македонскиот гитарист, професор, композитор и аранжер Кристијан Волчев. Роден беше во Скопје во 1988 година, по образование класичен гитарист (ДСУ „Никола Карев“), Волчев го претставуваше мостот меѓу класичната виртуозност и современите музички изрази. Работеше и како професор по класична гитара, инспирирајќи го и менторирајќи викенд генерации на млади музичари. Тој беше гитарист на македонскиот алтернативен рок бенд ...
Градоначалничката Данела Арсовска секој ден е активна на друштвените мрежи и одговара на прашања кои ги поставуваат скопјани. Утрово одговори и на прашањето зошто градот не е исчистен. Прашање од скопјанец: Ало земи градот исчисти го и среди го пола народ не те знае не сме те виделе 4 години… Арсовска одговори: Претседателката на комунална хигиена што ја стави вмро/влен е 2 пати осуден криминалец. не дозволува нови камиони не дозволува поправки ...
Европската комисија побара состанок со претставници на X за да разговараат за четботот за вештачка интелигенција Grok. Минатата недела, европските земји и пратеници ја повикаа Комисијата да го заостри надзорот врз платформата на социјалните медиуми откако четбот со вештачка интелигенција даде антисемитски коментари, вклучително и пофалби за нацистичкиот лидер Адолф Хитлер како најдобрата личност за справување со наводната „омраза кај белата ...
Синоќа, низ улиците на Струмица се одржа протестен марш во организација на Здружението „Здрава котлина“, како реакција на долгогодишното загадување од запалените депонии и инертноста на надлежните институции. Протестот започна со остри пораки и повик до институциите да преземат одговорност: „Народе, време е да ги разбудиме заспаните институции кои, во скапо платен сон, си ги префрлуваат надлежностите и задолженијата додека сите заедно се труеме ...
Во наредните 14 дена, Македонија ја очекува вистински летен бран со температури кои на моменти ќе се искачуваат и над 40 степени. Според прогнозите, од утре па сè до крајот на месецот ќе доминира стабилно и суво време, со исклучок на неколку дена кога се можни краткотрајни локални врнежи. Утре, на 16 јули, се очекува сончево време со утринска температура од 19°C и дневен максимум од 37°C. Следните денови (17 и 18 јули) ќе продолжат во ист стил ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го прашал украинскиот претседател Володимир Зеленски зошто не извршил удар врз Москва, пренесува Вашингтон Пост, повикувајќи се на извори од американската администрација. Одговорот на Зеленски бил краток, но јасен: „Можеме, ако ни дадете оружје.“ Разговорот помеѓу двајцата лидери се одвивал во контекст на новата геополитичка офанзива на Трамп, поврзана со конфликтот во Украина. Претседателот на САД ѝ ...
Демократската Унија за Интеграција го поздравува ентузијазмот со кој актуелната Влада го промовира реализирањето на стратешките проекти во земјата, како што е Коридорот 8, исклучителен проект со национални и меѓународни димензии, кој претставува стратешки интерес за Република Северна Македонија, евроатлантското сојузништво и мрежата на трансевропски коридори на НАТО, велат од ДУИ во соопштение до јавноста. „Сепак, не можеме а да не ја ...
Совети за запирање на автомобил кога една од гумите ќе експлодира кога брзината ќе надмине 100 километри на час: 1. Прв совет: Кога “пука“ гума, обидете се да бидете што е можно помирни и цврсто држете го воланот со двете раце. 2. Втор совет: И што е најважно, држете го стапалото надвор од сопирачката, не ни помислувајте на тоа. 3. Совет број три: Останете во вашата сообраќајна лента и обидете се да не менувате лента, останете што е можно ...
ОВЕН Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате стабилна ситуација во односот со партнерот кој ви е посветен. Проблеми со нервниот систем. БИК Ќе добиете позитивен одговор поврзан со некое барање или молба која сте ја испратиле. Ве очекува поволен период. Доколку планиравте почеток на заедница или брак, денес е одличен ден за тоа! Ќе успеете да решите некои проблеми. ...
Во времето на царот Лав Велики (458–471), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата ...