Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го обвини градоначалникот на општина Чаир, Висар (Вики) Ганиу, дека дозволил легализација на над 150 незаконски и опасни дивоградби во својата општина. Арсовска иронично предложи Ганиу да добие грант од Фондот за иновации, доколку не биде покрената кривична пријава против него, бидејќи според неа, успеал „да најде начин како да патува низ времето“. „Ако ги погледнеме двете сателитски снимки, од кои ...

Половина од светот се соочи со уште еден месец топлотни бранови минатата година поради глобалното затоплување предизвикано од човекот, како што се тврди во студијата објавена во петокoт. Резултатите од истражувањето укажуваат на степенот до кој континуираната употреба на фосилни горива му штети на здравјето и благосостојбата на сите континенти, со последици кои не се доволно препознаени во земјите во развој, тврдат научниците кои учествувале во ...

Казни од 350 до 2.000 евра за употреба на мобилен телефон или за неносење кацига на мотор, намалување на дозволената брзина во населените места и зголемување на автопатите, казни од 2.000 до 8.000 евра за брзина од над 200 километри на час, меѓу другото, предвидуваат промените во законот за безбедност во сообраќајот, според алтернативниот министер за транспорт на Грција Константинос Киранакис, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто за ...

Медицинските сестри од тетовската болница денеска излегоа на протест, барајќи повисоки плати и регулирање на нивниот работен однос. Дел од сестрите со години, а некои и цели десет години, работат со договор на дело. Од раководството на болницата велат дека решението не зависи од нив. „Ние веќе имаме согласност од Министерството за здравство за продолжување на нивните договори, но сè уште чекаме одобрение од Министерството за финансии“, изјави ...

На 3 јуни, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска. Во претставата играат: Верица Недеска, Ања Митиќ, Сања Арсовска, Јасмина Билаловиќ, Јасмина Василева, Игор Ангелов, Дениз Абдула и Владимир Петровиќ. Како костимограф се потпишува Роза ...

Германскиот град Ајзенхутенштат, којшто се наоѓа на границата со Полска, нуди 14 дена бесплатен престој, сместување и можности за работа, со цел да привлече нови жители и да ја обнови заедницата, пренесува „Н-1“. Апликациите се отворени до почетокот на јули. „Проектот е наменет за сите заинтересирани да се преселат во Ајзенхутенштат – како што се патници, луѓе заинтересирани да се вратат во градот, квалификувани работници или самовработени луѓе ...

Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја заврши истражната постапка во врска со пожарот во клубот „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. Во истражната постапка ...

Поранешниот претседател Стево Пендаровски тврди дека Македонија во моментов нема договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, како што најавуваше актуелната влада, туку само меморандум за соработка. „Во она што ни е дадено на увид и што беше ратификувано во средата попладне, нема ништо стратешко“, вели Пендаровски во интервју за Дојче Веле. Тој посочува дека документот според својата содржина повеќе наликува на меморандум за ...

За сите што планираат одмор во Грција во своја организација, особено со приколки, мобилни куќи и скари, еве едно сериозно предупредување: Грчките власти преземаат мерки против нелегалното кампување и нелегалната градба, дури и на земјиште што го поседувате, пишува Пари. На Фејсбук страницата на „Грчка Инфо“ неодамна беше објавена сторија што илустрира колку сериозни можат да бидат последиците ако се прекршат локалните закони.Некои граѓани на ...

Студентите во блокада најавија за попладнево во Белград протест под мотото „Сакаме избори“. Протестот ќе почне во 16.30 часот со собирање во центарот на главниот град на Србија, ќе се протестира пред Високото јавно обвителство и ќе заврши околу 20 часот пред зградата на Владата. Текстот со кој студентите бараат распишување вонредни парламентарни избори ќе биде прочитан во 19:45 часот, по што ќе следат говори што ќе го означат крајот на ...

Бугарскиот парламент подготвува декларација за отфрлање на неодамнешните обиди за протуркување на „план Б“ за отклучување на почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ со Македонија, пишува EUalive. Декларацијата го повикува Скопјe да усвои план за заштита на правата на малцинствата. Според нашите извори, бугарските пратеници ќе реагираат на она што се смета за обид на Скопјe да избегне промена на уставот за да го вклучи бугарското ...

На социјалната мрежа на „X“ објавено е видео на кое бугарска матурантка на матурската прослава пристигнала со багер. На видеото може да се види млада девојка во елегантен син фустан како излегува од кофата на багерот, додека трубачи се покрај неа. Местото и локацијата не се наведени каде се случил настанот, но авторот на на видеозаписот тврди дека станува збор за матурска прослава во Бугарија. Видеото има над 16 илјади прегледи, а корисниците го ...

Над 15 илјади средношколци од цела држава утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура – мајчин јазик и литература. Испитот е задолжителен за сите матуранти, а според Државниот испитен центар, пријавени се 9.969 ученици за македонски, 4..339 за албански, 292 за турски и 10 за српски јазик. Најмногу ученици се пријавени од стручните училишта, потоа од гимназиите, а најмалку од уметничките училишта. Вториот екстерен испит, кој е ...

Владата најави вработување на 400 пожарникари во пресрет на летната сезона. Целта на мерката, предвидена во Оперативниот план за 2025 година, како што посочуваат оттаму, е навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во текот на летниот период. „Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки животи, животната средина и други материјални ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави конкретни внатрепартиски промени во начинот на избор на кандидати за градоначалници и советници на претстојните локални избори. – Ќе предложам модел каде советниците ќе ротираат, односно ќе имаат мандат од две години, по што следните на листата ќе влегуваат во советот. Со тоа ќе овозможиме двојно повеќе наши другари и другарки да бидат дел од советничкиот состав во текот на четиригодишниот мандат. ...

Никој од 37-те обвинети за злоупотреби во државната компанија ЕСМ, кои според обвинението го оштетиле буџетот за најмалку 6,5 милиони евра, не се чувствува виновен. Судењето почна вчера во новата дигитална судница во близина на затворот Идризово, која со години стоеше неискористена, иако беше изградена со средства од Европската Унија. Пред обвинетите да се изјаснат, судијката Даниела Димовска испрати порака дека признанието на вина ќе се смета ...

Родителите на загинатите деца во Пулс, укажале на јавното обвинителство дека треба да се истражи дали причината за смртта на нивните деца е директна од задушување со јаглероден моноксид или пак поради несоодветен третман во болниците. Ова синоќа во телевизиско интервју го откри државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. „Родителите ни посочија на одредени околности да се испитаат. Дали причината за смртта е директно задушување со труење со ...

Oвeн – Heĸoи лyѓe вepojaтнo ќe вe ĸpитиĸyвaaт или ќe ви дaдaт зaбeлeшĸи, штo ќe ви гo oтeжни ocтaнyвaњeтo cмиpeни. Cилнитe eмoции мoжaт дa влиjaaт нa paбoтaтa и нeмa дa ce oдpaзaт дoбpo. Cocтaнoцитe дoцнa пoплaднe ce пoвoлни. Биĸ – Baжнитe зaдaчи мoжe дa ce oдлoжaт зa дpyг пaт. Aĸo ce чyвcтвyвaтe иpитиpaнo oд нeштo, нe бpзajтe дa гo иcтypĸaтe тoa вpз дpyгитe (a ocoбeнo вpз вaшитe нajблиcĸи). Beжбajтe гимнacтиĸa или џoгиpajтe – вeжбajтe мaлĸy зa ...

Денеска е 17 мај (по стар стил) и се слави Светиот апостол Андроник. Еден од седумдесетте. Роднина на светиот апостол Павле, како што пишува самиот Павле (Рим. 16, 7), спомнувајќи ја и светата Јунија, помошничката на Андроник. Андроник беше поставен за епископ на Панонија, но не живееше на едно место туку го проповедаше Евангелието по цела Панонија. Со Јунија тој успеа да приведе кон Христа многумина и да разори голем број идолски храмови. ...

Државниот јавен обвинител вечерва во телевизиско интервју рече дека за еден член од бендот кој е осомничен за пиротехниката нема во моментов да се води постапка поради лоша здравствена состојба. „Има одредени лица кои што се во тешка здравствена состојба и со консултација со лекарите за нив во моментов е одлучено дека не се во состојба за нив да се води постапка ниту да дадат изјава, за жал“, рече државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва ...

Утре завршува истрагата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Ова вечерва во телевизиско интервју за ТВ24 го изјави републичкиот обвинител Љупчо Коцевски. „Од утре во следните 15 дена одбраната има право на увид во предметот и има право да доставува докази кои Јавното обвнителство ќе ги цени и после тоа ќе се донесе јавно обвинителска истрага“, изјави Љупчо Коцевски. На истрагата која започна на 16-ти март работат 13 јавни обвинители. „Во ...

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ објави Конкурс за запишување питомци и студенти на прв циклус студии и Конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии во студиската 2025 /2026 година. Конкурсот за запишување питомци и студенти на прв циклус студии, соопштија денеска од Министерството за одбрана, се објавува за потребите на Министерството и Армијата, како и за потребите за управување со кризи и заштита и спасување. – Ги ...

Средбата на Арбен Таравари со премиерот на Косово Албин Курти и другите лидери на ВЛЕН разјасни дека на таа средба не се зборувало за никаков договор со ДУИ и Али Ахмети, туку едноставно зборувал за работите во владата каде што ние, како ВАЛЕН, сме биле растегнати. Таравари нагласи дека немал ниту има никаков договор со Али Ахмети. Тарвари, вечерва на ORA24TV откри дека првиот канал на комуникација со Али Ахмети бил министерот за кого сега се ...

Намалување на царинските стапки за 67 стоки, вклучително за литиум јонските батерии за складирање на електрична енергија е резултат на нашата комуникација со бизнис заедницата и подобрување на бизнис условите и зголемување на извозот и инвестициите. „Во процедура се измени на Законот за Царинската тарифа со кој се врши намалување на царинските стапки за 67 стоки. Тоа е резултат на нашата комуникација со бизнис заедницата и согласно Програмата за ...

Град Скопје остро реагираше на изјавата на пратеникот Изет Меџити, кој ја обвини градоначалничката Данела Арсовска дека наводно има намера да ја дестабилизира државата. Во писмено соопштение, Одделението за односи со јавност на Град Скопје одговори дека вистинската „дестабилизација“ е откривањето на криминалот поврзан со дивоградбите во Чаир. „Изет, единствена дестабилизација од мене ќе добиете ти и твојот измеќар Висар што ти ги потпишувал ...

Управата за водење на матичните книги склучи договор со НУ Музеј на македонската борба за самостојност – Скопје, со кој ќе ја користи свечената сала во објектот „Порта Македонија“ за организирање венчални церемонии и евидентирање бракови во матичната евиденција. Според договорот, Управата ќе има на располагање термин секој четврток, петок, сабота и недела, од 14:00 до 17:30 часот, при што ќе се вршат официјални венчавки во објектот. Договорот ...

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изјави дека земјите се залажуваат себеси дека ќе станат членки на ЕУ, во која никој нема да влезе, освен можеби Црна Гора. „Државите се измамени со лажни ветувања дека ќе станат членки на ЕУ со цел да постигнат некои отстапки“, рече Милановиќ. Тој додаде дека од другите се очекува да ја потчинат својата надворешна политика на интересите на Унијата, што е пресметка со Москва, како што се прави со ...

На 1 јуни 2025 година (недела), на отвореното игралиште т.н. Дупка, во рамки на Спортскиот центар „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче, ќе се одржи финалниот турнир во мини-ракомет – Јуниор Куп, како дел од проектот „Ракомет за секое дете“. На турнирот ќе учествуваат над 280 деца, момчиња и девојчиња на возраст од 6 до 12 години, организирани во 27 екипи. Предвидено е да се одиграат вкупно 27 натпревари, а како и секоја година, секое дете учесник ...

Регионалниот Центар за Управување со Кризи – Скопје известува дека на ден 31.05. и 01.06.2025 година ( сабота и недела) во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни во ист термин, велат надлежните. Се известуваат пчеларите навремено да ги ...

Осумдесет години по основањето, време е за жена генерален секретар на Обединетите нации бидејќи во свет доминиран од силни мажи со оружје, потребни се силни жени со мудрост – порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето од меѓународниот „Астана форум 2025“ што се одржува во Казахстан. „Потребни се суштински реформи – Советот за безбедност на ОН да се прошири, реформира и демократизира за да стане поотчетен и поодговорен во ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1016
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
0.51
69%
1013
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
53%
1018
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
77%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.0
62%
1014
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
93%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
4.12
33%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
68%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
65%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.66
59%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
6.69
68%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
38%
1014
Currency

61.535

Currency

52.5676

Currency

72.2077

Currency

34.3826

Currency

38.3919

Currency

65.5592

Currency

7.33901

Currency

0.6731

Currency

0.36421

Currency

0.52505

Currency

1.32441

Currency

0.61418

Алуминиум

2.57

Иридиум

142424.33

Кобалт

42.99

Никел

14804.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.76

Сребро

1175.03

Злато

106811.16

Бакар

10.16

Паладиум

34915.71

Платина

44327.15

Родиум

174417.80

Цинк

2.69