Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Проектот финансиран од Град Скопје вклучува четири сообраќајни ленти (по 2 во секоја насока), централен зелен појас за зголемување на безбедноста, велосипедски патеки во двете насоки, нови тротоари, заштитно зеленило од страните и посебно уредени автобуски постојки Градоначалниците на Град Скопје и на општина Чаир, Орце Ѓорѓиевски и Изет Меџити денеска излегоа на теренски увид соопштувајќи ги плановите за модернизација на булеварот „Мит’хат ...
Околу 50 трактори вчера продефилираа низ централните улици на грчката метропола, каде што беа поздравени од граѓани и минувачи. Протестот заврши мирно Како што пристигнаа во Атина, со сирени и свирење, така грчките земјоделци со своите трактори претпладнево го напуштија центарот на Атина, откако ноќта ја поминаа паркирани на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера продефилираа низ централните улици на грчката ...
Во овој исклучително нестабилен период, Европа и Велика Британија мора да се здружат. Десет години по Брегзит, нашата иднина е поповрзана од кога било – рече Урсула фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Европската Унија треба да „вдахне живот“ на клаузулата за заемна одбрана, загарантирана во нејзиниот основачки ...
Американскиот државен секретар во Минхен ги потенцираше долгогодишните историски врски меѓу САД и Европа тврдејќи дека неговата земја посакува сојузници доволно силни никој да не може да ги тестира Државниот секретар на САД Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција истакна дека САД не се обидуваат да се оддалечат од Европа туку да внесат нов живот во старото пријателство. „Сакаме Европа да биде силна. Веруваме дека Европа мора да ...
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани – објави Мицкоски на Фејсбук Светот веќе не функционира по старите правила. Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук. „Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна ...
Според кумановската полиција, на 12 февруари осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената Полицијата уапси 25-годишник од село Малотино во општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на 78-годишна жителка на село Челопек, соопшти СВР Куманово. Според кумановската полиција, на 12 февруари осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената. „Вчера во 19:30 ...
Освен во 76 општински комитети, ВМРО-ДПМНЕ ќе избира и претседатели на Унијата на ветерани, Унијата на жени и на Унијата на млади сили На првата седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ било решено да се спроведе сеопфатен реизбор на претседателите во 76 општински комитети, како и на претседателите на Унијата на ветерани, Унијата на жени и на Унијата на млади сили, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Во порака ...
Шефот на украинската дипломатија смета дека Русија не покажува подготвеност за сериозни преговори Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на Минхенската безбедносна конференција изјави дека завршувањето на војната помеѓу Русија и Украина е „нереално“ без американскиот претседател Доналд Трамп. Тој на панелот „Во фокус – безбедносните гаранции за Украина“ посочи дека во Абу Даби се одржаа три рунди разговори во трилатерален ...
Пет држави имаат по четири злата: САД, Франција, Германија, Шведска и Швајцарија, а досега 24 земји се закитија барем со еден медал На половина од Зимските олимписки игри 2026, домаќинот Италија и Норвешка се најуспешните според бројот на освоени медали. Норвешка е лидер на табелата медалисти со осум златни, три сребрени и седум бронзени медали. Италија има исто така 18 медали, од кои шест златни, три сребрени и девет бронзени. Пет држави ...
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, на некои места по влажни коловози. Како што информираат од АМСМ намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има во околината на Делчево. ...
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени Времето денеска ќе биде променливо облачно, проследено со врнежи во попладневните часови и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде ...
„Европа мора да научи да биде геополитичка сила, тоа досега не беше во нашата ДНК…Но, мора да престанеме да зборуваме зад затворени врати за тоа кои се нашите задачи и да почнеме да испорачуваме резултати“, рече францускиот претседател во обраќањето до високите политички и воени претставници на Минхенската безбедносна конференција Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска во Минхен ја сподели својата визија за Европа како геополитичка ...
Станува збор за носачот на авиони УСС „Џералд Р. Форд“, најновиот и најголем во американската флота, кој со своите придружни бродови претходно дејствуваше во Карипското Море каде учестуваше во операцијата во Венецуела, во која од власт беше соборен претседателот на земјата, Николас Мадуро Американскиот претседател Доналд Трамп наредил најголемиот носач на авиони во светот да исплови кон Блискиот Исток во обид да го зголеми притисокот врз Иран ...
„Европа мора да научи да биде геополитичка сила, тоа досега не беше во нашата ДНК…Но, мора да престанеме да зборуваме зад затворени врати за тоа кои се нашите задачи и да почнеме да испорачуваме резултати“, рече францускиот претседател во обраќањето до високите политички и воени претставници на Минхенската безбедносна конференција Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска во Минхен ја сподели својата визија за Европа како геополитичка ...
Вршителката на должноста претседател на Бугарија ова го изјави по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласила дека Софија и европските институции имаат идентичен став кога станува збор за условите што С Македонија треба да ги исполни на својот евроинтегративен пат Со Кошта во Минхен денеска се сретна и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој на социјалните мрежи напиша дека со претседателот на ...
Според иницијалите наведени во соопштението на МВР, извесно е дека станува збор за ексградоначалникот на Чашка од редовите на СДСМ, Горан Стојановски, кој се товари дека спротивно на законот на единаесет лица вработени во општината им исплатил парични средства иако не ги исполнувале условите врз основа на кои биле вршени исплатите Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информира дека е поднесена кривична пријава против поранешен ...
Гоце Наумовски, кој е професор на катедрата по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, е надворешен советник на премиерот Христијан Мицкоски и брат на екс вицепремиерот за европски прашања во една од претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ, Васко Наумовски Парламентарната Комисија за прашања на изборите и именувањата вчера на седница го предложи универзитетскиот професор Гоце Наумовски за член уставен судија. Предлогот, за кој Собранието ...
„Јасно ја пренесов нашата позиција дека Македонија останува посветена на европскиот пат. Но, исто така, Македонија заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања“, вели Мицкоски во објавата на Фејсбук за средбата со претседателот на Европскиот совет во Минхен Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска во рамките на Минхенскиот безбедносен форум се сретнал со претседателот на ...
„Моите мислења во вештиот наод се врз основа на доставената медицинска документација и европските и светските протоколи за лекување. Моето мислење не го менувам“, одговораше вештакот Маја Равник на вкрстените прашања на одбраната На денешното рочиште од продолжението на судскиот процес за случајот „Онкологија“, вештото лице од Медицинскиот факултет „Марибор“, Маја Равник, одговараше на низа вкрстени прашања од одбраната на обвинетите – ...
Преговорите во Женева ќе се одржат по двете рунди разговори во Абу Даби, на кои не беше постигнат голем напредок, освен што беше договорена размена на 314 воени заробеници. Тоа е прва размена од октомври минатата година Преговорите помеѓу Русија, Украина и САД за завршување на војната во Украина се селат во Женева следната недела, а руската делегација ќе ја предводи Владимир Медински, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, без ...
Тој посочи дека Кина сака да биде лидер во обликувањето на светот и оти за тоа се подготвувала со години. Според Мерц, во блиска иднина Пекинг би можел да биде на рамноправна основа со САД во воена смисла Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, на отворањето на Минхенската безбедносна конференција истакна дека во моментот се урива светскиот поредок заснован на правила. „Заедно влеговме во ера која повторно е многу отворено обележана од моќта и ...
„Горд сум што договорот ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридорот 8“, порача вицепремиерот и министер за транспорт Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека Народното собрание на Бугарија денеска го ратификува Договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. „Договорот во ...
Силни дождови, грмотевици, снег и силни ветрови постојано ги погодуваат Шпанија и Португалија во последните недели, оштетувајќи ја инфраструктурата и посевите и принудувајќи ги властите да евакуираат илјадници луѓе Во силно невреме што ја погоди Шпанија, 46-годишна жена почина во Барселона откако врз неа падна откорнат дел од покривот на магацин, а вчера и денес во Каталонија беа повредени 86 лица, соопшти здравствената служба за ...
„Откако јавно ги разобличивме фактите за непријавените интереси, за фирмите на нејзините синови кои добивале милионски средства од партиските каси и за системското прикривање во рамки на ДКСК – режимот повеќе немаше простор за маневрирање. Сите обиди за маневрирање, за правни акробации и за прикривање зад бирократски флоскули паднаа во вода“, се вели во соопштението од партијата Партијата Левица смета дека оставката на антикорупционерката ...
Во јануари, во однос на претходниот месец, трошоците за живот во групата храна и безалкохолни пијалаци остануваат на исто ниво како и во претходниот месец, без промени Индексот на трошоците на живот во јануари годинава бележи годишно зголемување од 3,2 отсто во однос на истиот месец претходната година, покажува најновиот извештај на Државниот завод за статистика (ДЗС). Истовремено, во извештајот е наведено дека индексот на цените на мало е ...
Фирмата „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарската компанија „Фор-ај-џи“ неодамна беше избрана за најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во земјава Премиерот Христијан Мицкоски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со раководството на унгарската компанија „Фор-ај-џи“ (4iG), чија фирма „Оне Македонија телекомуникации“ неодамна беше избрана за најповолен понудувач на тендерот ...
Обвинителството во источниот регион Донецк соопшти дека тројца браќа на возраст меѓу 8 и 19 години биле убиени синоќа во гранатирање во градот Краматорск. Мајка им и баба им исто така биле повредени кога граната погодила станбена зграда. Градоначалникот на Краматорск Олександар Хончаренко, изјави дека во нападот загинал уште еден маж Во најновите руски напади врз Украина загинаа најмалку седум лица, вклучувајќи и деца, соопштија денеска ...
„Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста. Во сите ситуации во моето работење во Комисијата во кои постоеше можност за потенцијален судир на интереси барав изземање, согласно законот. Никогаш немав намера да прикријам информација, напротив ги почитував законските обврски“, пишува таа во оставката Антикорупционерката Цвета Ристовска денеска до претседателот на ...
Прашан кој би бил лидер на евентуално обединетиот политички субјект, Меџити рече дека во оваа фаза не се разговара за персонални решенија Лидерот на Демократското движење и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го поддржува потегот на претседателот на Беса, Билал Касами, за отпочнување процес на обединување на политичките субјекти во коалицијата ВЛЕН. Меџити вели дека во повеќе наврати сите лидери од коалицијата разговарале за можноста ...
Атила Чампаи, портпарол на Дирекцијата за управување со катастрофи во округот Пешта, изјавил дека неговите колеги пронашле три тела – двајца мажи и една жена – под урнатиот покрив на зградата за време на увидот Во пожар што ноќеска избувнал во хотел во местото Будакеши, во близина на Будимпешта, загинале три лица, а дваесетина лица се повредени, пишуваат унгарските медиуми. Од пожарот целосно е изгорена кровната конструкција на двокатниот ...