Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
СПЦ, како што објавија дел од тамошните медиуми, покрена истрага против него поради сомнежи околу тоа на кој начин досега ја водеше Жичката епархија На почетокот на месецот, верници се собраа во неговиот епископски дом во Краљево, со цел да го поддржат, кога претставници од СПЦ дојдоа кај него во посета за да го контролираат работењето на Жичката епархија Синодот на СПЦ ги отфрли тврдењата дека станува збор за политички прогон на митрополитот ...
Во одговорот до пратеничката Костадиновска-Стојчевска, министерката додаде оти е свесна дека законот за високо образование предизвикал одредени реакции за кои, додаде дека не може да се каже дека се генерализирани и дека доаѓаат од мнозинството заинтересирани, а тоа се студентите и универзитетскиот наставно-научен кадар Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница рече дека нема да се повлече ...
Како што соопшти МНР, Муцунски на состанокот во Тирана присуствува на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, а на него се и министрите од Италија, Бугарија и Романија Актуелните инфраструктурни проекти што се операционализираат долж Коридорот 8, предизвиците во нивната реализација, како и потребата од засилено политичко внимание и координација биле во фокусот на разговорите на ...
Изборот на Наумовски следува откако професорката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска во декември лани поднесе оставка од функцијата поради здравствени и лични причини Со 63 гласа „за“, седум „против“ и ниту еден „воздржан“, пратениците на денешната седница го избраа Гоце Наумовски за нов уставен судија. По гласањето, Наумовски даде свечена изјава во Собранието, со која се обврза дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно и ќе ги почитува ...
Во врска со 48-часовниот притвор, од Основниот кривичен суд Скопје потврдија дека тој им е одреден на лицата со иницијали А. И. и Д. С. врз основа на член 215 од Кривичниот законик, а кој се однесува на делото неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори Соопштенијата на ОЈО ГОКК и на Кривичниот суд доаѓаат по денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека во случајот со ...
Опозицијата упати критики за економските политики на Владата, додека власта се бранеше со статистички податоци и најави за незголемување на платите на функционерите „Со плата од 24 илјади денари не се купува ниту основната храна. Обврска на Владата е да донесе политичка одлука за интервентно зголемување на минималната плата во услови на ваква инфлација“, рече Тренчевска „Зголемувањето на платата носи поголема продуктивност, тоа е во вашиот ...
Станува збор за обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот во кој се наоѓало т.н. кабаре „Пулс“ Судијката Диана Груевска-Илиевска, која претседава со судечкиот совет во предметот, денеска телефонски разговарала со лекарите во кочанската болница задолжени за лекувањето на Милковски, кои, како што информираат од судот, ја известиле дека обвинетиот не е во состојба да присуствува на главната расправа закажана за утре, но увериле оти ...
Најновите потези против Телеграм, кој е втората најпопуларна апликација за пораки во Русија, според податоците од Аптопија (Apptopia), предизвикаа особена реакција. Роскомнадзор соопшти дека новите ограничувања се воведени бидејќи Телеграм не ги почитува руските закони што бараат локално складирање на лични податоци. Гласовните и видео повиците преку Телеграм беа блокирани уште во август, но клучните функции, вклучувајќи ги и каналите за ...
Реакцијата на опозициската пратеничка следува откако претходно денеска премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата се откажува од набавката на нов воздухоплов Откако премиерот јавно се откажа од намерата за купување нов владин авион, еве шанса тие милиони евра да се пренасочат за обезбедување на 600 евра минимална плата за работниците – рече пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ откако Христијан Мицкоски рече дека Владата ќе се откаже од ...
Дополнувајќи се во одговорот, тој кажа и дека во истрагата се отвораат нови перспективи и агли и дека се зголемува бројот на лица кои се вмешани, но повторно побара јавноста да биде трпелива во однос на деталите, кои, како што кажа, ќе бидат споделени наскоро Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во случајот со запленетата марихуана има приведени лица, но оти засега поради неговата обемност во јавноста не можат да се споделат повеќе детали. ...
На 12 февруари, Илијана Јотова го назначи заменик-гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ), Андреј Ѓуров, за привремен премиер и му ја довери задачата да предложи кабинет. Според Законот за БНБ, ако гувернерот или заменик-гувернерот изразил експлицитна согласност да биде назначен за привремен премиер, тој мора да поднесе оставка Кандидатот за привремен премиер, Андреј Ѓуров, ѝ го претстави кабинетот на претседателката Илијана Јотова, по ...
„Доколку се урнеме некаде и доколку починеме, тогаш претпоставувам дека ќе им стане јасно на сите дека оваа дебата за некоја идна влада и за некои идни премиери е одвишок и дека е беспредметна“, изјави премиерот по обвинувањата на СДСМ дека власта размислува за набавка на нов владин авион Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, неодамна најави дека Владата размислува да изнајде начин за набавка на нов владин ...
Од СДСМ бараат Владата веднаш да се откаже од намерата за купување на нов авион Социјалдемократскиот сојуз на Македонија смета дека е врв на безобразие да се трошат 100 милиони евра за нов владин авион наместо парите да се искористат за повисоки плати и за изградба на училишта и болници. Од СДСМ бараат Владата веднаш да се откаже од намерата за купување на нов авион. „Државата не е приватна компанија, а народните пари не се играчка за опиена, ...
Сега веќе поранешниот прв човек на Регулаторната комисија за енергетика, како што наведе собранискиот спикер, до почетокот на денешната седница не поднел образложение за оставката Собранието на почетокот на денешната 85. седница ги констатира оставките на сега веќе поранешниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, и на членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска. Дека на ...
Постојните американски и европски санкции неодамна почнаа да го ограничуваат руското производство на нафта, но сенаторот Ричард Блументал верува дека е потребен дополнителен притисок. Тој додаде дека лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Џон Тун, му ветил дека предлогот ќе се гласа пред крајот на оваа сесија на Конгресот Американскиот претседател Доналд Трамп, го одложува гласањето за двопартискиот закон со кој ќе се заострат ...
Во врска со поплавите од претходните денови во селата Чајлане, Буковиќ и Семениште, состојбата постепено се нормализира, посочуваат од ЦУК Нивото на реката Вардар во Тетовско е намалено во однос на претходните три дена и во моментот нема опасност од излевање, а патниот правец од селото Тумчевиште до селото Чегране сè уште е затворен за сообраќај поради безбедносни причини, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во врска со ...
Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажува дека за само десет години, бројот на патници кои го користат јавниот превоз во Скопје е повеќе од преполовен. Од 51,6 милиони патници во автобусите на ЈСП во 2015 година, во 2025 година се превезени само 22 милиони патници, што е речиси 30 милиони патници годишно помалку Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во 2025 година располагало со 341 автобус, од кои дневно биле исправни ...
Тој смета дека сите десет членови на Советот на јавните обвинители постапиле спротивно на членот 62 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство при разгледувањето на неговата пријава и утврдувањето посебен услов за кандидат за државен јавен обвинител Поранешниот судија и експретседател на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, кој вчера беше дисквалификуван од трката за нов државен јавен обвинител, ќе поднесе кривична ...
Кај селото Станча поради паднато дрво непрооден и блокиран е патот кон селото Герман, се вели во утринскиот извештај на АМСМ за состојбата на патиштата до 6:30 часот Поради излевање на реката Вардар кај селото Форино од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 кој води од Гостивар кон село Чегране. Поради ситуацијата, како што информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот се пренасочува од селото ...
Во Скопскиот Регион на неколку локации има паднати дрвја и скинати кабли, а во тетовско во две села се паднати бандери Поради силен ветер, летна лимената конструкција од покривот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Случајот, како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), е пријавен на единствениот број за итни повици 112. Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од ...
Инцидентот во Нови Сад во понеделникот се случи додека истовремено се одржуваа два собири – еден антивладин, предводен од студентите во блокада и еден предводен од поддржувачи на СНС. Провладините демонстранти беа собрани пред Српскиот народен театар каде што владини претставници вечерта учествуваа на свечена академија, а во еден момент група нив нападнаа присутни на антивладиниот протест Во неколку градови во Србија, меѓу кои Нови Сад, ...
Националната корпорација на аеродроми во Букурешт соопшти дека голем број летови од меѓународните аеродроми „Аурел Влајку“ и „Хенри Коанда“ се откажани или пренасочени поради лоши временски услови Обилни снежни врнежи го зафатија подрачјето на романскиот главен град Букурешт синоќа, предизвикувајќи сериозни тешкотии во движењето на граѓаните и на одвивањето на сообраќајот во градот, како и откажување и пренасочување на голем број летови од ...
Од ски-центарот Попова Шапка денеска информираат дека поради неповолни временски услови и силни ветрови, жичарниците нема да бидат во функција Најстудено изутринава во државава е на Попова Шапка, каде што во 7 часот измерени се минус осум Целзиусови степени. На овој скијачки центар, според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) има наврнато 97 сантиметри снег. И на јутјуб-каналот на Здружението за промоција на македонски ...
Според Зеленски, не е фер Трамп јавно да ја повикува Украина, а не Русија, да направи отстапки во преговарачките услови за мировен план Украинскиот лидер Володимир Зеленски вели дека американскиот претседател Доналд Трамп врши прекумерен притисок врз него во обидот да обезбеди решение за речиси четиригодишната руско-украинска војна. Зеленски, во интервју за американската веб-страница „Аксиос“, додава дека секој план што бара од Украина да се ...
Во отвореното писмо објавено вчера се вели дека организаторите на фестивалот не го исполниле барањето да издадат изјава со која ќе го потврдат правото на живот на Палестинците и да се обврзат да го заштитат правото на уметниците јавно да зборуваат за ова прашање Повеќе од 80 актери, режисери и други уметници кои учествуваат на Берлинскиот филмски фестивал, меѓу кои и Тилда Свинтон и Хавиер Бардем, потпишаа отворено писмо до организаторите ...
Сепак, како што наведува британскиот национален сервис, надежите за некаков позначителен пробив во разговорите се мали, бидејќи Москва останува на своите максималистички барања во однос на делови од украинската територија Американскиот специјален претставник Стив Виткоф изјави дека разговорите меѓу Украина и Русија донеле значен напредок во напорите за ставање крај на војната, додека двете страни се подготвуваат за вториот ден од преговорите ...
Кај село Станча поради паднато дрво непрооден и блокиран е патот кон селото Герман, се вели во утринскиот извештај на АМСМ за состојбата на патиштата до 6:30 часот Поради излевање на реката Вардар кај селото Форино од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 кој води од Гостивар кон село Чегране. Поради ситуацијата, како што информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот се пренасочува од село Старо ...
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре наутро ќе биде ведро, а температурите насекаде ќе бидат под нулата. Во текот на ноќта кон петок и во петок се очекуваат нови врнежи од дожд, кои на некои од повисоките места и на планините ќе бидат од снег Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во претпладневните часови ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец кој наместа ќе биде ...
Тој, откако денеска во Женева завршија преговорите со американската делегација за иранската нуклеарна програма, рече дека се надева оти САД ќе сфатат зошто Иран спроведува нуклеарни активности Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, денеска изјави дека се надева оти САД нема да им поверуваат на гласините дека Иран има нуклеарна бомба, како и дека е отворен за проверка за да го докаже тоа. Кабинетот на иранскиот претседател соопшти и дека ...
Согласно законот, предложените амбасадори ќе треба своите планови да му ги претстават на Собранието во Комисијата за надворешна политика по што претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе треба и официјално да ги испрати во дипломатска мисија Поранешниот министер за европски прашања Орхан Муртезани ќе биде нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Како што објави Сител, тој е еден од деветтемина нови амбасадори чиишто имиња ...