Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
По позитивното гласање на Европскиот парламент и со поддршка на кипарското претседателство со Советот на ЕУ, Европската комисија има за цел да го заврши законодавниот процес следната недела, рече Домбровскис Европската комисија планира следната недела да ги финализира правните процедури за заемот за Киев од 90 милијарди евра, изјави во Брисел европскиот комесар за економија Валдис Домбровскис, пренесе денеска парискиот весник „Монд“ (Le ...
Британската агенција за безбедност на здравјето предупреди дека голема епидемија на морбили во Лондон, според постојните модели, би можела да доведе до бројка меѓу 40 000 и 160 000 случаи на зараза. Се проценува дека стапката на хоспитализација, во зависност од возраста на заболените, би изнесувала од 20 до 40 проценти Британскиот премиер Кир Стармер предупреди дека јавното здравство не е културолошка војна и ги повика родителите да проверат ...
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, нагласи дека не се очекуваат вести по завршениот состанок и оти страните ќе ја продолжат својата работа утре Во Женева заврши првиот ден од трилатералните преговори за решавање на конфликтот во Украина, по состанокот кој траеше четири и пол часа и се одржа на руски и англиски јазик зад затворени врати, изјави извор упатен во преговорите. Како што рекол изворот за РИА Новости, Британците, предводени од ...
Причината засега е нејасна. Истражниот комитет соопшти дека се покренати истраги за небрежност и за кршење на прописите за заштита од пожари Три лица загинаа во експлозија во зграда на воената полиција во северна Русија, во близина на Санкт Петербург, соопштија денеска локалните власти. Телата биле пронајдени под урнатините на делумно уништената зграда во градот Сертолово, напиша гувернерот Александар Дрозденко на Телеграм. Според медиумските ...
Украинската војска наведе дека патеката на ракетата е попредвидлива отколку што беше најавено, и покрај руските тврдења за нејзината брза промена на насоката и брзината Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека пресретнала руска хиперсонична ракета „3M22 циркон“ над Киев, пренесоа денеска украинските медиуми на социјалните мрежи. Украинската војска наведува дека и претходно соборила една од овие ракети. Ракетата „3M22 циркон“ (НАТО ...
Во пресрет на преговорите, Арагчи нагласи дека Иран нема да подлегне на заканите и дека влегува во преговорите со цел да се постигне фер и балансиран договор Во Женева денеска заврши втората рунда нуклеарни преговори меѓу САД и Иран, објави порталот „Аксиос“ повикувајќи се на неименуван американски функционер. Како што претходно објави иранското Министерство за надворешни работи, втората рунда индиректни нуклеарни преговори меѓу Иран и САД се ...
Забраната за сообраќај на камиони на овој патен правец беше воведена поради обилни врнежи од снег ЈП „Македонија пат“ информира дека забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража, се укинува од 17:20 часот. Јавното претпријатие претходно соопшти дека забрана за сообраќај на камиони на овој патен правец се воведува од 17 часот поради обилни врнежи од снег. Забраната за сообраќај на ...
За потестување, во декември 2023 година кандидати за нов државен јавен обвинител беа Љупчо Коцевски, Лидија Раичевиќ и Фатиме Фетаи. Единствен кој доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители беше Коцевски, неговата колешка Лидија Раичевиќ не го помина филтерот, а Фатиме Фетаи тогаш беше дисквалификувана поради нецелосна документација Членовите на Советот на јавните обвинители денеска дадоа позитивно мислење за обвинителките Анита ...
Коментирајќи ја посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио на Будимпешта, Орбан оцени дека посетата им била од помош на САД Унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска изјави дека земјата им помага на САД подобро да ги разберат ситуацијата во централна Европа и конфликтот во Украина со цел да се олесни мирното решение. Коментирајќи ја посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио на Будимпешта, Орбан оцени дека посетата им ...
Според првичните информации, паднатото дрво предизвикало материјална штета на три возила и го попречува одвивањето на сообраќајот Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска околу 15:30 часот, преку единствениот број за итни повици 112, добиена е пријава за паднато дрво на улицата „Вера Јоциќ“ во Општина Кисела Вода, во непосредна близина на средното економско училиште „Васил Антевски – Дрен“. Според првичните информации, ...
Според него, во текот на 2021 година докторите одлучувале кои пациенти ќе примаат биолошка терапија, за што одобрение давал медицинскиот директор, без да се земе предвид дали Клиниката располага со доволно количини на лекови за покривање на потребите на сите пациенти на кои им била препишана терапијата. Оваа состојба, како што рече, создава ризик од субјективно и селективно определување лекови за кои се одобрува условниот буџет, што не е ...
Според нив, неспроведувањето на законот и негирањето на ова право испраќа дискриминаторски пораки и ризикува продлабочување на тензиите во мултиетничко општество Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска поднесе кривична пријава против министерот за правда, обвинувајќи го за прекршувања на Уставот и законите. Од ДУИ велат дека пријавата се однесува за попречување на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците. На денешната ...
Според владејачката партија, СДСМ во моментов нема визија ниту идеи за развој на државата, па затоа прибегнува кон секојдневно „растурање пердуви“ и шири дезинформации Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува опозицијата за ширење дезинформации откако денеска од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) рекоа дека премиерот Христијан Мицкоски со владиниот авион патувал на одмор на Јадранско Море. Во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ се вели дека ...
„Разговаравме за унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес“ – порача премиерот Христијан Мицкоски по средбата со в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс Унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес. Ова биле темите на разговор на денешната средба на ...
„Истата политичка структура која денес обвинува, во минатото го користеше владиниот авион за патувања кои останаа длабоко контроверзни во јавноста“, порачаа од владата велејќи дека обвинувањата на опозицискиот СДСМ се пример за политичка хипокризија Владиниот авион е користен исклучиво согласно прописите и актите за негово користење – велат од Владата по реакциите на опозицискиот СДСМ на наводите на телевизија Телма дека од јуни 2024 година ...
Петтиот кандидат, судијата Владимир Панчевски, уште пред почетокот на разгледувањето на кандидатурите беше исклучен од натамошната постапка поради неисполнување на условите бидејќи нема континуиран стаж Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески ја продолжуваат трката за нов државен јавен обвинител, откако Советот за јавни обвинители даде позитивно мислење за нив, што потоа ќе го достави ...
Во наредниот период до почетокот на идниот месец, рече дека не се исклучува можноста за организирање таргетирани блокади со 21 човек и во другите градови, со цел и таму да ги блокираат функционерите да доаѓаат пеш на работа Им даваат рок на владините претставници до крајот на месецот да кажат за колку пари ќе ја зголемат минималната плата и за колку пари се подготвени да ги зголемат сите останати работнички плати. Во спротивно, најави голем ...
Несреќата се случила вчера околу 17 часот во скопско Драчево кога автомобил „фолксваген туран“ со скопски регистрации, управуван од А.Д. (41) од Скопје, удрил во детето Четиригодишно дете од Скопје е тешко повредено откако вчера попладне било удрено од автомобил. Несреќата се случила околу 17 часот на улицата „Живко Фирфов“ во скопско Драчево кога автомобил марка „фолксваген туран“ со скопски регистрации, управуван од А.Д. (41) од Скопје, ...
Тој побара од Обвинителството на Кантонот Сараево да постапи по претходно поднесените кривични пријави поврзани со работењето на кантоналното Јавно комунално претпријатие – Градски саобраќај Сараево. Според него, досега биле поднесени серија кривични пријави против 47 лица, но досега немало кривично гонење Премиерот на Кантонот Сараево во оставка, Нихад Ук, првпат се обрати до јавноста по трагичната трамвајска несреќа што минатата недела се ...
Според УХМР, зголемување на нивото на водата се бележи и на Црна Река кај Новаци, на Брегалница кај Берово, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Сатеска кај Ботун, како и на Црн Дрим кај Ложани Нивоата на Охридското, Преспанското и на Дојранското Езеро, пак, се во рамките на февруарскиот просек Обилните врнежи од дожд што изминатите неколку дена ја зафатија државата предизвикаа значително зголемување на водостоите на реките. Ова го покажуваат ...
„Вкупно 12 региони беа цел на нападите и, за жал, пријавени се девет повредени лица, вклучувајќи деца. Оштетени се повеќе од десет станбени згради и железничка инфраструктура“, објави украинскиот претседател на Икс Руските сили ноќеска лансирале речиси 400 беспилотни летала и 29 ракети од различни видови врз Украина, соопшти претседателот на земјата, Володимир Зеленски, пренесе „Гардијан“. Масовниот руски напад, еден од многуте во последните ...
Летовите до двете нови дестинации, како што информираат од ТАВ Македонија, се планирани како сезонски линии, односно тие ќе се реализираат до 11 и 12 септември Од средината на јули годинава од скопскиот аеродром ќе се лета до две нови дестинации во Италија. Од 15 јули „Визер“ ќе лета од Скопје до Палермо на Сицилија. Втората нова дестинација е до Алгеро на Сардинија и овој лет почнува од 18 јули. Летовите од Скопје до Палермо ќе бидат три ...
Согласно договорот со Општина Струга, деканот на Градежниот факултет треба да формира тим од тројца професори кои детално ќе ги проверат клучните елементи во водоснабдителниот систем, а потоа да се изготви извештај со стручно мислење и конкретни препораки за надминување на состојбата Стручен тим од Градежниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ќе врши анализа на водоснабдителниот систем во Струга за да ги утврди причините за ...
Екипа на Јавното претпријатие „Комуналец“ и локалната Територијална противпожарна единица, според Центарот за управување со кризи (ЦУК), работат на испумпување на водата од подрумите на улиците „Прилепска“, „Пиринска“, „Први Мај“ и „29 Ноември“ во Кичево Состојбата со поплавите кои викендот погодија повеќе региони во државата, како последица од поројните врнежи од дожд, останува непроменета, а надлежните служби и понатаму се терен, каде што ...
„Додека Мицкоски лета, работниците тонат. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, се борат со скапотија и ниските плати, а Мицкоски се луксузира во свет на привилегии, ароганција и расипништво. Колку ги чинело граѓаните ова луксузирање на премиерот со владиниот авион“, прашуваат од партијата Премиерот Христијан Мицкоски до Јадранското Море летал со владиниот авион, а нема пари за зголемување на минималната плата на 600 евра за работниците. Ова ...
Протестот ќе се одржи пред зградата на Владата на булеварите „Илинден“ и „Свети Климент Охридски“ Денеска со почеток во 11 часот во централното градско подрачје ќе има посебен сообраќаен режим поради најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Протестот ќе се одржи пред зградата на Владата на булеварите „Илинден“ и „Свети Климент Охридски“. Од Министерството за внатрешни работи велат дека за време на протестот доколку ...
Од земјите во регионот помладо население од нас има само Црна Гора 40,4 години, а постаро Албанија 44,3 и Србија 45,4 години. Средната возраст на Грците е 47,2, а на Бугарите 47,2 години. Во Хрватска и во Словенија средната возраст е 45,5 години На 1 јануари 2025, средната возраст на населението на ЕУ достигнало 44,9 години, покажуваат податоците на Еуростат за 2025 година. Ова значи дека половина од луѓето во ЕУ биле постари од 44,9 години, ...
Кратко време по инцидентот, уапсен е маж, што се смета дека го извршил нападот. Според полицијата, не е позната врската меѓу жртвите со осомничениот напаѓач Едно лице почина, а двајца други се тешко повредени во напад со нож во близина на железничка станица во Сиднеј, пренесува „Гардијан“. Полицијата на Нов Јужен Велс добила известување за инцидент во предградие западно од Сиднеј. Било пријавено дека маж избодел неколку луѓе во движење и ...
Сите патни правци во државата, додаваат од претпријатието, се проодни, а на одредени делови кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони Поради врнежи од снег забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена утрово од 5:40 часот на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“. Исто така, поради врнежи од снег забрана за сообраќај на ...
Како одговор на обвинувањата на СДСМ дека Вучиќ се однесувал навредливо кон Шекеринска на маргините на Минхенската безбедносна конференција, претседателката на српскиот парламент и висока функционерка на СНС побара опозициската партија во земјава да не ги извртува зборовите на српскиот претседател, но и да не го релативизира, како што рече, кршењето на меѓународното право и Повелбата на ОН во случајот со Србија Претседателката на српскиот ...