Жителите на станбениот комплекс „Антон Попов 1“ преку соопштение до медиумите, информираат дека упатиле барање до Град Скопје за итна средба пред почетокот на градежните активности за подземната сообраќајница на Јужен булевар, изразувајќи сериозна загриженост за можните влијанија врз безбедноста на објектот и пристапот до нивните домови. Станарите, кои наведуваат дека во комплексот живеат околу 800 жители и функционираат околу 20 деловни ...

Министерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка и е во постојана комуникација со надлежните здравствени установи. Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска ...

Претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Украина останала без пресретнувачки ракети за своите системи за воздушна одбрана „Патриот“ откако Русија изврши уште еден голем ноќен напад, истакнувајќи дека била соборена само една балистичка ракета. Според украинските власти, најмалку девет лица загинале само во Киев, а повеќе од 30 се повредени. „Службите за итни случаи сè уште гаснат повеќе пожари што избувнаа во главниот град и ...

На 29.07.2026 од страна на полициски службеници од СВР Скопје, Единица за Економски и компјутерски криминал лишени од слобода се И.Т.(45), С.Т.(21) и П.П.(29) сите од Скопје, заради сторено кривично дело “фалсификување исправа” по член 378 и кривично дело “злоупотреба на лични податоци” од член 149, затоа што со фалсификувана лична карта со податоци на друго лице, и со фалсификувана кредитна документација, И.Т. помогнат од другите две ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски ќе оди на „екскурзија” во Белгија. Малку Бриж. Малку Брисел. На граѓаните им порачува: летувајте на езерата и планините во Македонија. На границите – гужви и часови чекање. Затоа што Македонија е изолирана. Изолирана затоа што така сака Мицкоски. Не сака во ЕУ. Затоа што во ЕУ обвинителството е независно и европско. Тогаш не може да се заканува на неистомислениците. Не може да се ...

Соопштение за јавност на Левица: Новите податоци на Народната банка ја разоткриваат реалната слика зад владината реторика за „силна економија”. За само три месеци, македонската економија се задолжила дополнително за 20,5 милијарди денари, додека негативната нето финансиска позиција достигна 615,5 милијарди денари, односно 54,4% од БДП. Тоа значи дека вкупните финансиски обврски на државата, компаниите и граѓаните растат побрзо од ...

Танкер е погоден од „непознат проектил“ во Ормутскиот теснец крај брегот на Оман, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO). Митралезот на бродот бил оштетен, соопшти агенцијата, додавајќи дека никој не е повреден и дека немало еколошка штета. Инцидентот се случил околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима, според UKMTO. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ Ормутскиот теснец по ...

Најмалку девет лица загинаа, а 22 се повредени во главниот град на Украина, Киев, синоќа во интензивен напад од руски балистички ракети и беспилотни летала, соопштија украинските власти. Петкатна станбена зграда во населбата Соломјански беше оштетена од паѓање на остатоци и избувна пожар. Спасувачите евакуираа девет лица од горните катови на зградата, а двајца загинаа, а осум беа повредени, вклучувајќи две деца, соопшти украинската ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да глуми загриженост за јавното здравје бидејќи тој знаел, молчел и не постапувал додека бил министер, а институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода. Каде беше Филипче кога до Министерството за здравство, со кое раководеше, пристигнувале извештаи за неисправна вода за пиење во повеќе општини? Во периодот кога Филипче беше министер, до институциите биле доставувани ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија. АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања ...

Соопштение за јавност на ЛДП: Либерално-демократската партија (ЛДП) го соголува новиот голем скандал во авиосообраќајот и бара итна одговорност од Владата за над половина милион евра народни пари завршени во сњфот на странска компанија. Претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова, поднесе официјално пратеничко прашање до министерот за транспорт Александар Николоски, откривајќи како германската „Луфтханза” ги зеде државните ...

Денес во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Во Скопје и околината исто така времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Наутро температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. Не се ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи да го запре проектот „FIFA Forward Enterprise“ по острите реакции и длабоките поделби што предлогот ги предизвика во фудбалскиот свет. Претседателот Џани Инфантино во петокот вечерта објави дека планот се напушта бидејќи единството е поважно од наметнувањето решенија. Во соопштение потпишано од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, светската фудбалска управа јасно стави до знаење дека ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Денес повторно се потврдува она што граѓаните го чувствуваат на сопствена кожа: водата за пиење во Македонија повеќе не е безбедна. Листата на градови и населени места расте секој ден. Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово. Рич. Белотино. Башино Село. Елшани. Велестово. Општина Ново Село: Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино, Ново Коњарево, ул. Првомајска. Општина ...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува во Дебар на доделувањето на 47 станови за социјално загрозени категории граѓани, при што ќе биде дадена изјава за медиумите. Право на добивање социјален стан имаат лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без родители; корисници на правото на гарантирана минимална ...

Владата прогласи кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемениот ризик од појава и ширење пожари на отворен простор и шумски пожари. Кризната состојба ќе трае 30 дена и ќе започне да важи од 1 август 2026 година. Со одлуката веднаш ќе биде активиран Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе работи континуирано и ќе ја координира работата на сите надлежни институции. Целта е да се обезбеди навремена и ...

Турски државјанин почина за време на летот Истанбул – Диселдорф, по што авионот утрово принудно слета на аеродромот во Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за 54-годишниот Р.А., кој во текот на летот станал од своето место и се упатил кон тоалетот во авионот. Откако подолго време не се вратил, стјуардеса забележала дека патникот се задржал во тоалетот и ја отворила вратата. Мажот бил пронајден во несвесна состојба. ...

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност, а вториот квартал од 2026 година донесе раст и на бројот на трансакции и на вкупната вредност на продадените недвижности. Цените на становите во најатрактивните локации достигнуваат над 3.000 евра за квадратен метар, при што највисоката регистрирана цена за нов стан изнесува 3.360 евра за квадрат. Според податоците од Регистарот на цени и закупнини за периодот од април ...

SPF 30 или SPF 50 – која заштита од сонце да ја изберете? Со високите летни температури и силното сонце, кремата со заштитен фактор станува важен дел од секојдневната заштита на кожата. Но, често се поставува прашањето – дали SPF 30 е доволен или сепак треба да се избере SPF 50? SPF е кратенка од „Sun Protection Factor“, односно фактор за заштита од сонце. Бројката покажува колкава заштита обезбедува производот од UVB зраците кога е ...

Високите температури во текот на летото може сериозно да го оптоварат организмот, особено при подолг престој на сонце, физичка активност или недоволно внесување течности. Дехидрацијата може да се развива постепено, а доколку не се препознае навреме, може да доведе до топлинска исцрпеност, па дури и до топлотен удар – состојба која бара итна медицинска помош. Лекарот по семејна медицина Јуха Хеино за финскиот портал „Ilta-Sanomat“ ...

Високите летни температури може да бидат идеални за одмор и активности на отворено, но долготрајната изложеност на топлина може сериозно да го оптовари организмот. Кога телото не успева доволно брзо да се разлади, прекумерната топлина може негативно да влијае врз мозокот и другите органи. Особено тешко може да биде во домовите без климатизација или при прекин на електричната енергија. Сепак, постојат едноставни начини со кои може да се ...

Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности. Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна надлежност. При надзорите не беа евидентирани ...

Бројот на невработени во Германија значително се зголеми во јули и повторно ја надмина границата од три милиони лица – соопшти денеска Федералната агенција за вработување со седиште во Нирнберг. Според официјалните податоци, во јули се регистрирани 3,007 милиони невработени, што е за 71.000 повеќе во однос на јуни и за 28.000 повеќе во споредба со истиот месец лани, пренесува „Ханделсблат“. Стапката на невработеност се зголеми за 0,2 ...

Во вториот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта и рафинираните производи останаа на релативно високо ниво, но со надолен тренд во однос на рекордните вредности забележани на крајот од првиот квартал. Овој тренд беше поттикнат од постепеното ублажување на геополитичките тензии на Блискиот Исток и намалувањето на загриженоста поврзана со прекини во снабдувањето. Иако цените на суровата нафта останаа значително ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше и се обрати на свечената промоција на новата генерација полициски службеници 2025–2026, со што Министерството за внатрешни работи доби 496 нови полициски службеници. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека полициската професија не е само работно место, туку животен избор и повик кој бара храброст, чесност, професионалност и ...

Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка. Особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за патологија – апарат набавен пред околу 55 години, уште од ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Т.М. и И.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата” по член 143 од Кривичниот законик. Првопријавениот Т.М., полицски ...

Соопштение на Левица: Изјавата на Христијан Мицкоски за спорниот Предлог-закон спроведување на проектот „Скопје Европска престолнина на културата 2028 година” отвора само две можности, или некој сериозно го дезинформира премиерот за содржината или премиерот свесно ја манипулира јавноста откако Владата беше разобличена во намерата преку овој закон да воспостави паралелен систем за трошење на јавни пари. Никој не спори дека проектот ...

Мостот „Естакада” се наоѓа на еден од најфреквентните влезови и излези од градот и претставува значајна сообраќајна артерија за илјадници граѓани кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел на Скопје. Тука секојдневно минуваат работници, ученици, семејства, компании и товарен транспорт. Санацијата на мостот опфаќа пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 квадратни метри, со гребење на постојниот асфалт и ...

Бројот на загинати во мигрантската криза во шпанската енклава Сеута се искачи на 27, откако на брегот беа пронајдени уште шест тела на лица кои се обиделе да стигнат до територијата на Шпанија пливајќи од Мароко, додека шпанскиот премиер Педро Санчез пристигна во енклавата за да го координира одговорот на властите по масовниот прилив на мигранти, јави весникот „Паис“. Според проценките на шпанското Министерство за внатрешни работи, повеќе ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.71
20%
1012
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
0.89
34%
1013
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.34
22%
1013
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
4.78
23%
1013
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.33
25%
1012
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
1.79
30%
1014
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
7.6
36%
1011
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
4.46
22%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
5.03
27%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
3.58
36%
1014
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.34
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
5.73
100%
1012
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Сребро

1994.05

Платина

56135.20

Алуминиум

3.25

Кобалт

56.29

Калај

56.46

Родиум

274085.11

Паладиум

43499.96

Злато

136962.18

Цинк

0.00

Бакар

13.51

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36