Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Синоќа, во Сули-ан, беше прогласен добитникот на XX Награда ДЕНЕС 2026 – најстарата и една од најзначајните независни награди во земјава за млади визуелни уметници до 35 години. Наградата, која вклучува двомесечен престој во Residency Unlimited во Њујорк во 2027 година, му беше доделена на Јован Јосифовски за неговата досегашна уметничка практика и нејзиниот актуелен развој. Жирито оцени дека делото „Оддел за управување со бесот“, претставено ...
Во 2026 година се движиме кон уште еден историски рекорд во туристичките посети и приходите, бидејќи до август, бројот на посетители се зголеми за 10 отсто, а приходите за 9,4 проценти во споредба со минатата година, посочи потпретседателот на грчката Влада Костис Хаѕидакис говорејќи на отворањето на Самитот за туризам во градот Ретимно на Крит (Rethymno Tourism Summit 2026), јави дописничката на МИА од Атина. Хаѕидакис нагласи дека на ...
Француската јавност е вознемирена по откривањето на истрага за криминална група која, наводно, планирала серија киднапирања и напади врз богати и познати личности. Меѓу потенцијалните жртви, според „Ле Паризиен“, се наоѓал и Килијан Мбапе, ѕвездата на Реал Мадрид и француската репрезентација. Како главен осомничен е идентификуван 18-годишниот Клемон Л., кој според истрагата бил организатор на повеќе криминални активности. Во плановите, ...
Претходните истражувања покажаа дека за мажите со зголемена простата или други проблеми со мокрењето можеби е подобро да седат. Во споредба со стоењето, седењето би можело да помогне во опуштањето на мускулите на карличното дно и поцелосното празнење на мочниот меур, вели Саенс алерт. Реклама Но некои истражувања укажуваат на спротивното. Кај мажите на возраст до 50 години, мокрењето во седечка положба може да биде поврзано со поголема ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(45) од струшкото село Подгорци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шуми“ и „кражба“ – соопшти МВР. -На 16.10.2026 заеднички патроли од полициски службеници од ОВР Струга и Шумската полиција од Струга, извршиле контроли на планинскиот појас над селото Подгорци при што го затекнале пријавениот, како во шумска катарстарска парцела во државна сопственост, врши ...
Според извори на Си-ен-ен, веќе за следната недела се најавува гласање во Претставничкиот дом со кое Конгресот директно би го отпочнал процесот за негов импичмент Дури и потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, отворено призна по изборите дека „војната е главната причина за поразот“, иако избегна да посочи конкретно име како виновник По катастрофалниот изборен пораз на републиканците на среднорочните избори за Kонгресoт нa САД, во редовите на ...
BALFIN Group е меѓународна инвестициска групација која работи во 13 земји во Европа и Северна Америка, со разновидно портфолио што опфаќа девет индустрии. Во текот на повеќе од три децении, Групацијата изгради силно присуство на повеќе пазари, потпирајќи се на финансиска стабилност, долгорочни партнерства и дисциплиниран пристап кон идентификување и развивање нови можности. Во ова интервју, Едлира Мука, извршна директорка на BALFIN Group, ...
Компанијата на Џек Дорси, „Block“, претстави нов гласовен AI модел, наречен „Dessa“, кој функционира локално на компјутер и вклучува човечки емоции. Развиен од нивната истражувачка лабораторија, новиот гласовен модел на „Block“ работи локално и звучи неверојатно човечки, вклучувајќи изразни елементи како смеа, паузи и воздишки (па дури и плачење). Според компанијата, „Dessa“ е целосно обучена врз основа на човечки говор, користејќи само еден ...
Речиси секој национален тим неделава има свои проблеми кога станува збор за списоците на репрезентативци за следниот репрезентативен прозорец по повод Лигата на Нациите. Откажувања, повреди, суспензии и по некој мини скандал. Како да речеме оној во националниот тим на Белгија. Селекторот Марк ван Бомел стандардно на својот список го впиша стоперот на Милан, Кони Де Винтер, кој што на истиот нема да се јави, туку одлучи да го игнорира. ...
Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва ...
Осудесет итригодишниот филмаџија претрпел „површни повреди“ во инцидентот во саботата, прима медицинска помош и се подготвува да ја напушти болницата, изјави портпаролката. Веб-таблоидот TMZ прв ја објави несреќата, повикувајќи се на полициски извори. Според TMZ, Ман, кој е искусен рекреативен стрелец, случајно се застрелал во ногата додека се обидувал да го стави пиштолот во футролата. Реклама Ман е познат по режирањето сурови криминални ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија, оценувајќи дека српските граѓани покажале демократска зрелост. „Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на Икс. Во објавата, напишана на англиски јазик, претседателката честитката ја насочува кон граѓаните и кон начинот ...
Демократскиот сојуз го поздравува Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2026 година, особено, како што истакнуваат од оваа партрија, позитивните оценки и констатираниот напредок во спроведувањето на реформската агенда и усогласувањето со европското законодавство. Оценуваат дека извештајот претставува важна основа и дополнителен поттик за продолжување и продлабочување на европскиот реформски ...
Мајкл Кeрик би можел да остане на клупата на Манчестер јунајтед најмалку до крајот на ноември, дури и ако „црвените ѓаволи“ загубат од Астон Вила во претстојниот натпревар од Премиер-лигата. Според информациите, раководството на клубот сè уште нема целосна доверба во ниту еден од потенцијалните наследници на Кeрик. Еди Хау наводно не ужива толку голема поддршка колку што се претпоставуваше, додека кај Јулијан Нагелсман значително опаднал ...
Во ноќта помеѓу понеделник и вторник, во НБА беа одиграни 15 натпревари. Портланд победи во Денвер со 118:110. Денвер Нагетсите доминираа во првата четвртина, која ја добија со 31:19. Имаа и +14 во втората четвртина 48:34. Од тој момент, гостите ги зедоа работите во свои раце. Во третата четвртина, дојдоа до предност 82:80, а пресвртот се случи во последната четвртина. Со серија од 15-4, Портланд дефинитивно го сврти натпреварот и не го ...
Стотици илјади граѓани излегоа на улиците низ Франција, протестирајќи против ниските плати и зголемувањето на трошоците за живот. Според француското Министерство за внатрешни работи, до 18 часот биле регистрирани 448 апсења, повредени 53 полицајци и 86 инциденти со пожари. Надлежните соопштија дека повеќето од одобрените протестни маршеви поминале мирно, но тензии биле забележани во Париз, Лион, Рен и Тулуз. Во однос на бројот на учесници, ...
Вечерва, од 19:00 до 03:00 часот, во Скопје ќе се одржи манифестацијата „Бела ноќ“, која ќе понуди културни и уметнички содржини на повеќе локации низ градот. Плоштадите, мостовите, галериите, музеите и Старата скопска чаршија ќе бидат дел од програмата наменета за посетители од сите генерации. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги повика граѓаните да бидат дел од манифестацијата и заеднички да ја почувствуваат креативната ...
Голманот на Челзи, Емилијано Мартинез, би можел да се врати на теренот уште во недела, само три недели откако ја скрши вилицата на натпреварот против Евертон. Аргентинецот се опоравува побрзо од очекуваното и веќе тренира со специјална заштитна маска. Тренерот на Челзи, Хаби Алонсо, потврди дека лекарскиот тим му дал зелено светло на голманот, но конечната одлука дали ќе биде во стартниот состав против Сандерленд ќе биде донесена по ...
„Минотаур“ на рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, канскиот лауреат на Гран при и француски кандидат за Оскар, на 5 ноември го отвора 67. издание на Филмски фестивал во Солун, еден од најголемите во Југоисточна Европа со селекција од вкупно 258 филмови во бројни програми. Фестивалот се затвора на 15 ноември, со венецискиот победник „Непозната жена“ на данската авторка на Мај ел-Туки, а во Солун ќе дојде и главната актерката Матилде ...
За 191 проект за кои била доделена државна финансиска помош во форма на директни субвенции и даночни ослободувања, а инвестициите никогаш не биле реализирани, во државната каса на Грција веќе се вратени 150 милиони евра, додека пак во тек се постапките за враќање на уште 323 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за развој на Грција соопштија дека во соработка со Генералниот секретаријат за приватни инвестиции ги ...
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели е сензационалниот победник на трката за Големата Награда на Италија откако стартуваше од 19.позиција и прв ја мина целната линија, воедно е првиот италијански возач по 60 години со триумф на Италијанското Гран При. Последниот што победил бил Лудовико Скарфиоти во 1966 година со Ферари. Ова е прва победа на Антонели на домашна патека и воедно седма победа сезонава – сите постигнати оваа сезона. Тимот на ...
Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај го потпиша указот со кој 9 мај 2027 година се одредува како датум за одржување на локалните избори за органите на локалната самоуправа. За утврдување на датумот, претседателот на Републиката одржал консултации со сите политички субјекти застапени во Собранието на Албанија, како и со Државниот изборен комесар, како претставник на надлежниот изборен орган. На поканата за консултации одговориле ...
Најголемото изненадување на списокот на Јирген Клоп за последните натпревари оваа година е Ваел Мохја, 17-годишен играч за врска на Борусија Менхенгладбах, кој веќе собори низа клупски рекорди, а можеше да настапува и за Мароко. Селекторот на германската репрезентација денес објави список од 24 играчи за натпреварите од Лигата на нации против Србија (на 13 ноември во Белград) и против Холандија (три дена подоцна во Берлин). Мохја е еден од ...
Исклучително реткиот предмет, кој со децении бил во приватна колекција, има историја што ги поврзува Лондон, Шангај и обидот за создавање заедничка валута за меѓународна трговија, објави Тајмс оф Индиа. Монетата, позната како Трговска монета Кван Пинг, е искована во Лондон околу 1867 или 1868 година, во време кога трговијата меѓу Кина и странските трговци била попречена од различни монетарни системи. View this post on Instagram A post shared ...
Грчката енергетска компанија ДЕИ (PPC Group) и „Амазон веб сервисис“ (AWS) потпишаа меморандум за развој на дата-центар во Агиос Димитриос, кај Кожани, со предвидена почетна моќност на електричното напојување од 300 мегавати. Соработката беше објавена на 17 септември, известува АБНА. Според меморандумот, ДЕИ треба да ги обезбеди земјиштето, објектите и придружната енергетска инфраструктура. AWS би го закупила центарот на 15 години по ...
Бујар Османи го коментираше изборниот исход во Србија, оценувајќи дека по Виктор Орбан, Кремљ загубил уште еден од своите главни сојузници во Европа. „Прво Орбан, сега Вучиќ. Кремљ ненадејно загуби двајца од своите главни сојузници во Европа…“, напиша Османи. Во дополнување на објавата, тој се осврна и на гласањето во Северна Македонија. „П.С. Вучиќ, пак, победил во Северна Македонија“, додаде Османи. Бујар Османи го коментираше изборниот ...
Компаниите „Гугл“, „Мета“ и „ТикТок“ поднесоа одделни тужби против американската сојузна држава Калифорнија, со барање да се оспори Законот за заштита на децата од ризиците поврзани со социјалните мрежи, тврдејќи дека тој ги крши нивните права загарантирани со Првиот амандман на Уставот на САД. Законот што треба да стапи во сила на 1 јануари 2027 година, им забранува на технолошките компании да им нудат на деца помлади од 16 години содржини ...
Поротата во Лондон го прогласи британскиот комичар и актер Расел Бренд за виновен за силување и сексуален напад, објави АП. Бренд ги негираше сите обвиненија во текот на судењето. Пресудата беше донесена на третиот ден од заседанието. Поротата се повлече на заседание во вторник, 3 ноември, по повеќе од три недели докази во Крунскиот суд во Саутерк. Сè уште не е објавено по кои точки од обвинението Бренд е осуден, а по кои точки на крајот е ...
Овој пијалок постои во Турција со векови. Се прави од мелени корени од орхидеја и млеко. Иако првично се прави со вода или вистинско млеко, можете да го прилагодите за денови на постење или да го консумирате наместо чај или кафе. Поради својот сладок вкус, ќе ве потсетува на бомбона, а не на пијалок. Ќе ви треба 500 мл млеко 1 лажица салеп во прав 1-2 лажици шеќер 1 лажичка цимет Истурете го млекото, салепот и шеќерот во тенџере и варете ...
Потребата од нов ребаланс на Буџетот според проф. Никица Мојсоска-Блажевски, извршен директор на организацијата „Македонија 2025“ е комбинација од домашни економски мерки и значително неизвесно меѓународно окружување. Таа во интервју за „Локално“ вели дека легитимно е прашањето за квалитетот на проекциите, бидејќи има втор ребаланс на Буџетот, но дека подобро е тој повторно да се усогласи со реалната состојба отколку формално да остане ...