Дуа Липа и Калум Тарнер планираат да се венчаат во септември оваа година, а раскошната церемонија е закажана за Палермо, пишува „Giornale di Sicilia“. Како што понатаму наведува медиумот, Дуа Липа и Калум Тарнер веќе интензивно се подготвуваат за својата венчавка во Палермо, Италија, а лицето кое им помага во организирањето на церемонијата е веќе на локацијата. На венчавката ќе присуствуваат семејството и блиските пријатели и, според ...

Настаните од Упадот во Собранието на Македонија на 27 април 2017 остануваат една од најдлабоките и најтемни политички рани во поновата историја на државата, со последици што и денес силно се чувствуваат во политичкиот живот и јавниот дискурс. Судскиот процес и пресуди пак се најцрното петно во македонската понова историја, вистински и неизбришлив резил за државата и правосудниот систем. На 27 април 2017 година, група демонстранти, кои станаа ...

Одржан Семакедонскиот собор во Мелник посветен на големиот македонски револуционер Улогата на Јане Сандански како симбол на македонската борба за слобода и праведност повторно беше истакната на традиционалниот семакедонски собор посветен на големиот македонски револуционер и народен водач, познат и како пиринскиот цар, кој се одржа вчера во Мелник, Пиринска Македонија, Република Бугарија. Настанот започна со положување цвеќиња на гробот на ...

Honor подготвува батерија од 10.000 mAh со двојна ќелија и полнење од 100 W, што би можело да го реши вечниот проблем помеѓу автономијата и брзината на полнење Honor подготвува нов голем пробив во развојот на батериите за паметни телефони, бидејќи најновите информации укажуваат дека би можел прв да ја комбинира батерија со капацитет од 10.000 mAh со двојна ќелија и ултра-брзо полнење. Досегашните модели од WIN серијата веќе ги поместија ...

Филмот „Хомо“ на режисерот Игор Иванов-Изи, ќе биде прикажан бесплатно денеска во 18 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје. „Хомо“, кој излезе во 2020 година по сценарио на Изи и Сашо Кокаланов, е моќен филм за апсурдот на судбината, раскажан преку шест уникатни животни приказни, поврзани во луцидни епизоди исполнети со црн хумор. Ликовите се среќаваат случајно, во модерна метропола, во обид да преживеат и да најдат трошка среќа. И токму кога ...

Техничар го загуби животот во Рио де Жанеиро при инцидент за време на монтажата на сцената на која светската музичка ѕвезда Шакира треба да одржи голем бесплатен концерт на 2 мај, соопштија локалните власти и организаторите. Детали за несреќата Повеќе од две недели, екипи работат на изградба на импозантна сцена на песокот на познатата плажа Копакабана. Според информациите од противпожарната служба, нозете на мажот биле приклештени и смачкани ...

Ана Винтур не е само најмоќното име во светската мода, туку и жена со исклучително чувство за стил, дисциплина и простор. Додека јавноста ја препознава по нејзините темни очила, беспрекорната фризура и влијанието што со децении го има во индустријата, нејзиниот приватен дом на Long Island открива сосема поинаква, потивка и подлабока страна од нејзината естетика. Сместен во местото Mastic, покрај бреговите на реката Forge River, нејзиниот имот ...

Евровизија е позната по славењето на различностите – од балади изведени од „drag“ кралици до хеви-метал бендови со маски на чудовишта. Сепак, геополитиката сериозно го загрозува одржувањето на јубилејното 70-то издание на овој избор. Најмал број учесници во последните години Додека пред само осум години во Лисабон учествуваа уметници од 43 земји, на овогодинешниот избор во Виена на 16 мај ќе се натпреваруваат само 35 држави. Ова е најмалиот ...

Утрово во Загреб дојде до нова вознемирувачка ситуација откако беше пријавена можна поставеност на експлозивна направа во Стручното училиште за претприемништво. Веднаш по добиената дојава, училиштето беше евакуирано, а учениците и персоналот беа изнесени на безбедно додека надлежните служби започнаа со проверка на просториите. Од полицијата за DNEVNIK.hr потврдија дека постапуваат по најновите пријави за наводни експлозивни направи во ...

Вистинска драма се одвивала викендов на пешачката патека кај Студенчишта во Охрид, каде што параглајдер заврши среде шеталиште полно со луѓе, создавајќи сцени кои лесно можеле да прераснат во сериозна несреќа. Според видеото објавено на Јутјуб каналот на Ohrid1.com, леталото се движело невообичаено ниско над патеката, приближувајќи се опасно блиску до пешаците. Во еден момент, жена и мало девојче забележуваат што се случува и видно исплашени ...

Јавното претпријатие „Комуналец“ Гостивар утрово информира дека ќе има привремен прекин на водоснабдувањето во село Дебреше и населба Тоскалари. Овој прекин е неопходен за реализација на дислокација на главниот водоводен цевковод во градот Гостивар, по барање на Бехтел & ENKA, за потребите на проектот Коридор 8, соопшти претпријатието. Од таму додаваат дека прекинот ќе трае до завршување на работите за дислокација. Јавното претпријатие ...

Основните училишта веќе ги објавуваат огласите за прием на првачиња, а уписите со доставување документи започнуваат од 4 мај. Во учебната 2026-2027 година во прво одделение се запишуваат децата родени во 2020 година, кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години. По барање на родителите може да се запишат и деца родени заклучно со 31 јануари 2021 година, но само со добиено мислење од педагог и психолог. При упис ...

Брокулата, крцкавата сланина, сувото грозје и семките од сончоглед се храна што совршено се комбинираат, а со парче леб имаме одличен оброк. Состојки: 1 главица брокула 1 црвен кромид 200 грама сланина (пржена) 100 грама суво грозје Дресинг: 500 грама кисела павлака 3 лажици балсамико 1 лажица мед Подготовка: Исечете ја брокулата на мали парчиња и малку обарете ја во солена вода. Исцедете ја брокулата и додадете исецкан црвен кромид, пржена ...