Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар славеше на гостувањето кај Силекс со 0-1 во натпревар од 13. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Клучниот момент во натпреварот се случи во 47. минута кога Горан Закариќ го постигна погодокот кој на крајот се покажа вреден три бода. До крајот „црвено-црните“ го задржаа водството и стигнаа до големи три бода во битката за титулата во домашниот шампионат. Крадењето авторски ...
Македонскиот гитарист и композитор Георги Шарески вечерва, 7 ноември, ќе одржи концерт во „Јавна соба“ во Скопје, заедно со едно од најпрепознатливите имиња на домашната музичка сцена, Џијан Емин. Публиката ја очекува вечер исполнета со авторска музика, џез-импровизации и необични музички комбинации. Концертот е закажан за 21:30 часот, а на сцената ќе настапат четворица музичари кои со години го градат својот препознатлив израз во ...
Амбасадата во Париз продолжува со иницијативата „Клуб на пријатели на Амбасадата“ (Club des Amis de l’Ambassade) во која македонското дипломатско претставништво станува отворен простор за средби, идеи, соработка и нови пријателства. ,,Нашата цел е да ги обединиме сите оние кои ја сакаат земјата, ја почитуваат нејзината култура и традиција и сакаат да придонесат за зајакнување на македонско-француското пријателство”, објави македонскиот ...
Инцидент со употреба на огнено оружје бил пријавен на локалниот пат меѓу гостиварските села Дебреште и Врапчиште, откако во автомобил во движење бил забележан проектил, а на возилото биле констатирани оштетувања. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 ноември, околу 22:40 часот, 28-годишниот Е.Ј. од Гостивар пријавил кривично дело „предизвикување општа опасност“ во Полициското одделение Галате. Во пријавата се ...
Поранешниот бразилски фудбалер Бизмарк Винисиус (37) е убиен во вооружен напад во неговиот роден град Натал, во Бразил. Според информациите од бразилските медиуми, трагедијата се случила во угостителски објект, каде што претходно дошло до расправија меѓу присутните. Првичните резултати од полициската истрага укажуваат дека можен мотив за нападот била љубомората. По расправијата, осомничениот го напуштил локалот, но набргу се вратил со пиштол ...
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако во живо на ТикТок пренесуваше снимки од ноќно излегување во друштво на српски функционери и претставници на телевизијата „Информер“. Забавата се одржала во локал кој Вучиќ го нарекол „Ќаци бар“, а меѓу присутните биле Ана Брнабиќ и главниот уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ. Особено внимание привлече видеото на кое Вучиќ и Брнабиќ ...
Лука Дончиќ одигра антологиски натпревар рано утрово против Портланд и го заврши истиот со 53 поени, а во моменти кога испиша неколку рекорди во НБА со оваа партија, очекувано е тоа што Словенецот се најде во центарот на вниманието. Дончиќ има МВП бројки од стартот на сезоната и навистина игра во страшна форма, но по натпрварот во центарот на вниманието се најде и Заир Вилијамс кој успеа да ги помеша најдобрите белци во тимот. Остин Ривс ...
Додека Велика Британија сè повеќе зборува за подготвеност за вонредни ситуации, жените кои со години складираат залихи објаснуваат зошто таквата подготовка не е претерување, туку разумен начин за заштита на своите семејства. Дејли меил пишува дека британската влада ги повикала граѓаните да бидат подготвени за можноста од национална криза. Домаќинствата се советуваат да обезбедат залиха од храна и вода најмалку три дена и да имаат пари при ...
Џек Грилиш го пропушти и четвртиот последователен натпревар на Евертон, но се чини дека „карамелите“ воопшто не страдаат поради неговото отсуство. Евертон славеше против Ковентри со 3-1 и ја продолжи серијата добри резултати. Сепак, една од главните теми повторно беше изоставувањето на англискиот фудбалер. Како што е познато, Грилиш е отстранет од тимот поради недисциплина, а менаџерот Дејвид Мојс откри и како дошло до таквата одлука. „Морав ...
Американецот Џејмс Гејтс од Северна Каролина тврди дека неговата сопруга со месеци користела ChatGPT за да планира како да го отруе, а сега поднел тужба против компанијата OpenAI, обвинувајќи ја дека четботот ѝ давал конкретни совети и инструкции за обидот за убиство. Целиот случај добил бизарен пресврт откако Гејтс ненадејно тешко се разболел во својот дом. Во тој период пронашол рачно напишана белешка на која, покрај список со отровни ...
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди крајбрежјето на Јапонија, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. — реклама — — реклама — Потресот бил регистриран во близина на островот Хоншу, на околу 90 километри од населбата Мито. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 32 километри. — реклама — — реклама — Засега нема информации дали има повредени лица или материјална штета. ...
Општина Аеродром во текот на септември и октомври отстрани и дистрибуираше до депонијата „Дрисла“ 400 тони мешан отпад. Екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно се на терен, отстранувајќи кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини. На располагање на граѓаните е услугата на Јaвното претпријатие на Општина Аеродром, за подигање отпад директно од нивните домови и негов правилен и безбеден ...
Венецуелски државјанин бил уапсен во близина на Белата куќа откако полицајците го пронашле во украдено возило со три огнени оружја и купишта муниција. „Кога се соочија со осомничениот, тој рекол дека слушнал гласови во главата кои му кажуваат да дојде во Вашингтон и да го убие претседателот Трамп“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешна безбедност на САД. Осомничениот, идентификуван како Рони Јордрикс Гуанипа Кринос, бил ...
Некогаш беше еден од најголемите секс-симболи на Холивуд, а денес ужива во сосема поинаков живот. Памела Андерсон (59) го замени холивудскиот гламур со мирот на семејниот имот на канадскиот остров Ванкувер, каде што деновите ги поминува опкружена со природа, цвеќиња и своите домашни миленици. Поранешната ѕвезда на култната серија „Чувари на плажата“ (Baywatch) повторно го привлече вниманието на јавноста, но овојпат не со гламурозно ...
Иако во текот на вечерта пееше и се забавуваше со толпата, на социјалните мрежи особено се прошири видео во кое неговото расположение, барем очигледно, наеднаш се промени, објави Индекс. Вучиќ вечерта ја помина во белградскиот ресторан Саванова, познат и како „Ќаци бар“, каде беше организирано неформално дружење на кое, меѓу другите, се собраа и главниот уредник на Информер Драган Ј.Вучиќевиќ и Ана Брнабиќ. View this post on Instagram A post ...
Добивај вести на Viber САД побараа од Кина веднаш да ги исполни обврските од трговскиот договор постигнат минатата година, особено во делот на извозот на ретки минерали и купувањето американски земјоделски производи, со што повторно се зголемува неизвесноста околу трговските односи меѓу двете најголеми светски економии. Американскиот министер за финансии Скот Бесент и трговскиот претставник Џејмисон Грир во петокот разговарале со кинескиот ...
Снежна бура го затрупа Осло, главниот град на Норвешка. Според податоците на норвешката метеоролошка служба Јр.но, висината на снегот во Осло е 43 сантиметри, а снегот се уште паѓа. Дневната температура денеска во градот изнесува -10 степени Целзиусови. Аеродромот во Осло соопшти дека обилните снежни врнежи во областа Осло предизвикуваат одложувања и откажувања на јавниот превоз до и од аеродромот во Осло. Mega snow day in Oslo today. Stay ...
Тешко е денес да се замисли некој друг во култната улога на Џек Досон во ремек-делото „Титаник“, но малкумина знаат дека таа улога првично му била понудена на славниот холивудски актер Џони Деп. И покрај тоа што го одбил проектот откако се намачил со читањето на сценариото, Деп уште тогаш бил целосно свесен за каков филмски феномен се работи. „Титаник“ е еден од најуспешните и најзначајните филмови во историјата на кинематографијата, а воедно ...
На 6 ноември 2026 година, со почеток во 19 часот, во галеријата M.Y Gallery во Гуанџоу, Кина, ќе се одржи културен настан посветен на проектот „Обични и необични приказни“ на ликовната уметница и графичка дизајнерка Христина Зафировска. Настанот ќе опфати изложба на илустрации, презентација на книга и видео, обединувајќи ги ликовната уметност, книжевноста и современите визуелни медиуми. Ѓорѓи Крстевски е македонски писател и преведувач, автор ...
Пушењето е причинител за едноставни но и многу потешки болести кои го напаѓаат човечкиот организам па и за тешки заболувања во кои на прво место е канцерот. Од 100 болни граѓани со карцинот на бели дробови 95 % се пушачи. Останатите 5 % заболеле од други видови на карцином или станува збор за малигно заболување кое е што е генетски условено, рече др Гоце Бузалков супспецијалист пулмолог на ЈЗУ Болница за белодробни заболувања Јасеново. На ...
Анализа на БГНЕС Батенберг е избран за кнез на Бугарија на 29 април 1879 година од страна на Великото народно собрание, со поддршка од Русија. Кнез Александар I Батенберг влегува во бугарската историја како првиот владетел на новоослободената држава, но токму Соединението од 1885 година го претвора неговиот лик во национален симбол. Парадоксот е во тоа што истиот чин што го издигнува кнезот меѓу најпопуларните политички личности во Бугарија, ...
Со виртуозни басистички делови, спој на македонската традиција и моќен рок-звук, младиот македонски музичар Иван Кукиќ и бендот „Sound Therapy“ одржаа спектакуларен двочасовен концерт насловен „Začarani krug“ во „МТС Дворана“ (Домот на синдикатите) во Белград. Пред публика која ги обедини различните генерации, Кукиќ уште еднаш докажа зошто рок-легендите го сметаат за еден од најталентираните музичари на овие простори од поранешна Југославија. ...
Одолговлекувањето и повикувањето на правен вакуум не го решаваат прашањето за рудникот Иловица-Штука, туку ја продолжуваат неизвесноста и оставаат простор за потенцијални милионски отштетни побарувања на товар на државниот буџет, посочува Мики Крстев, член на Централниот Комитет на Политичката партија Левица. Тој реагира дека изјавите на Мицкоски за отсуство на рокови и обврска за донесување анекс на концесискиот договор не претставуваат ...
Српската пејачка Гоца Тржан во четвртокот приредила вистински музички спектакл во преполната Сава Центар, каде што публиката ја дочекало атмосфера за паметење. Салата била исполнета до последното место, а енергијата што владеела во текот на целата вечер покажала колку публиката ужива во нејзините песни и изведби. Пејачката ги извела своите хитови, додека публиката цело време пеела заедно со неа, создавајќи атмосфера каква што ретко се гледа. ...
Долгот на македонските домаќинства по основа на станбени кредити достигна две милијарди евра, што претставува зголемување од 16,6 проценти за една година и 35 проценти во последните две години, предупредува пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ. Тој посочува дека станбените кредити учествуваат со 40 проценти во вкупната задолженост на домаќинствата, оценувајќи дека ваквиот тренд дополнително го ограничува финансискиот капацитет на семејствата ...
Бугарскиот амбасадор во Србија, Ангел Ангелов, положи цвеќе во Белград во спомен на бугарските војници загинати во Првата светска војна. Бугарскиот конзул во Ниш, Димитар Иванов, положи цвеќе во месноста Ледена Стена во спомен на бугарските воени лица загинати во Втората светска војна, јавува БТА. По повод Архангелската задушница, наречена и Машка задушница, бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и дипломати од бугарската мисија во Белград ...
Европската шампионка на 1.500 метри и двократна ирска олимпијка, Сијара Магин, почина денеска на 34-годишна возраст по тешко боледување. Ирската атлетичарка објави во јули 2025 година дека ѝ е дијагностициран рак на дебелото црево. Врвот на кариерата на Магин се случи во 2024 година, кога го освои европското злато на 1.500 метри во Рим. Ирската атлетичарка ја претставуваше својата земја на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и во Токио, но ...
Гаел Монфис е нов селектор на тениската репрезентација на Франција во Дејвис купот, соопшти Француската тениска федерација. Монфис, кој во вторникот официјално се прости од професионалното играње тенис, ќе го наследи Пол-Анри Матје, кој беше на чело на националниот тим во изминатите три години. По 22 години поминати на професионалната тениска сцена, Монфис ќе го пренесе своето богато искуство на новата генерација француски тенисери. Во ...
Дури и откако ќе вечераат и ќе се чувствуваат сити, многу луѓе добиваат желба да го отворат фрижидерот или кујнскиот шкаф и да побараат нешто благо. Оваа навика е доста распространета и, според експертите, не е секогаш поврзана со гладот, туку и со начинот на кој функционира човечкиот организам, пишува Би-Би-Си. Истражувањата покажуваат дека околу една третина од луѓето секоја вечер консумираат грицки или мали оброци по вечерата. Кај ...
Законските измени кои Владата ги образложува како дел од усогласувањето со европското законодавство се најдоа под силна критика од опозициската Левица, еколошките организации и Младите правници. Главните забелешки се однесуваат на можноста за повторно доближување на тешката индустрија до населени места, слабеењето на механизмите за справување со контаминирани локации и намалувањето на просторот за јавен и институционален надзор Измените на ...