Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Hugging Face, една од најголемите платформи во светот за споделување модели на вештачка интелигенција со отворен код, беше цел на сајбер напад извршен не од човек, туку од модели на вештачка интелигенција. OpenAI објави оваа недела дека за време на контролиран безбедносен тест некои од нејзините најнапредни модели на вештачка интелигенција успеале да избегаат од изолирана тест-средина и да започнат координиран сајбер напад врз ...
Израел ќе им дозволи на мултинационалните безбедносни сили да влезат во Појасот Газа, како што е предложено во планот за прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа неименуван израелски функционер. Тој додаде дека мисијата, наречена Меѓународни сили за стабилизација, ќе вклучува 200 членови од „пријателски земји како што се Уганда и Мароко“, кои ќе бидат распоредени во области кои не се под израелска контрола. ...
Добивај вести на Viber Еден момент на невнимание е доволен за да го претвори одморот од соништата во кошмар, но доколку знаете што да направите, проблемот може да се реши многу побрзо отколку што мислите. За голем број граѓани на Македонија, патувањето во Грција е синоним за безгрижен летен одмор, но дури и на најубавото патување може да се случи непријатност што во моментот предизвикува паника — исчезнување на пасошот. Без разлика дали ...
Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечер, во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на ...
Во Домот на АРМ – Скопје денеска од 09:00 до 18:00 часот ќе се одржи традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, но и во чест на солидарноста, хуманоста и несебичноста што граѓаните ја покажаа во најтешките моменти. Акцијата ја организира Црвен крст на град Скопје, од каде укажуваат дека во текот на летните месеци, бројот на крводарувања бележи намалување, но оти ...
Добивај вести на Viber Авиокомпанијата со седиште во Дубаи нарача вкупно 270 нови авиони „Боинг 777X“, секој вреден околу 440 милиони долари, објави „Блиц“. Првиот авион беше произведен во 2019 година, но поради повеќекратни одложувања предизвикани од измени во дизајнот, „Емирати“ не ги доби своите авиони ниту седум години подоцна. Претседателот на компанијата, Сер Тим Кларк, изјави дека првите 10 авиони барале толку многу реконструкции за ...
Гоце Тодоровски беше актер кој со својата неповторлива харизма, природен хумор и препознатлива актерска енергија повеќе од четири децении беше неизоставен дел од македонската театарска и телевизиска сцена. Зад себе остави богато творештво и неизбришлива трага во македонското глумиште. Со ретка леснотија ги спојуваше комедијата и драмата, а секој лик што го толкуваше го правеше автентичен, човечен и близок до публиката. Токму затоа остана еден ...
Кога едно од најпознатите архитектонски дела со кое се гордее светот ќе мора да се брани од сопствените институции, тогаш проблемот одамна не е во влагата. Зоран БОЈАРОВСКИ* Македониумот не е жртва на дождот. Тој е жртва на нашата рамнодушност. Понекогаш скандалот не е во тоа што нешто е уништено. Скандалот со Македоноумот е што некој не препознава дека тоа е скандал. Фотографиите од Македониумот во Крушево, со пластични панели и метални ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Иран веќе ја нападнал Украина во моментот кога таа почнала да испорачува оружје на Русија и предупреди дека мора да се направи сè за да се спречи отворање на нов фронт. Во интервју за Sky News, тој ги коментираше и несогласувањата меѓу военото раководство и Министерството за одбрана, кои го отежнуваат мобилизирањето и организирањето на воздушната одбрана, и ја изрази својата проценка ...
▶️Слушнете го оригиналното аудио издание на вестите: Вашиот прелистувач не поддржува аудио елемент. Се очекува жителите на Гостивар во текот на денешниот ден да добијат технички исправна вода, најави вчера премиерот Христијан Мисковски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела. Според него, иако упребувањето со водоводната мрежа е во директна ингеренција на локалната власт, владата веднаж се вклучила на терен преко ...
Добивај вести на Viber Владата на Црна Гора подготвува нов систем за издавање дозволи за престој и работа на странци, кој треба да ја зајакне контролата врз работодавачите, наплатата на даноците и придонесите, како и усогласувањето на домашните прописи со правилата на Европската Унија. Според информациите објавени на веб-страницата на Владата, се планира воведување единствена дозвола за привремен престој и работа, која ќе ја издава ...
Средношколката Теа Ангелова освои бронзен медал на 9. Меѓународна економска олимпијада што од 12 до 20 јули се одржа во Шенжен, Кина. Теа, која е ученичка во Меѓународното училиште НОВА, освои и второ место на натпреварот IEOx Youth Talks. Во тимот членуваа: Ванеса Томова, I година, ПСУ „Јахја Кемал”, Скопје, Оливера Џамбазова, II година, СУГС „Орце Николов”, Скопје, Стефан Младеновски, III година, СОУ „Јосиф Јосифовски”, Гевгелија и Георги ...
Битола ќе биде центарот на театарот за деца во земјава и пошироко од 3 до 7 август. Јубилејното 15. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ ќе се одржува на пет сцени во Центарот за култура и Народниот театар во Битола. Во официјалната фестивалска програма од натпреварувачки карактер учествуваат седум театри од седум земји: Литванија, Романија, Словенија, Турција, Баскија, Србија и Црна Гора. Најдобрата претстава ќе ...
ФК Шкендија со убедлива победа од 3-0 над ФК Скопје го комплетираше првото коло од новата сезона во ПМФЛ. На теренот во тренинг-центарот на ФФМ, тетовскиот состав целосно доминираше и сосема заслужено ги освои првите три бода. Шкендија уште во втората минута можеа да поведат. Криезиу испрати прецизен центаршут од левата страна, а Зејнулаи од непосредна близина шутираше со глава, но Кристијан Наумовски со одлична интервенција го сочува својот ...
Шетајќи низ новото корпоративно седиште, Бернд Вагнер ентузијастички наведува дека е користена „седум пати поголема количина челик од онаа за изградбата на Ајфеловата кула“ или „кабли што се протегаат од тука до Неапол“. Вагнер е одговорен за клауд бизнисот и продажбата во Шварц Дигитс чие седиште официјално ќе биде отворено на 21 јули 2026 година. Дизајнирана за 3.500 вработени со детска градинка, ресторан и фитнес зона, комплексот потсетува ...
Доколку сакате дискретно да го покриете лузниот од царски рез, изборот на вистински костим за капење прави голема разлика. Летната сезона носи дилема за многу мајки околу тоа кој костим за капење да го носат по царски рез. По бременоста и породувањето, телото поминува низ многу промени, а кај многу жени, лузната од царски рез останува видлива со месеци или дури години по операцијата. Иако нема причина да ја криете ако не сакате, сосема е ...
Две лица се убиени, а најмалку пет се повредени во пукотница што се случи вчера вечер по локално време на популарниот фестивал на храна „Bite of Seattle“ во центарот на Сиетл. Меѓу повредените е и двегодишно дете, а полицијата потврди дека го истражува инцидентот со повеќе жртви и ги замоли граѓаните да ја избегнуваат областа, пишува BBC. WATCH: Moment gunshots fired at Seattle Center near iconic Space Needle pic.twitter.com/ZlmQTYmUiA — ...
Сподели ја твојата — Со љубов од Битола CEDI4 weeks ago03 mins Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за култура Битола објавува конкурс за фотографии за 14-тото издание на изложбата „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА″ ТЕМА НА КОНКУРСОТ Е – „БИТОЛА ВО ЗЛАТНИОТ ЧАС“ КОНКУРСОТ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН до 31 јули 2026 со НАГРАДЕН ФОНД – ПРВА НАГРАДА – 6000 ДЕН – ВТОРА НАГРАДА – 4500 ДЕН – ТРЕТА НАГРАДА – 3000 ДЕН. Право на ...
Пожар на нискостеблесто подрачје во близина на солунската населба Пилаја ги наведе властите да побараат делумна евакуација на подрачјето. Пожарот започнал кратко пред 17 часот во недела на нискостеблестата зона во предградието. Две СМС-пораки биле испратени преку Европскиот број за итни случаи 112, во 16:58 и 17:12 часот. Во подрачјето дејствуваат 27 пожарникари со 12 противпожарни возила, волонтери, 2 противпожарни авиони и 4 хеликоптери, ...
Иако пешачењето е одлична основа за добро здравје, за долг и квалитетен живот потребен е посеопфатен пристап. Комбинацијата од тренинг за сила и вежби со висок интензитет помага во зачувување на мускулната маса, го зајакнува срцето и значително го намалува ризикот од хронични заболувања во подоцнежните години, пишува „Хелт“. Пешачењето е одлична физичка активност со низок интензитет, достапна речиси за секого. Луѓето кои редовно пешачат во ...
Кога температурите се зголемуваат, природно посегнуваме по помалку облека и повеќе кожа. Маиците стануваат пократки, чевлите стануваат поотворени, а понекогаш би сакале да одиме боси. Сепак, ова лето, правилата се менуваат. Маиците станаа подолги, ракавите пошироки, а тесните кратки маички отстапуваат место на лабавите, широки стилови што ќе ја одбележат сезоната. Погледнете ја само Зендаја, која за време на промотивната турнеја за филмот ...
text size Минатата недела на берзите ја одбележа продлабочувањето на сомнежите за оправданоста на огромните инвестиции во инфраструктурата за вештачката интелигенција (ВИ), иако технолошките компании објавија охрабрувачки деловни резултати. Паниката на западните пазари уште пред повеќе од една недела ја предизвика прогресот на кинеските модели на ВИ-компаниите „Муншот“ (Moonshot AI) и „Алибаба“ (Alibaba), бидејќи нивните импресивни ...
Вработени во руски затвор пресретнаа мачка која била користена за да им пренесува дрога на затворениците внатре, во градот Нижни Новгород. Според Федералната служба за извршување на казнени санкции, „крзнениот престапник“ носел две импровизирани платнени јаки околу вратот, а во нив биле скриени забранети супстанции наменети за затворениците. Вработените во казнено-поправната установа го забележале мачето-курир за дрога пред тоа да влезе во ...
На 26 јули ансамблот „Разложки мераци“ од Разлог ја освои сцената на „Кривопаланечко културно лето“ со енергијата и убавината на бугарскиот фолклор. Публиката уживаше во незаборавна вечер исполнета со танци, насмевки и одлично расположение, а ансамблот изрази благодарност за топлото гостопримство и прекрасниот фестивал, јавува Пиринско. Општина Крива Паланка секоја година ја организира манифестацијата „Кривопаланечко културно лето“, нудејќи ...
Четвртото издание на фестивалот „Родни ритми“ ќе ги собере љубителите на бугарскиот фолклор на 7 ноември во Орландо, САД. Настанот, кој се одржува секоја година од 2023 година, го организира истоимената фолклорна танцова група, јавува БТА. Дани Берковски од групата изјави дека на фестивалот се поканети гости и танцови ансамбли од различни американски сојузни држави. Настанот се организира на волонтерска и добротворна основа. Танцовата група ...
Бугаринот Тома Џуниор Попов стана првиот француски натпреварувач во поединечна конкуренција што стигнал до финале на турнир од највисоката категорија „Супер 1000“, јавува БГНЕС. Во финалето, 27-годишниот Попов загуби од шестиот светски рекет, 36-годишниот Чоу Тиен-чен. „И покрај неизбежното разочарување, кога ќе ги погледнеме турнирот и целокупната слика, билансот е целосно позитивен“, изјави Попов. Негов најголем претходен успех во ...
Фудбалерот на Пари Сен-Жермен и Франција, Бредли Баркола, нема намера да го обнови својот тековен договор со парискиот клуб, информира новинарот Фабрицио Романо. Дваесет и тригодишниот напаѓач е отворен за понуди од други клубови ова лето. Ливерпул е еден од кандидатите за нова клупска средина на Французинот. Тековниот договор на играчот со парижаните е до летото 2028 година. Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 70 милиони евра. Во ...
Македонската културна јавност и театарската сцена останаа без еден од своите најпрепознатливи и омилени актери. Почина Гоце Тодоровски, актер кој со својата харизма, автентичен хумор и препознатлива актерска енергија со децении беше дел од македонскиот театарски, телевизиски и културен простор. Тодоровски остави длабок и неизбришлив траг во македонското глумиште. Неговиот талент да ја спои комедијата со непосредноста, а секој лик да го ...
Кајсиите содржат голема количина антиоксиданти што се клучни за зајакнување на имунитетот и намалување на оксидативниот стрес – сето тоа влијае врз посилната способност на организмот подобро да се заштити од инфекции, воспаленија, но и посериозни болести. Кајсиите (лат. prunus armeniaca) припаѓаат на семејството на коскесто овошје. Тие се исклучително хранливи, а освен што го подобруваат варењето, многу се корисни и за нашите очи. Но, тоа не ...
Ракометарите на Пелистер со работен состанок ги започнаа подготовките за сезоната 2026/27. Новиот тренер на екипата, Лино Червар, им се обрати на ракометарите, им го претстави планот на подготовки и им посака добро здравје и успешна сезона. Екипата денес ќе има заедничка вечера за почеток на сезоната, а во текот на првите два дена ќе бидат реализирани и медицинските тестови. Пелистерци првата недела ќе работат во Битола, а потоа ќе заминат ...