Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Додека Македонија со години дебатира дали ќе се распадне Европската унија и ќе има ли воопшто нови проширувања, ЕУ оди напред. На општо изненадување, денес од Европскиот парламент претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повлече историски потег – ѝ понуди статус асоцијативна членка на Канада. Некои медиуми најавуваат дека е можно тој чекор да го следи и Австралија, што ќе ѝ даде на ЕУ нов лик и нова моќ, заедно со 80-те ...
Министерството за дигитална трансформација денес официјално ја лансираше мобилната апликација m.Uslugi, новиот мобилен пристап до дигиталните јавни услуги и електронските документи на граѓаните. На настанот во Македонската филхармонија, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претставници на институциите, Европската Унија, дипломатскиот кор, академската и деловната заедница и медиумите, министерот за дигитална ...
Со доделување на фестивалските признанија и проекција на македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, во Битола свечено беше отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Фестивалот за отворен го прогласи претседателката Гордана Силјановска Давкова, која истакна дека „Браќа Манаки“ одамна прераснал од фестивал во културна институција со меѓународен авторитет. Таа нагласи дека годинава меѓу 12-те филмови во ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет, покажуваат резултатите од најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во периодот од 26 до 30 октомври годинава, Секторот за санитарна контрола земал вкупно 191 примерок за физичко-хемиска и 191 примерок за микробиолошка анализа на водата за пиење. Испитувањата биле спроведени на 42 мерни места на територијата на Град Скопје. Според ...
Ново ниво на премиум привилегии Visa Platinum и Visa Signature не се само начин на плаќање, туку искуство создадено да одговори на вашите највисоки очекувања.Двете картички нудат различен обем на привилегии кои опфаќаат аеродромски поволности, осигурување и заштита при купување, мобилен интернет во странство, како и меѓународни понуди и корисничка поддршка, овозможувајќи им на клиентите да изберат премиум искуство според својот животен стил. ...
Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека Чешка ѝ продала на Србија шест авиони за обука и борбени дејства од типот „L-39 Skyfox“, но сепак, од Белград нема официјална потврда за оваа набавка. Говорејќи на конференцијата „Прашки безбедносен дијалог“ во Прага, Бабиш истакна дека авионите можат да се користат за обука на воени пилоти, како и за противдејство против беспилотни летала. „Aero Vodochody“, производителот на авионите, потврди дека до ...
Штип утревечер повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8 ноември – Денот на ослободувањето на Штип, во петок со почеток од 18 часот ќе се одржи традиционалната Ноќна трка, на која се очекува да учествуваат околу 150 натпреварувачи. Станува збор за спортска манифестација со долгогодишна традиција, која со децении е дел од активностите на ...
Заменик-комесарот на НБА, Марк Тејтум, потврди дека лигата е во завршна фаза од подготовките за новото натпреварување во Европа, кое ќе биде заеднички проект со ФИБА. Се планира лига со 16 екипи, од кои 12 со постојано место, а четири ќе се квалификуваат преку европските натпреварувања и домашните првенства. Според најавите, првиот квалификациски турнир би се одржал во јуни 2027 година, а клубовите би можеле да остварат профит уште во ...
Американскиот онлајн речник Dictionary.com го прогласи „maxxing“ за збор на 2026 година. Овој термин стана составен дел од речникот на помладите генерации и се однесува на намерно и интензивно максимизирање на одреден аспект од животот, со цел да се постигнат најдобрите можни резултати. За да го изберат зборот на годината, тимот на Dictionary.com ги разгледува трендовите на пребарување, социјалните мрежи и вестите, „а потоа се прашуваме што ...
Иако крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) веќе две години бележи пораст во анкетите, таа е држена подалеку од власта поради одбивањето на другите партии да стапуваат во владејачки коалиции со неа. Но, бидејќи овој „заштитен ѕид“ се потпира на претпоставката дека АфД никогаш нема да освои апсолутно мнозинство, тој за малку беше фатално разнишан на покраинските избори во Саксонија-Анхалт што се одржаа овој месец. Точно е ...
Теориите дека сликата „Ѕвездена ноќ“ на Винсент ван Гог е производ на имагинација, претходни скици и сеќавања на пејзажи набљудувани од неговата соба во една француска психијатриска установа – претпоставки стари повеќе од еден век, сега добиваат нов тек… Живописно небо пред зората (масло на платно), исполнето со големи, сјајни ѕвезди, блескава полумесечина и вртлози од сина и бела боја, доминира над пејзажот во којшто се истакнува чемпрес, ...
Екстремните летни температури би можеле да ја чинат европската економија околу 113 милијарди евра оваа година поради падот на продуктивноста, производството и работните часови, според проценките на осигурителната групација Allianz. Најголемите предвидени загуби се однесуваат на Италија, Германија и Франција. Проценката се заснова на алатката на Allianz за следење на климатските ризици (Climate Risk Tracker), која ги комбинира метеоролошките ...
На денешната ждрепка во Нион, женската А репрезентација на Македонија ги доби противниците во новото издание на УЕФА Лигата на нации. Нашата селекција ќе се натпреварува во Лига Ц, каде за противници ги доби репрезентациите на Израел, Фарските Острови и Андора. Во Лига Ц се натпреваруваат репрезентациите кои според пласманот во квалификациите за Светското првенство 2027 се најдоа во третиот ранг на европскиот репрезентативен фудбал. ...
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по изборите во Брвеница оцени дека партијата настапила „сама против сите“ и со изборна програма и концепт, додека, според него, противниците се потпирале на демографијата, националната карта и кандидати кои одвлекувале гласови. Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови – напиша ...
Македонската поетеса и писателка Билјана С. Црвенковска ќе биде специјална гостинка на 36. издание на културната манифестација „Денови на македонската поезија во Шведска“, која денеска ќе се одржи во Градската библиотека во Гетеборг. Настанот традиционално го организира Македонскиот сојуз во Шведска и секоја година претставува место за средба на македонските автори и љубителите на литературата што живеат во оваа скандинавска земја. Во рамки ...
Во октомври, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје подигнаа и транспортираа 14.000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Во истиот период, од јавни и сообраќајни површини се отстранети и 950 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад. Најголемо количество отпад од диви депонии, 200 кубни метри, е подигнато во општината Чаир. Како што информира ЈП „Комунална хигиена“ ...
Халк Осигурување и овој октомври испраќа порака за важноста на грижата за женското здравје, превенцијата и навремените здравствени прегледи. Во рамки на одбележувањето на Розов Октомври, компанијата потсетува дека грижата за себе треба да биде приоритет и дека редовните прегледи не треба да се одложуваат. „Грижата за себе е најубавата форма на заштита“, порачуваат од Халк Осигурување, нагласувајќи дека токму малите чекори и навремената ...
Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот остров Родос, шахистите на Алкалоид забележаа убедлива победа од 4,5 : 1,5 над најсилниот претставник на Израел, Ришон ле Цион, кој е седми носител на турнирот според почетниот рејтинг, со што ја освоија втората позиција на табелата, односно вицешампионската тутула! Овој турнир е најсилен во клупската конкуренција на Стариот континент, поради што често се споредува ...
Во сабота ќе се одигра еден меч, а в недела четири од 12. коло на Првата женска фудбалска лига. Колото се отвара во Македонска Каменица со мечот меѓу Каменица Саса и Речица, во дуел каде „рударките“ ќе бидат апсолутни фаворити за седми сезонски триумф, се освен триумф за домаќинот ќе биде големо изненадување. Дербито на колото ќе го одиграат шампионот Скопје и Тиверија Брера, соочување на вториот и третиот тим од табелата. Двете екипи во ...
Од утре следува период на стабилно и суво време со променлива облачност во текот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. За време на викендот се очекуваат постудени утра, при што минималните температури на одделни места ќе се спуштат под нула степени Целзиусови. Post Views: 35 ноември 4, 2026 Од утре следува период ...
По 5 ноември 2024 година и првите протести на граѓаните во Нови Сад по падот на настрешницата на железничката станица и острата реакција на властите кон нив, Србија влезе и сè уште поминува низ една од најдлабоките кризи од октомври 2000 година и падот на Слободан Милошевиќ. Бунтот на младите и граѓаните, првично насочен против корупцијата, се прошири низ целата земја и се трансформираше во општествено движење против Александар Вучиќ и ...
Мачорот Лари, познат како главниот ловец на глувци во британската влада, се врати во „Даунинг стрит“ по операција и успешно закрепнува. Деветнаесетгодишниот мачор се чувствува многу подобро по отстранувањето на бенигна циста, иако сè уште има голема лузна и избричен дел од крзното, пренесува „Телеграф“. Од неговото враќање дома, Лари постепено им се враќа на секојдневните активности во седиштето на британската влада, на адресата „Даунинг ...
Победата на кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиџи, во вториот круг од локалните избори во Брвеница беше повод лидерот на партијата Али Ахмети да испрати пораки за местото и улогата на Албанците во Македонија, но и за политичките односи во земјата. На прославата по изборната победа, Ахмети порача дека Македонија не му припаѓа ниту на актуелниот премиер Христијан Мицкоски ниту на поранешниот премиер Бранко Црвенковски, туку дека е татковина на ...
„Епл“ (Apple) тестира нови можности за својот гласовен асистент Siri, кои би можеле значително да го променат начинот на користење на iPhone. Наместо само да одговара на прашања и да извршува едноставни команди, Siri ќе може да комуницира со апликации од други компании и да извршува посложени задачи по барање на корисникот. Новите функции се достапни за програмерите во тест-верзијата на iOS 27.3, а целта е гласовниот асистент да стане ...
Стручната книга „Превентивна стоматологија“, во издание на „Арс Ламина“, ќе биде промовирана на 16 октомври (петок), со почеток во 10:30 часот, во амфитеатарот на Стоматолошки факултет во Скопје. Кон делото ќе се осврнат промоторите: проф. д-р Дејан Марковиќ, кој специјално за овој настан доаѓа од Белград, проф. д-р Мира Јанкуловска и уредничката Бранка Бугариска. На настанот ќе се обратат и дел од авторите: Елизабета Ѓоргиевска (уредник), ...
Со концерт на Камерниот оркестар на Битола, вечерва ќе биде затворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“. Под диригентската палка на Владимир Димовски, оркестарот ќе настапи во Офицерскиот дом, со виолинистот Емир Имеров од Германија како солист. Годинашното издание собра реномирани музички уметници од Македонија, Унгарија, Италија, Косово, Франција и Германија. Во рамките на фестивалската ...
Темни политички услови повторно го прогонуваат Балканот. Полуофицијалниот погреб на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград, кој многу босански Срби сè уште го слават, повторно ги отвори старите трауми и ги разгоре националистичките тензии овој месец. Дипломатските односи меѓу Србија и Босна и Херцеговина се влошуваат, што дополнително го доведува во прашање веќе речиси запрениот процес на пристапување на Србија во Европската унија. ...
Со промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм „Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов од 1967 година, кој е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година, денеска напладне во Кинотека ќе се одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство Филмот беше дигитализиран во 2025 година како дел од проектот „Сезона на филмски класици“ инициран и координиран од Асоцијацијата на европски ...
Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница во спортската историја на градот под Исарот. Младата кошаркарка со ова големо признание направи значаен чекор во својата спортска кариера, а нејзиниот успех претставува гордост за Штип и за ЖКК Тим Арена, клуб кој има важна улога во нејзиниот ...
Можеби насловот на овој текст не е баш најпрецизен. Можеби треба да биде – во каков свет сака македонската власт да живее? Или – во каков свет сака да живее значаен дел од македонските граѓани? Или пак – во каков свет сакаме да живееме? Во крајна линија, не се важни варијациите. Важно е дали разбираме што се случува околу нас. Има ли некакви морални координати според кои можеме да се раководиме. Има ли некои пошироки интереси на општеството ...