Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Вашето куче можеби веднаш ги крева ушите кога ќе го слушне своето име или трча кон вратата штом ќе го слушне зборот „прошетка“. Но, дали неговиот мозок може да препознае каде завршува еден, а започнува друг збор кога слуша непрекинат говор без паузи? Ново истражување покажува дека кучињата поседуваат интересна способност за обработка на говорот, која досега била забележана само кај луѓето. Нивниот мозок може да ги следи повторувачките ...
Познатата канадска пејачка Селин Дион го одржа својот прв концерт по шестгодишно отсуство поради ретка и многу опасна болест, на големо задоволство на нејзината бројна публика. Публиката, во која имаше и француски актери и познати личности, ја поздрави славната пејачка со овации и стоечки аплауз, како што пренесоа речиси сите француски медиуми. „Сакам да кажам дека сум добро. Научив да живеам со кревкоста. Живеам со неа, ја скротив и одлучив ...
Помина една година од трагичната смрт на Владимир Блажев – Панчо, членот на музичкото дуо ДНК, кој по долгата и тешка борба со последиците од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ја загуби животната битка. Неговото заминување остави празнина во македонската музичка сцена, но и во срцата на сите што го познаваа, ја сакаа неговата музика и ја почитуваа неговата хуманост. Една година подоцна, сеќавањата на кобната ноќ на 16 март и понатаму ...
Рафиња изрази надеж дека ќе ја заврши кариерата во Барселона, откако официјално го продолжи договорот со каталонскиот клуб до летото 2030 година. Бразилскиот напаѓач, кој има 29 години, не ја криеше гордоста од новиот договор и истакна дека и неговото семејство е исклучително среќно поради постигнатиот договор. „Ова е чувство на огромна гордост за мене и за моето семејство. Само ние знаеме низ што поминавме во себе. Многу сум горд на сè што ...
Неодговорните сопственици се главните виновници за зголемувањето на популацијата на улични кучиња, сложни се активистите и експертите. Кај властите, пак, и покрај изборните ветувања за решавање на проблемот, отсуствува решителност околу најсоодветните решенија – многу построги казни за напуштање миленик и едукација. Шест години се чека на усогласување на Закон за благосостојба на животните со оној за прекршоци, овозможувајќи многу повисоки ...
Силна приказна за семејството, љубовта, загубата и сите неизговорени зборови ќе ја донесе на скопската сцена српскиот актер Марко Јанкетиќ, син на легендарниот актер Миша Јанкетиќ во мултимедијалната монодрама „Мрки, нисам ти испричао“ што на 25 ноември во 20 часот ќе гостува во Националната опера и балет. Претставата зад себе има распродадени сали низ Србија и Црна Гора, како и со исклучителни реакции од публиката и критичарите. Пред ...
Ако планирате да купите евтин паметен телефон, бидете претпазливи – експертите за безбедност открија опасна закана која потекнува директно од фабриката. Експертите за сајбер-безбедност од компанијата „Bitdefender“ идентификуваа сериозна безбедносна закана: илјадници евтини Android паметни телефони ширум светот се испорачуваат со злонамерен софтвер (malware) кој е однапред инсталиран на ниво на фирмвер. Тоа значи дека уредите се заразени уште ...
Добивај вести на Viber Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ на вонредна прес-конференција изјави дека го почитува уставното право на претседателот Александар Вучиќ да донесува одлуки за аболиција, вклучително и во случајот со Марко Павловиќ, обвинет дека со автомобил се обидел да ја убие студентката Соња Поњавиќ. Меѓутоа, таа оцени дека многу потешко ја прифаќа одлуката за помилување на други лица, кои, според нејзините тврдења, ...
Една од најдолго исчекуваните игри со години Phantom Blade Zero денес излезе на пазарот. Има верзии за компјутери и конзоли кои моментално се играат ширум светот и играчите се воодушевени од самата игра. Девелоперите „S-Game Studios“ се претходно познати по игри за мобилни телефони и ова е прв нивни проект за голема игра каде заинтересираноста е на огромно ниво кај гејмерите до степен што веќе на првиот ден повеќе стримери и јутубери ја ...
.Њујорк тајмс“ објави листа на 100 најдобри телевизиски серии на 21 век. Иако векот не е ни на половина пат, продукцијата, особено во последните 15 години и со појавата на стриминг услугите, понуди исклучително голем број наслови. Критериуми како што се критичките рецензии, гледаноста и културното влијание се земаат предвид при составувањето на таква листа. „Њујорк тајмс“ на листата вклучи само серии што почнале да се емитуваат во 21 век, што ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за пратенички прашања ги отфрли обвинувањата на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, за наводни врски меѓу актуелната власт во Македонија и политичките случувања во Србија, оценувајќи дека станува збор за лаги и политички конструкции. Осврнувајќи се на претходните обвинувања на опозицијата за неговите односи со унгарскиот премиер Виктор Орбан, Мицкоски рече дека по шест ...
Со првите потопли денови, дворовите, терасите, парковите и излетничките места повторно стануваат полни со инсекти. Меѓу најнепријатните се осите, кои особено ги привлекуваат храна, слатки пијалаци, овошје, отпадоци и отворени канти. Иако најчесто не напаѓаат без причина, осите можат да станат агресивни ако се почувствуваат загрозени или ако се приближиме до нивното гнездо. Затоа најважно е да не се паничи, да не се мафта со раце и да не се ...
Компанијата iute Macedonia објави оглас за вработување на нов член во својот тим, на позицијата Советник за клиенти – After Sales. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат најдоцна до 31 октомври 2026 година. Од компанијата истакнуваат дека зад секое добро финансиско решение стои разбирањето на потребите на клиентите, нагласувајќи ја важноста на квалитетната комуникација и индивидуалниот пристап. Новата позиција е наменета за кандидати ...
В недела со почеток од 21:00 часот се игра големото дерби од новото коло во шпанската Примера во кое што ќе се сретнат екипите на Атлетико Мадрид и Барселона. Каталонците се подготвени за овој мега дуел, како и домаќинот. Гостите имаат повод за радост затоа што Ерик Гарсија според последните информации го издржал последниот тренинг и ќе патува за Мадрид. Доколку пак го одработи и утрешниот тренинг целосно, тој би требало да се најде и во ...
Рускиот провоен Телеграм канал „Воени Осведомител“ објави видео за кое тврди дека прикажува украински напад од страна на копнени роботски системи врз руски позиции во близина на Лиман. Каналот тврди дека во нападот учествувале 28 роботи од украинскиот Трет армиски корпус. Според неговите тврдења, по 18 роботи носеле по два противтенковски лансери АТ-4, два биле опремени со автоматски лансери на гранати Мк 19, а осум биле наменети за ...
Европската авантура на младинскиот состав на АП Брера Струмица заврши со тежок дебакл во Германија. По поразот од 3:0 на домашен терен, струмичани доживеаја вистински резултатски потоп на гостувањето кај Хофенхајм, губејќи со убедливи 9:0 во реваншот од младинската Лига на шампиони. Вкупно 12 примени голови на два натпревари и ниту еден постигнат. Резултат кој неизбежно отвора прашања за разликата во квалитетот, подготвеноста и конкурентноста ...
Реконструкцијата на улицата „Ферид Мурати“ во Општина Чаир влезе во својата завршна фаза со изведувањето на клучните асфалтерски работи. Овој зафат претставува значаен чекор кон финализирање на една од најважните инфраструктурни инвестиции во овој дел од градот, со цел да се обезбеди побезбедна и помодерна сообраќајна мрежа за жителите. Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, заедно со заменик-министерката за транспорт, ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини денеска го објави списокот на 31. репрезентативец на кои ќе смета за претстојните мечеви од Лигата на Нациите против Франција односно Белгија. На него има неколку имиња кои предизвикаа интерес кај јавноста. Во прв ред тоа се 20. годишниот офанзивен играч од средниот ред Алфаџо Сисе , кој е најдобар стрелец на Милан, 17. годишниот играч од средниот ред Рикардо Касано , кој ...
Со проекцијата на филмот „Сонцето изгрева над сите нас“ на режисерот Цаи Шангџун, денеска во Кинотеката на Северна Македонија ќе биде отворен Првиот фестивал на кинески филмови кој до 13 октомври ќе се одржува во Скопје, Битола, Куманово, Велес и Кочани. Фестивалот ќе понуди избор од современи кинески играни, документарни, анимирани и кратки филмови, а неговата цел е да ја доближи современата кинеска кинематографија до македонската публика ...
Дарко Чурлинов продолжи со одличните изданија во дресот на Погон, стрелајќи прецизно и на вечерашното гостување против поранешниот првак Раков. Се играше самиот почеток кога македонскиот напаѓач одлично се снајде, па веќе во 5. минута мајсторски стрелаше над главата на голманот, во мрежата на домашниот состав за рано водство на Погон од 0-1. Ова е четврти погодок на Чурлинов во полскиот шампионат за тимот на Погон, со што Македонецот полека, ...
Стопанска банка АД – Скопје објави дека бара нови вработени за пет работни позиции. Заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за понудените работни места на Регионалниот саем за вработување, кој ќе се одржи на 28 октомври 2026 година во Скопје. Банката има потреба од кадар во повеќе области, меѓу кои спречување перење пари, грижа за корисници, маркетинг, платен промет и трезорско работење. Поконкретно, Стопанска банка бара ...
Берењето печурки за многумина е убава навика, прошетка во природа и начин да се донесе нешто вкусно на домашната трпеза. Но зад оваа традиција се крие и сериозна опасност: не секоја печурка што изгледа убаво, мириса пријатно или личи на позната јадлива печурка е безбедна за јадење. Кај печурките нема место за погодување. Една погрешна проценка може да предизвика тешко труење, оштетување на органи, па дури и животозагрозувачка состојба. Затоа ...
Facebook воведува функција која ви овозможува, со свои зборови, да наведете каков вид содржина би сакале да гледате почесто или поретко во вашиот „фид“ (почетна страница). Новата опција „Вашиот алгоритам“ („Your Algorithm“) им овозможува на корисниците директно да влијаат врз алгоритмот што препорачува содржина, наместо целосно да се потпираат на автоматските препораки на платформата, соопштија од Meta. Корисниците можат да ги опишат своите ...
Во редицата на објавени состави денеска за претстојниот репрезентативен прозорец, во рамките од Лигата на Нациите застана и Шпанија. Селекторот на актуелниот светски шампион, Луис Де Ла Фуенте ги одреди играчите на кои што смета, а на списоко има доста измени со оглед на повредите кои што се случуваат во моментов. Шпанија ќе се сретне со Чешка и Англија, а на списокот се следниве играчи. Голмани: Унаи Симон, Давид Раја, Жоан Гарсија, Алваро ...
Стотици јазовичари прошетаа по прочуената париска авенија Шанзелизе, каде што се одржа „Прошетката на колбасчињата“ (Sausage Walk) – необичен настан што ги собра сопствениците и љубителите на раса на кучиња јазовичар од различни делови на Европа. Кучињата привлекоа големо внимание со своите шарени костими додека заедно со сопствениците се движеа по познатата авенија, недалеку од Триумфалната капија, пренесеува „Ен-би-си њуз“. Меѓу учесниците ...
Љиљана Матиќ, 70-годишна скопјанка се изненадила кога на крајот на август добила даночно решение од Град Скопје за наследство на станот во кој живеела со децении со нејзиниот сега починат сопруг. Очекувала дека за префрлувањето на нејзино име нема да треба да плати ниту денар оти во станот живееле заедно од првиот ден кога го добиле како општествен, во далечната 1986 година. По осамостојувањето на Македонија, во 1995 година, нејзиниот сопруг ...
По повод 50-годишнината од основањето на Општина Карпош, беа доделени 185 хуманитарни пакети на семејства во социјален ризик од општината. Акцијата е реализирана со придонес на децата од општинските градинки, учениците од основните училишта и вработените во општинската администрација. Пакетите содржат прехранбени производи, конзервирана храна и средства за хигиена. Градоначалникот Сотир Лукровски лично ги доделуваше пакетите на две локации, ...
Судот за спортска арбитража пресуди денеска дека руските хокеарски репрезентации можат да учествуваат на светските првенства во машка и женска конкуренција следната година, поништувајќи ги со тоа одлуките на Меѓународната федерација во хокеј на мраз (IIHF) за нивно исклучување од меѓународните натпревари. Судот со седиште во Лозана ги потврди жалбите поднесени од Руската хокеарска федерација против одлуката на IIHF да им забрани на руските ...
Од Берлин стигнува приказна која може да им изгледа неразбирливо тривијална на оние што не се упатени во нијансите на оркестарскиот распоред. Диригентот Иван Фишер ги откажа концертите планирани за оваа недела, на кои требаше да се изведе Петтата симфонија на Густав Малер со Берлинската филхармонија (на негово место дојде Андрес Ороско-Естрада), бидејќи контрабасите не можеа да бидат поместени од нивното вообичаено место во Филхармонијата – ...
Според извештаите, YouTube размислува за воведување аудиокниги како нов вид содржина на својата платформа, покрај музиката и видеата. Како што пренесува „The Wall Street Journal“, YouTube истражува можност за додавање аудиокниги во својата апликација; сепак, засега има малку информации за тоа кога оваа функција би можела да стане достапна, или дали таа би се нудела како посебна, самостојна услуга. Во извештајот се наведува дека Google ...