Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Менаџерот на лидерот на табелата на Премиер лигата Микел Артета потврди дека крилниот напаѓач Букајо Сака ќе отсуствува неколку недели. Тој на денешната прес-конференција, пред дуелот со Хал утре на „Емирати“, ја потврди информацијата дека фудбалерот го очекува неколку неделна пауза. Сака нема да биде и дел од англиската репрезентација на двата дуела со Хрватска и Шпанија, што следуваат по викенд натпреварите. – Зборуваме за период од неколку ...
– Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, заедно со владина делегација, во која се и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на „Дојче телеком“, и Доминик Лерој, член на Управниот одбор ...
Развитокот на серијалот „Assassin’s Creed“ игрите е во застој токму поради преголем неочекуван успех на играта „Black Flag Resynced“. Се работи за модерно преработена верзија на „Assassin’s Creed IV: Black Flag“ што непосредно по излегувањето направи профит за развивачите од „Ubisoft“ од 3,5 милиони продадени копии од играта во првите 14 дена. Парадоксално резултираше со тоа да се направи застој во идното скорешно правење игри од оваа ...
Google сега им овозможува на сите да креираат и користат сопствени Android-апликации со помош на вештачка интелигенција. Google воведува нова функција која им овозможува на корисниците на Android да креираат свои апликации користејќи вештачка интелигенција, без потреба од какво било искуство во програмирање или сметка за програмери. Оваа функција е дел од ажурирањето на Google Play од октомври 2026 година, дизајнирано да им го олесни на ...
Станува збор за соработка изградена врз долгогодишни пријателства, различни културни искуства и заедничка љубопитност кон непознатото. Самујан и Бејков се запознале во 2002 година, кога францускиот музичар првпат дошол во Македонија. Нивната соработка низ бројни музички проекти, џез-концерти и компонирање филмска музика прераснала во трајна уметничка врска, која подоцна се проширила и со Поповски и Секуловски. На 5 ноември, „Јавна соба“ ќе ...
Некогашниот ракометар на Пелистер и Пролет, кој одамна живее во Германија, Стевче Ангелкоски, гради тренерска кариера. Минатата сезона ја заврши играчката кариера и веднаш почна тренерска во тимот на Алфелд, каде што играше најдолго време во Германија. Тој го водеше вториот тим на Алфелд и го однесе ранг погоре во регионалната конкуренција во Германија, а сега ќе има нов предизвик. Ќе биде предводник на младинската екипа на ТСВ Андертен. ...
Осомничениот за вооружените напади во кои беа убиени осум лица во западна Турција се претставил како припадник на турската разузнавачка служба за да одземе автомобил при бегството. Тоа го раскажа 19-годишниот возач на автомобилот, кој со пријател бил во близина на браната Чаторен во провинцијата Ескишехир. Според неговиот исказ за турските медиуми, осомничениот Ариф Сефа Оздемир им рекол дека е од Националната разузнавачка служба МИТ и почнал ...
Дарко ЈАНЕВСКИ (текстот е преземен од ФБ профилот на авторот и не ги одразува нужно ставовите на Денешен.мк) Обично политичарите велат дека обвинителите и судиите ни се чесни, ама ете, има некои 10 отсто од нив што го расипуваат впечатокот. Демек сите се арни, само мал дeл од нив не ги бива, не чинат и тие се скапаниот дел од јаболкото што потоа го распипува целото јаболко. Добро. Нека е така. Ама потоа, минатава недела се случува изборот за ...
Anthropic ја додаде функцијата Personal Finance во Claude, која им овозможува на корисниците да ги поврзат своите банкарски сметки и платежни картички за анализа на финансиските податоци. Claude има пристап до сметките само за читање, без можност да префрла, управува или инвестира пари. Од Anthropic велат дека Claude одговара на разбирлив, секојдневен јазик и може да ги објасни непознатите финансиски поими. Функцијата овозможува следење на ...
В сабота се играат мечевите од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига, водечките екипи без право на грешка, екипите кои водат борба за опстанок со притисок за освојување на трите бодови. Лидерот Охрид ќе има предизвик на домашен терен да ги освои трите бодови против дебитантот Камјани кој влегува во победничка серија и ќе сака до три бодови на „Билјанини Извори“ и така да фаќа приклучок барем за бараж за Прва лига бидејќи има минус ...
Добивај вести на Viber Косово планира да основа национална авиокомпанија со државен капитал, а за реализација на проектот се предвидени средства во предлог-буџетот за 2027 година. Ова го најави косовскиот премиер Албин Курти, кој посочи дека новиот авиопревозник треба да обезбеди повеќе директни авиолинии, особено кон земјите во кои живее бројната косовска дијаспора. На седницата одржана на 2 ноември, косовската влада го усвои ...
Во првите девет месеци од 2026 година, НЛБ Банка оствари добивка од 2.91 милијарда денари односно, добивка по оданочување од 2.53 милијарди денари, што претставува раст од 1,0% на годишно ниво, остварен и покрај повисоките трошоци за финансирање, оперативните расходи и исправките на вредност за кредитен ризик. Растот е поддржан од зголемениот обем на основната банкарска дејност и кредитното портфолио. Кредитите кај компаниите и населението, ...
Светската здравствена организација (СЗО) денес предупреди дека до 2030 година светот ќе се соочи со недостиг на медицински кадар, бидејќи се очекува околу една четвртина од лекарите да заминат во пензија во текот на следните 10 години. „Во многу земји, и населението и здравствените работници истовремено стареат. Ова може дополнително да го влоши предвидениот глобален недостиг од 11,1 милион здравствени работници до 2030 година“, се наведува ...
По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11 до 13 септември, Mega Shopping Park беше место на средба на посетители од различни генерации. Се доаѓаше за локалните специјалитети и македонските вина, се остануваше за музиката, а фестивалските денови поминаа во дружење, ...
„World of Warcraft: Forever“ започна со одличен старт, поради новиот систем на бирање стил на игра на самите играчи, што е со кластери сервери по категории, а не поединечни сервери, резултира со тоа што иако се прикачија голем број носталгични играчи како и нови гејмери. Играта да оди глатко и направена е да поддржува огромен број играчи и во стартни и мали зони, со брзо оживување (high respawn rate) на непријателите против кои се борите така ...
На 25 октомври 2025 година, српските студенти и коалицијата што ја формираа, наречена „Студентска листа“, го шокираа светот со тоа што ја поразија владејачката Српска напредна партија со убедлива изборна победа. Со тоа заврши 14-годишното владеење на Српската напредна партија (СНС) и нејзиниот лидер Александар Вучиќ, период во кој СНС доминираше со јавните институции, медиумите и безбедносните служби на државата. По изборите, европската ...
Во рамки на проектот „Македонски музички текови 2026“, поддржан од Град Скопје, Amplidyne Effect на 6 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, ќе одржи концерт во Културно-информативен центар – Скопје. На концертот ќе настапат Мартин Георгиевски, заедно со Владимир Мартиновски – тамбура, кавал и удиралки, и Соња Димитриоска – флејта. Звукот како простор за истражување, импровизацијата како начин на создавање, а секој настап како ...
Формула 1 ја разви финалната верзија на календарот за сезоната 2027. Календарот официјално ќе биде објавен во среда, 16 септември, по формалното одобрување на состанокот на Светскиот совет на Светската автомобилистичка федерација (ФИА). Сезоната 2027 е закажана да започне на 14 март со трката за Големата награда на Бахреин, по што следи Големата награда на Саудиска Арабија една недела подоцна. Сепак, се забележува дека одржувањето на трките ...
Авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, денеска бил пресретнат и придружуван од српската воена авијација по примена закана за експлозивна направа. Според Министерството за одбрана на Србија, воените авиони извршиле визуелна идентификација и го следеле патничкото летало до бугарската граница. Потоа се вратиле во Батајница. Звуците во Шумадија биле од пробивање на звучниот ѕид Интервенцијата била преземена по известување од СМАТСА. ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска истакна дека со силна посветеност и конкретни дела се модернизира скопската Зоолошка градина, соопштуваат од Град Скопје. – Скопје заслужува Зоолошка градина со која ќе се гордее, а животните заслужуваат квалитетни услови, стручна грижа и достоинствен третман. Изминатиот период интензивно работиме на реновирање на постојните и изградба на нови живеалишта. Заменети се крововите, поставени ...
Братислав ДИМИТРОВ Во саботата се собравме неколку берберски дискутанти, врсници на чинарот во Охрид. За да не испаднеме прости, пошто сме кандидати за членство во ЕУ, седнавме во модерно кафуле. И додека лигавиме некакви коктели со цевче, дискутираме за животот, уште тоа ни остана. Нормално, сите истовремено во еден глас и со подигнати октави, на кои може да им завиди и „старо купујееем…“ Беше точно на пладне кога почнавме, а не фати и ...
Со помош на кинеската компанија Fourier, Meta за само три месеци изработи прототип на хуманоиден робот, дизајниран да помага во домашните работи, пренесува The Information. Роботот со кодно име Max тежи приближно 48 килограми и е висок околу 1,5 метри. Поседува екран на кој се прикажуваат изрази на лицето, вграден звучник и раце дизајнирани за земање мали предмети; за неговото функционирање се користат чипови Jetson Thor од компанијата ...
Објавените податоци вклучуваат адреси на е-пошта и телефонски броеви на агенти од ICE (Служба за имиграција и царина) и Граничната полиција. Група хактивисти украле податоци на повеќе од 41.000 вработени во Министерството за внатрешна безбедност на САД и, со помош на трети страни, ги објавиле на интернет, според извештаите на „Wired“, „The Washington Post“ и NPR. Објавените податоци содржат адреси на мејлови, телефонски броеви и службени ...
Една недела откако Народната банка воведе администрација во АЛТА банка АД Битола, сè уште нема конкретно решение за компаниите и институциите кои имаат средства на сметки во банката, а не можат да ги користат за редовно работење и подмирување на обврските кон вработените, државата и деловните партнери. Наместо јасни одговори, рокови и конкретен механизам за надминување на проблемот, од Народната банка и натаму испраќаат општи соопштенија за ...
Еден од најголемите таленти на англискиот фудбал, 16-годишниот Џеј Џеј Габриел, веќе е во Мадрид, каде што се подготвува за следниот чекор во својата кариера – преселба во Реал Мадрид. Младиот напаѓач, кој досега беше дел од академијата на Манчестер Јунајтед, во интервју за шпанска „Марка“ откри дека неговата голема амбиција е еден ден да ја освои „Златната топка“. „Мојот сон е да ја освојам Златната топка“, порача Габриел, кој веќе неколку ...
Еден од најважните шаховски настани во текот на годината е Европскиот клупски куп, турнир кој традиционално се одржува кон крајот на сезоната, но кој претставува епицентар на шаховските збиднувања поради интересот кој го побудува и квалитетот што го нуди. Популарно наречен шаховска верзија на Лигата на шампионите, ЕКК секоја година го собира кремот, но не само од Европа. Шаховскиот клуб Алкалоид неколку децении го гради својот имиџ ...
Ова интервју е дел од серијалот текстови посветени на работата на дел од добитниците на грантови во рамки на програмата „Digital Spark“, која се спроведува во рамки на проектот „Регионален механизам за поддршка на Источна Европа и Централна Азија (EECA)“. Проектот го спроведуваат Фондација Метаморфозис и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамки на Иницијативата за дигитална демократија (DDI), која ги опфаќа земјите од глобалниот Југ. ...
„Охридско лето“ продолжува со концертната сезона на 17 ноември со почеток во 20:00 часот во Камерна сала на Македонската филхармонија-Скопје. На сцената – виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек. Вечер исполнета со врвна камерна музика и уметност од светски ранг. „Охридско лето“ ја продолжува традицијата на организирање концертни настани и надвор од своите редовни фестивалски денови. По концертите ...
Верзијата за Mac нуди временска линија со повеќе записи, напредни алатки за монтажа, автоматски титлови и извоз на видеа во 4K резолуција без воден жиг. Instagram ја прошири достапноста на својата апликација за уредување видеа Edits и на Mac. Верзијата Edits за Mac е наменета за поголеми проекти за кои се потребни поголем екран и попрецизна контрола со помош на глушец и тастатура. Апликацијата ги вклучува лиценцираните аудиосодржини на ...
Во Општина Центар никнуваат нови згради, но локалната самоуправа не знае колку активни градилишта има на нејзината територија, ниту пак располага со активен градежен инспектор. Ова го тврдат од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, од каде што обвинуваат за сериозни институционални пропусти во една од општините со најинтензивна градежна активност во главниот град. Според соопштението на ЗНАМ, на едноставно советничко прашање колку активни ...