Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Ракометната репрезентација на Македонија по убедливиот триумф над Луксембург на домашен терен, со голема самодоверба патува во Грција каде утре ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2028 година. Десниот бек, Мартин Серафимов вели дека мечот со Луксембург бил добро загревање за тоа што ги чека во Грција… „Натпреварот со Луксембург ни беше добро загревање за следниот меч, со Грција на гостински терен. Одигравме добро и сериозно ...
Арлинда Зекај многупати барала заштита од полицијата. Од полицијата сметале дека таа претерува. На 25 октомври, 49-годишната Зекај повторно дала изјава во полиција против нејзиниот сопруг, кој потоа бил уапсен. Но, Зекај од полицијата барала и дополнителна заштита од семејството на нејзиниот сопруг. Залудно. Полицијата ја однесла Арлинда Зекај до дома. Таму ја чекал нејзиниот убиец. Таа го напуштила полициското возило во 20 часот и 58 минути. ...
Како напуштените јавни објекти да се претворат во достапни простори за култура, спорт, зеленило и дружење, ќе биде тема на јавна дебата што ја организираат Меѓународното здружение на граѓани „Културно Ехо“ – Скопје и здружението „Гоу Грин“. Целта на дебатата е да се разгледаат можностите за ревитализација, пренамена и одржливо управување со напуштените јавни објекти, како и да се предложат конкретни модели со кои овие простори повторно би им ...
За политика никогаш не ме бидувало многу. Мојот јазик отсекогаш била музиката. Повеќе од пет децении пишувам песни за љубовта, за луѓето, за времето во кое живееме, за она што нè радува и она што нè боли. И колку повеќе години минуваат, толку повеќе сфаќам дека татковината не е само место на картата. Татковината е она што го носиме во себе. Во јазикот на кој ја кажуваме првата љубов. Во песната што нè враќа дома. Во звукот на гајдата и ...
Литванскиот претседател Гитанас Науседа предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин продолжува со провокации и тестирање на границите на НАТО, со што, според него, го зголемува ризикот од активирање на членот 5 за колективна одбрана. „Не мислам дека Русија во моментов е подготвена за воени операции од големи размери. Руските ресурси се ангажирани на бојното поле во Украина, каде што Русија не постигнува успех“, изјави Науседа во ...
Петнаесет ресторани на италијанскиот остров Сардинија ќе воведат правило со кое родителите и децата ќе треба да ги остават мобилните телефони и другите електронски уреди настрана додека јадат. Иницијативата има цел да ги поттикне семејствата повеќе да разговараат за време на оброците и да го намали прекумерното користење екрани кај децата, пишува „Гардијан“. Наместо телефони, повеќе разговори на трпезата Иницијативата е наречена „На маса без ...
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра 1:1 против Црна Гора во Битола, во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. За новиот селектор Александар Таневски ова беше официјално деби на клупата на младата селекцијата. Македонските фудбалери првиот удар во рамките на голот го упатија во 40. минута, кога Николовски шутираше од далечина, но Миниќ без проблеми интервенираше. Само минута подоцна, голманот ...
Имаме стабилна состојба во државата од аспект на инфлацијата, нешто што со месеци, со години претставуваше предизвик, нешто што претходната влада не убедуваше дека е увезено од ЕУ, рече премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Ако ги гледате параметрите денеска, третиот квартал од 2026 година, посочи премиерот, ќе дојдете до заклучок дека во Македонија просекот на инфлација е понизок од тој на ЕУ. ...
Добивај вести на Viber Кина потврди дека се водат разговори за организирање заедничка средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг. Доколку се реализира, тоа би била историска средба на тројцата лидери, во период на сериозни геополитички тензии и војни во повеќе делови од светот, објави денеска Асошиејтед прес. Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, ...
Природонаучен музеј прослави 100 години постоење , работа, истражување. Во преполната сала на МНТ , гостите можеа да го видат краткиот документарен филм на Македонската телевизија во режија на Перо Попов. Документарецот е предвидено да биде емитуван на македонската телевизија. Пред емитувањето директорот на институцијата Ивица Закаров , министерот за култура и туризам кажаа дека оваа институција слави дел од мигот на природата. Тој миг е 100 ...
Јован Мазгански, автор на монографијата „Ванчо Чавдарски – скромниот музички великан“ Македонската музичка сцена добива уште едно значајно сведоштво за ликот и делото на еден од своите музички великани – Ванчо Чавдарски. Во негова чест, Националната опера и балет денеска, во 19 часот, ќе биде домаќин на промоцијата на монографијата „Ванчо Чавдарски – скромниот музички великан“, посветена на уметникот чиј творечки придонес оставил трага во ...
Сликата „Шахисти“ на македонскиот сликар Никола Мартиноски беше продадена за 44.000 евра на аукција во францускиот град Тулуз. Делото, кое претходно беше проценето на 4.000 до 6.000 евра, достигна цена десетпати повисока од горната граница на проценката, а со провизијата за аукциската куќа конечниот износ за купувачот изнесува околу 55.000 евра. Аукцијата ја организираше француската аукциска куќа „Camille Chabroux Maison de ventes aux ...
По врнежливата пролет, Македонија се соочи со долго и сушно лето, додека низ Европа, високите температури уриваа рекорди, а недостигот од вода доведе до сериозно намалување на водостоите на големите реки, како Дунав. Состојбата беше толку сериозна, што привремено беше запрена пловидбата, а се исклучуваа и нуклеарни реактори бидејќи снема вода за нивно ладење. Во меѓувреме, научниците алармираа дека до крајот на годинава се очекува природниот ...
Молдавскиот премиер Василе Тофан денеска изјави дека властите се сомневаат во вмешаност на странска држава во сајбернападите врз владините системи. Тој го изнесе сомнежот во интервју за Еуроњуз, без да именува конкретна држава. Според Тофан, напаѓачите добиле пристап до владини бази со лични идентификациски податоци. Премиерот го откажал патувањето во Брисел поради нападите и се вклучил на самитот за проширување преку видеоврска. Властите го ...
Кумановскиот прволигаш Башкими се наоѓа во серија од три кола без триумф, вклучувајќи ги и двата болни порази на домашен терен од Шкендија Арачиново и Силекс. Проблемот за шефот на стручниот штаб, Муарем Муарем, пред сè останува немоќта во нападот, Башкими целосно затаи и нема постигнато ниту еден погодок пред сопствената публика на последните два меча. Следна пречка на патот кон закрепнување е составот на Арсими, екипа која исто така е во ...
На 05.08.2026 во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината И.Т. (53) од Република Белорусија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. На 05.08.2026 во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности на булеварот „Борис Трајковски“, при што најави дека проектот ќе биде целосно завршен до крајот на оваа година, информираат од градската управа. Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи истакна дека по три децении чекање, граѓаните ќе добијат модерен и безбеден булевар. Од градот наведуваат дека градежните работи се одвиваат со засилено темпо и оти ...
Пет нови сликовници со Стела и Сани ќе бидат претставени в сабота, 7 ноември, од 11 часот во Веро Центар (Џамбо). Приказните ги напиша Бистра Георгиева, а илустрациите се на Наташа Андонова и Љупка Стојкова. Петте нови наслови се „Мечка се жени“, „Ноќна смена“, „Како да го прескокнеш вторник“, „Изгубено – најдено“ и „Кој прв ќе заспие“. По обраќањето на авторката и потпишувањето на сликовниците ќе следуваат интерактивен концерт и ...
Овен Ноември ве повикува да ги преиспитате своите финансиски приоритети и начинот на кој ја вреднувате сопствената работа. Можно е повторно да започнете преговори за заработката, да размислите за дополнителен извор на приходи или да сфатите дека одреден деловен ангажман повеќе не одговара на вашите амбиции. Ако во претходниот период сте имале чувство дека вложувате повеќе отколку што добивате за возврат, сега е време да размислите за промени. ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повторно упати остри обвинувања против американскиот изборен систем, тврдејќи дека изборите во земјата биле во голема мера наместени и посочувајќи на спорното броење на гласовите во трката за градоначалник на Лос Анџелес. „Нашите избори се толку наместени што не можете ниту да замислите“, рече Трамп за време на своето обраќање пред новинарите, според порталот „Клеш репорт“. ...
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија „Белдона“ во близина на селото Тркање, објави Радио Кочани.Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинската пумпа на „Лукоил“. Според првичните информации има сериозна материјална штета, изгорени автобуси, гаражи и канцеларии. Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија „Белдона“ во близина ...
Четвртото коло од Лигата на шампионите донесе возбудувања, убедливи победи и драматични пресврти, а вечерта ја одбележаа триумфите на Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Манчестер јунајтед и Барселона. Во дербито на вечерта, Баерн Минхен славеше со 2:0 на гостувањето кај Атлетико Мадрид. Германскиот шампион го скрши отпорот на домаќините во 54. минута, кога Ленарт Карл ја затресе мрежата за водство. Конечните 2:0 ги постави Конрад Лајмер во 74. ...
Индустријата, науката и институциите разговараа за рамнотежа меѓу развојот и заштитата на животната средина. Беше промовирано и првото издание на стручното списание за рударство „МИНЕРАЛ МК“. Роботско куче што самостојно патролира низ фабриката, собира податоци и проверува околу 400 позиции беше еден од најзабележаните моменти на XVII Стручно советување со меѓународно учество ПОДЕКС–ПОВЕКС 2026. Демонстрацијата ја покажа насоката во која оди ...
Ако сакате вашата градина или балкон напролет да бидат исполнети со расцветани лалиња, вистинското време за подготовка е токму сега. Есента е идеален период за садење на луковиците, а неколку едноставни правила можат да направат голема разлика во изгледот на цвеќињата. Според препораките на британското Кралско хортикултурно друштво, лалињата се садат во есен, додека растението мирува. Најдобро е да се почека температурата на почвата да се ...
ЈОВАНКА Кепеска Придонесот во политиката на определена политичка партија се оценува според два суштински моменти: придонесот во развојот на општеството, според постигнатиот реален материјален и идеен, или културен, резултат и, според реализираниот пристап во односот на државата кон општеството. Реализацијата на ваквите претпоставки не само што постигнуваат успех при заземањето на позицијата во водењето на државата и остваруваат успешна ...
Општина Гази Баба започна со спроведување бесплатен офталмолошки скрининг за учениците во сите општински основни училишта. Со проектот, како што информираат од Општината, Гази Баба е првата општина во Македонија што организира ваков вид превентивни прегледи за сите основци на својата територија. Првите активности се реализираа во ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево, кое го посети градоначалникот Бобан Стефковски. Во наредните денови скринингот ...
Гостивар го преживеа едно од најтешките лета, кога цел месец градот беше без водоснабдување, со загадена вода во цевките и со полни болници со пациенти со стомачни и други заболувања, како последица од загадувањeто. Од средината на јули, до втората половина на август, водата од градскиот водовод, која ја користат шеесетина илјади жители, беше забранета за пиење откако во неа беа пронајдени фекални и колиформни бактерии. Ова беше една од ...
Според астролошките прогнози, 2027 година би можела да биде година на големи пресврти и нов почеток за еден знак. Најмногу промени се очекуваат на работа и во финансиите, со можност за покачување на платата, промена на работното место или дополнителен ангажман. На емотивен план можни се подиректни и поискрени односи, нови љубовни можности и поголемо чувство на сигурност. Станува збор за Овенот, на кого наредната година би можела да му донесе ...
Вештачката интелигенција веќе не се движи само кон тоа да ни помогне да најдеме производ, да споредиме цени или да ни препорача што да купиме. Следниот чекор е многу поголем – AI агентот да може самостојно да ја заврши трансакцијата во наше име. Visa, Mastercard и Ant International веќе ја градат инфраструктурата што треба да овозможи тоа да се случува безбедно. Замислете дека наместо да пребарувате десетина веб-страници за авионски билети, ...
Албер Ками е роден на денешен ден во 1913 година во Мондови, во тогашен француски Алжир. Неговите романи и есеи ги отворија прашањата за смислата, одговорноста и човечкото однесување во свет што не нуди едноставни одговори. Во 1957 година ја доби Нобеловата награда за литература. Во образложението, Нобеловата фондација го истакнува неговото книжевно дело што ги осветлува проблемите на човечката совест. Книжевниот пробив го направи со романот ...