Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека Северна Македонија има постојана комуникација со земјите членки на Европската Унија, со институциите на ЕУ и со Бугарија во насока на изнаоѓање решение за деблокирање на евроинтегративниот процес. Според него, јавноста е информирана за најголемиот дел од активностите, но деталите од разговорите не можат да се презентираат јавно. „Доколку поединечните разговори ги ...
Постојано имаме комуникација со земји членки на Европската Унија, со европските институции и со нашиот сосед Бугарија за кои јавноста е информирана. На овие средби се зборува за наоѓање решение, но содржината и деталите не ги претставуваме поединечно пред јавноста бидејќи, кога би воделе преговори и разговори пред јавноста, тоа не би довело до решение. Ве уверувам дека кое било решение што би го донеле ќе биде во рамки на принципите и ...
Тој рече и оти Владата континуирано работи на одржливо решение за продолжување на европскиот пат и дека протоколите не се дел од преговарачката рамка Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција изјави оти дека комуникацијата со земјите членки на Европската Унија, европските институции и со Бугарија е постојана, но оти деталите од разговорите намерно не се изнесуваат во јавноста за да не ...
Комуникацијата со земјите членки на Европската Унија, европските институции и со Бугарија е континуирана, уверува министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Сепак, деталите од разговорите не се објавуваат јавно, со цел да не се наруши процесот, бидејќи, како што рече, јавните преговори не би довеле до посакувано решение. „Немаме друга алтернатива освен да бараме решение“, изјави Муцунски, притоа нагласувајќи дека нема да се прават ...
Владата во последните две години не престана да работи на изнаоѓање праведно и оджливо решение за деблокада на евроинтеграцискиот процес. Во постојанa комуникација е и со земјите членки на Европската Унија и со институциите на ЕУ, а одржува средби и со Бугарија. Има позитивен импулс за изнаоѓање решение, но нема решение што можеме да го претставиме пред јавноста. Разговорите е природно да се случуваат и ќе продолжат, но ние немаме намера да ...
Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, на „Фејсбук“ ја коментираше денешната изјава на актуелниот шеф на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, околу евроинтеграцијата на земјава. „Еве четири години велам дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. Четири години трпам критики, напади и навреди. Четири години цртам на табли, објаснувам, повторувам. Еден чекор поминат – Протоколот не е дел од рамката. Продолжуваме ...
Полемиката меѓу актуелниот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот претходник Бујар Османи продолжува по изјавите за тоа дали протоколите со Бугарија се дел од Преговарачката рамка со ЕУ. Откако Муцунски изјави дека, според неговото толкување како министер и правник, протоколите не се дел од Преговарачката рамка, Османи на Фејсбук потсети дека истото го тврдел и тој додека беше шеф на дипломатијата. Муцунски денеска возврати ...

