Тренерот на премиерлигашот Тотенхем, Томас Франк, застана зад својот дефанзивец Мики ван де Вен, откако стратегот на Ливерпул, Арне Слот, го обвини дека со неодговорен старт тешко го повреди напаѓачот Александар Исак. „Очигледно не се согласувам, зборуваме за дефанзивец кој ќе направи сè за да спречи тимот да прими гол. Топката се лизна на негова страна и тој прави сè што може за да го блокира ударот“, им рече Франк на новинарите. „За жал, Исак ...
Фудбалерот на Тотенхем, Мики Ван де Вен му се извини на Александар Исак за повредата што му ја нанесе. Напаѓачот на Ливерпул, кој на натпреварот со Тотенхем минатот викенд влезе како резерва веднаш по паузата, постигна гол по паузата, но во моментот на постигнувањето на голот, глуждот на Швеѓанецот заврши меѓу нозете на дефанзивецот на лондончани, кој направи старт. На Швеѓанецот му беше дијагностицирана повреда на глуждот, вклучувајќи фрактура ...
Ливерпул, 23 декември 2025 (МИА) – „Долго време ќе бидеме без Исак, неколку месеци“, најави денеска тренерот на Ливерпул, Арне Слот, одговарајќи на прашање на англиските новинари за сериозноста на повредата на шведскиот напаѓач. На саботниот дуел меѓу Тотенхем и Ливерпул, фудбалерот на лондонскиот премиерлигаш Ван де Вен грубо стартуваше врз Исак, кој се здоби со фрактура на потколеницата. Напаѓачот на Ливерпул многу брзо беше опериран оваа ...

