Фудбалерите на Челси со победа над Лос Анџелес ФК од 2-0 го почнаа својот настап на Светското клупско првенство. На мечот кој се игра во Соединетите Американски Држави, а е дел од 1. коло од групата Д на првенството, лондонските сини до водство од 1-0 стигнаа со погодокот на Педро Нето во 34. минута. Голот на Педро Нето може да го погледнете на следниот линк. Конечните 2-0 беа дело на Енцо Фернандез во 79. минута. Крадењето авторски текстови е ...
Фудбалерот на Сантос, Нејмар изјави дека можел да се пресели во Флуминенсе за да игра на Светското клупско првенство кое е во тек во САД. – Бев блиску до приклучување кон Флуминенсе за Светското клупско првенство, тоа беше сериозна шанса. Но решив да не продолжам и да останам во Сантос за да заздравам, бидејќи се уште не сум 100 отсто подготвен и сакам што поскоро да се вратам во најдобрата форма, ја цитира новинарот Фабрицио Романо изјавата на ...
Македонската ракометна репрезентација до 21 година денеска го започнува својот настап на Светското првенство во Полска, каде што на отворањето од групната фаза ќе се соочи со селекцијата на Фарски Острови. Натпреварот се игра од 14 часот во Катовице, еден од четирите града домаќини на шампионатот, заедно со Келце, Плоцк и Сосновиец. Препорачано Ова е прво учество на нашите млади ракометари на еден младински Мундијал по пауза од цели осум ...
Фудбалерите на Интер не победија на стартот од Светското клупско првенство, одигрувајќи само 1:1 против Монтереј. Европскиот вицешампион важеше за апсолутен фаворит, но мексиканскиот тим, предводен од капитенот Серхио Рамос, одигра одлично. Препорачано Токму искусниот 39-годишен Рамос во 25. минута донесе водството за Монтереј, кога по еден корнер, со удар со глава го совлада Јан Зомер. Радоста на Мексиканците не траеше долго бидејќи веќе во ...
Фудбалерите на Борусија Дортмунд одиграа нерешено 0:0 против Флуминенсе во Њу Џерси, во натпреварот од првото коло од Групата Ф на Светското клупско првенство. Препорачано Главната заслуга за освоениот бод на Дортмунд беше голманот Грегор Кобел, кој успеа да ја зачува мрежата по шутевите на Џон Аријас и Агустин Каноби. Во второто полувреме, новиот играч Џоб Белингам го имаше своето деби за Дортмунд. Во второто коло, Дортмунд ќе игра против ...
Македонската репрезентација до 21 година, под водство на селекторите Раде Стојановиќ и Бранислав Ангеловски, го започнува својот настап на Светското првенство за млади ракометари што се одржува во Полска. Првиот предизвик ќе биде селекцијата на Фарски Острови – противник кој не смее да се потцени. Македонските младинци ќе мора да се снајдат без помошта на двајца значајни играчи – Самоил Ристевски и Дамјан Митев, кои ќе го пропуштат натпреварот ...
Без победник, 1:1 заврши натпреварот на Интер со Монтереј одигран рано утрово во Пасадена. Ова беше дуел од првото коло во групната фаза на Светското клупско фудбалско првенство 2025 година. Дефанзивецот Серхио Рамос, кој претходно играше за ПСЖ и Реал, во 25. минута постигна гол за Монтереј, за Интер погоди Лаутаро Мартинез во 42. минута. По првото коло Монтереј и Интер ги делат 2. и 3. место на табелата во групата Е. Ривер Плата води со 3 ...
Објавена е листата на најплатени фудбалери на ФИФА клупското првенство. За прв пат во историјата, ФИФА организираше проширено Светско првенство за клубови со дури 32 учесници, а домаќин на овој амбициозен проект е САД. Финалето на турнирот ќе се игра на 13 јули, а главната амбиција на челниците на ФИФА, предводени од Џани Инфантино, е ова натпреварување да биде пандан на Лигата на шампионите – и во однос на спектаклот на теренот и во однос на ...
Групата Ц на Светското клупско првенство конечно им овозможи на навивачите во САД сериозен, квалитетен фудбал. Препорачано Откако Баерн Минхен постигна 10 гола против немоќниот Окленд Сити во првиот натпревар, Бока јуниорс и Бенфика одиграа возбудлив натпревар, достоен за натпреварување кое, барем на хартија, се нарекува Светско клупско првенство. Головите за аргентинската екипа Бока јуниорс ги постигнаа Мигел Мерентиел во 21 минута и Родриго ...
Фудбалерите на Челси со три бода го отворија настапот на Светското клупско првенство, совладувајќи го тимот на Лос Анџелес ФК со сигурни 2-0 и потврдувајќи ја фаворитската улога која ја имаа пред почетокот на средбата. Препорачано „Сините“ од Лондон доминираа уште од првиот свиреж, а до водство стигнаа преку Педро Нето кој погоди во 34. минута. Тоа беше и единтвениот погодок во првото полувреме. И по водството, избраниците на Челси продолжија ...
Бока Јуниорс и Бенфика приредија шоу за фудбалските фанови во Мајами, а големиот број навивачи на аргентинскиот клуб можат да жалат што нивниот испушти предност од два гола. Аргентинскиот великан водеше со 2:0 со головите на Мерентиел и Баталја постигнати во 21 и 27. минута, но Бенфика успеа некако да спречи пораз и тоа благодарение на најискусните во тимот. Ди Марија намали од пенал во судиското надополнување на првиот дел, додека Отаменди ...