• Горан Упале
Македонија и оваа сезона ќе има три екипи кои што ќе се натпреваруваат во Конференциската лига на УЕФА. Работнички, Силекс и Вардар ќе започнат уште од првото квалификациско коло за кое во вторникот ги добија своите ривали.
Но, можеме да добие и четврти учесник во Конференциската лига, доколку Шкендија не го мине првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите против ТНС. Во тој случај македонскиот шампион се сели во третото по ранг натпреварување на УЕФА, а таму во второто квалификациско коло ќе се судри со подобриот од соочувањето меѓу Дрита од Косово и Диферденџ од Луксембург.
Тетовчани ќе играат со ТНС од Велс во првата рунда. Ждрепката во УЕФА одлучи дека ако ја минат првата рунда, во втората ќе вкрстат со подобриот од двомечот меѓу ФЦСБ од Романија и Интер Ескаладес од Андора. Првиот меч ќе се игра во Скопје, вториот е на гости.