Централниот совет на Македонците во Германија упати официјално писмо до повеќе водечки европратеници, во кое изрази длабока загриженост поради предлог-амандманите што се најавуваат во Извештајот за напредок на Република Македонија во процесот на пристапување во Европската Унија. Станува збор за обиди, особено од страна на европратеници од Бугарија, да се избришат или релативизираат поимите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ во ...
Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија во чија конечна верзија не се споменуваат македонскиот идентитет и јазик, но ги нема ниту амандманите на бугарските и грчките европратеници со кои се задираше директно во македонскиот идентитет, јазик, историја, територија. Во писмена изјава по усвојувањето на Извештајот, известувачот за земјава кој го изготви документот, европратеникот, Томас Вајц, наведува дека Македонија е лидер во ...
На денешното гласање му претходеше синоќешната бурна расправа во ЕП кога здружено бугарските европратеници настапија против нашата држава, а грчката европратеничка Латинопулу истакна дека таа е „вистинска Македонка, а не лажна како тие од Скопје“. Поранешниот бугарски европратеник, познат по своите антимакедонски ставови, Ангел Џамбаски на Фејсбук објави дека во конечната верзија на извештајот за напредокот на Македонија отпаднале сите текстови ...
Премиерот Христијан Мицкоски изрази жалење што во 21-от век, како што кажа, на талибански начин од Извештајот за напредокот на земјава во Европскиот парламент се сака да се извадат македонскиот идентитет и јазик, кои како што нагласи, првпат се споменуваат во изминатите 35 години, но вели, добро е што граѓаните конечно можат да ги видат резултатите од политиките на претходната влада. „Авантурата од 2022 година, пред сѐ, инспирирана од ...
Интегрален текст од денешната прес-конференција на Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ: Почитувани, Во годината кога Македонија одбележува 80 години од историската кодификација на македонскиот стандарден јазик, симболот на нашиот идентитет, културен континуитет и државност, Владата на ВМРО ДПМНЕ на срамен начин дозволи да се избрише името, достоинството, македонскиот јазик во ЕУ. Премиерот Мицкоски заради ...
Коментирајќи ги забелешките на опозицијата дека случувањата во ЕП во врска со јазикот и идентитетот се провокација од македонска страна и оти тие прашања веќе биле решени и фиксирани, Мицкоски вели дека „не може да зборува на оваа тема со национално исплакнати луѓе кои релативизираат сѐ кога станува збор за националното, зашто нивен приорит е политичката позиција и можноста да управуваат со јавните финансии за да се богатат на грбот на народот“. ...