Само неколку часа откако израелски и американски бомби почнаа да детонираат во Техеран во саботата, Русија се огласи со јасен став преку постојаниот претставник на земјата при ООН, Василиј Небензија, кој зборуваше за „неиспровоциран чин на вооружена агресија против суверена и независна земја-членка на ОН“. Москва е еден од ретките, но најцврсти сојузници на Техеран, а евентуалниот колапс на иранскиот режим би можел да биде удар за ...
По смртта на врховниот лидер и под засилен воен притисок од САД и Израел, Иран влезе во фаза во која најопасно е чувството дека „нема што да изгуби“. Во тој вакуум, Техеран ја прошири војната надвор од Блискиот Исток со ракетни и дрон-напади што се почувствуваа и во поширокиот регион, додека Москва и Пекинг останаа на линија на дипломатски осуди – без конкретна воена поддршка што Иран со години ја сметаше за своја стратегиска позадина. ...
Војната во Иран е во втора недела. Израел и САД жестоко напаѓаат. Експлозии го тресат Техеран. Израелски авиони фрлиле над 230 бомби врз клучни цели, уништувајќи фабрика за ракети и воена академија. Погоден и аеродромот Мехрабад, еден од двата најголеми во земјата. „Го напаѓаме непријателот: неговото раководство, неговиот угнетувачки режим и разни цели, вклучувајќи ги и оние во Либан“, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран за нападот врз иранското женско училиште во јужниот дел на земјата, во кој загинаа над 160 лица. Пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс 1“, Трамп нагласи дека САД не стојат зад нападот. – Според моето мислење, засновано на она што го видов, нападот е дело на Иран. Тие се многу непрецизни со својата муниција. Ова го направи Иран – изјави тој. Американскиот министер за одбрана ...
Москва е еден од ретките, но најцврсти сојузници на Техеран, а можниот колапс на иранскиот режим би можел да биде удар за нејзините геополитички и економски интереси. Зошто тогаш не му помага на Техеран? Воената соработка Иран од почетокот на војната од Москва добива информации за тоа каде на Блискиот Исток се наоѓаат американските воени постројки — воени бродови, борбени авиони, радарски инсталации и центри за командување со трупите. За тоа ...

