Топлотниот бран го достигнува пикот. Живата во термометарот се искачува и над 40 степени, а гостиварци и натаму се без питка вода од градскиот водовод. Се снабдуваат од цистерни или земаат флаширана. Анализите продолжуваат, квалитетот на водата се подобрува, но водата сè уште е забранета за пиење. Марина Стојанова – Тонева известува од Гостивар. Топлотниот бран го достигнува пикот. Живата во термометарот се искачува и над 40 степени, а ...
Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, бројот на бактерии е значително намален, но водата сè уште не е безбедна за пиење и подготовка на храна. Забраната за користење вода за овие намени останува во сила, а водата може да се употребува само како техничка вода. Ова вечерва го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и шеф на Кризниот штаб формиран од Владата, Стојанче Ангелов, кој посочи дека конечната одлука ...
Состојбата со водата во Гостивар е значително подобрена, а последните наоди покажуваат подобрување, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Последните наоди покажуваат подобрување Според Ангелов, и покрај подобрената состојба, потребно е да помине одредено време пред водата официјално да биде прогласена за исправна за пиење. АХВ ќе ја донесе конечната одлука Тој посочи дека одлуката за тоа кога водата ...
Според последните резултати, квалитетот на водата во Гостивар се подобрува, но и понатаму не е безбедна за пиење. Од Кризниот штаб велат дека хлорирањето продолжува. Во меѓувреме продолжува и доставувањето на питка вода за пиење од Владата и од општествено одговорните компании. Техничка вода редовно се доставува со цистерни во зависност од потребата на жителите. И додека се чекаат трите последователни анализи кои ќе потврдат дека повеќе нема ...
Водата во Скопје е квалитна и безбедна за пиење, покажува најновиот неделен мониторинг на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.08.2026 до 07.08.2026 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и ...

