Митрополитите на МПЦ ОА од утринава се собираат во Архиепископијата за да извршат избор на нов Дебарско кичевскиот митрополит. Седницата е предвидена да започне во 10 часот. За кандидат е предложен неодамна замонашениот монах Георгиј, односно поранешен декан на Богословскиот факултет и македонски амбасадор во Ватикан Ѓоко Ѓорѓевски. Се очекува брз избор на новиот владика, односно, не се навестува дека ке биде предлжзен уште некј кандидат. ВЕЧЕР ...

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) денеска на редовна седница во полн состав едногласно го избра архимандритот г. Георгиј (Ѓорѓевски) за митрополит на Дебарско-кичевската епархија, изјави порпаролот на Синодот, епископот Климент. -Светиот архијерејски синод, исто така, го разгледа и предлогот на Претседателот на САС на МПЦ – ОА, Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и ...

„Почитувајќи ја одлуката на Светиот синод, нашето монашко братство, предводено од Старецот, Епископот Антаниски г. Партениј, му упатува срдечни честитки на новоизбраниот и молитвени благопожелби за богоблагословено архипастирско служење, исполнето со просветление, мудрост и пожртвувана љубов кон Христовото словесно стадо“, се наведува во соопштението на Бигорскиот манастир Бигорскскиот манастир на чело со игуменот Антаниски Партениј го честита ...

Игуменот Георгиј е нов митрополит на дебарско-кичевската епархија. Одлуката за наследникот на Тимотеј, Синодот на МПЦ-ОА едногласно ја донесе. Новиот митрополит е поранешен декан на Богословскиот факултет и македонски амбасадор во Ватикан кој неодамна се замонаши. За позицијата, битка се водеше и за епископот Партениј, за кого имаше поддршка од верници кои во изминатите денови одржаа собири. Седницата на Синодот ја следеше Ирина Гелевска. ...

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) доби нов духовен водач за Дебарско-кичевската епархија. На денешната седница на Светиот архиерејски синод, без ниту еден глас против, за нов митрополит е избран Неговото Високопреподобие, игуменот Георгиј (Ѓорѓевски). Со овој избор, завршува периодот на вакуум што траеше од ноември минатата година, кога се упокои митрополитот Тимотеј – еден од највлијателните архиереи во ...

Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска одржува седница за избор на митрополит на Дебарско-кичевската епархија, која остана без прв човек, откако минатата година во ноември по кусо боледување на 73 години почина тогашниот митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Седницата е закажана за 10 часот, а засега единствен кандидат за оваа висока црковна позиција е јеромонахот Георгиј, кој на празникот ...