Речиси преку ноќ затворија двете конфекции со германски сопственици – „Фермактекс“ и „Европа фешн“ од Штип ,оставајќи 110 работници без плата за месеците април, мај и јуни 2025 година во вкупен износ од 200.000 евра, без пресметан данок. По повеќе од една година, додека трае голготата на работниците во добивање на соодветни отказни решенија и надоместоци од работен однос, објектот каде работеа двете конфекции се продава за 2 милиони евра. ...
Над 100 текстилни работнички и работници од штипските конфекции Фермактекст и Европа Фешн веќе една година си ги чекаат трите неисплатени плати, придонеси, К-15 и отпремина. Се сообраа за да македонските институции реагираат и ги заштитат. Поднесени се пријави, документи, претставки до Државниот трудов инспекторат, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција, како и Одделот за економски криминал при МВР. Некои од работниците за овие две ...
„Па, јас се надевам дека конечно ќе дојде ред и ние работниците да бидеме заштитени, затоа што за три месеци не зедовме ни плата, не зедовме ништо, никакви придонеси, ни беше укинато здравственото осигурување, значи немавме буквално ништо. Затоа бевме оставени без плата, без пари и да се снаоѓаме кој како може. Е, затоа очекуваме дека барем основата што треба државата да ја преземе за нас, како што е заштита на нашите права, плаќање на ...

