Точно дека станува збор за неатрактивен противник и аутсајдер на хартија, но фудбалската репрезентација на Македонија денеска (16:00 ч.) го игра еден од најважните натпревари кога е во прашање квалификацискиот циклус за пласман на СП 2026. Охрабрени од освоениот бод во дуелот против најголемиот фаворт за првата позиција во групата „Ј“, селекцијата на Белгија, избраниците на Благоја Милевски немаат друга опција освен да слават на гостувањето во ...

Остануваат точно 365 дена до почетокот на следното Светско првенство во фудбал што ќе се организира во САД, Канада и Мексико. Препорачано Мундијалот ќе се одржи во периодот од 11 јуни до 19 јули 2026 година во 16 градови. Вкупно 60 натпревари ќе се играат во САД, додека 10 мечеви во Канада и Мексико. Македонската фудбалска А репрезентација засега успешно ги игра квалификациите за СП, во групата Ј по четири одиграни натпревари е моментно на ...

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа и реми го одбележа јунскиот прозорец, а тоа ќе ни донесе скок на најновата ФИФА-листа. Нашиот национален тим одигра домашно реми со Белгија (1-1) и победи на гости кај Казахстан (1-0). Резултатите донесоа напредок за четири места на рангирањето во светскиот фудбал, па Македонија сега се наоѓа на 63-тата позиција. Помеѓу петте најдобри селекции нема промени, тоа се Аргентина, Шпанија, Франција, ...

Гостувањата кај Белгија во октомври и кај Велс на крајот во ноември, ќе бидат клучни за македонската репрезентација на патот до Светското првенство кое се игра следната година. Секако под услов да не киксираме дома и да ги добиеме мечевите со Лихтенштајн и Казахстан на кои ќе бидеме во улога на големи фаворити. Македонија е лидер во групата Ј од квалификациите за СП со 8 бодови од четири меча, Велс има 7 бода од четири меча, а Белгија има 4 ...

Го разочараа своите фанови со изданието на гостувањето во Скопје, но белгиските Црвени ѓаволи вечерва облечени во жолти дресови, покажуваат моќ. После само 27 минути игра Белгија поведе со убедливи 3-0 против Велс. Со ова, се направи услуга за Македонија во битката за врвот. Ако Белгија победи, а речиси сигурно ќе победи, Македонија останува прва во групата најмалку до септември, со бод повеќе од Велс. На Белгијците ќе им бегаме четири бода, но ...

Фудбалската репрезентација на Македонија во моментов се наоѓа на првото место во групата Ј од квалификациите за Светското првенство, а таму може да остане и најмалку до септември кога се игра наредната рунда квалификации. Имаме еден меч повеќе од Велс кој има бод помалку од нас, па ни треба победа на Белгија за да останеме лидери. Следниот меч за Македонија е против Лихтенштајн, па и после тој дуел би требало да бидеме први. Но, победа на ...

МВР-билтен

54 минути - МИА