Бразилскиот фудбалер Нејмар, го продолжи договорот со Сантос, и така ги отфрли сите шпекулации за враќање во Европа.
33-годишниот напаѓач го продолжи договорот со клубот до декември оваа година, со опција за дополнително продолжување на уште една година. Неговата плата ќе биде 700 илјади евра месечно.
Нејмар се врати во Сантос кон крајот на јануари оваа година. Оттогаш, тој одигра 12 натпревари за тимот во сите натпреварувања и постигна 3 гола.
„Го послушав своето срце и донесов одлука. Сантос не е само мој тим, туку тоа е и мој дом, мои корени, моја историја, мој живот. Тука станав фудбалер и тука сум вистински сакан. Тука можам да бидам нависитна среќен. И сакам да ги остварам соништата кои се уште не се оствариле. Ништо нема да ме спречи. Таму каде што започна се, и никогаш нема да заврши“, рече Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА