Connect with us
no baners

Банки

Комерцијална банка наградена со Client Excellence Award 2024 Institutional Cash Management and Trade Finance од Deutsche Bank

Објавено

на

Комерцијална банка како лидер во областа на девизното работење е добитник на наградата „Client Excellence Award 2024“, која ја доделува една од водечките меѓународни банкарски институции Deutsche Bank.

Deutsche Bank ѝ ја додели наградата „Client Excellence Award 2024 Institutional Cash Management and Trade Finance“ на Комерцијална банка како признание за беспрекорната директна обработка на меѓународните плаќања, соработката во доменот на надворешно трговските инструменти, како и сеопфатен квалитет на трансакциите од аспект на усогласеност со меѓународната регулатива и стандарди.

Наградата на Deutsche Bank покажува дека Комерцијална банка е призната како Банка која постојано постигнува извонредни резултати и демонстрира лидерство на пазарот.

Комерцијална банка со оваа награда традиционално ја потврдува својата лидерска позиција во областа на девизното работење и успешноста на својот тим во процесирањето на меѓународните плаќања. 

Банки

Народната банка – одржување на макроекономската стабилност во прилог на економскиот развој: Прва средба меѓу гувернерот Славески и директорката на Светската банка, Межеван

Објавено

на

Како институција што обезбедува ценовна и финансиска стабилност, Народната банка има важна улога во создавањето предуслови за одржлив економски развој. Преку водење независна, предвидлива и одговорна монетарна политика, зајакнување на финансискиот систем и преку поддршка на структурните реформи, Народната банка директно придонесува за градење стабилно економско опкружување.

Во тој контекст, денеска се одржа првата официјална средба меѓу гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и новоименуваната директорка на Канцеларијата на Светската банка за Северна Македонија и Косово, Кaрол Межеван. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката со Светската банка, којашто претставува важен партнер во поддршката на националните политики и на институционалниот развој.

Гувернерот Славески ѝ посака успешно работење на Межеван на новата функција и го изрази задоволството од досегашната продуктивна соработка со Светската банка, којашто преку проекти за техничка помош, анализи и препораки, придонесува за зголемување на институционалните капацитети и за успешно остварување на најважните реформски активности.

Особено внимание им беше посветено на прашањата поврзани со дигиталната трансформација на финансискиот сектор, унапредувањето на финансиската вклученост, развојот на пазарите на капитал и зголемувањето на отпорноста на финансискиот систем кон светските шокови. Притоа, беше нагласено дека Народната банка и во иднина ќе биде отворена за понатамошна соработка во сите полиња каде што поддршката на Светската банка може да придонесе за натамошно јакнење на макроекономската стабилност и за создавање услови за економски напредок.

И гувернерот, и директорката се согласија дека од суштинска важност за справувањето со предизвиците од новото светско економско окружување е градењето стабилни и силни институции, коишто меѓусебно се координираат и се поддржуваат преку меѓународна соработка.

Продолжи со читање

Банки

НОВО – Испраќај пари директно и веднаш со Visa Direct и мБанка на Комерцијална банка

Објавено

на

Следејќи ги најсовремените трендови и софистицирани потреби на клиентите, Комерцијална банка со гордост ја претставува новата услуга Visa Direct за префрлање пари на лесен и брз начин на Visa дебитна картичка. Оваа дигитална услуга, со која парите се испраќаат директно и веднаш, сега станува достапна во Македонија преку глобалната платформа Visa и мобилната апликација мБанка на Комерцијална банка.

Со Visa Direct им овозможуваме на корисниците на мБанка да ги движат парите брзо, лесно и сигурно – директно од платежна сметка во денари на Visa дебитна картичка.

Новата дигитална услуга веќе е достапна во мБанка на Комерцијална банка. Со Visa Debit од Комерцијална банка и со регистрирање за Visa Direct, клиентите добиваат можност за примање пари директно на нивната дебитна картичка. Секој корисник на мБанка со можност за вршење трансакции може да ја користи за испраќање пари на Visa дебитна картичка издадена од која било банка во земјата.

Парите пристигнуваат во рок од неколку секунди и веднаш се достапни за користење, каде и да се наоѓаат испраќачот или примачот.

Услугата е бесплатна за префрлање пари на Visa Debit издадена од Комерцијална банка, а во промотивниот период до 30 септември 2025 година и за трансфери кон Visa дебитни картички издадени од други банки во земјата.

Visa Direct значи можност за брзо и едноставно префрлање пари на роднина, пријател или соработник кога сакаш и каде сакаш. Со оваа иновативна услуга, Комерцијална банка како лидер во дигиталната трансформација на платежните системи во земјата обезбеди уште една поволност која го олеснува секојдневието на клиентите и им заштедува време и пари.  

Остануваме посветени на развој на решенија кои им овозможуваат на нашите клиенти привилегија да располагаат со своите средства 24/7 со уште поголема слобода и врвно корисничко искуство.

Регистрирај се во мБанка, испробај ја Visa Direct и движи ги парите брзо кога сакаш и каде сакаш.

Повеќе информации за услугата се достапни на следниот линк

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

Објавено

на

Според податоците од  платежната статистика на Народната банка,  и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози.

Во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7%, а вредноста за дури 17,7%. Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за речиси 13% по број и за над 30% по вредност.

Најголемиот дел од електронските трансакции (над 70%) се направени преку мобилни апликации, што покажува дека телефонот станува омилен начин за плаќање – брзо, едноставно и достапно.

И употребата на платежните картички и натаму расте. Бројот на плаќањата со картички е зголемен за 1,1%, а вредноста за 8,6%. Овој раст најмногу се должи на зголеменото купување преку интернет (7,1%), но има раст и кај плаќањата во продавниците (0,6%).

Овие бројки од платежната статистика покажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.

До објавените податоци може да пристапите на следнава врска: Платежна статистика на Народната банка.

Продолжи со читање

Популарно

no baners