Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето на Светското клупско првенство, откако минимално со 1:0 го победи Јувентус. Младиот 21-годишен напаѓач Гонзало Гарсија се покажа како клучен играч постигнувајќи го единствениот гол во 54 минута. Во четвртфиналето Реал ќе го чека подобриот пд дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Монтереј. Јувентус прв имаше шанса да постигне гол, но Коло Муани промаши зицер. Потоа Реал имаше шанса да поведе, но дефанзивата ...

Реал Мадрид успеа да заработи најмногу пари од сите четвртфиналисти на ФИФА Светското клупско првенство. Клубот од Мадрид е првиот што ја надмина бројката од 50 милиони евра заработка врз основа на учество и пласманот досега. „Кралскиот клуб“ ги мина групата и осминафиналето и го очекува дуелот од четвртфиналето против Борусија Дортмунд во сабота. Нивната заработка досега е 54,83 милиони евра. Причината за надминувањето на сумата од 50 милиони е ...

Јувентус имаше голема шанса да го отвори резултатот во осминафиналето против Реал Мадрид кога Коло Муани излезе сам пред голот на Тибо Куртоа, но незрелата реакција на напаѓачот го остави италијанскиот тим без водство, кое сигурно можеше да донесе и поинаков тек на мечот кој во продолжение беше одбележан од иницијатива на „кралевите“. Младиот Гонсало Гарсија го постигна единствениот гол на натпреварот и истиот се покажа како доволен за победа и ...

Јувентус го забележа и вториот пораз во низа на Светското клупско првенство, а со тоа што истиот беше претрпен во нокаут фаза, тоа значеше дека „бјанконрите“ го завршуваат своето патување во САД. По тешкиот пораз од Манчестер Сити во групната фаза, тимот на Игор Тудор играше далеку попретпазливо и посконцентрирано против Реал Мадрид, но сепак тоа не беше доволно за изненадување, иако Коло Муани беше тој кој ја имаше најзрелата шанса во воведот ...