Шкупи избра нова локација за претстојниот меч од четвртото прволигашко коло во кое ќе се сретне со екипата на Вардар, откако чаирскиот прволигаш денеска доби официјален одговор од ФФМ дека стадиониот во Чаир ги нема соодветните предуслови за одигрување на прволигашки фудбалски натпревар. Поради ова, управата на клубот реши мечот со Вардар да биде одигран на стадионот „Младост“ во Струмица. „Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската ...
Поради истите причини Шкупи го загуби мечот со Силекс. Чаирскиот клуб до полноќ има рок да пријави друг терен на кој ќе биде домаќин, ако не го направи тоа и мечот со Вардар ќе го загуби со службен резултат. Во продолжение соопштението на ФФМ: Фудбалската федерација на Македонија, преку Комисијата за натпревари, ја информира јавноста дека ФК Шкупи е должен да пријави алтернативен стадион за одигрување на натпреварот од 4. коло во Прва МФЛ против ...
Инспекцијата која денеска беше направена од специјалното тело на ФФМ утврди низа неправилности на стадионот на Шкупи, па откако беше утврдено дека нема услови за игра во Чаир, клубот се најде во нависитна неповолна ситуација пред стартот на четвртото коло. Иако немаше ниту еден официјален претставник од клубот, најверните навивачи на Шкупи излегоа во пресрет и помогнаа да се најде заменски стадион, па така поранешниот шампион нема да претрпи и ...
Дуелот меѓу скопските ривали Шкупи и Вардар во рамките од четвртото коло во Прва лига ќе се игра на стадионот “Младост” во Струмица. Ова вечерва го потврдија од Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија. Шкупи мораше да бара алтернативно решение за тоа каде ќе игра како домаќин, откако стадионот во Чаир не ја помина инспекцијата за утврдување дали поатојат услови таму да се игра прволигашки фудбал. Дуелот меѓу ...