Лудогорец имаше 2-0 предност на полувремето во дуелот против Шкендија, а во вториот дел не влезе со истата жар како во првото. Бугарскиот тим чекаше, и се чини погреши, а сето тоа го казни Тамба кој постигна гол. На асистенција на Ибраими, Тамба во полн трк ја прими топката, излезе сам пред голот на Пад, и го совлада за 2-1, и вкупни 3-3. Сега секоја грешка и секој погодок може да биде клучен, а ако остане вака, тогаш ќе се играат продолженија. ...

Лудогорец – Шкендија 4:1 и тоа продолженијата е исходот од вечерашниот реванш во Разград, во плеј – офот во ЛЕ. Па така со вкупни 5:3, бугарскиот шампион се пласира во лигашката фаза во ова натпреварување а Шкендија ќе игра во лигашката фаза во Лигата на Конференции. Штета, ако се знае дека на резултат 2:1, во самиот финиш на регуларните 90.минути Тамба имаше повеќе од зицер за 2:2, но не даде гол и тоа е тоа. Ова беше четврти пат Шкендија да ...

Благодарение на голот на Фабрис Тамба во вториот дел, екипата на Шкендија дојде до „егал“ на реваншот против Лудогорец, и сега ќе се играат продолженија. Тамба во 64. минута од средбата успеа да намали на 2-1, и да го повтори резултатот од првиот меч. Меѓутоа крилниот фудбалер на тетовскиот тим од херој се претвори во трагичар, откако во 88. минута имаше „зицер“. Излезе сам пред Пад, и се обиде со лоб удар, меѓутоа топката заврши само крај ...