Тања Билко, професорка по филозофија од Охрид. Родендените најчесто ги одбележувам со оние кои најмногу ми значат, во кругот на моето семејство па така ќе биде и оваа година. Со оптимизам гледам на се што животот ми подарува учејќи како да го постигнам она што сум го зацртала за таа година, не заборавајќи дека мерата е најдобра и прави баланс за мудро живеење. “Можно е да се греши на многу начини а само на еден начин може да се прави она што е ...
Ване Размоски од Охрид. Роден на 1 јануари 1970 година. По професија хармоникаш и композитор. Моментално живее и работи во Франкфурт, Германија со сопругата Васка и ќерката Кети Размоски. Како музичар ја има привилегијата или пак обврската секоја Нова година да настапувам во некој локал и да ги забавувам гостите. Така штом чукне полноќ и влеземе во новата година почнуваат честитките за мојот роденден. Така беше и денеска. Со изведувачи од ...
Александар Карали, адвокат од Охрид. Роденденот, овојпат ќе наликува на карневал под маски, но тоа не го намалува неговото значење. Искрено не сум голем фан на некои силни прослави, затоа секоја година го одбележувам со моите најблиски, парче торта и по некоја свеќичка плус. Едно е сигурно, со секој нов изминат ден сме поблиску до наредниот роденден. Благодарам на Вашиот портал Публицитет. мк за првата честитка на годинешниов мој роденден. ...
Орхидеја Топенчарова, вработена во ЈП Нискоградба – Охрид. Денес ми роденден. И не само овој и претходните ги доживувам чудесно. Им се радувам а има и со што. Трите ќерки, сопругот и внуците. Тие се мојот свет. Деновиве кога ја преживуваме пандемијава најчесто низ дома по тренерки и не е страшно ако кажам и по пижами се чувствувам опуштено ама искрено ми фалат слободното излегување и контактите со луѓето. Еве вчера ќерките запнале и не се ...
Гаврил Сирачевски – новинар во ТВ 24. -Во принцип последните години пред Пандемијата со Ковид 19 за роденденот знаев да заминам некое патување надвор од земјата. А откако се враќам ги поканувам најблиските на парче торта и пијачка најчесто дома. Сепак годинава тоа ќе биде поинаку поради Пандемијата која веќе ја спомнав, а и денот ми е работен. Така што ќе ги почестам колегите на работа симболично а потоа откако ќе го завршам денот со работните ...
Дејан Спасиќ, музичар и интерпретатор од Охрид. Родендените класично ги прославувам со најблиските роднини и пријатели. Веќе неколку години по ред овој ден го славам и работно, со настапи со мојот бенд The Bulbs. Така е и оваа година, што значи 26ката ќе ја прославам со она што најмногу го сакам, музиката. За крај да им посакам среќни празници на сите читатели на publicitet.mk, а на уредникот му се заблагодарувам на укажаната чест. ...

