Без победа во трите одиграни кола останаа двете наши селекции на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје. Многу блиску до првиот успех на собирот во Куманово беа нашите млади кошаркари. Во третото коло, избраниците на селекторот Нермин Пепиќ загубија минимално од Летонија, со резултат 97:98. Претходно, во регуларниот дел од средбата во реновираната спортска сала во Куманово, имаа нерешен резултат (88-88). Во најдоброто издание на ...
Во рамките на третиот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, младите кошаркари и ја донесоа вкупно втората победа на Македонија на ЕМОФ, совладувајќи ја Германија во Баскет 3х3 со резултат 14:10. Најефикасен во нашиот тим беше Благојче Димитриовски со 10 постигнати поени, Ѓоровиќ постигна два, додека по еден реализираа Марковски и Стојановски. По синоќешната победа над Литванија 14:11, девојките ...