Во бугарската болница за итна помош Пирогов веќе се сместени настрадани од пожарот во дискотеката ,,Пулс” од Кочани, јавува БГНЕС. Бугарија го испрати својот воен авион Спартан и со него во земјата пристигнаа 8 од надтраданите лица. Петмина од нив се сместени во Пирогов а останатите тројца ќе бидат сместени во болницата во Варна. Уште петмина настрадани во тешка состојба и со апарат на вентилација се очекува да бидат транспортирани подоцна со ...
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва изјави дека истрагата за пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица а над 155 се повредени, ќе биде брза и ефикасна и најпрофесионално изведена. Вели дека мора да се соберат сите докази и затоа обвинителскиот тим постапува многу претпазливо. „Ветив и ќе останам на тоа ветување дека истрагата ќе биде брза и ефикасна. Меѓутоа не значи дека ќе биде избрзано. Мора да се соберат сите докази по легален ...
Над 500 луѓе дарувале крв за настраданите во трагичниот инцидент во дискотеката во Кочани, извести за БТА бугарскиот Црвен крст. Крв се дарува во Универзитетската болница за активно лекување и итна медицина УМБАЛСП „Н.И. Пирогов“ и Националниот центар за трансфузиона хематологија. Денеска крв дарувале 381 лице, а вчера за три часа – над 120 лица. Прес-службата на Црвениот крст на Бугарија вчера информираше дека заедно со Националната болница ...
Гробиштата во Кочани веќе се прошируваат поради големиот број починати во пожарот кој ја пеплоса дискотеката “Пулс”. Сите жртви ќе бидат погребани во посебен дел од кочанските гробишта, пишува Ројтерс. Булдужери од општината Куманово работат на терен со цел да помогнат во трагедијата која ни се случи. Инаку и од општина Кочани соопштија дека на колегиумот што се одржал утринава, градоначалникот Љупчо Папазов им дал неколку препораки за ...
Состојбата на осумте жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кои вчера вечерта беа донесени во софиската болница „Пирогов“, е крајно сериозна, изјави утрово на прес-конференција директорот на здравствената уставнова, д-р Валентин Димитров. „Прерано е (да се каже)“, рекол, додавајќи дека во моментов се прават бројни тестови за да се проценат понатамошните активности на медицинскиот тим. Тој информира дека во текот на ноќта кај нив биле ...
Државниот јавен обвинител посочи дека сè уште не е издадена наредба за спроведување истражна постапка, но кажа дека станува збор за кривично правен настан во кој треба да се преземат повеќе истражни дејствија за утврдување кривична одговорност кај поголем број лица за дела против општата сигурност од член 292 од Кривичниот законик, како и за постоење на основи на сомнение за давање и примање поткуп, како и за кривични дела во врска со употребата ...
Петмина пацинети од пожарот во дискотеката „Пулс“ од Кочани со воен авион испратен од Бугарија, пристигнаа во Софија и аеродромот се транспортирани во болницата Пиргов. Како што јавува БГнес, петмина од пациентите се тешко повредени и се на механичка вентилација. Тројца пацинети со тешки изгореници, ќе бидат префрени во Варна. Бугарија се обврза на лекување на 14 жртви од пожарот во Кочани. Ова го изјави заменик директорот на „Пирогов“ проф. ...