Дознајте кои поставки на „Android“ можат незабележливо да ја трошат батеријата и да го скратат времето меѓу две полнења. Проверете кои функции вреди да ги промените доколку сакате телефонот да издржи подолго во текот на денот. Ако вашиот „Android“ телефон уште до средината на денот бара полнач, намалувањето на осветленоста на екранот веројатно нема да го реши главниот проблем. Темниот режим, пониската осветленост и исклучувањето на „WiFi“ ...

Xiaomi го претстави HyperOS 4, новата верзија на својот оперативен систем, која носи значително редизајниран кориснички интерфејс, нови можности за персонализација и повеќе функции базирани на вештачка интелигенција. HyperOS ажурирањата не се директно поврзани со верзиите на Android. Xiaomi во моментов го пласира Android 17 како HyperOS 3, додека HyperOS 4 најверојатно ќе биде базиран на истата основа. Нов „стаклен“ дизајн Една од најголемите ...

Tap to Share засега е достапен на Pixel уредите и на неодамна претставените преклопни телефони на Samsung, а Google до крајот на годината ќе ја прошири поддршката и на други уреди. Google официјално ја претстави функцијата Tap to Share, нов начин за едноставно споделување контакти, фотографии и видеа помеѓу Android уреди. Станува збор за функција за која веќе извесно време се шпекулираше како алтернатива на NameDrop на Apple. Како што се ...

При крајот на вчерашната презентација на Robot Phone, Honor објави тизер за претстојната серија Magic9. Брендот потврди дека серијата Magic9 ќе биде претставена во септември, што е еден месец порано во споредба со минатогодишната серија Magic8. Тизерот открива дел од модулот на камерата на Magic9 или Magic9 Pro, кој се чини дека е поставен асиметрично, во аголот на задната страна. Се забележуваат и неколку други интересни детали. Прстенот ...

Шведската компанија „Џетсон“ го создаде првиот летачки автомобил „Џетсон Уан“ што овозможува 20 минутно летање со помош на џојстик. Со максимална брзина од 102 км/ч и тежина до 95 км, возилото е наменето за кратки патувања. Направен од алуминиумова конструкција, едно седиште и осум електрични мотори, „Џетсон Уан“ се смета за автомобил на иднината со веќе распродадени примероци до 2027 година, по цена од 128.000 долари. Новите нарачки ќе се ...

Grand Theft Auto 6 би можел да заработи уште повеќе пари по рекордните преднарачки. Take-Two го објави својот најнов финансиски извештај за инвеститорите, само неколку часа откако ги објави плановите да го претстави гејмплејот за GTA 6 на Netflix. Како што се очекуваше, издавачот е многу задоволен од бројот на преднарачки за GTA 6 и ги зголеми своите финансиски прогнози за фискалната година. Take-Two претходно процени дека ќе заработи околу 8 ...

Сајберпанкот е правец што потекнува од научната фантастика и во тој домен на 22 јануари догодина ќе излезе серијата „Неуромансер“. Истовремено, за 25 ноември годинава е најавена премиерата на серијата за најновото продолжение на „Блејд Ранер“ со наслов „Blade Runner 2099“. „Blade Runner 2099“ Според трејлерот, во серијата ќе фигурира женски протагонист во ситуација каде „Репликантите“ (вештачки направени посилни луѓе-биолошки андроиди) го ...

По десет години, Инстаграм го промени својот препознатлив жиг, односно натписот со името на платформата. Новиот дизајн задржува дел од карактеристичниот ракописен стил, но носи различни форми на букви и помодерен изглед. Претходниот натпис беше воведен во 2016 година, кога Инстаграм претстави голем редизајн на својот визуелен идентитет. Новата верзија сега комбинира рачно напишани и класични форми на букви, обидувајќи се да ја задржи ...

Регулаторните тела и застапниците за приватност во Германија сè повеќе бараат забрана за паметните очила на Meta. Главната причина зошто тие бараат забрана за паметните очила на Meta е тоа што е сè потешко да се види дали некој снима со нив, објавува DW. Според германската невладина организација за дигитални права HateAid, полицијата во градот Потсдам веќе добила жалби од млади жени кои тврдат дека непознати мажи ги снимале на јавен базен ...

Се чини дека „iPhone 18 Pro“ би можел да биде значително поскап од актуелниот модел, а според новите извештаи, нема да понуди поголем основен капацитет за складирање. Тајванската истражувачка компанија „TrendForce“ проценува дека цената на компонентите за „iPhone 18 Pro“ ќе биде речиси 40 отсто повисока отколку кај „iPhone 17 Pro“. И покрај тоа, основниот модел на „iPhone 18 Pro“ наводно ќе има 256 GB интерна меморија, колку што во моментов ...

„Buick“ ја проширува својата понуда на електрични возила во Кина со нова верзија на моделот „Electra L7“. Лимузината, која досега беше достапна како хибрид, сега добива целосно електричен погон, а нарачките веќе се отворени. Новиот модел ја користи 800-волтната платформа „Xiao Yao“ и има батерија со капацитет од 80,6 kWh, додека за погонот е задолжен еден електромотор поставен на задната оска. Моторот развива 282 kW, односно 384 коњски сили, ...

Екстремен топлотен бран погоди и делови од Источна Азија. Во Јужна Кореја температурата достигна рекордни 42,5°C, при што настрадаа земјоделските култури и повеќе од 900.000 животни, додека Јапонија и Хонгконг исто така забележаа температурни рекорди. Последиците од незапаметените горештини особено тешко ги чувствуваат земјоделците во Јужна Кореја. Во округот Јанггу, компирите по само неколку дена екстремно високи температури омекнале и ...

Голем безбедносен проблем во софтверот на канадската компанија Coinkite предизвика сериозна загриженост во крипто-секторот, откако од одредени хардверски паричници биле украдени повеќе од 1.300 биткоини, чија вредност се проценува на околу 75 милиони евра. Станува збор за паричниците Coldcard, уреди кои се наменети токму за зголемена заштита на криптовалутите. Наместо средствата да се чуваат постојано поврзани со интернет, хардверските ...

Virgin Galactic потврди дека го одложува првиот комерцијален лет на својот вселенски брод за февруари следната година. Virgin Galactic веќе некое време го развива своето вселенско летало од класата Delta. Компанијата дури и престана да нуди суборбитални вселенски патувања во 2024 година по 7 успешни комерцијални летови, со цел да се фокусира на своето возило од следната генерација. Во меѓувреме, се подготвуваше да го дебитира новото вселенско ...

Јужнокорејскиот гигант Samsung официјално ја претстави новата генерација на премиум преклопни паметни телефони — Galaxy Z Fold 8. Со низа хардверски и софтверски подобрувања, новиот модел носи поелегантен дизајн, значително помоќни перформанси и подобрена автономија. Елегантен дизајн и супериорен екран Galaxy Z Fold 8 носи уште потенок профил од своите претходници — во отворена состојба дебелината изнесува само 4.5 mm, додека тежината е ...

Очилата за инфрацрвен вид го претвораат инфрацрвеното зрачење во бои што човечкото око може да ги види, без да го блокираат нормалното видно поле. Инфрацрвените очила за вид, развиени од инженерите на Пекиншкиот институт за технологија, му овозможуваат на корисникот истовремено да ја гледа вообичаената слика од околината и инфрацрвеното зрачење кое природно е невидливо за човечкото око. Прототипот користи квантни точки и OLED слој вграден ...

Клима-уредите станаа неопходен дел од секојдневниот живот во текот на најжешките месеци од годината, но одржувањето на пријатна температура често отвора и прашања за енергетската ефикасност. За среќа, удобноста во текот на летото не мора да значи и поголема потрошувачка на енергија. Од секојдневни навики и напредни технологии за ладење до едноставно одржување, постојат неколку начини да се намали непотребната потрошувачка на енергија, а ...

Првиот роботски паметен телефон во светот со целосно интегриран механички гимбал со 4DoF, контрола на движењето базирана на вештачка интелигенција и ARRI технологија за обработка на слика официјално е претставен. Компанијата HONOR, глобален лидер во областа на екосистемот на AI уреди, денес го лансираше долгоочекуваниот HONOR Robot Phone. Како револуционерен уред кој воведува целосно нова категорија, Robot Phone ги поместува физичките граници ...

Советскиот проект за најдлабоката бушотина во историјата откри дека патот кон внатрешноста на Земјата е многу потежок отколку што се очекувало Речиси две децении траел еден од најамбициозните научни проекти на поранешниот Советски Сојуз. Целта не била само да се постави рекорд во длабочина, туку да се навлезе што подлабоко во Земјината кора и да се открие што се случува под површината на планетата. Проектот бил дел од поширокото научно и ...

Инженерите во Афалтербах изгледа решиле повторно да ги поместат границите на автомобилската индустрија. Германскиот гигант „Mercedes-AMG“ ги објави првите фотографии од својот нов целосно електричен „SUV“ модел, кој се базира на архитектурата на новиот „GT 4-Door“. Најмоќната верзија „63“ ќе има три електромотори со неверојатни 1.169 коњски сили и 2.000 Nm вртежен момент. Благодарение на тоа, автомобилот ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за само ...

Google продолжува да го подобрува Chrome со функции кои се насочени кон полесно читање на содржините, подобра организација на отворените страници и побрзо пребарување. Една од покорисните новини е можноста Chrome да ги чита веб-страниците наглас. Функцијата „Read Aloud“ овозможува текстот од страницата да се претвори во говор, додека зборовите се означуваат на екранот во текот на читањето. Корисникот може да избере различен глас и да ја ...

Илон Маск прогнозира дека развојот на вештачката интелигенција и хуманоидните роботи целосно ќе го промени начинот на кој функционира пазарот на трудот, до точка во која човечката работа повеќе нема да биде неопходна. Според неговите предвидувања, во иднина вештачката интелигенција и роботите би можеле да ги извршуваат речиси сите работни задачи, а луѓето ќе работат само доколку тоа го сакаат. Маск смета дека први на удар ќе бидат дигиталните ...

Руски суд ги казни Google и Telegram со вкупно околу 270.000 евра за неотстранување на содржина забранета во земјата. Одлуката ја донесе во среда Окружниот суд Тагански во Москва и се базира на тужби поднесени против двете технолошки компании, објави Анадолија. Износ на казните Судот пресуди дека платформите не го почитувале законот што бара отстранување на забранета содржина. Telegram беше казнет со 18,4 милиони рубљи, што е еквивалентно на ...

ChatGPT десктоп апликацијата официјално дојде и на Linux, односно на дел од големиот број на дистрибуции. Со тоа оваа позната алатка е достапна на сите платформи, после достапноста на Windows и macOS. Апликацијата моментално е достапна во „preview“ верзија и ги обединува ChatGPT, ChatGPT Work и алатката за кодирање Codex во еден интерфејс. Според информациите, поддржани се десктоп варијантите на Ubuntu 24.04 и 26.04 LTS, Debian 13, како и ...

Google Play ги проширува алатките што им овозможуваат на програмерите да добиваат информации поврзани со возраста на корисниците и да понудат содржина што е посоодветна за различни возрасни групи. Новината се однесува на Google Play Age Signals API, алатка која досега беше достапна во ограничен број региони. Google сега најави дека функцијата ќе биде проширена на програмерите ширум светот. Првично ќе биде достапна за корисниците во ...

Минијатурни човечки органи и ткива наскоро ќе бидат одгледувани од клетки на пациенти на британскиот Национален здравствен систем (НХС) во историски обид да се подобри тестирањето за лекови и драстично да се намали бројот на животни што се користат во медицинските истражувања. Научниците ќе користат колекции на ткива, познати како „органоиди“, за да откријат зошто одредени болести се манифестираат различно кај различни пациенти. Ова ќе им ...

Компанијата Meta претстави нов модел на вештачка интелигенција отворен за програмерите, додека Марк Цукерберг предупреди на ризиците доколку напредната вештачка интелигенција остане под контрола на мал број актери. Компанијата заедно со Muse Glimmer, лесен AI модел кој може да работи на персонален компјутер, објави и „пермисивна“ open-source лиценца. Цукерберг наведе дека Meta на програмерите ќе им овозможи и пристап до помоќниот модел Muse ...

Gemini му овозможува на Google Maps не само да пронајде ресторан, хотел или превоз, туку и да заврши дел од работата наместо корисникот. Google Maps сè помалку се однесува како класична апликација за навигација, а сè повеќе како личен дигитален асистент. Откако Google во март ја претстави функцијата Ask Maps, базирана на моделите Gemini, сега додаде можности кои ја надминуваат обичната функција за пребарување. Maps може да помогне да се ...

Apple работи на систем за потекло на фотографии наречен „Apple Reference Image“, кој ќе проверува дали одредена фотографија е направена со iPhone. Референци за оваа функција се пронајдени во известувањето за приватност вклучено во iOS 27 beta 5, но таа сè уште не е активна. Според текстот, во апликацијата Camera ќе постои опција „Reference“, која корисниците ќе можат да ја изберат. Со активирање на овој режим, во метаподатоците на ...

Како одговор на новите правила на ЕУ, компанијата Anthropic ќе ја означува содржината генерирана со помош на AI моделите Claude. Целта е да се зголеми транспарентноста и да се олесни препознавањето на AI-содржината на интернет. Компанијата Anthropic, која стои зад популарниот AI модел Claude, се обврза дека ќе започне да ги означува текстовите и сликите генерирани со нејзините алатки преку машински читливи податоци. Оваа одлука е директен ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07