Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Бразилскиот репрезентативец и ѕвездата на Астон вила, Даглас Луис, брзо се созеде од раскинувањето со најатрактивната фудбалерка Алиша Леман, а неговата нова девојка повторно е поврзана со фудбалот. Луис и Леман неколку години беа најатрактивниот фудбалски пар, но потоа идилата заврши. Леман откри дека е во врска со ријалити ѕвездата Монтела Мекензи, а сега и Луис ја промовира својата нова љубов. Играчот на Астон вила е во врска со младата ...
Црвена Звезда оствари голема победа над Фенербахче од 79:73 на вечерашниот дерби натпревар во кошаркарската Евролига. Европскиот шампион допатува во Белград со 19 победи во низа во сите конкуренции и голема самодоверба, но Звезда уште еднаш потврди дека е незгоден, квалитетен тим кој кога е на потребното ниво може секого да совлада. Токму тоа се случи вечерва, „црвено-белите“ со одлична игра во вториот дел, пред се во третата четвртина ...
Битола, 13. март 2026 (МИА) – Дерби натпреварот од 2. коло од плеј офот од Супер лигата во ракомет меѓу првакот Еурофарм Пелистер и лидерот Вардар ќе се игра пред полна сала во Битола. Домаќинот на натпреварот објави дека салата „Боро Чурлевски“ е распродадена, а најавено е присуство на гостински навивачи. Почетокот на дуелот што се игра во недела е во 19 часот, а натпреварот ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегати се ...
Легендарниот бразилски фудбалер Зе Роберто (51), познат по својата импресивна кариера и неверојатната физичка форма дури и во пензионерските денови, во едно неодамнешно интервју за бразилскиот портал „Ге Глобо“ сподели урнебесна, но и искрена исповед за неговиот неуспешен престој во Реал Мадрид на почетокот од кариерата. Бразилецот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 1997 година како огромен талент, но одигра само 21 натпревар во една ...
Жереми Доку беше еден од малкуте расположени играчи на Манчестер сити на гостувањето во Мадрид против Реал кога англискиот тим загуби убедливо со 3:0. Граѓаните сега ќе имаат пеколно тежок предизвик да се обидат во реваншот да ја анулираат оваа висока негатива. Токму белгискиот репрезентативец во редовите на Сити, верува дека неговиот тим има шанси. Доку е убеден дека Манчестер сити може да му даде три гола на Кралскиот клуб во реваншот. „Би ...
Хапоел ја надмина кризата по четирит евролигашки порази во низа, па израелскиот гигант успеа да врзе две победи откако вечерва како гостин славеше над Барселона со резултат 75-80. Барса беше подобра во првиот период (26-19), но Хапоел со фуриозната втора четвртина (14-27) го сврте резултатот во своја полза и си го трасираше патот до победата. Во главна улога беше Брајант со вкупно 32 индексни поени (21 поен, шест скока, четири асистенции), ...
Реал Мадрид ќе има бурно лето. Според добро известени извори, радиото Кадена Сер пишува дека „Лос Бланкос“ имаат пдоолг список на желби за пополнување на тимот за следната сезона, затоа што оваа се покажа дека повредите му создадоа големи проблеми на тренерскиот кадар. Според информациите на Кадена Сер, Реал Мадрид се стреми кон најмалку шест трансфери. На клубот му се потребни еден бек и еден централен дефанзивец, еден дефанзивен играч за ...
Проблемите за Педро Нето во дресот на Челси се таложат. Откако веќе ја одлежа автоматската суспензија за црвениот картон заработен на „Емирати“, крилниот напаѓач денеска доби уште една лоша вест од Фудбалската асоцијација (ФА) – дополнителен натпревар забрана и солена парична казна. Недолично однесување и „тешка“ казна Инцидентот се случи на 1 март за време на поразот од Арсенал, кога Нето доби два жолти картони во рок од три минути. ФА ...
Екипата на Торино ја забележа само втората победа на последните шест натпревари во Серија А, откако со многу среќа славеше над Парма со 4-1, со два автогола на гостите во второто полувреме. Фудбалерите на двете екипи одиграа возбудливо прво полувреме на „Олимпико Гранде Торино“. Домаќините започнаа фуриозно и уште во раната фаза успеаја да стигнат до водство. По брза акција, напаѓачот на „биковите“ Џовани Симеоне се најде на вистинското место ...
Фудбалерите на Олимпик Марсеј забележаа минимална, но важна победа над Оксер од 1-0 во натпревар од француската Лига 1, одигран на стадионот „Велодром“. Домаќините долго време се мачеа да ја скршат одбраната на гостите, но на крајот стигнаа до посакуваните три бода. Марсеј од самиот почеток ја презеде иницијативата и создаваше притисок пред голот на гостинскиот состав, но фудбалерите на Оксер дисциплинирано се бранеа и успеваа да ги ...
Наполи до крајот на сезонава ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите и со тоа да биде остварена барем основната цел, место во елитната конкуренција и во натпреварувачката 2026/2027. Тоа дефинитивно е од клучно значење за клубот пред се од финансиски план, но и основа да се задржат некои клучни играчи како Скот Мектоминеј. Шкотот се препороди по доаѓањето во Италија, стана најважен фудбалер на наполитанците, меѓутоа и го привлече ...
Олимпик Марсеј успеа да врзе три победи од почетокот на месец март, со што овој француски гигант јасно покажа дека резултатската криза што траеше во февруари е дефинитивно минато за клубот од „Велодром“. Вечерва Олимпик на домашен терен го пречека Оксер, тим што одлично парираше, но сепак еден гол на фаворитот беше доволен за бодовите да останат во Марсеј. Клучна се покажа 79. минута, кога по една акција од левата страна топката стигна до ...
Ливерпул ова лето планира значајно засилување во одбраната, а главна цел е еден од најдобрите дефанзивци во европскиот фудбал, стоперот на Интер, Алесандро Бастони. Италијанскиот репрезентативец веќе години наназад се смета за еден од најсилните одбранбени играчи во Серија А. Според англиските медиуми, за неговиот потпис Црвените би морале да издвојат околу 80 милиони фунти, што ја покажува високата вредност што Интер му ја дава на својот ...
Фудбалерите на Борусија Менхенгадбах брзо го заборавија високиот пораз од Баерн Минхен во претходното коло и пред својата публика рутински го совладаа тимот на Сент Паули со 2-0, во првиот натпревар од 26 коло во Бундеслигата. Домашниот тим беше поопасен во воведниот дел од натпреварот и успеа да ја круниса подобрата игра со погодок во 37. минута. Тогаш Кевин Штегер одлично се снајде во нападот и ја затресе мрежата на гостите за водство од ...
Предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е прогласен за тренер на месецот во Премиер лигата за февруари. Тимот предводен од шпанскиот стратег изминатиот месец забележа четири победи и едно реми. Гвардиола ја освои наградата во конкуренција на Кит Ендрус (Брентфорд), Мајкл Карик (Манчестер Јунајтед) и Арне Слот (Ливерпул). За Гвардиола ова е 12 награда тренер на месецот, откако прв пат ја освои во декември 2021 година. Повеќе награди од ...
Кошаркарите на Црвена звезда во 31-то коло од Евролигата го победија Фенербахче во Белградската Арена со 79:73. Пред полни пет месеци, Звезда беше во кризен момент, два порази на почетокот од Евролигата, а тренерот Јанис Сферопулос беше отпуштен. Под водство на Саша Обрадовиќ, Звезда постигна уште 17 победи, вклучувајќи ја и новата, втората оваа сезона над бранителот на тронот во Евролигата, и јасно е дека белграѓани ќе се борат за плејофот. ...
Во супер-дербито на првиот дел од сезоната во „МТЕЛ“ Супер лигата, во рамките од 18 коло кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со одлична последна четвртина стигна до значајна победа (70:69) над ТФТ. Две различни четвртини во првото полувреме. Првата им припадна на гостите, кои ја решија во своја корист со 17:12, втората беше за кошаркарите на ТФТ, кои не само што ja анулира почетната негатива, туку до полувремето се стекнаа и со водство ...
Бразилската фудбалска федерација и светскиот бренд „Jordan“ ја официјализираа својата прва историска соработка, откривајќи го гостинскиот дрес за Светското првенство 2026. Ова е првпат национален тим во фудбал да го носи легендарното лого на своите гради, спојувајќи ги двете најголеми спортски култури во светот. Инспирација од златната 2002 и ерата на Мајкл Џордан Додека домашниот жолт дрес останува под логото на „Nike“, гостинската варијанта ...
Атланта Хокс го оправда статусот на фаворит во соочувањето со Бруклин Нетс во НБА лигата, меч кој донесе и една необична ситуација, повреда на еден од арбитрите или поточно судијката Шареј Мичел. Се играше четвртата четвртина кога Мичел се обидуваше да си ја одработи својата задача, но блиску на теренот беше еден камерман во кој судијката се заби и доживеа нокаут. И беше потребно време да се соземе, но и покрај повредата на главата го заврши ...
Екипата на Црвена Звезда ја прекина неверојатната серија на Фенербахче од деветнаесет натпревари без пораз во сите натпреварувања. Турскиот гигант изгоре во белградскиот „пекол“, а разиграните момци на Саша Обрадовиќ покажаа неверојатен тимски дух и извојуваа огромна победа во Евролигата која ги врати во зоната за четвртфинале. Драматичниот натпревар во „Арена“ започна со подобра игра на гостите од Истанбул. Фенер беше подобриот ривал во ...
Кошаркарот на КК Сплит, Демажо Вигинс, за малку избегна сериозна повреда на натпревар од хрватската лига против КК Кварнер, кога конструкцијата на кошот се урна по негово забивање. Инцидентот се случи во текот на еден напад кога Вигинс изведе атрактивно забивање, но веднаш потоа дојде до колапс на конструкцијата. Целиот кош се урна и падна директно врз кошаркарот. Сцената на паркетот изгледаше драматично и предизвика голема загриженост кај ...
Деклан Рајс би можел да потпише нов договор со Арсенал. Би-Би-Си од сигурни извори дознава дека лондончани започнале преговори за продолжување на договорот со играчот од средниот ред. Тековниот договор на Рајс е со важност до летото 2028 година и вклучува опција за продолжување за уште една сезона, но клубот сака да потпише долгорочен договор со играчот. Рајс моментално заработува околу 240.000 фунти неделно, а Арсенал му понудил и ...
Винисиус има најлоша стапка на реализација од пенали од кој било друг играч на Реал Мадрид во 21 век. Бразилецот промаши пенал во победата од 3-0 над Манчестер Сити во осминафиналето на Лигата на шампионите. Ова беше 14-ти пенал на Винисиус во дресот на „Лос Бланкос“, а негов четврти промашен пенал. Тоа го донесе до стапка на реализација од само 71,4%. Од неговите последни седум обиди, само три беа успешни. Од сезоната 2000/01, седум играчи ...
Ангажманот на Расмус Хојлунд на едногодишна позајмица од Манчестер Јунајтед се покажа како полн погодок за Наполи, данскиот ас целосно ја презеде одговорноста по тешката повреда на Лукаку и постигна низа важни голови за својот тим. Позајмицата истекува за неколку месеци, но за управата на „наполитанците“ нема никаква дилема, италијанскиот првак ќе ја активира клаузулата од 44 милиони евра за целосно да го откупи неговиот договор со англискиот ...
Стартува третиот круг од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, во три дена ќе се игра 23. коло. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите. Утре на програмата се два натпревари. Во 12 часот Струга Трим Лум на домашен терен ќе игра со Македонија ЃП, Благојче Ралевски ќе биде главен судија, а ќе му асистираат Владимир Митревски и Николче Дрнковски, а пак четврт судија ќе биде Владимир Ѓорѓиевски. Во ВАР собата ќе ...
Килијан Мбапе во Реал Мадрид вредно работи на закрепнувањето од повредата на коленото, па нема дилема околу неговото учество во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер сити, потврди тренерот на Кралевите, Алваро Арбелоа. По убедливата победа над Сити, Реал веќе утре ќе го одигра следниот меч, кога на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречека Елче. Арбелоа истакна позитивни вести за Мбапе. „Ситуацијата не е сериозна. ...
Остануваат уште десет кола во италијанскиот шампионат, десет рунди кои ќе ни ги дадат одговорите на сите прашања меѓу кои и она најважното за тоа кој ќе биде шампион. Наполи иако се уште математички може да остане првак, да остане на тронот, ќе биде потребно чудо, нереално сценарио во кое Елмас и другарите ќе ги минат Милан и Интер кои во моментов се понапред четири, односно девет „чекори“. Алесандро Костакура добро знае како е да се биде ...
Гостувањето против Ливерпул е меч „да се биде или не“ за Игор Тудор, на кој убедлив пораз на Тотенхе ќе значи и речиси сигурен отказ за хрватскиот стратег. Згора на тоа, Тудор се соочува со огромни проблеми откако на долгата листа отсустни играчи се приклучија уште неколку првотимци, па така Тотенхем ќе допатува на „Енфилд“ без дури 12 фудбалери. Најнова главоболка е неиграњето на капитенот Ромеро и на протугалскиот репрезентативец Палиња, ...
Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петрив го добија големото дерби на 17. коло во домашната Суперлига против главниот противкандидат за титулата, екипата на Чаир со 24:16. Ѓорчепетровки ја потврдија доминацијата во првенството, со една извонредна партија во сите 60 минути. Домашните ракометарки силно го отворија мечот и брзо направија разлика од 3 гола уште во првите 6-7 минути на мечот. Чаир никако не успеваше да фати ритам и до полувреме веќе беше ...
Норвешки Бодо/Глимт е најпријатното освежување во Лигата на шампионите оваа сезона, на прагот е да се пласира во четвртфиналето, што би било историски успех за нив. Бодо има пет победи по ред во ЛШ, паѓаа Манчестер сити, Атлетико Мадрид, Интер двапати и Тотенхем, што еден од навивачите го прослави со шишање на трибините. На социјалните мрежи кружи видео на кое еден фан на Бодо шиша друг со машинка, додека другите околу нив се смеат. Ова ...