Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Кристијано Роналдо Јуниор се најде во центарот на вниманието, но овој пат не поради неговите вештини на фудбалскиот терен, туку поради инцидент за време на дербито во саудиската лига до 15 години. Младиот талент од Ал-Наср не успеа да ја скрие својата фрустрација во напнатиот натпревар против Ал-Хилал, покажувајќи дека наследил не само талент од својот татко, туку и многу натпреварувачки и пргав темперамент. Инцидентот се случил кога тренерот ...
Австријката Јулија Шајб победи во велеслаломот во рамки од Светскиот куп што се одржа во Ореу, а со својата петта победа во сезоната, го обезбеди и Малиот кристален глобус наменет за најдобрите во оваа дисциплина. Шајб беше втора по првото возење зад Швајцарката Камил Раст, единствената што сè уште можеше да ја загрози во генералниот пласман. Откако Австријката го презеде водството по одличното второ возење, Раст го започна својот втор настап ...
Мајкл Карик успеа да го разбуди Манчестер јунајтед кој играше катастрофално под водство на Рубен Аморим, но долгорочната иднина на поранешниот англиски репрезентативец на „Олд Трафорд“ воопшто не е сигурна. Актуелниот договор е со важност до крајот на сезонава, а информациите дека преговорите за продолжување на соработката со во завршна фаза сепак се далеку од вистината. Извори од „Олд Трафорд“ тврдат дека ваков вид на преговори воопшто не се ...
Кошаркарскиот клуб Гостивар со длабока тага ја соопшти веста за смртта на Ѓорѓи Божиноски, спортски директор и еден од основачите на клубот. Од клубот истакнаа дека Божиноски оставил длабока и трајна трага не само во спортот, туку и во целата заедница. Неговата посветеност, визија и искрена љубов кон КК Гостивар биле вградени во темелите на клубот и во неговиот развој низ годините. „Неговиот труд, енергија и поддршка ќе останат засекогаш дел ...
Голден стејт беше поразен од Минесота со 117-127 на домашен терен, Ентони Едвардс постигна 42 поени во Калифорнија, а „волците“ конечно славеа по три порази (последните два во Лос Анџелес против Клипс и Лејкерс). Гобер додаде 18 поени и девет скока, Порзингис 20 поени. Четврта победа по ред за Клиперси, Леонард и Матурин станаа одличен тандем, поранешниот играч на Индијана се вклопи прекрасно. Кавај постигна 28 поени, Матурин 26, со седум ...
Во рамките од новото 23. коло од ПМФЛ шампионатот во моментов на Арената Тодор Проески во Скопје тимот на Вардар ја пречекува Брера. На полувреме резултатот е 0:0, во игра во која Вардар имаше повеќе ситуации да го отвори резултатот. Омерагиќ имаше две ситуации од кој едната со глава по корнер, а едната по грешката на Велкоски и асистенцијата на Тодоровски во која шутираше покрај голот. Матиќ имаше ситуација од прекин но стоперот беше ...
Поранешниот македонски кошаркарски шампион Работнички повторно се врати на поразите, откако на отворањето на 19. коло од домашната елита загуби на гостувањето кај Феникс со 77-83. Тимот од Гази Баба по вторпат сезонава излезе како победник во меѓусебните пресметки со градскиот ривал и со тоа обезбеди подобар меѓусебен биланс, што може да биде пресудно доколку двата тима ја завршат сезоната со ист број бодови. = Клучен се покажа самиот ...
Барселона добива уште еден огромен адут во пресрет на клучниот дел од сезоната откако суперталентот Гави доби зелено светло да биде дел од тимот на Ханси Флик, веќе за утрешниот дуел од Ла Лига против Севилја. Гави патуваше со екипата на Њукасл, тој меч го следеше од трибините, но по враќањето во Барселона ги мина и последните прегледи по што и дефинитивно ќе може да му се стави на располагање на тренерот Флик. Тој паузираше пет и пол месеци ...
Реал Мадрид се соочува со огромни проблеми пред вечерашниот лигашки меч со Елче, тренерот Алваро Арбелоа е принуден да користи играчи од младинскиот погон. Дури десет фудбалери од првиот тим на Реал се повредени или суспендирани и нема да се појават вечерва. Тоа се Асенсио, Милитао, Алаба, Карерас и Менди од одбраната, Себаљос и Белингам од средниот ред, како и Мбапе, Родриго и Мастантуоно од нападот. Идејата на Арбелоа беше да го одмори ...
Андриј Шевченко беше присутен минатиот викенд на „Сан Сиро“, во живо следејќи ја големата победа на градското дерби со Интер. Тој не го криеше задоволството што Милан повторно делува на сериозна екипа, за најзаслужтен потенцирајќи го тренерот Масимилијано Алегри. „Беше прекрасно, чувствував нешто во стомакот, позитивно чувство, како во најдобрите денови кога играв за Милан. Прекрасно беше повторно да се види тимот, во академијата се сретнат ...
Феникс дојде до огромна победа што ќе биде од важност во трката за опстанок откако тимот на Денис Дервишевиќ го зеде скалпот на Работнички триумфирајќи со 83-77. „Центарци“ во минатото коло делуваа импресивно на домашен терен во убедливиот триумф над Маџари, но денеска повторно покажаа низа слабости во својата игра што мотивираниот состав на Феникс знаеше да ги искористи и да стигне до заслужена победа. Домаќините одиграа импресивно во ...
Кога денеска би се завршила сезоната во кошаркарската Суперлига на Македонија, најтрофејниот клуб според бројот на шампионски титули, Работнички, би испаднал во втора лига. Работнички рано попладнево загуби од директниот ривал Феникс 2010 со 77-83 и има само теоретски шанси да влезе во топ 6 екипи кои ќе се борат за влез во плејофот. Центарци многу пореално е да бидат во плејаутот каде истотака ќе има шест тима, од кои три ќе испаднат во ...
По серијата од три порази во низа, Минесота конечно се врати на победничките патеки, откако на гостински терен го совлада Голден стејт со 127-117. Гостите го контролираа натпреварот речиси од самиот почеток и во еден момент од третата четвртина стигнаа до убедлива предност од 25 поени. Домашниот тим во продолжението се обиде да се врати во игра, но успеа само да ја намали разликата и да го ублажи поразот. Најефикасен на теренот беше Ентони ...
Поранешната ѕвезда на Челси, Еден Азар, е под истрага во неговата родна Белгија откако стана амбасадор на обложувалницата Stake, која е на црната листа во земјата. Азар (35) ја сподели веста за партнерството со своите 27 милиони следбеници на Instagram, и покрај фактот дека рекламирањето коцкање е строго забрането во Белгија, објавува Daily Mail. Истрага за забранетото рекламирање Белгиската комисија за коцкање ќе започне истрага за случајот ...
Вчера во шпанската Ла Лига го видовме еден од најкомичните голови во сезоната и тоа во средбата помеѓу Алавес и Виљареал која заврши без победник 1-1. Се играше 40-тата минута кога по обидот со петта на фудбалерот на домаќините, гостинскиот дефанзивец Рафа Марин со глава си ја смести топката во сопствената мрежа. Виљареал до бод сепак дојде длабоко во судиското продолжение кога стрелаше Пепе 🚨🇪🇸 | OWN GOAL BY RAFA MARÍN! Alaves 1-0 ...
Поттикнат од прашање за навивач со рак на кој му помагаат бројни навивачи на Севиља, аргентинскиот стручњак зборуваше за фудбалот како огледало на социјалните проблеми, војните и губењето на човечката блискост, пишува Марка. „Фудбалот има нешто прекрасно: буди емоции. За мене, ако се користи добро, тој е лек за многу луѓе, вклучувајќи нè и нас самите. Од таа позиција, се прашувам: колку всушност нè храни? Каква благодарност постои што ...
Фудбалерите на Струга ТЛ за првпат во 2026 година врзаа две победи во серија откако славеа лесно на домашен терен против Македонија ЃП со резултат 3-0. Сите дилеми околу победникот исчезнаа по само дваесетина минути игра во кои струужани стигнаа до предност од 2-0. Хамза го отвори резултатот, а на 2-0 зголеми Бојку. До крајот на полувремето Струга ТЛ постигна и трет погодок, стрелец беше Јевтоски во 41. минута. Второто полувреме мина во ...
Немања Матиќ се уште е фудбалски активен на 37-годишна возраст и е стандареден во редовите на Сасуоло, но како фудбалер кој е веќе во поодминати фудбалски години, веќе некое време е целосно дистанциран од репрезентативниот фудбал. Матиќ последниот настап за Србија го имаше во 2019-та година, една година подоцна нагласи дека веќе нема да игра за репрезентацијата, а седум години по неговиот последен натпревар, се добива впечаток дека српскиот ...
Неверојатни сцени беа видени на фудбалски натпревар во Етиопија, никој не може да разбере што се обиде да направи голманот и што му било во главата кога направи ваков пенал. Зошто воопшто мислел дека е нормално да направи салто напред во шеснаесетникот со противнички играч пред него? Тешко е да се пронајдат вистинските зборови за да се објасни потегот на голманот. Тој ја фати топката, имаше време да го започне нападот на својот тим, но ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 извојуваа победа над Радовиш и славеа со конечни 34-31 во натпреварот од второто коло на плеј-аутот во македонската Суперлига. Битолчани одиграа одлично прво полувреме и беа во подобар ритам, а тоа резултираше со предност од пет гола на паузата (18-13). Гостинскиот тим успеваше да се одржува во истата негатива и по 15 минути игра во вториот дел, a потоа покажа и „заби“, враќајќи се на само еден гол ...
Второто коло во плеј-офот ќе го отворат ГРК Охрид и Алкалоид, два тима кои се борат за третото место на табелата. Охиѓани имаат 39 бода, четири повеќе од младиот состав на Кирил Лазаров, и оваа сезона се поткрепи со бројни странски засилувања, па покрај домашната предност, го има и искуството на своја страна. Оваа е пресметка на актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп, тоа е тимот на Алкалоид, и на тимот кој се пласираше во 1/4 финалето, ...
Немања Матиќ на залезот на кариерата настапува во Серија А во дресот на Сасуоло, но овој голем фудбалски ас имаше трновит пат до успехот пред да почне да ги брани боите на Бенфика, Челси, Манчестер јунајтед. Неговиот пат е специфичен бидејќи успешната кариера не беше лансирана преку Партизан, Црвена Звезда или некој трет српски клуб, туку преку словачки Кошице, бидејќи ниту еден тим во татковината не го препознал фудбалскиот потенцијал на ...
Лидерот во англиската Премиер лига, тимот на Арсенал, нема друг избор освен да одобри профитабилни продажби следното лето, а пет ѕвезди се пред да го сменат клубот. Неколку ѕвезди ја изгубија својата важност оваа сезона, а Мартин Одегард и Габриел Мартинели се меѓу најголемите губитници. Популарните „топчии“ потрошија речиси 300 милиони евра за потписи минатото лето и тоа сега е голем проблем за нив. Арсенал е многу блиску до „прескокнување“ ...
Кливленд рутински стигна до победата на гостувањето против Далас, но овој дуел ќе остане запаметен по неверојатниот „кикс“ што го направија буквално сите актери на теренот. Имено, кошаркарите на Далас тргнаа во акција, Кливленд се постави во одбрана…. за после неколку секунди судиите да ја прекинат акцијата- бидејќи Далас тргнал да напаѓа на сопствениот кош, а противникот не го забележал тоа, туку почнал да се брани. Всушност, главниот ...
Коџаелиспор – Коњаспор 1:2 во меч од 26.коло во турската Суперлига. За нас ништо интересно, ама ако се знае дека за двата тима играат Дарко Чурлинов и репрезентативниот капитен Енис Барди, секако дека тоа е некоја друга приказна. Значи на “македонското дерби“ во Турција се радуваше Барди. Дарко Чурлинов беше стартер кај домашните и во игра беше се до 78.минута, додека Енис Барди мечот го започна на клупата, а во игра влезе во 65.минута. ...
Во 14 часот кога судијата ќе означи почеток на мечот Жирона – Атлетик Билбао, крилниот напаѓач Ињаки Вилијамс ќе стане осмиот играч во историјата на баскискиот клуб кој имал 500 настапи во дресот на Атлетик. Ињаки ќе премине бариера што малкумина ја надминале пред него, само Хозе Анхел Ирибар (614 натпревари), Оскар Де Маркос (573), Икер Мунијаин (560), Чечу Рохо (541), Хозеба Ечеберија (514), Андони Ираола (510) и Маркел Сусаета (507) имаат ...
Новак Ѓоковиќ на 38 години сервира побрзо отколку кога имаше 28 податок, покажуваат последните податоци кои веројатно се и доказ зошто српскиот тенисер и денес може да биде конкурентен во битките со многу помладите ривали од него. Според францускиот портал „We Love Tennis“, кога Ѓоковиќ во 2016 година ја освои својата петта титула на турнирот Индијан Велс Мастерс, просечната брзина на неговиот прв сервис изнесувала околу 180 километри на ...
Ракометното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар го привлекува вниманието на македонската спортска јавност, а утрешниот дуел ќе има сериозно влијание и во битката за шампионската титула. Лидерот гостува во Битола, а еден од неговите најважни играчи, словенечкиот интернационалец Јака Малус најави дека „црвено-црните“ се максимално мотивирани да го победат големиот ривал. Во интервјуто за Спортско радио 90.3, Малус кој патем одлично зборува ...
Данскиот селектор е принуден на сериозни промени во составот за претстојниот бараж против Македонија, пишуваат скандинавските медиуми во пресрет на официјалното објавување на списокот предвидено за 26 март. Селекторот Брајан Ример е свесен за големината на предизвикот, особено откако првиот голман Каспер Шмајхел поради повреда го откажа настапот за овој дуел. Тој нема настапено цел месец во дресот на Селтик, состојбата не му се подобрува, па ...
Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона со месеци бара замена за Роберт Левандовски. Легендарниот Полјак веќе ги спакува куферите за да ја напушти Каталонија, а наскоро ќе се знае кој ќе го наследи дресот со број девет. Бројни имиња се поврзуваат со Барса, а најчесто споменуван е српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, кој е идеална цел со оглед на тоа што е слободен агент од летото, но според сите извештаи, тој е подготвен да остане во ...