И дефинитивно Шкендија Арачиново е сериозен тим кој не се шегува во својот дебитантски настап во ПМФЛ. По победата против Тиквеш на гости во минатото коло, денеска на Чаир тимот од Арачиново се среќава со Арсими и со евентуална победа ќе се најде на делба на второто место на табелата и тоа со Силекс, Струга ТЛ и Тиквеш.Секако дека кратовци и стружани утре ги играат своите мечеви од 4.коло, но исто така секако дека барем до утре Шкендија ...

Македонската претставничка во теаквондо на Медитеранските игри, Милјана Релиќ победи во првиот денешен натпревар. Во категоријата до 57 килограми Релиќ со 2:0 ја совлада Италијанката Ана Куорво и со тоа обезбеди пласман во четвртфиналето. Таму, таа ќе се сретне со Чаима Тумо од Тунис а мечот е закажан за 15:48 часот. Македонската претставничка во теаквондо на Медитеранските игри, Милјана Релиќ победи во првиот денешен натпревар. Во ...

Фудбалерот на Брајтон, Карлос Балеба (22), ќе премине во Манчестер Јунајтед откако двата клуба се договорија за трансферот на Камерунецот. Клубот од „Олд Трафорд“ ќе му плати на Брајтон 80 милиони евра за „слободата“ на поранешниот играч на Лил. Балеба одигра 92 натпревари за Брајтон во изминатите три сезони и постигна три гола. Тој игра на позицијата дефанзивен играч за врска. Брајтон претходно за него му плати 30 милиони евра на Лил. ...

Голманот на Стоук, Виктор Јохансон, се надева дека неговиот тим сезонава ќе стане шампион на Чемпионшип и дека следната сезона ќе игра во Премиер лигата, а на навивачите им вети дека тој ќе го плати пивото доколку тоа навистина се случи. Пред две години, Виктор Јохансон им купи 600 големи кригли пиво на навивачите на Ротерам, како благодарност за поддршката што му ја дадоа во тежок период. Сега доколку се остварат неговите сегашни желби, ...

Брегалница синоќа пред своите фанови ја забележа и втората победа во сезоната во елитната лига. Втор меч како домаќин и втора победа. Беше совладан Башкими со 3:0, а четата на стратегот Никола Кузманов покажа дека не се шегува, напротив. Штипските “сини“ играат добар, борбен, дисциплиниран фудбал, а за тоа своја заслуга има секако и тренерот Кузманов кој по мечот истакна: „Најголемата заслуга за победата ја имаат фудбалерите! Упатувам ...

Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, заедно со стручниот соработник во Федерацијата Горан Мицкоски, овој викенд на покана од претседателот на ЕЏУ, Ласло Тот ќе престојуваат во Бирмингем, Англија, каде што ќе присуствуваат на првото Европско првенство за униформирани сили, како и ќе остварат неколку работни состаноци со Претседателот на Европската Џудо Унија поврзани со организацијата на Европското првенство ...

Денвер Нагетс завршија голема работа пред почетокот на новата НБА сезона, Демар Дерозан се согласи да соработува со тимот предводен од српскиот ас Никола Јокиќ. Како што објави познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, шесткратниот Ол-стар ќе потпише едногодишен договор вреден 3,9 милиони долари, па Денвер ќе добие огромно искуство и уште еден играч способен да креира поени во нападот. BREAKING: Six-time NBA All-Star DeMar DeRozan has agreed to ...

Легендарниот напаѓач Крис Сатон ќе биде редовен прогнозер со точен резултат на премиерлигашките натпревари, а вчера имаше одличен старт со дуелот меѓу Арсенал и Ковентри. Сатон погоди дека натпреварот ќе заврши со резултат 3:0, што е одлична најава за неговите прогнозерски квалитети во пресрет на останатите средби од првото коло на новата сезона. Во продолжение и неговите прогнози по натпревар. Хал-Манчестер Јунајтед 1:2 Евертон-Кристал Палас ...

Kако во светот, така и во Македонија, секој голем европски клуб има сериозна група навивачи кои редовно ги следат нивните натпревари и навремено се информирани за сè што се случува, како во соблекувалната, така и во свечената ложа. Една од поголемите групи, ако не и најголема, е таа на седумкратниот европски клупски шампион Милан. Во нашата земја, таа е позната како „Милан фанс Македонија“, а годинава слави и еден голем јубилеј, десет години ...

Денеска на програмата се пет мечеви од 2.коло во новата сезоната во ВМФЛ. Секако дека дербито е меѓу Пелистер и Брера, дуел кој од познати причини се игра во Кавадарци а не во Битола и тоа поради теренот во „градот на конзулите“. По сензационалното реми со Камјани на стартот, секако дека Пелистер сака победа, ама Брера е сериозен тим со свои амбиции. Интересно ќе биде и во Новаци, каде домашниот тим ја пречекува Беласица, додека Шкупи ...

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, упати силни пофалби до своите фудбалери по убедливата победа од 3-0 против новиот прволигаш Ковентри Сити во првото коло од Премиерлигата. Лондонскиот клуб ја оправда улогата на фаворит и со доминантна игра ги освои првите три бода во новата сезона. По натпреварот, Артета не го криеше задоволството од покажаната енергија и тактичка дисциплина на теренот. „Одлична игра многу работи ми се допаднаа во настапот ...

Новото издание на Серија А започнува денеска со натпреварите Интер - Монца и Удинезе - Комо. „Нераѕурите“ се бранители на титулата и повторно фаворити број еден за освојување на второто последователно Скудето. Тренерот Кристијан Киву ќе се обиде да го направи она што никој не успеал да го направи уште од ерата на легендарниот Жозе Мурињо - да го задржи Интер на врвот. И покрај летните кадровски промени. Дензел Думфрис, Стефан де Врaј, ...

Интер во овој летен преоден рок собра дури тројца искусни англиски фудбалери, а во оваа група покрај Џон Стоунс и Џед Спенс, сега се најде и Кртис Џоунс. Досегашниот фудбалер на Ливерпул потпиша договор со италијанскиот шампион до 2031 година, а ќе го чини Интер 30 милиони евра, плус 5 милиони евра во вид на бонуси. Во првото интервју за клупската телевизија, Џоунс истакнал дека долго време посакувал вакво сценарио во својата кариера. – Се ...

Новата сезона во Премиер лигата само што почна, а една голема фудбалска легенда веќе даде предвидување за тоа кој ќе го подигне трофејот на крајот. Гари Невил, легендата на Манчестер јунајтед и поранешен англиски репрезентативец, верува дека еден трансфер значително го променил балансот на моќта во борбата за шампионската титула. Тој зборуваше за Арсенал, кој направи неколку значајни потези на пазарот ова лето, но особено го издвои доаѓањето ...

Унај Емери направи интересни трансфер потези со поддршка на менаџментот на Астон Вила, а очигледно решил да му дозволи да замине на еден од поважните играчи од последните сезони. Се работи за англискиот репрезентативец Оли Воткинс, за кого подолго време се шпекулира дека има атрактивни понуди од Саудиска Арабија и кој очигледно сериозно размислува за ваков потег. Најавите се дека најсериозен играч за потписот на Воткинс е Ал Ахли, а Емери ...

Штип веќе го зафати еуфорија по втората домашна победа во сезоната и добрите изданија на домашен тѕрен. Победен е Башкими со 3-0, а покрај резултатот - радува и играта на „сините“. Од другата страна, тренерот на Башкими, Сулејман Шабан, беше задоволен само од првото полувреме. „Презадоволен сум од првото полувреме и од моите фудбалери кои се залагаа максимално. Не сум задоволен од второто полувреме, каде што фудбалерите не покажаа карактер и ...

Брегалница полесно од очекуваното стигна до трите бода во пресметката со Башкими, кој и по четири кола во елитата на домашниот фудбал сè уште не успева да постигне гол. Глигоров со два гола и Калпачки, донесоа нови три бода за Брегалница (3-0). „Десната рака“ на Кузманов, асистентот Димитар Маџунаров, не го криеше задоволството од трите бода и играта на штипските „сини“. „Многу значајна победа против екипата на Башкими, која се прикажа во ...

Американската тенисерка коко Гоф и Сара Бејлек од Чешка ќе играат во полуфиналето на ВТА турнирот во Синсинати, САД. Гоф ја победи Украинката Марта Костјук со 2:0. Во двата сета резултатот беше 6:2. Претходно Бејлек ја совлада Медисон Киз 20 2:1, по сетови: 3:6, 6:4, 7:6 (7:5). Во првото полуфинале ќе играат: Џесика Пегула (САД) – Ига Швјонтек (Полска). Американската тенисерка коко Гоф и Сара Бејлек од Чешка ќе играат во полуфиналето на ВТА ...

ПСЖ е подготвен да се раздели со напаѓачот Ибрахим Мбаје за 70 милиони евра. Според „РМЦ Спорт“, Ливерпул веќе се договорил за личните услови со 18-годишниот сенегалски репрезентативец, но не е подготвен да ја плати цената што ја бара парискиот клуб. Тековниот договор на фудбалерот е со важност до 2028 година. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 30 милиони евра. Во сезоната 2025/26, Мбаје постигна три гола и имаше две асистенции ...

Новак Ѓоковиќ отворено проговори за еден срамен момент на Отвореното првенство на Австралија во 2025 година, кога публиката го исвиркаше откако го загуби полуфиналниот натпревар од Александар Зверев поради повреда. Србинот претходно одигра спектакуларен натпревар против Карлос Алкараз во четвртфиналето. И покрај повредата на мускулот и губењето на првиот сет, тој успеа да ги сврти работите и да победи во четири сета. Повредата, сепак, си го ...

Неверојатниот Кристијано Роналдо (41) се врати на теренот и веднаш ја затресе мрежата, докажувајќи дека и во 41-вата година нема намера да забави. Португалскиот напаѓач се запиша во стрелците во убедливата победа на Ал-Наср над Ал-Ријад со резултат 4:0, што беше негов 977-ми погодок во професионалната кариера. Роналдо ги пропушти воведните натпревари од сезоната бидејќи му се приклучи на тимот нешто подоцна поради репрезентативните обврски ...

Најбрзиот човек на планетата и осумкратен олимписки шампион, Усеин Болт, е нов фудбалер на англискиот клуб Витеншо Ветс. Тој официјално е регистриран за настап во Премиер дивизијата на ветеранската лига во областа Чешир. Ова натпреварување е резервирано исклучиво за играчи постари од 35 години. Клубот Витеншо доаѓа од јужниот дел на Манчестер и веќе е познат во јавноста. Минатата сезона тие привлекоа огромно внимание бидејќи во нивните редови ...

Јужноафриканскиот боксер Золани Тете, поранешен светски шампион во две категории, е убиен пред својот дом во Мдантсане, Јужна Африка, во петокот вечерта. Имаше 38 години. Според првите информации од полицијата, Тете пристигнал пред куќата околу 18:30 часот и чекал во автомобилот да се отвори вратата од дворот. Во тој момент двајца вооружени и маскирани напаѓачи излегле од второто возило и почнале да пукаат. 27-годишна жена била во ...

Репрезентацијата на САД го објави списокот за продолжението на квалификациите за Светското првенство, а на него се најде и добро познато име за следачите на регионалната кошарка. Џејмс Нанели, миленикот на навивачите на Партизан, минатата сезона блескаше во дресот на АЕК, што му донесе и повик во репрезентацијата на САД. Нанели ќе биде дел од тимот кој ќе настапи против Чиле и Колумбија во августовскиот квалификациски прозорец. Покрај Нанели, ...

Иако е најмалку важен домашен трофеј, веќе три децении нема позначаен натпревар во германскиот фудбал од оној меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен. Пресметката за Суперкупот на Германија, односно за трофејот „Франц Бекенбауер“, ја отвора фудбалската сезона во која Баварците, како и секогаш, влегуваат како апсолутни фаворити на сите три фронта. Од исходот во сабота на „Вестфален“ нема многу да зависи кога е во прашање трката за титулата, но ...

Шеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, ќе учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска ќе се плива во водите на Охридското Езеро. Маратонците од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар ...

Золани Тете (38), поранешен светски шампион во две тежински категории, бил убиен во петокот вечерта пред својот дом во Мдантсане, Јужна Африка. Според првичните информации од полицијата, Тете околу 18:30 часот пристигнал пред својот дом и со автомобилот чекал да му се отвори портата. Во тој момент од друго возило излегле двајца маскирани и вооружени мажи и отвориле оган. Тете се обидел да влезе со автомобилот во дворот, но бил смртно ранет. ...

Еден од најдобрите шутери на сите времиња има нов тим. 4-кратниот шампион, Клеј Томсон е нов играч на Мајами Хит. Се очекува да потпише двогодишен договор вреден 13 милиони долари. Присуството на Томсон е токму она што му недостасуваше на тимот од Флорида, шутот однадвор. По ангажирањето на една од најголемите NBA ѕвезди, Јанис Антетокумпо кој заедно со лидерот на тимот, Бем Адебајо ја сочинуваат една од најсилните “центарски линии” во ...

Ханси Флик донел одлука Барселона до крајот на преодниот рок да се обиде да доведе уште еден централен дефанзивец. Каталонците во моментов се фокусирани на трансферот на Хулијан Алварес, но доколку не успеат да го реализираат договорот, ќе мора да разгледуваат и други опции. Во меѓувреме, Флик сака дополнително да ја засили одбраната. Според „Спорт“, меѓу имињата кои одговараат на профилот што го бара Барселона е Емерик Лапорт од Атлетик ...

Шахтер Доњецк ќе ги игра своите домашни натпревари во Лигата на шампионите во новата сезона на стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон, соопшти Челзи. Раководствата на двата клуба постигнале договор, но украинскиот тим допрва треба да добие дозвола од надлежните регулаторни тела. „Со оглед на тоа што Челзи не се пласираше во европските натпреварувања, среќни сме што можеме да му овозможиме на Шахтер да игра во Лондон“, соопштија од англискиот ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42