Македонските пливачи имаа слаб настап на првиот ден од Медитеранските игри во Таранто, без пласман што би можел да се издвои. Нашите претставници се најдоа при самиот врв на негативната страна од пласманот, а двајца од нив завршија на последното место во своите групи. Сара Јанковиќ беше последна, десетта, во својата трка на 400 метри со време 4:34.83 минути. Нејзиниот резултат беше за 17.89 секунди послаб од времето на победничката во ...

По три часа од стартот на 39. Охридски пливачки маратон и испливани околу 15 километри маратонците стигнаа до Пештани. Во првата петорка беа двајцата италијанци Алесио Окипинти и Николо Ричарди, Филип Лакас од Канада, македонецот Петар Цеков и аргентинката Мајте Ајлен Пука. Трката се одвива во одличен ред, временските услови се исто така одлични, а температурата на водата е околу 23-24 степени, изјави за OhridNews главната судијка Катерина ...

Поранешниот светски шампион во две боксерски категории, Золани Тете, трагично го загуби животот на 38-годишна возраст, откако беше застрелан пред својот дом во Мданцане, Јужна Африка. Тете синоќа пристигнал пред куќата и со автомобилот чекал да се отвори влезната врата. Во тој момент до неговото возило се приближиле напаѓачи, при што двајца маскирани и вооружени мажи излегле од друг автомобил и отвориле оган. Во возилото со боксерот била и ...

Македонската одбојкарска машка репрезентација продолжува со подготовките за Европското првенство, каде нашата селекција ќе има исклучително тешки противници. Македонија ќе го започне настапот на Европското првенство на деветти септември, во својата група Б за противници ги има селекциите на Бугарија, Полска, Португалија, Украина и Израел. Владо Милев, еден од поискусните одбојкари вели дека атмосферата е одлична, сите се подготвуваат ...

Леон Горецка одамна најави дека ќе го напушти Баерн Минхен по крајот на претходната сезона, помина речиси цел преоден рок, а тој се уште нема потврдено клуб во кој ќе настапува во новата сезона. Германскиот репрезентативец очигледно не може да ја пронајде комбинацијата на клуб и услови која ја бара, а најновата информација е дека сега конечно има конкретни преговори и тоа со Астон Вила. Унај Емери има потреба од нови играчи во средниот ред, ...

Реал Мадирд походот кон титулата во шпанското првенство ја започнува на гости во Барселона кај Еспањол. Кралевите ја имаат фаворитската улога. Дополнителен мотив за играчите ќе биде да му покажат на новиот тренер Жозе Мурињо дека имаат сила и квалитет да бидат на врвот. Кога играат овие два клуба, традицијата вели дека на последните 24 меѓусебни пресметки немало нерешен резултат. Реал е убедливо подобар со дури 21 победа, додека Еспањол се ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од денеска има нов клуб, а тоа е италијанскиот прволигаш Аталанта. Откако имаше успешни настапи во дресот на Наполи во текот на претходната сезона, Елмас повторно ќе игра на „чизмата“, но овојпат за составот од Бергамо. Спортскиот директор Кристијано Џунтоли го доведе Македонецот како сериозно засилување за тренерот Маурицио Сари, а тоа подразбира нов заем од редовите на РБ Лајпциг. Аталанта веќе го ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз од селекцијата на Грција со конечни 25-31 во првиот натпревар на Медитеранските игри кои се одржуваат во Таранто. Нашите девојки прикажаа две сосема различни лица, затоа што имаа предност од четири гола на паузата меѓу двете полувремиња (14-10), но потоа дозволија целосен „кам-бек“ на ривалот, кој во вториот дел постигна 21 гол, наспроти единаесетте на нашиот состав. Леона ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со Претседавачот на Бордот на Обединетата македонска дијаспора, Арџи Белио. На состанокот беше договорена соработка која ќе оди во насока на откривање, мапирање и поврзувње на младите фудбалски таленти со македонско потекло ширум светот. Во следниот период ќе се работи на воспоставување соработка со македонските фудбалски клубови и заедници низ дијаспората, ...

Екипата на Струга го очекување на дербито со Шкендија денеска претстави уште едно ново младо име во своите редови. Станува збор за Блерон Рамадани кој им се приклучи на стружани во новата сезона. Рамадани е 20-годишен фидбалер кој својата кариера ја градеше низ екипите во Швајцарија. Беше дел од екипата на Грасхоперс во младинските категории, а доаѓањето во Струга ТЛ ќе му биде прво искуство во Македонија. Инаку, Рамадани настапува на ...

Наполи веќе се договори со Челси за заемот на дефанзивецот Беноа Бадиашил, но посакува уште еден прекуброен играч во составот на Чаби Алонсо. Истовремено, Рома исто така го контактирала премиерлигашот обидувајќи се да ги засили своите редови со играч кој нема да добива минутажа од новиот менаџер. По договарањето на Бадиашил, за чиј заем на една сезона ќе бидат платени 3 милиони евра, Наполи се распрашувал и за Марк Гују, кој очигледно не е во ...

Екипата на Арсими денес патува во главниот град со желба да ја забележи втората победа во првенството. Противник е Шкендија од Aрачиново која во претходната рунда славеше на гостувањето во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш со 1:0. Минатонеделната победа против Башкими донесе дополнителна мотивација и самодоверба во редовите на Арсими. Атмосферата во тимот е одлична, а сите играчи се максимално фокусирани да продолжат со позитивни резултати. Во ...

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го освојат првото место во групата А, благодарение на голот на Дарко Ѓукиќ во самиот финиш. Во изјава за Спортска Мрежа, тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ, му честиташе на Загреб за натпреварот, но посебно ја истакна поддршката од домашната публика. Воедно, тој им замери на своите ракометари ...

Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Релјиќ дојде до победа на почетокот на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Релјиќ во категоријата во 57 килограми, славеше над домашната надеж Ана Куорво. Таа на крајот славеше со 2-0 против Италијанката. Што се однсува до нашите пливачи, Сара Јанковиќ на трката на 400 метри слободно ја заврши на последното 10. место со време од 4:34.83 минути, што беше за десет секунди послабо од нејзиното ...

Македонскиот суперлигаш Куманово се пофали со нова аквизиција. Во клубот пристигна Американецот Камерон Гуден, кој настапува како плејмејкер. Роден е во 1998 година, а висок е 183 сантиметри. Дипломирал на Универзитетот „Јута Тех“ во 2003 година, а последен ангажман му беше во мексиканскиот клуб Рајос де Хермосиљо. Со неговото доаѓање, Кумановци ги засилуваат надворешните позиции, а претходно потпишаа договор со Ренато Димитриевски, Алек ...

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија за одбојкарки до 20 години претпре нов пораз на зонските евро-квалификации. Денеска во мечот за разигрување за пласман од 5. до 8. место Македонија загуби од Србија со 0:3 (13:25, 14:25, 16:25). Во сите три сета нашите одбојкари имаа одличен старт и се држеа егал до средината на сетот. Во вториот имавме водство од 8:4 и 12:10, но противникот изедначи, а потоа со долга серија и го освои ...

Џејми Карагер по натпреварот меѓу Арсенал и Ковентри (3-0) не штедеше пофалби за својот поранешен соиграч Френк Лампард кој минатата сезона го освои Чемпионшип и обезбеди место на овој тим во елитното друштво. Ковентри вчера не можеше да се спротистива на актуелниот шампион кој доминираше од почетокот до крајот на средбата, сепак Карагер верува во Лампард. „Тоа е ролеркостер, без разлика дали сте играч или менаџер. Освен ако не сте елита и ...

Ливерпул сериозно ја разгледува можноста за доведување на Педро Нето, но, според сите извештаи, ќе мора да издвои огромна сума пари за неговиот потпис. Според информациите од новинарот на „Дејли меил“, Киран Гил, „црвените“ покажале интерес за португалскиот интернационалец, но Челзи нема намера да се откаже од еден од своите најважни играчи. Напротив, челниците на „сините“ се подготвени да разгледаат евентуалните понуди само ако истите ги ...

Валдхоф од Манхајм и Кајзерслаутерн се оддалечени само околу шеесет километри, но припаѓаат на различни покраини, различни навивачки идентитети и различни фудбалски светови. Кајзерслаутерн е четирикратен германски шампион и дел од културната елита на германскиот фудбал, додека Валдхоф е градски клуб од работничката класа, со изразено чувство дека германскиот фудбал никогаш не го сфатил сериозно. Корените на современото непријателство меѓу ...

Арсенал ја започна сезоната на посакуван начин и со убедлива победа над Ковентри, а менаџерот Микел Артета по средбата можел релаксирано да одговара на големиот број новинарски прашања. Шпанскиот стручњак зборувал за настапот, победата и дел од играчите, а посебно го истакнал Кристос Цолис, кој летово дојде од редовите на Бриж. Цолис и вчера беше стартер на левата крилна позиција, направи важен потег во акцијата за првиот гол, асистираше за ...

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат 10 екипи, а шампионската титула ќе ја брани Скопје. Во првото коло нè очекуваат неколку интересни дуели, а особено внимание привлекува гостувањето на новиот прволигаш Пелистер кај вицешампионот Тиверија Брера. Скопје со задача да ја потврди фаворитската улога Актуелниот шампион Скопје ...

Нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, и следнава сезона ќе остане на Апенините. Денеска 26-годишен офанзивен играч ги потпиша документите за позајмица во екипата на Аталанта. Тимот од Бергамо се договори со германски Лајпциг за позајмица со опција за целосен откуп на крајот на сезоната. Предложениот договор за играчот е со важност до 2031 година и се состои од почетен едногодишен рок со опција за уште четири години. Нашиот фудбалски ...

Спортскиот директор Деко најави дека Барселона дефинитивно ќе го засили нападот со еден квалитетен играч до крајот на преодниот рок, но досега се уште нема ништо конкретно бидејќи главните фаворити за ваков трансфер не добиваат зелено светло од своите клубови. Хулијан Алварез и натаму е член на Атлетико Мадрид, неговиот сонародник Лаутаро Мартинез е покомплицирана опција бидејќи Интер не планира да се откаже од капитенот, а на списокот опции ...

Струга Трим Лум продолжува да ја засилува одбраната, а најново име во нејзиниот табор е стоперот Едисон Кола, кој последно настапуваше за екипата на Тирана од Албанија. Се работи за 25-годишен централен дефанзивец, од кого се очекува да ја збогати дефанзивната ротација на тренерот Бледи Шкемби. Кариерата ја започна во Ерготелис, а потоа настапуваше за Јерапетра, АЕЛ од Лариса и Гиухтас. Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во ...

Џејмс Медисон конечно се враќа на фудбалот по тешкиот период со повредата, а воедно признава дека семејството одиграло голема улога додека се опоравувал. Играчот на Тотенхем минатото лето го повреди предниот вкрстен лигамент на коленото, поради што речиси цела сезона беше надвор од терените. Во истиот период неговото семејство доби уште два нови члена, па денес Медисон и партнерката имаат пет деца помали од пет години. „Тоа ми беше позитивно ...

Младата македонска женска репрезентација е поразена на првиот натпревар на Медитеранските игри во Таранто. Нашите ракометарки добро го почнаа мечот, но слабата игра во второто полувреме ги чинеше пораз од Грција (25-31). Македонија првото полувреме го заврши со позитива од 14-11, вакавата игра најавуваше дека може да се надева на победа, но следеше полувреме за заборав, во кое противникот постигна 20 голови. Најефикасна беше капитенот Леона ...

Денеска и официјално ќе биде спуштена завесата на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ кој традиционално се одржува во СЦ „Билјанини Извори“. Во финалната пресметка имаме две македонски екипи, Вардар и ГРК Охрид, натпреварот е закажан со почеток во 20:15 часот. Овие два тима веќе еднаш пред стартот на сезоната ги одмерија силите, исто во финале, но во рамките на струшкиот турнир, победник беше составот од Охрид. До денешната битка за ...

Финалистот во Купот на Македонија, екипата на Куманово, продолжува со активно составување на тимот за новата натпреварувачка сезона. Најново засилување за кумановци е американскиот плејмејкер Камерон Гуден. Станува збор за 27-годишен кошаркар (висок 183 сантиметри), роден во Слајдел, Луизијана. Гуден поседува богато искуство од американската колеџ-кошарка. Таму настапуваше во НЦАА-лигата за Јута Универзитетот и за Дикси Стејт. Негов последен ...

Маркус Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед и менаџерот Мајкл Карик очекува да му помогне на тимот со своите голови и искуство, а денеска стана јасно и дека ќе го добие дресот со број 9. Долго беше нејасно кој број ќе го носи Рашфорд, неговиот претходен избор, бројот десет е преземен од Матеус Куња, а сега ја доби „деветката“ која остана слободна по заминувањето на Расмус Хојлунд во Наполи. Англискиот репрезентативец очигледно добил ...

Новата женска фудбалска лига се наоѓа пред самиот почеток. Женскиот фудбалски клуб Каменица Саса гради тим со кој ќе сака да ја врати шампионската титула во Македонска Каменица. По промоцијата на бугарската репрезентативка Антонина Шопска која е повратник во тимот од Македонска Каменица и промоцијата на Црнагорката Анџела Савовиќ, во тимот на Саса пристигна и турската интернационалка Селин Туркоглу. Станува збор за 24-годишна фудбалерка која ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42