Куманово, 3 јуни 2025 (МИА) - Мултимедијалниот уметник од Куманово, Страхил Петровски со изложбата насловена „Реминисценции“ ќе се презентира пред публиката во Париз. Изложбата ќе биде отворена утре, во „Abstract Project Gallery“ во Париз, Франција. Делата на Петровски работени последнава година ќе бидат изложени до 14 јуни. Според кустосот и историчар на уметност Сандра Деспотовиќ, изложбата претставува нова фаза во креативните дела на ...

Во кафе-книжарницата „Буква“ денеска ќе се одржи книжевна вечер посветена на српското издание на романот „Страв од варвари“ со писателот Петар Андоновски. Како што стои во соопштението на српскиот културно-информативен центар „Спона“, на настанот свои видувања ќе дадат лекторката по скрпски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Јелена Макевиќ, преведувачката Милена Илиќ, како и книжевникот и програмски директор на КИЦ Спона, ...

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ќе одржи гала концерт вечерва во 19.30 часот во Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип. Публиката ќе проследи програма која ги слави македонската народна традиција, фолклор и музичко наследство. – Со карактеристичната енергија, прецизна изведба и богат сценски израз, „Танец“ ќе ја претстави разноликоста на македонските народни игри и песни кои се дел од нашето културно богатство – велат ...

Тони Соколов – Солза годинава, по трет пат, односно трета година по ред, доаѓа од Бризбен во Битола за изложување на неговите дела, инспирирани од убавините и богатото културно и историското наследство на Битола и Македонија, насловена “Триптих“.Изложбата “Триптих“ вечерва свечено беше отвореан во Магазата во Битола, а пред големиот број битолчани, роднини, пријатели, другари и љубители на уметноста во улога на модератот зборуваше д-р Никола ...

По големиот успех на претходните изданија, Халкбанк со гордост го претставува третото продолжение на кампањата Фустани со џебови— иницијатива која и оваа година го става женското претприемништво во прв план. Кампањата и понатаму го негува својот автентичен пристап и препознатлив глас, но овојпат со нов, значаен фокус: одржливоста. Во Фустани со џебови 3 се запознаваме со шест инспиративни приказни за сопственички на мали бизниси кои не само што ...

Петтата сезона на „Странџер Тингс“ ќе биде претставена оваа есен, а неверојатната судбина на ликовите ни ветува многу возбудувања. Според најавите од Нетфликс, првите четири епизоди ќе бидат достапни на 26 ноември, потоа следат три епизоди за Божиќ, а последната епизода ќе излезе за Нова Година. Оваа финална сезона ветува да ја разоткрие митологијата околу загадочната алтернативна димензија, а самите креатори на серијата, како што изјави Рос ...

Охрид, 3. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ во текот на овој месец ќе бидат организирани низа настани посветени на најмладите. Утре од 10:00 часот во ООУ„Св. Наум Охридски“ во Пештани ќе биде промовирана книгата „Девојчето Ена и волшебната четка“, од д-р Кристина С. Алоска. Промотор ќе биде Валентина Рубаноска. Во четврток, 5-ти јуни, во 13:00 часот во Музејот на вода ќе се ...

Детската играорна група на АКУД „Мирче Ацев“ освои специјална награда од жирито и пехар во категорија од 7 до 12 години на 22. Меѓународен детски етнофестивал „Деца од Балканот – со духовност во Европа“ во Хасково, Бугарија. На фестивалот учествуваа 72 културно-уметнички ансанбли со повеќе од 2.200 учесници од земјата домаќин, како и од Македонија, Украина, Молдавија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Детската играорна група на ...

Годинава, во рамките на фестивалот, кој ќе трае од 5 до 8 јуни, ќе се претстават врвни артисти од осум земји од светот, во, веројатно, најсилната програма во последниве години Грандиозната пејачка од Португалија, Марија Жоао, е ѕвездата на 24. издание на „Оф-фест“, кое почнува на 5 јуни. Годинашниов фестивал на музика од светот почнува в четврток (20:00 часот), во Националната опера и балет, со македонски звуци и со настап на Драган Даутовски и ...

Денес, во 19:00 часот, во Отвореното Графичко студио при Музеј на Град Скопје, ќе биде отворена изложбата „Помеѓу просторот и местата“. Камерна изложба на трите уметнички учеснички на уметничката резиденција Скопје, Македонија/Сент Антиоко, Сардинија, Италија Мила Добревска Аница Китановска Ангела Савевска Организатор: Гордана Велков Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам. „Размената на Уметничката резиденциjа меѓу Италија и ...

На сцената на Факултетот за драмски уметности, мастерклас одржа Dora Chrysikou, истакната грчка филмска актерка со богато европско искуство. Денес, на Факултетот за драмски уметности, со задоволство ја угостивме познатата грчка актерка, Дора Хрисику, која одржа одлична работилница. Студентите имаа уникатна можност да научат од нејзиното искуство и да се инспирираат од нејзините вредни совети за актерството и филмската индустрија. Благодарност до ...

Ансамблот од претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на Македонскиот народен театар, ја доби специјалната Стеријина награда за колективна актерска игра на 70. „Стеријино позорје“ во Нови Сад, што се одржа од 26 мај до 3 јуни. Одлуката е донесена едногласно на завршната седница на жири-комисијата на годинашниот театарски фестивал, во состав: Вања Ејдус, актер и претседател; Дражен Ференчина, ...

„Калигула“ е жив доказ дека еден театар не е зградата каде што се креираат претставите. Театарот се луѓето внатре, уметничкиот и техничкиот сектор заедно. Со „Калигула“ секој еден од екипата порасна и професионално и приватно за неколку нивоа. Секоја потешкотија и немањето услови за работа само нè натера да ги преминеме границите на креативност кои реално луѓето сами на себе си ги наметнуваат – вели актерот од Кумановскиот театар. Малку се ...

По повод Денот на државноста на Република Хрватска, во петок на 6 јуни 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Културно-информативниот центар (Офицерски дом) во Битола ќе се одржи свечен културен настан во организација на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола. Програмата ќе понуди богата уметничка содржина, меѓу која настапи на женската вокална група „Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор „Градац“ од Општина Градац, Хрватска. ...

Американка по име Милдред Гиларс, наречена Аксис Сели, емитувала нацистичка пропаганда за време на Втората светска војна. Aмериканските војници истовремено ја сакаале и мразеле. Приказната го втурнува гледачот во мрачниот дел на пропагандната машина на Третиот Рајх исполнет со омраза, конечното апсење на Сели и последователното судење за предавство во Вашингтон по војната. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да ...

Алекс Гејтс (Џек Николсон), трговец со вино од Мајами, е речиси на работ на банкрот бидејќи троши премногу пари на своите љубовници кои бараат многу. За да се ослободи од својот несреќен брак и да си обезбеди удобен живот со шармантната Габриела (Џенифер Лопез), дадилката на богатото семејство, Алекс одлучува да украде скапиот ѓердан од работодавците на Габриела. Со помош на искусниот крадец Виктор (Мајкл Кејн) грабежот оди добро. Откако ќе ...

Ве известуваме дека од 30 мај до 1 јуни, студентите од Факултетот за драмски уметности го организираат второто издание на студентскиот филмски фестивал „ХАЈ-ФАЈ“. „ХАЈ-ФАЈ“ е меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти. Истата служи како отскочна даска за промоција на студенти од филмски катедри при нивното прогресирање кон професионалци. Програмата за второто издание ќе започне на Академска сцена со „Meet the new kids“, ...

Денес, во 19:00 часот, во Отвореното Графичко студио при Музеј на Град Скопје, ќе биде отворена изложбата „Помеѓу просторот и местата“. Камерна изложба на трите уметнички учеснички на уметничката резиденција Скопје, Македонија/Сент Антиоко, Сардинија, Италија Мила Добревска Аница Китановска Ангела Савевска Организатор: Гордана Велков Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам. „Размената на Уметничката резиденциjа меѓу Италија и ...

Во понеделник, 9 јуни, со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе се одржи 11-тото издание на „Виолин Фест“ – „фестивалот каде што соништата имаат гудало, а секоја нота е чекор поблиску до иднината“. „Овде нема натпревар. Нема гламур. Само чиста музика и храбри млади луѓе кои свират како да им зависи животот од тоа. И можеби навистина им зависи – бидејќи кога си млад, а музиката ти е сè, оваа сцена значи повеќе од аплауз. ...

„Младите доаѓаат и звукот на идната генерација“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток, со почеток во 20 часот. Ова е традиционален концерт на оркестарот на Македонската филхармонија со учениците и студентите од државните музички училишта и факултети. Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од А.Марчело, Е. Бара. Ф.А. Хофмастер, К.М. Вебер, Ф.Лехар, К.Дитерсдорф, Г.Хуе, Х.Виењавски, Д.Мијо, В.А. Моцарт, Ф.Менделсон, ...

Во КИЦ-Скоје, денеска напладне ќе биде промовирана книгата „Скопје 2014…и потоа“ од Златко Теодосиевски. За книгата ќе говорат Проф. д-р Никос Чаусидис, историчар на уметност и Бранко Геровски, новинар и главен и одговорен уредник на „Плусинфо“. Во 2024 година се навршија полни десет години од „проектот“ со славно име „Скопје 2014“, а изминуваат безмалку еднакво толку години и од времето на т.н. „Шарена револуција“ којашто, меѓу другото, ...

Ана Стојаноска е театролог, писателка, редовна професорка на ФДУ – Скопје (предава на сите три степени, група предмети поврзани со теоријата и историјата на македонската и светската драма и театар). Раководителка на третиот циклус докторски студии на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Уметнички директор и Претседател на Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, од септември 2022г. Дипломирала општа и ...

Со една од песните со кои стана славен, „Сношти не беше тука“ (Sinoć nisi bila tu), Здравко Чолиќ вчера (2 јуни) го почна првиот од трите концерти во Скопје, во салата „Борис Трајковски“. За првпат, тој кај нас пее со симфониски оркестар, а оваа песна беше совршен почеток на ваков богат концерт. Истата песна, Чолиќ ја испеал во 1972, исто со голем орекстар, на фестивалот Вашиот шлагер на сезоната во неговото родно Сараево. Таа година пеел и на ...

Музејот на современата уметност – Скопје, ве поканува денес во 18:00 часот, на отворањето на првата самостојна изложба во нашата земја на реномираниот британски уметник Ричард Дикон, добитник на Turner Prize (1987) и претставник на Велс на Венециското биенале (2007). Ричард Дикон е скулптор чија повеќедецениска скулпторска практика претставува впечатлив и препознатлив пример за континуирано преиспитување на смислата и значењето на константите и ...

Сподели На 4 јуни 2025 година (среда) со почеток во 19 часот во Музејот на град Скопје ќе се одржи отворањето на изложбата на фотографии со наслов „Секојдневен живот“, во организација на Националната установа Центар за култура на Турската заедница во Република Северна Македонија – Скопје. На изложбата ќе бидат претставени вкупно 60 фотографии од три локални аматерски фотографи, по 20 дела од секој автор. Преку објективот на авторите, ...

Специјалната „Стериина награда“ за колективна актерска игра на 70. Стериино позорје ја доби ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, продукција на Македонскиот народен театар од Скопје. Концептот во кој поединецот на сцената има смисла само во група која комуницира преку заедничка душа и каде сите се поврзани меѓусебно, кој е јасно видлив во оваа претстава, покажа и докажа каде е местото на МНТ во ...

„Просторност и темпоралност“ (Spatiality and Temporality) е насловот на изложбата на уметничките Татјана Миљовска, Валентина Поцеска и Виолета Чаповска што ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Чифте амам, во Старата скопска чаршија. Изложбата ќе ја отвори д-р Сузана Милевска, кураторка и теоретичарка на визуелна култура. Ова е прва соработка меѓу трите еминентни уметнички. Во фокусот на нивната изложба се истражувањата на заемните реципрочни ...

„Бев на концертот на Здравко Чолиќ, таква магија одамна не сум почувствувала - се ежев, се топев од емоции, ти благодарам легендо“ Одамна не сум доживеала нешто толку моќно како вчерашниот концерт на Здравко Чолиќ во Скопје. Тон емоции, пеење наизуст на сите песни, преполна сала на нозе... Парови во 20-ти танцуваат на неговите песни, бабички го снимаат цел концерт, жени на видео повик им се јавуваат на саканите за да гледаат... Буквално ...

Општинската организација на Црвен крст Битола, приреди промоција на документарниот филм „Модринки на душата“, во режија на Лина Чашитовска и Александар Василевски. Сценариото на филмот го подготвија учениците Софија Гакова, Матеа Мано, Христина Врчковска, Владимир Јаневски и мини менторот на групата Лина Чашитовска, која истакна дека филмот е снимен со цел будење на свеста кај сите генерации и заедничка борба против врсничкото насилство. ...

Вечерва во 20:30 часот во Музејот на современа уметност свечено ќе биде отворена изложбата „ПАНК. СУПКУЛТУРА. СОЦИЈАЛИЗАМ. АРХИВИ И ФОТОГРАФИЈА ОД СЛОВЕНИЈА“ и фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“. Изложбата претставува голема архивска поставка што низ фотографија и документи го истражува словенечкото панк-движење од крајот на 1970-тите до средината на 1980-тите години. Курирана од филозофката и теоретичарка Марина Гржиниќ, во соработка ...

За тебе

3 минути - Либертас
weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
1.54
25%
1010
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
2.57
47%
1009
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
45%
1012
weather icon

Софија

33ᴼ / 32ᴼ
3.09
33%
1012
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.6
35%
1011
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
2.57
88%
1013
weather icon

Атина

34ᴼ / 33ᴼ
3.21
36%
1009
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
37%
1011
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.57
26%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 29ᴼ
3.09
46%
1011
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
2.06
45%
1011
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
7.2
51%
1012
Currency

61.56

Currency

52.3572

Currency

70.7407

Currency

34.4054

Currency

38.3

Currency

65.8091

Currency

7.32052

Currency

0.65813

Currency

0.35465

Currency

0.52489

Currency

1.29136

Currency

0.60487

Алуминиум

2.65

Иридиум

145915.21

Кобалт

42.99

Никел

15328.50

Рутениум

25656.30

Калај

35.11

Сребро

1247.49

Злато

107581.19

Бакар

11.67

Паладиум

38966.70

Платина

45568.86

Родиум

200942.17

Цинк

2.85