
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Комисијата ја донесе оваа одлука уште минатата година, но медиумите објавија дека спорен бил натписот предложен од активистот Марко Гај: „Сашко Гешовски, невина жртва на протестите одржани на 6.5.1991 година.“ Некои членови на Комисијата сметале дека таков натпис може да се погрешно толкува, па сега е предложен нов: „Сашко Гешовски, Кавадарци, 31.10.1971 – Сплит, 6.5.1991. Несреќно настрада на 6 мај 1991 година.“ Убаво е што Град Сплит, по 33 ...
Рани години и образование Роден во првата половина на 20 век, Шојлевски студирал пејзажна архитектура и уредување на простори, стекнувајќи своето формално образование во Југославија и странство. Овој образовен пат му овозможил да стекне длабоки знаења во областа на планирањето и уредувањето на јавни простори, што го постави како еден од водечките стручњаци во оваа област во Македонија. По завршувањето на своите студии, тој се врати во земјата, ...
Децата на актерот Кристофер Рив велат дека направиле сѐ што можат да ги вклучат сите важни особини на нивниот татко, неговите силни и слаби страни, во новиот документарен филм „Супермен: Приказната за Кристофер Рив“, затоа што тој тоа би го сакал. Филмот вклучува семејни домашни видеа, измешани со интервјуа и филмски видеа на Рив, кој славно го толкуваше Супермен во четири филма, покрај другите актерски и режисерски улоги подоцна во неговата ...
По убиството на новиот претседател Ѓура Ѓорѓевиќ, министерот за полиција прогласува вонредна состојба во земјата и по признанието на Бубон издава потерница за сите членови на Кланот и нивните колеги. Како на Шок и на Паша им станува јасно дека изјавата на Бубон е основа за налогот за нивно апсење, тие се обидуваат да откријат каде е Бубон и да го убијат. Некои од нивните јатаци од страв и под присила ги изневеруваат ги предаваат членовите на ...
Колку што е стар човечкиот живот во Пелагонискиот регион, толку е стара и историјата на Прилеп, велат прилепчани за градот кој е сместен на североисточниот дел на богатата рамнина, веднаш шо Парковите кули. Името на средновековниот град Прилеп прв пат се споменува во хрониката на Јован Скилица од крајот на 11 век. Прилеп бил изграден на едно од возвишенијата кај месноста Варош, која е составена од камени грамади со чудесни облици и бои. Денес, ...
Помеѓу планинските масиви на Кораб, Дешат, југозападните ограноци на Шар Планина, Бистра и северните делови на Крчин, во долината и сливот на реката Радика, се наоѓа Националниот парк Маврово, распослан на површина од речиси 73.548 хектари. За прв пат е прогласен за Национален парк во 1949 година, тогаш на површина од 11.750 Хектари, за да во 1952 година ги добие денешните граници. Во границите на Националниот парк Маврово се наоѓаат преку 52 ...
Поглед наназад кон класичните британски автомобили изминативе 60 години. Има автомобили што ги паметиме, кои засекогаш остануваат во нашето сеќавање. Документарната серија „Најпознатите коли на светот“ нè враќа во минатиот век и преку интересните приказни на познати личности нè запознава со моделите на автомобили кои во тоа време царувале по британските патишта. Од Астор Мартин , Мини Морис и Порше 911 до Форд Кортина. Многу повеќе од серија за ...
Мајкл Портиљо ја истражува Андалузија, еден од најфасцинантните шпански региони. Мајкл посетува шест места во Андалузија за да се запознае со локалното население кое му ги открива традиционалните занаети и културните различности. Патувајќи ги вкусува најубавите специјалитети, учи да танцува фламенко и присуствува на најпознатата улична забава во Малага, Ферија. Во шесте епизоди, серијата ги слави луѓето, обичаите и местата на волшебната ...
На денешен ден ja славиме годишнината од раѓањето на Мигел де Сервантес, писател, поет, драматург и според многумина, творец на модерниот роман, кој му ја остави на светот трајната приказна за Дон Кихот, романтичен идеалист, кој се поклонува на ветерниците. „Дон Кихот“ се смета за претходник на различни литературни жанрови, вклучувајќи го романот, сатирата, па дури и модерната авантуристичка приказна. Авторот на романот кој направи револуција во ...
Серија за судбината на двајца кошаркари кои по одличната спортска кариера почнуваат нов живот и се обидуваат да се остварат во разни бизниси. Приказна за двајца некогаш неразделни пријатели и соиграчи во славен кошаркарски клуб, кој сега е на работ од пропаст и кој тие двајцата заедно ќе се обидат да го кренат од пепелта. Низ серијата минуваат голем број ликови, чии судбини се испреплетуваат на многу чуден начин. Играната серија „Жигосани во ...
Јовица Никчевски, Директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и г-ѓа Зорица Јаковлевска-Спировска, конзерваторка и координаторка на проект, официјално ја отворија првата мисија, со европска поддршка, на г-ѓа Тамара Кувал и г-ѓа Изабел Бонар, експертки за конзервација при Националната библиотека на Франција (БНФ). Оваа четиридневна мисија ќе овозможи ...
Општина Битола објави конкурс за доделување на највисоките признанија во градот кои традиционално се врачуваат на денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември. Објавениот конкурс ќе трае до 24 октомври, соопштија од Општина Битола. Според конкурсните услови, наградата може да биде доделена на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и ...
На денешен ден, на 22 септември во 1984 година, германскиот сојузен канцелар Хелмут Кол и францускиот претседател Франсоа Митеран се сретнаа во Вердун и двајцата лидери, фатени рака со рака го одбележаа историскиот настан и трогателното сеќавање на Вердун како бојно поле од Првата светска војна. Сојузниот канцелар Кол и претседателот Митеран изведоа симболичен акт на единство. Оваа средба од историско значење покажа дека Германија и Франција се ...
Марта Кофман и Дејвид Крејн, креаторите на сријата „Пријатели“, заедно со извршниот продуцент на серијата, Кевин Брајт, неодамна разговараа за претстојната 30-годишнина од почетокот серијата на 22 септември, и како смртта на Метју Пери го промени начинот на кој тие ја гледаат. „Тоа е огромна загуба. Тоа ја прави 30-ката некомплетна“, кажа Кофман. Таа додаде: „Тој нѐ смееше секој ден, Дејвид Швимер за него секогаш велеше дека е најсмешниот човек ...
Околу три часа на ден траела трансформацијата на Колин Фарел во ликот на Пингвин за истоимената ТВ-серија на Ејч-Би-О, вели шминкерот Мајк Марино, кој работел на филмови како „Бетмен“, „Џокер“ и „Црниот лебед“. Фарел го игра Пингвин, главен играч во подземјето на Готам, во спиноф серијата за Бетмен, која се прикажува од 19 септември. „Сè на него е направено рачно, а потоа се обликува и фрла во супермек силиконски материјал. Откако тој ќе се ...
Метју Пери и Дејвид Швимер, ѕвездите на серијата „Пријатели“, беа пријатели и надвор од екранот, но не биле секогаш толку отворени еден со друг. Во интервју за подкастот на британската актерка Каш Џамбо, Швимер разговараше и за односот со неговиот покоен колега. „Тој зборуваше за тебе како клучна личност во сцените на серијата, дека луѓето се идентификуваа со тебе“, се присети Џамбо. Швимер не очекуваше да слушне ваква анегдота. „Интересно е од ...
Во Белика Британија е прогласена „вонредна состојба на пеперутки“, бидејќи нивниот број летотово достигнал рекордно ниско ниво. Поради оваа состојба, групата за заштита на пеперутките ја повикува владата целосно да ги забрани неоникотиноидните пестициди кои убиваат инсекти. Национална „вонредна состојба на пеперутки“ е прогласена од Заштита на пеперутки по најнискиот број на големи пеперутки од почетокот на евиденцијата. Просечно само седум ...
Македонското вино е полно со многу сонце, љубов и изобилие на вкусови. Специфичната арома на виното е резултат на деjството на комбинираната, медитеранска и континентална клима, дополнета со летните топли и сончеви денови и постудени ноќи. Подолгиот процес на зреење на грозjето ги концентрира шеќерите и киселините во грозjето, оформуваjќи богати бои и комплекс од ароми во вината. Благодарение на сјајното сонце, македонските вина се на врвот на ...
Серијата е историска драма во десет продолженија која опфаќа период од 40 години од 19 век и се одвива на раскрсницата на падот на Отоманската империја и навлегувањето на модерното време. Тоа беше време на политички промени, кога богатите семејства им отстапија место на финансиски засилени членови на пониската класа. Оваа транзиција беше обележана со постојана борба меѓу старото и новото, богатите и сиромашните, поединци и општеството во кое ...
Ќе се снима петта сезона на популарната серија „Емили во Париз“, објави стриминг гигантот „Нетфликс“. „Нема друго место како Рим“, вели актерката Лили Колинс во видео објавено на социјалните мрежи. Колинс ја игра насловната улога, Американка која се сели по работа во Париз и станува инфлуенсерка. „Воодушевени сме од неверојатните реакции на публиката по четвртата сезона и возбудени сме што ќе се вратиме за петта сезона за да продолжат авантурите ...
Јапонската историска драма „Шогун“ стана првата серија на неанглиски јазик која освои Еми за најдобра драмска серија. „Шогун“ доби уште четири награди на ноќешното доделување во Лос Анџелес, по претходно освоените 14 во технички категории, вклучувајќи за главните актери Хиројуки Санада и Ана Саваи. Таа е првата актерка од азиско потекло која освои Еми за најдобра актерка во драма. „Hacks“ изненадувачки беше прогласена за најдобра хумористична ...
Има растечка генерација за која малку луѓе слушнале. Во текот на следните неколку години тие ќе ги надминат „Бејби бумерите“ и многу од нив ќе го доживеат 22-от век. Зборуваме за генерацијата Алфа, децата на генерацијата Y и често помладите браќа и сестри од генерацијата Z. Едноставно кажано, генерацијата Алфа се дефинира како оние родени од 2010-2024 година. Повеќе од 2,8 милиони се раѓаат на глобално ниво секоја недела. Кога ќе се родат сите ...
Ејч-Би-О започна аудиција за млади актери за својата нова серија „Хари Потер“. За улогите на Хари, Рон и Хермиона се бараат деца кои во април 2025 ќе бидат на возраст од девет до 11 години и мора да бидат жители на Велика Британија или Ирска. Засега не е познато кога ќе излезе серијата, но во повикот за аудиција стои дека снимањето ќе се одвива во Британија во 2025/26. Се очекува серијата да има седум сезони, по една за секоја книга за Хари ...
Првата дама на Франција Брижит Макрон ќе се појави како гостинка во серијата „Емили во Париз“, во епизода од четвртата сезона која ќе биде достапна од 12 септември на „Нетфликс“. Макрон ќе се игра себеси и ќе носи сопствена облека, објави магазинот „Ел“, без да ѝ бидат дадени посебни упатства за облекување од серијата позната по модата. Сценаристот и режисер Дарен Стар изјави дека „Макрон има голем талент“. Како што кажа главната актерка Лили ...
Во нашата земја, жетвата на тутунот или уште наречена бербата на тутунот е земјоделска активност и вековна традиција длабоко проткаена во културното и економското уредување на земјата. Одгледувањето и бербата на тутунот се трудоинтензивна дејност и мошне деликатна задача што бара максимална посветеност од страна на аргатите во периодот на жетвата. Тутунот е стратешка култура од чие производство живеат околу 40.000 семејства. Нашата земја е на 30 ...
Чаир – Историја и етимологија Етимологијата на името Чаир се поврзува со турскиот збор çayır, што значи ливада или отворен простор опкружен со дрвја. Друго веројатно потекло е името на личноста Кадин Чаир, која живеела на оваа локација во 16-тиот век, според документите од 1549/50 година. Локациски, Чаир се простирал од Пајко и Карадаг маалата, покрај реката Серава, сè до периферијата на градот. Населбата некогаш била центар на занаетчии, каде ...
Триесет и три години независност денес одбележува државата која во своите три децении постоење помина многу за да стане држава членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот, НАТО и држава кандидат за членка на Европската Унија. Во триденециниското постоење државата смени три имиња, помина низ воен конфликт, низ ембарго, имаше атентат врз еден претседател и друг загинат во авионска несреќа, помина низ инфлација, приватизација, вето, ...
Социјалната мрежа X (поранешен Твитер), во сопственост на Илон Маск, е блокирана во неколку земји во светот. Во повеќето случаи, причината е ширење на лажни информации преку таа мрежа. Додека некои земји им забрануваа на своите граѓани пристап до мрежата, Бразил отиде чекор понатаму и најави парична казна за оние кои се обидуваат да ја користат мрежата Х. Платформата беше блокирана и во Кина, Иран и Туркменистан дури и кога беше наречена ...
Мишелин е најпрепознатливиот стандард за извонредност во ресторанската индустрија денес. Се започна во далечната 1889 година во малиот француски град Клермон-Феран кога браќата Андре и Едуард Мишелин ја основаа својата сега позната компанија за гуми. Идејата беше да им се даде на луѓето нешто да прават додека патуваат, да застанат на најдобрите места за јадење. Така во 1926 година и да се роди Мишелин ѕвездата. Денес, тоа е една од ...
Пишува: Дејан Јовиќ Илустрација: Мрѓан Бајиќ, од колекцијата на цртежи и експонати Yugomuze Во една од своите книги, Стеван Павловиќ, еден од најголемите историчари на Србија, Југославија и Балканот, напиша – многу ефектно – дека Југославија, додека се викала Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, се обидувала да создаде Југословени. Подоцна, кога веќе долго се нарекувала Југославија, станала „самоуправна (интересна) заедница“ на Срби, ...