Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
XPENG Aridge започна со пробно производство во својата фабрика за летачки автомобили во Гуангжу, отворајќи ја првата линија за масовно производство на летачки автомобили во светот. Дебитантскиот модел на фабриката – модуларен „Компнетен носач на авиони“, кој комбинира патно возило и одвојлив воздушен модул – успешно го помина своето прво пробно склопување. Сериското производство и првите испораки се очекува да започнат во 2026 година, дознава ...
Германија ги преполови своите планови за електрани на гас, што е компромисен договор меѓу застапниците на фосилни горива и чиста енергија во коалициската влада на Фридрих Мерц, објави „Bloomberg“. Претходните цели на Берлин предвидуваа изградба на нови електрани на гас со вкупен капацитет од 20 гигавати во наредните години. До 2026-та година, Германија ќе гради електрани на гас со производствен капацитет од 8 гигавати, а исто така ќе ги активира ...
Грчката економија бележи просечен раст од околу два проценти од 2023 година, што е над просекот во Еврозоната. Американската агенција Фич го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за една оценка, од БББ- на БББ, со позитивна перспектива, а по оваа одлука, само Мудис меѓу главните агенции за кредитен рејтинг сè уште ја држи Грција на најниското ниво на инвестициски рејтинг. Според објаснувањето на Фич, подобрувањето е резултат на стабилно ...
„Сондер Холдингс Инк“, позната по издавање луксузни апартмани и мали хотели преку дигитална платформа, објави дека ќе поднесе барање за стечај во Соединетите Американски Држави, што значи дека ќе престане со работа. Компанијата, исто така, планира да поднесе барање за стечај во други земји каде што работи, објави „CNBC“. Во соопштението, Сондер соопштува дека одлуката е поради сериозни финансиски ограничувања што произлегуваат од долгогодишни ...
На вториот ден од општиот претрес за Предлог буџетот за 2026 година на собраниската Комисија за финансирање и буџет, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не ги покачила даноците, туку ја подобрила нивната наплата. Таа нагласи дека за оваа Влада нема привилегирани компании ниту селективен третман на должниците, туку дека за сите важат исти правила и закони. Според Стојаноска, Владата успева ...
Добивај вести на Viber Жито Лукс ја проширува својата категорија на нутритивни лебови 100% цело зрно со нов производ. Новата екстензија100% цело зрное збогатена сочија и киноа. Овие лебови се направени од целосно интегрално брашно кое се добива со мелење на целото зрно пченица. Интегралното брашно ги содржи сите делови од зрното: обвивка, срцевина и никулец поради што е богато со хранливи влакна, минерали, витамини, јаглехидрати, протеини и ...
Министрите за финансии на Европската унија се согласија да воведат царини за пакети во вредност помала од 150 евра (110 фунти) што влегуваат во блокот од 27 земји во 2026 година. Овој потег првенствено ќе ги погоди кинеските онлајн трговци на мало „Шеин“ и „Тему“, објави „Ројтерс“. ЕУ првично планираше да го укине ослободувањето од царини за пакети со ниска вредност во 2028 година. Но, милијардите пакети што пристигнуваат во ЕУ, претежно од ...
Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги покачи даноците, туку само ја подобри нивната наплата. За Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема привилегирани фирми и селектирани должници. За Владата на ВМРО-ДПМНЕ сите се еднакви пред законите и законите се еднакви и исти за сите. Владата ги одржува во постојана и нагорна кондиција платите, пензиите и инвестициите, а паралелно ги намалува дефицитот и јавниот долг. Со оваа Влада нема еднократни приходи и вонредни такси. Владата ...
Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО–ДПМНЕ оцени дека предложениот Буџет за 2026 година претставува јасен чекор кон фискална консолидација, стабилност и економски раст, истовремено обезбедувајќи конкретни придобивки за граѓаните. Според неа, документот е балансирана комбинација на одговорна финансиска политика и насочени инвестиции во клучни сектори. Стојаноска нагласи дека средствата за пензии се зголемуваат за 10,7%, односно за 10,3 ...
Добивај вести на Viber Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија се дека следната година од март минималната плата во земјата ќе се зголеми само за 1.600 денари и тоа на основа на законско усогласување со растот на пресметаната проосечна плата на годишно ниво за 2025. Претходно на барањето на синдикалната организација, минималецот внредно да се зголеми на 600-тини евра, политички субјекти од власта рекоа дека тој во март следната ...
Зошто Кина се оддалечува од доларот Овој тренд започна за време на глобалната финансиска криза во 2008–2009 година, кога Пекинг беше загрижен поради агресивното печатење пари од страна на Федералните резерви на САД. Тоа ја загрози вредноста на 1,9 трилиони долари странска актива на Пекинг. Како одговор, Народната банка на Кина (PBOC) во 2009 година започна пилот-програма за порамнување на прекуграничната трговија во јуани. Растечката улога на ...
На „Гугл“ му е наредено да му исплати на германскиот портал „Идеало“ околу 465 милиони евра отштета за кршење на антимонополските правила, според пресудата на судот во Берлин во петокот. Овој пребарувач на цени, во мнозинска сопственост на медиумската група „Аксел Спрингер“, го обвини „Гугл“ за злоупотреба на својата доминантна позиција како пребарувач во текот на годините. Се вели дека американскиот интернет гигант ги фаворизирал своите ...
Европската комисија бара од својот регулатор на пазарот да го преземе надзорот врз крипто-бизнисите во блокот, објавува „Bloomberg“. Нацрт-плановите што ги дистрибуираат европските претставници сугерираат дека Европскиот орган за хартии од вредност и пазари (ESMA) директно ќе ги надгледува сите даватели на крипто-услуги. Агенцијата исто така ќе биде одговорна за одобрување на нови бизниси. Во моментов, крипто-фирмите мора да добијат лиценца за ...
Министерството за финансии на САД издаде лиценца за вршење трансакции со четири компании на Лукоил кои работат во Бугарија. Лиценцата е продолжена до 29 април 2026 година, според документ објавен на веб-страницата на министерството. Лиценцата првично важеше до 21 ноември. Министерството, исто така, одобри операции што вклучуваат некои компании на Лукоил во Бугарија: Лукоил Нефтохим Бургас, Лукоил Бугарија, Лукоил Авиејшн Бугарија, Лукоил ...
Македонија во догледно време ќе ја усогласи регулативата со Европската унија и во делот на царинењето на пратките кои пристигнуваат преку онлајн платформите како „Тему“ и други провајдери на евтини производи од Кина. Во ЕУ веќе е во тек постапка за воведување царини за овој тип увоз посредством е-трговија, што значи дека ваквата мерка ќе биде применета и кај нас. Според надлежните, граѓаните нема да почувствуваат промена при купувањето на овие ...
Во време на геополитички тензии и глобални потреси претставуваме кои се клучните седум предизвици кои ја обликуваат економијата. Анализираме какви се можности за вмрежување на стартапите од регионот и какви би биле придобивките од зголемена соработка. Посочуваме кои електрични авомобили имаат најдобри перформанси на тестовите и прашуваме дали македонските граѓани би се префрлиле на целосно електричен автомобил. Откриваме кои се заедничките ...
Американската влада може повторно да функционира нормално откако Трамп го потпиша законот за буџетот, со што заврши рекордното затворање, кое траеше 43 дена. Нашите аналитичари предупредија дека по отворањето пазарот ќе се збуни од напливот на информации што во претходните шест недели не беа објавувани. Веднаш по оптимизмот од отворање на владата, повторно се појави загриженост за преценетоста на пазарот, што предизвика распродажба на ...
И покрај растечките цени во одделни сектори, нови мерки за намалување на цените засега нема да има. Министерот за економија Бесар Дурмиши смета дека со тековниот тренд на инфлација нема потреба од замрзнување или ограничување на трговските маржи. Сепак, тој не исклучи можност за интервенција доколку цените пораснат во периодот пред празниците – особено кај производите што традиционално поскапуваат во тоа време. „Сега за сега не гледам причина ...
Во Португалија започна пилот-проект што користи мелени лушпи од школки како природен филтер за чистење индустриски отпадни води. Технологијата, развиена од група морски биолози и инженери, се покажала исклучително ефикасна во апсорбирање на масла, бои и тешки честички. Лушпите, кои инаку најчесто завршуваат како органски отпад од ресторани и рибни пазаришта, се стерилизираат, мелат и се претвораат во филтрирачки слој. Благодарение на нивната ...
Потребата од дополнително греење секоја есен се чувствува поинаку, особено кога температурите ненадејно ќе паднат, а сметките за струја веќе предупредуваат дека сезоната ќе биде долга. Луѓето често велат „дома топло, ама паричникот мрзне“, па токму затоа се бара некаква попрактична формула, нешто што не бара голема инвестиција, а ќе даде резултат уште истата вечер. Има неколку решенија што ги сугерираат познавачи од енергетиката, кои објаснуваат ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во врска со временото запирање на ИПАРД програмата, кажа дека ќе се прават дополнителни проверки за да се утврди дали воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата, како и постоење мерки за заштита од измама и корупција. -Министерството за финансии односно Националниот координатор на ИПА фондовите кој се наоѓа во МФ, во петокот достави допис со којшто направи времено ...
Високите удели на јавниот долг во БДП-то во Европа, со тренд на раст, претставуваат ризик, сметаат во Бундесбанк, додавајќи дека повисоките јавни трошоци и товарот на каматата ја поткопуваат одржливоста на долгот на поединечните земји. Германскиот финансиски систем е длабоко интегриран во европскиот, а со оглед на клучната врска помеѓу државата и банките, ова би можело да претставува значителен ризик за неговата стабилност, објаснува членот на ...
И покрај континуираното зголемување на цените, владините политики, не само во блиското минато, туку и во последниве години, се крајно прецизни. Најдобар одговор на зголемувањето на цените е континуирано зголемување на приходите, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на пратеничко прашање од лидерот на ПАСОК, Никос Андрулакис, во врска со инфлацијата и зголемените трошоци за живот на граѓаните, пренесе дописникот на МИА од ...
Добивај вести на Viber Се очекува Европа да забележи скромен економски раст, но неколку земји во развој се прогнозира дека ќе имаат стапки двојно поголеми од глобалниот просек. Од Јужен Судан до Етиопија, силата на извозот ги движи клучните економии во 2025 година. Оваа инфографика ги прикажува најбрзорастечките економии во 2025 година, врз основа на проекциите од најновите светски економски перспективи на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Се ...
Египет се подготвува за транспортна револуција со воведувањето брзи возови кои наскоро ќе возат низ пустинскиот пејзаж. Siemens Mobility неодамна претстави нова генерација возови Velaro, дизајнирани за египетската клима, кои ќе достигнуваат брзина до 250 километри на час и ќе ги поврзуваат клучните градови низ целата земја, пишува Си-Ен-Ен. Пустински возови за 90 отсто од населението Нова верзија на возот Velaro на Siemens, популарно наречен ...
Економија ОГРОМЕН ПАД НА КИНЕСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СРБИЈА 14.11.2025 Нето-приливот на странски директни инвестиции (СДИ) во Србија за седум месеци од оваа година, според билтенот за јавни финансии на Министерството за финансии, изнесувал 1,258 милијарди евра, што е намалување од 55,3 проценти во споредба со истиот период лани. Во исто време, евидентиран е нето-одлив на портфолио инвестиции во износ од 450,5 милиони евра. СДИ во износ од ...
Добивај вести на Viber Компанијата Лукоил објави дека преговара за продажба на имотот со неколку потенцијални купувачи, а трансакцијата ќе биде објавена кога ќе се постигнат конечни договори и ќе се добијат потребните регулаторни одобренија. Во соопштението се наведува дека целта на компанијата е новиот сопственик на имотот во странство да обезбеди континуитет на работењето на компанијата, пренесува Тасс. Во октомври, САД и Велика Британија ...
Економија ТРОШОЦИТЕ ЗА ГЛОБАЛНИОТ УВОЗ НА ХРАНА СЕ ПОВИСОКИ ЗА ОСУМ ОТСТО, највисоки трошоци има во земјите со најниски приходи 14.11.2025 Трошоците за увоз на храна се зголемија силно оваа година, а приближно една петтина од вкупниот износ е составен од средства за овошје и зеленчук, како што пресмета агенцијата за храна на ОН, ФАО. Во 2025 година, глобалните трошоци за увоз на храна ќе бидат речиси осум проценти повисоки од минатата година и ...
Предлог Буџетот за 2026 година предвидува стабилност на македонската економија. Вака министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска започна да го брани буџетот за догодина кој го усвои владата. Пред пратениците таа посочи дека овој предлог Буџет носи сигурност на граѓаните, можност за инвестиции и стабилен економски раст. Меѓудругото, министерката истакна дека овој значаен дукумент за државата ќе придонесе за стратегија за рационално и ...
На денешната седница за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, која се осврна на делот кој се однесува на социјалната заштита и поддршката на граѓаните, истакнувајќи дека цврсто стои зад буџетската рамка, затоа што обезбедува зголемени средства за социјална заштита и поддршка на ранливите категории. „Предлог Буџетот за 2026 година обезбедува зголемени средства за социјална заштита, и ...