Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2026 година. И денеска пратениците од власта и опозицијата со спротиставени ставови и меѓусебни обвинувања за растот на економијата и за тоа кој повеќе придонел за животниот стандард на граѓаните. За опозицијата, предложениот буџет не се темели на реални проекции, туку на оптимистички и се користи за купување на социјален мир, а Владата ...
Добивај вести на Viber Градскиот Парк во Скопје во неделата (16.11.2025) пулсираше со машки дух, позитивна енергија и спортска мотивација. Повеќе од 400 велосипедисти – рекреативци, професионалци, татковци, синови и пријатели се приклучија кон четвртото издание на велосипедскиот настан „Пуштам брк, бркам здравје“ организиран од dm drogerie markt. Настанот полека прераснува во убава традиција, чија цел е да ја поттикне машката популација кон ...
За жал, неколку факултети не ги пријавија сите редовни студенти и за тој пропуст враќање назад нема. Но, за следниот месец тие ќе си ги добијат средствата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакции од студенти дека поради неажурност на некои факултети не можеле да аплицираат за субвенциониран студентски оброк и да ги добијат парите. Одговарајќи на новинарски прашања, министерката рече дека МОН ги контактирало ...
Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за геотермална вода. По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека ...
На денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, кој објасни дека овој Предлог-буџет претходи на соодветен економски раст, и направи компарација со претходните буџети за време на владеењето на СДС со што истакна дека за седум години БДП во просек растел 1,1% годишно. „На овој буџет му претходни соодветен економски раст, седум години СДСМ формирал и трошел државен ...
Предложениот Буџет за 2026 година е документ кој ја турка државата во уште подлабока сиромаштија, неизвесност и задолжување, а граѓаните ги остава заборавени. Оваа влада нема никаков план за достоинствен живот на граѓаните. Единствено што знае е да приредува театар што сите скапо го плаќаме, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулевски, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Тој потенцираше дека со овој предлог буџет граѓаните се ...
Полагањето за возачка дозвола од Б категорија од овој месец поскапе за речиси 10.000 денари, што ги изненади и револтираше кандидатите. Досега целата обука во авто-школите чинеше околу 24.000 денари, но сега цената се искачи на 34.000 денари. Дополнително, секој час на полигонот се наплатува 250 денари, што значи дека секој дополнителен час зад воланот сега претставува дополнителен трошок за кандидатите. Од авто-школите објаснуваат дека ...
Инвестициската икона Ворен Бафет честопати советувал едноставен пристап кон инвестирањето што може да му помогне на секого да започне. Иако многумина се чувствуваат несигурно или мислат дека немаат доволно пари, неговото решение ги таргетира токму тие пречки. Повеќе од една третина од Американците не поседуваат акции, а ново истражување од BlackRock ги открива клучните причини зошто луѓето го избегнуваат берзата. Во извештајот „Луѓе и пари“ ...
Добивај вести на Viber Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката, како што посочуваат од РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто. Новата малопродажна цена на горивата по полноќ ќе изнесува: ...
Економија Главен предизвик за инфлацијата беа домашните фактори, есенска прогноза на ЕК 17.11.2025 Во првата половина од 2025 година годишниот раст на македонскиот БДП се зголеми во просек на 3,2 отсто и се предвидува тој да продолжи да забрзува и во следните две години, поттикнат од инвестициите и приватната потрошувачка, се наведува во денеска објавената Есенска економска прогноза 2025 на Европската комисија, во делот посветен на економските ...
За многумина кои штотуку учат да возат, патот до добивање возачка дозвола може да биде долг и макотрпен – но за некои кандидати, процесот е многу постресен отколку што мислеле дека ќе биде. Бројките објавени од британската автошкола „АА“ откриваат дека еден кандидат потрошил дури 2.944 фунти (3.334 евра) обидувајќи се да го положи теоретскиот тест – 128 пати, без успех. Препорачано Друг кандидат успеал да го положи дури во 75-тиот обид, откако ...
Саксонскиот премиер Михаел Кречмер повика на продолжување на снабдувањето со руска енергија по воспоставувањето на прекин на огнот во Украина, објавува Funke. Политичарот ја критикуваше политиката на германската влада за целосно напуштање на соработката со Москва, нарекувајќи ја оваа позиција погрешна. Препорачано „Енергетската политика на Германија води кон деиндустријализација. Се откажавме од нашата конкурентска предност – ниски цени на ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23% во однос на одлуката од 11.11.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното ...
„Двајцата говорнци истакнаа дека Македонија и Австрија имаат одлична економска, соработка, Австрија се вбројува како еден од најголемите инвеститори во Македонија, а во таа насока соработката се темели на доверба, пријателски односи меѓу земјите и поволните услови за инвестирање“, информираат денеска од Министерството за транспорт. Вицепремиерот Николоски на средбата посочил дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус во развој на ...
Се додека не се постигне договор за зголемување на минималната плата во рамки на Економско-социјалниот совет (ЕСС), ќе важи постојната формула за нејзина пресметување. Владата ќе поддржи секаков договор, и за зголемување на минималната плата и за промена на формулата, но само ако има трипартитна согласност во ЕСС, од сите засегнати страни, рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Знаеме дека синдикатите секогаш ...
Во првата половина од 2025 година годишниот раст на македонскиот БДП се зголеми во просек на 3,2 отсто и се предвидува тој да продолжи да забрзува и во следните две години, поттикнат од инвестициите и приватната потрошувачка, се наведува во денеска објавената Есенска економска прогноза 2025 на Европската комисија, во делот посветен на економските перспективи на земјава. – И покрај силните перформанси на јавните приходи во првите девет месеци од ...
Добивај вести на Viber По повод Светскиот ден на предвремено родените, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организираше емотивна средба на предвремено родените деца, нивните семејства и тимот на Одделот за неонатална интензивна нега, одбележувајќи 15 години посветена работа, успешни приказни и најсовремена грижа за најмалите пациенти. Ден исполнет со силни емоции, детски насмевки, силни прегратки и солзи радосници. Ден кога предвремено ...
По силните економски перформанси во првото полугодие поттикнати од растот на извозот во очекување на зголемување на царините, економијата на ЕУ продолжи да расте и во третото тримесечје од 2025 година, со што економскиот раст на Унијата во првите три овогодишни квартали ги надмина очекувањата, покажуваат податоците во Есенската економска прогноза на Европската комисија за 2025 година. – Дури и во неповолно опкружување, економијата на ЕУ продолжи ...
Глобален шок на американските и европските берзи. Минатиот викенд светските финансиски пазари се соочија со зголемена нестабилност, поттикната од комбинација на монетарна неизвесност во САД, корекција на технолошките акции и нови знаци за забавување на кинеската економија. Иако инвеститорите влегоа во ноември со очекувања дека Федералните резерви ќе сигнализираат побрзо намалување на каматните стапки, неодамнешните изјави на американски ...
Канцеларијата за контрола на странските средства на Министерството за трговија на САД го продолжи рокот за завршување на трансакциите поврзани со преговорите и склучувањето договори за продажба на меѓународни средства на руската нафтена компанија „Лукоил“ до 13 декември, објави американската агенција. Американската страна исто така го продолжи рокот за завршување на трансакциите со бугарските подружници на „Лукоил“ до 29 април 2026 година. ...
Економија ЕКСКЛУЗИВНО: ФРАНЦУСКА КОМПАНИЈА ЌЕ ГИ МОДЕРНИЗИРА БОЛНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА? 17.11.2025г Еден од приоритетите на Владата е модернизација на болничката инфраструктура во земјата. Тоа е сериозен зафат што го привлекува вниманието на странските компании специјализирани за таков вид на активности. Веќе подолго време интерес пројавува француската групација Буиг, еден од светските лидери во областа на јавни проекти и градежништво. ...
На земјите од Западен Балкан им е потребна силна економска соработка, повеќе инвестиции, поголема трговска размена, повеќе бизниси и тоа е нешто што ќе придонесе кон поголема демократија, просперитет, владеење на правото и заедничка соработка меѓу нас. Никој не веруваше дека во 21 век на европска почва ќе има војна, наместо да зборуваме за економија, зборуваме за војна. Ова е аларм за сите нас, истакна вицепремиерот Александар Николоски во ...
Стопанствениците од Сојузот на стопанските комори во мисија на бизнис дипломатија. Тие веќе остварија средби со претставници од амбасадите на Швајцарија, Грција,Н.Р Кина, Израел и Н.Р Бангладеш. Целта според комората е да се постигне проширување на економската соработка и генерирање свежи идеи за развој меѓу македонската бизнис-заедница и земјите-партнери. Според информациите од ССК ваквите средби се важни за продлабочување на ...
На 1 октомври, пензионерите во Македонија ја примија септемвриската пензија со зголемување од 1.000 денари, како дел од владината мерка за олеснување на економската состојба на највозрасните граѓани во услови на постојан раст на трошоците за живот. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека веќе се подготвуваат детални анализи за идното процентуално покачување на пензиите, потребните финансиски средства и моделот на распределба што ќе се примени ...
Полагањето за возачка дозвола од Б категорија поскапе за речиси 10.000 денари, што остави многумина изненадени и револтирани, пренесува порталот Денар. Ако досега кандидатите плаќаа околу 24.000 денари за целата обука во авто-школите, од овој месец цената скокна на 34.000 денари, а плус на тоа се додава и трошокот за изнајмување полигон, кој чини 250 денари по час. Со други зборови, секој дополнителен час зад воланот сега значи и дополнителен ...
Со години, Македонија се обидува да го следи економското темпо на регионот: платите да растат, се најавуваат инвестиции, туризмот расте… Но, додека статистиката за раст изгледа охрабрувачка, друга статистика полека ги поткопува темелите на економијата – бројот на жители што ја напуштаат земјата. Илјадници луѓе ја напуштија Македонија во последниве две децении. На јазикот на економијата, ова значи едно: го губиме најважниот ресурс – работната ...
„Форд фокус“, некогаш најпродаваниот модел во светот, оди во историјата, додека фабриката ја започнува својата трансформација во центар за производство на модерни делови и компоненти. По „фиеста“ и „мондео“, сведоци сме на заминувањето на „фокус“, можеби најдобриот модел на „Форд“ од времето на „сиера“ и „ескорт“. Во наредните денови, последниот „фокус“ ќе излезе од производствената линија, а ќе му биде дадено посебно место – ќе биде изложен во ...
Економија Влатко Сулев: Туризмот може да биде најсилната економска гранка во земјава 17.11.2025г Како да привлечеме куповно моќни туристи кои обезбедуваат додадената вредност, и да ги задржиме на подолг престој Кога зборуваме за развој на туризмот и ефектите од него, не мислиме само на престој на странски туристи во локалните хотели, посета во македонски ресторани и кафулиња, винарии, музеи и археолошки локалитети, туку на нешто многу ...
Минималната плата во Македонија од март 2026 година ќе се зголеми за само околу 1.600 денари, што ќе ја донесе на околу 26.000 денари, велат од ССМ. Синдикатите предупредуваат дека ова е далеку под нивните очекувања за најмалку 600 евра и повторно го отвора прашањето за куповната моќ и достоинствените примања. Во споредба со соседните земји, минималецот во Македонија останува најнизок. Косово, Албанија, Србија, Република Српска, Босна и ...
Работодавачите во Македонија веќе исплатиле над 3,7 милијарди денари бруто-износ за регрес за годишен одмор или К-15, при што се уплатени и 372 милиони денари данок на личен доход. Исплатата се одвива на нешто повеќе од еден месец пред истекот на законскиот рок, кој трае до 31 декември. Просечниот исплатен износ годинава изнесува 24.290 денари, што е значително над минимално пропишаните 18.141 денар. Дел од компаниите исплаќаат повисоки износи, ...