Абу Даби, благодарение на инвестиција вредна 150 милиони долари, се позиционира како луксузна дестинација за сурфери. Во октомври 2024 година беше отворен Surf Abu Dhabi, вештачки базен за сурфање со најдолгиот бран во светот, долг 690 метри, на кој можете да се вози до една минута. Препорачано За разлика од другите слични објекти, овој базен е исполнет со 80 милиони литри морска вода, а со помош на подводно крило се создава совршен вештачки ...

Државниот завод за ревизија денеска го објави ревизорскиот извештај на тема: „Зелена транзиција преку промовирање на обновливи извори на енергија“. - Целта на ревизијата беше да се даде одговор на главното прашање: „Дали планираните реформи за енергетска транзиција со обновливи извори на енергија ќе обезбедат енергетска сигурност, економска стабилност и исполнување на меѓународните обврски за декарбонизација?“, велат од ДЗР. Целиот Извештај може ...

Разводот, сам по себе, е тежок чекор – емоционално, но и финансиски. Во Македонија официјалното прекинување на брак носи трошоци што многумина не ги очекуваат, сè до моментот кога ќе се најдат пред судската врата. Ана од Куманово раскажува дека ѝ требало повеќе од една година да собере храброст, а уште толку време за да собере пари. „Знаев дека нема враќање, ама кога ми кажа адвокатката колку ќе ме чини… ми се смати. Немав ни за кирија тогаш, а ...

Економијата на Данска стана неразделно поврзана со судбината на фармацевтскиот гигант Ново Нордиск, производител на популарните лекови Оземпик и Вегови. Успехот на компанијата ја поттикнуваше данската економија со години, но неодамнешните знаци на забавување предизвикаа загриженост за преголема зависност. Ова е потврдено со значителното намалување на прогнозата за раст на БДП за 2025 година, од 3 на само 1,4 проценти. Препорачано Влијанието на ...

Во Долниот дом на Конгресот на САД се формираше невообичаена алијанса од пратеници кои ретко се согласуваат за други прашања, но овојпат се здружија за да поддржат предлог-закон со кој на членовите на Конгресот и нивните семејства ќе им се забрани да поседуваат и тргуваат со акции на компании. Оваа група вклучува претставници од екстремната десница, левицата, политичари од центарот и други. Тие се обединија за да ја поддржат забраната, која има ...

Добивај вести на Viber Новиот Закон за игрите на среќа, кој уште не е изгласан, но треба да се донесе по скратена постапка, ги мобилизира автoмат клубовите и казината во ново коцкарско здружение „Мак Гејминг“. Најпрфилирана членка е Про-Бетинг Скопје, компанија преку која лани се свртеле 180 милиони евра за обложување, понатаму Тхе-Слотс, тетовската Гаминг Професионал, битолските Клуб Казино 77 и Клуб Слот 77, како и Монополи Консалтинг од ...

Добивај вести на Viber Компанијата Макстил ќе се задолжи со сума од 45 милиони евра кај Стопанска банка Скопје, кредит кој како што посочуваат ќе се искористи за поддршка на тековно работење, но и враќање на долгорочни и краткорочни кредити. Притоа кредитот според објавата ќе треба да се врати до крајот на 2040 година. Макстил преку Македонска берза известува дека „се одобрува голема зделка, која што се состои во склучување на Договор за ...

Добивај вести на Viber Познати се инвеститорите во нови корпоративните обврзници од третата емисија на обврзници кои ги издава ТТК Банка АД Скопје. Станува збор за издадени долгорочни должнички хартии од вредност како капитален инструмент (капитална обврзница) кои ќе се користат за зголемување на капиталот на Банката. Сите планирани обврзници се распродадени и за истите сопствениците имаат право на камата. Вкупната вредност на емисијата е еден ...

Добивај вести на Viber Во Кавадарци, Неготино, Росоман, сопствениците на лозја бараат берачи на грозје, а условите и висината на дневницата е различна. Некаде плаќаат фиксна сума, некаде плаќаат според тоа колку гајби со грозје ќе набере работникот. Дел од газдите на лозјата нудат и оброк и превоз за работниците. Но, останува старата мака. Работници нема, а најтешко се наоѓаат искусни луѓе за работа. „Кај мене работат на гајба и земаат по 2.000 ...

Добивај вести на Viber Во првата половина од годината, Германија отвори најмногу ветерни паркови во Европа, според податоците од здружението WindEurope. Сепак, вкупниот раст на капацитетот на континентот остана под очекувањата. Турбини со вкупна моќност од околу 2,2 гигавати (GW) беа инсталирани на копно и море, со што Германија се најде на првото место во Европа. По неа следуваат Шпанија со 889 мегавати (MW) и Велика Британија со 760 MW. ...

Според информациите од кипарскиот завод за статистика, приходите остварени од туризмот на Кипар, во периодот од јануари до јуни оваа година, бележат пораст од 21,3 проценти во однос на истиот период минатата година, достигнувајќи сума од 1,38 милијарди евра. Ова го пренесе дописничката на МИА од Атина. Според статистичките податоци за јуни 2025 година, приходите од туризмот се искачија на 422,3 милиони евра, што е зголемување од 9,6 проценти во ...

Европската комисија денес го одобри вториот пакет секторски предлози, со кои се заокружува структурата за претстојниот повеќегодишен буџет на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година. Со сегашниот предлог за Програмата за единствениот пазар и царините се алоцираат 6,2 милијарди евра, а за програмите поврзани со правдата – 800 милиони евра. За истражувања и обука во склоп на Евроатом се наменети 6,7 милијарди евра, за Инструментот за соработка во ...

Одржан е првиот состанок на одборот на украинско-американскиот инвестициски фонд, клучен дел од договорот за ресурси што беше во срцето на разговорите на администрацијата на Доналд Трамп со Киев. Состанокот, одржан на 3 септември, го означува почетокот на работењето на фондот дизајниран да го одржи американскиот интерес во Украина и да ѝ помогне на нејзината економија разурната од војната, објавува The Kyiv Independent. На состанокот, одборот ...

Брисел, 3 септември 2025 (МИА) - Индустриските производни цени во ЕУ во јули годинава се зголемија во споредба на претходниот месец за 0,6 отсто, додека на ниво на Еврозоната нивниот месечен раст изнесуваше 0,4 проценти, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. Ваквиот месечен раст на цените сепак е помал од оној во јуни 2025 година кога на ниво на ЕУ изнесуваше 0,7, а во Еврозоната - 0,8 отсто. Споредено на годишно ниво, во ...

Синдикатот на јужнокорејскиот автомобилски гигант „Хјундаи“ неделава ќе стапи во тридневен делумен штрајк во повеќе фабрики ширум земјата. Се бара скратување на работните смени и повисоки плати, пренесе „Ројтерс“. Препорачано Синдикатот, кој ги брани правата на околу 40.000 вработени во компанијата, ќе започне со делумен штрајк во повеќе фабрики ширум земјата, вклучувајќи ги оние во Улсан, Чонџу и Асан. Работниците ќе ги напуштат своите работни ...

Добивај вести на Viber Во странство, дури и руралните места не се изолирани - тие имаат градинки, продавници, развиена инфраструктура и добри врски со поголемите градови. Во многу западноевропски земји е сосема нормално да се живее неколку десетици километри од голем град и да се патува на работа секој ден. Сепак, во Хрватска, таквиот начин на живот сè уште предизвикува изненадување и отпор, пишува Слободна Босна. „Зошто е нормално Хрватите да ...

Минималната бруто месечна плата во Албанија изнесува 408 евра на крајот на јуни, според најновите ажурирани податоци од Европскиот статистички институт, Евростат. На ова ниво, минималната плата не само што е најниска во Европа (со исклучок на земјите од поранешниот Советски Сојуз), туку е и многу пониска отколку во другите земји од Западен Балкан. Највисоката минимална плата во регионот е во Црна Гора, со 670 евра месечно. Во споредба со пред ...

Економија Царините на Трамп ја намалија светската трговија 03.09.2025 Трговијата што е во согласност со прописите на Светската трговска организација (СТО) опадна на најниско ниво од крајот на Втората светска војна, предупреди генералната директорка на органзиацијата, Нгози Оконџо-Ивеала. Американскиот претседател, Доналд Трамп, годинава воведе високи царини за голем број трговски партнери што предизвика лавина од одговори и поттикнувајќи тензии ...

По пресудата на Трговскиот суд за целосно поништување на одлуката на Регулаторната канцеларија за енергетика и откако ги добија фактурите од КЕК, како снабдувач во краен случај, меѓу големите косовски компании се водат дискусии за можни нови тужби. Според Косовската стопанска комора, можни се тужби за фактури што компаниите ги добиле од КЕК без претходно склучен договор. Препорачано Неколку дена по добивањето на фактурите за јуни, се ...

Стапија во сила изменетите правила за увоз на возила кои носат вистинска револуција за сите граѓани и компании што сакаат да внесат автомобил од странство. Со новиот Правилник, сите возила кои имаат европско или македонско одобрение веќе нема да поминуваат долги и комплицирани постапки за единечно одобрување. Вакво одобрување ќе биде потребно само за возила без претходно издадено национално или европско одобрение, а за нивната проверка ќе се ...

Инженерите не само што ја обликуваат сегашноста, туку тие ќе ја проектираат и иднината. Тие го движат светот, ние државата, образовните и научните институции, бизнис-заедницата, граѓанските организации, сме должни да помогнеме да го реализираат она што го поседувате, највредното – знаењето. Тоа го истакна денеска од Охрид претседателката на Републоика Македонија Гордана Сиљаноска – Давкова на доделувањето на признанието „Инженерски прстен 2025“ ...

Два месеци станбените кредити во Хрватска се одобруваат според построги минимални критериуми пропишани од Хрватската народна банка. Со самото објавување на новите мерки на ХНБ, многумина кои очекуваа тие да ја намалат нивната кредитна способност побрзаа да земат кредити. Дали нивниот раст се забави, или поточно колку, почнувајќи од јули? Првите конкретни податоци сè уште се очекуваат, но за оние кои штотуку започнуваат проект за купување ...

Здружението на земјоделци на Федерацијата Босна и Херцеговина објави дека апелираат и молат по втор пат да се пропуштат цистерни со сурово млеко и камиони со расипливи земјоделски производи низ блокираните патишта, но никој не реагира. Препорачано Здружението наведува дека ги молеле луѓето затоа што ја разбираат состојбата во патниот транспорт, но очекувале и тие да ја разберат состојбата во земјоделството, која е лоша. Не може да се поднесе ...

Дел од цигарите на македонскиот пазар веќе поскапеа за 10 денари, а трговците најавуваат дека истата судбина ги чека и останатите марки. Производителите го правдаат потегот со повисоката акциза и зголемените трошоци, но пушачите – како и секогаш – најсилно ја чувствуваат променава во сопствениот џеб. Во кратка анкета на улиците на Скопје и Битола, реакциите се поделени меѓу лутина, резигнација и едноставно прифаќање на реалноста. „Јас пушам една ...

Кинеската компанија Dongfang Electric Corporation ја изгради најголемата офшор ветерна турбина во светот во Кина, со капацитет од 26 MW. Оваа турбина, која може да снабдува електрична енергија за 25.000 домаќинства, постави нов стандард во глобалниот развој на енергијата на ветерот. Препорачано Дијаметарот на лопатките на турбината е поголем од 310 метри, а висината е 185 метри. Една од нејзините клучни карактеристики е нејзината способност да ...

Според извештајот на „Глобален енерџи монитор“, до 2035 година Гвајана ќе стане светски лидер во растот на производството на нафта. Потоа се очекува да произведува околу 2 милиони барели дневно, што е еднакво на комбинираното производство на Колумбија, Еквадор, Перу, Тринидад и Тобаго и Венецуела во 2022 година. Препорачано Економскиот бум започна во 2015 година, кога американскиот гигант „ЕксонМобил“ откри огромни резерви на нафта. Гвајана ...

Економија Во ЕУ најмногу поскапеле енергенсите 03.09.2025 Индустриските производни цени во ЕУ во јули годинава се зголемија во споредба на претходниот месец за 0,6 отсто, додека на ниво на eврозоната нивниот месечен раст изнесуваше 0,4 проценти, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. Ваквиот месечен раст на цените сепак е помал од оној во јуни 2025 година кога на ниво на ЕУ изнесуваше 0,7, а во Еврозоната - 0,8 отсто. ...

Денешната воена парада во Пекинг јасно покажува дека Кина брзо ги достигнува САД во воената технологија и има ресурси за изградба на огромен арсенал на оружје. Но, аналитичарите велат дека САД сè уште имаат предност во начинот на кој спроведуваат операции. „Американската војска има култура што им дава поголема слобода на единиците на терен да донесуваат одлуки и да воведуваат иновации, додека кинескиот систем е строго хиерархиски – сè доаѓа од ...

Бидејќи растечките трошоци за живот и глобалната економска неизвесност продолжуваат да ги оптоваруваат многумина финансиски, некои иселеници открија дека преселувањето во странство може да биде полесно за нивните паричници, а еве ги најповолните и најскапите земји за живеење. Петта година по ред, Виетнам е најдобрата земја во светот за иселеници, заземајќи го првото место од 46 дестинации кога станува збор за лични финансии, според анкетата ...

Откриена е голема измама во Грција: Проневерени се 22,6 милиони евра земјоделски субвенции од Европската Унија. Грција беше потресена од огромна афера. Истрагата го опфаќа периодот помеѓу 2019 и 2024 година, што е и првиот и актуелниот мандат на десничарскиот премиер Киријакос Мицотакис. Првичната истрага на грчките власти, која сè уште е во тек, откри дека износот на голема измама поврзана со земјоделските субвенции од ЕУ доделени на Грција, ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
47%
1014
weather icon

Белград

28ᴼ / 24ᴼ
3.6
63%
1015
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
49%
1016
weather icon

Софија

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
31%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
6.64
22%
1013
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
63%
1016
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
9.77
35%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.6
42%
1012
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
39%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
6.69
28%
1014
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
1.03
49%
1016
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
10.29
100%
1010
Currency

61.535

Currency

52.7787

Currency

70.9468

Currency

34.5046

Currency

38.2284

Currency

65.562

Currency

7.38981

Currency

0.64948

Currency

0.35584

Currency

0.52474

Currency

1.28186

Currency

0.59888