Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Златото се движеше во тесен опсег, бидејќи спротивставените сигнали за напредокот на разговорите за прекин на огнот меѓу САД и Иран продолжија да ги тераат трговците да се прашуваат дали централните банки можеби ќе треба да ги одржуваат каматните стапки повисоки подолго време за борба против инфлацијата. Златото се тргуваше за околу 4.540 долари за унца, што е малку променето во однос на претходната недела. Техеран е во процес на одговарање ...
Вашингтон – Кевин Ворш денеска официјално ќе застане на чело на Управата за федерални резерви на САД (ФЕД), откако ќе даде свечена заклетва пред претседателот Доналд Трамп на церемонија во Белата куќа. Ворш беше потврден на функцијата на 13 мај со гласање кое помина речиси целосно по партиска линија. Неговиот претходник Џером Пауел ќе остане член на Управниот одбор на централната банка на САД до 2028 година. Педесет и шестгодишниот Ворш ќе ...
Добивај вести на Viber Земјиштето на огромниот овошен расадник „Цветан Димов“ во скопската населба Ново Лисиче во Општина Аеродром во изминатиот период е продадено на градежен инвеститор кој таму на овој „бришан простор“ планира да гради станбени згради. Купувач, според регистарот на парцели на Агенцијата за катастар, е Јунајтед Билд Груп, компанија регистрирана во јули 2025 за изградба на станови. Купени се најмалку три големи парцели со ...
Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) од 1 јули повторно ја отвора темата за правата на работниците и финансиските можности на работодавачите. Додека законската обврска за исплата останува јасно утврдена со колективните договори, висината на К-15 зависи од просечнатат плата која постојано расте и годинава се очекува дополнително зголемување на износот. Сепак, економските предизвици и неизвесноста во дел од стопанството можат да ...
Европската Унија ќе предложи привремено укинување на санкциите врз голем кинески снабдувач на полупроводници откако производителите на автомобили предупредија за претстоен хаос во синџирот на снабдување доколку забраната не се отстрани. Европската комисија, извршната власт на ЕУ, ќе предложи исклучок за производителот на чипови „Јангџоу Јанџие Електроник Технолоџи Ко.“ уште оваа недела, според луѓе запознаени со ова прашање. ...
Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“ организира јавна трибина на тема „Држава за сите или плен за малкумина – може ли Македонија да ја победи корупцијата?” Во дискусијата, како што е најавено, ќе се вклучат експерти, членови на дипломатскиот кор, претставници на академската заедница и на цивилното општество, за да се развие расправа за корупцијата во Македонија. Воведни обраќања ќе имаат универзитетскиот ...
Добивај вести на Viber Глобалниот пазар на нафта се соочува со сериозни нарушувања поради воените конфликти во Иран и блокадата на Ормуската теснина, што ја загрозува испораката на сурова нафта и гас. Економистите предупредуваат дека ова може да доведе до значително поскапување на транспортот, земјоделската продукција и основните животни намирници, со ризик од нов бран инфлација. Од почетокот на конфликтот, на 28 февруари, и затворањето на ...
Македонската економија влегува во период на забавување токму кога јавните финансии стануваат потесни, инфлацијата повторно притиска, а извозот не успева да го следи ритамот на домашната побарувачка. Во Пролетните економски прогнози, Европската комисија предвидува раст од 3,2 отсто во 2026 година и 3,1 отсто во 2027 година, по забрзување на БДП на 3,5 отсто во 2025 година. Тоа значи дека економијата формално расте, но со сè послаб здив. ...
Конфликтот на Блискиот Исток значително ја промени глобалната економска слика, стои во пролетната прогноза на Европската комисија. Пред почетокот на војната со Иран, глобалната економија земаше замав. Притисокот што го создаваа царинските политики на Трамп беше амортизиран од намалувањето на инфлацијата и силниот инвестициски циклус поврзан со развојот на вештачката интелигенција. Но, од крајот на февруари светот влезе во едно од ...
Сметката за струја може да поскапи и за човек што никогаш не влегол во дата-центар, не изнајмил сервер и не знае каде му стојат податоците на „облакот“. Доволно е некаде во земјата да се појави голем дигитален инвеститор, да побара огромна количина струја, а мрежата да не биде подготвена. Тогаш почнува вистинското прашање: кој ќе плати за каблите, трафостаниците, приклучоците, резервните капацитети и новите инвестиции во системот? Теоретски, ...
Претставниците на земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за спроведување на контроверзниот царински договор со Соединетите Американски Држави. Кипарското претседателство рано во среда соопшти дека преговарачите „штотуку постигнале привремен договор за две регулативи со кои се спроведуваат намалувањата на царините на ЕУ утврдени во заедничката изјава меѓу ЕУ и САД“. Под притисок на неодамнешните закани од американскиот ...
Летната сезона уште не почнала како што треба, а на Јадранот веќе се гледа нервоза. Хрватска чека резервации до последен момент, Црна Гора се обидува да ја смири ценовната трка, а Албанија сè погласно се продава како нова омилена дестинација за гости што сакаат море, сонце и сметка од којашто не боли глава. Туризмот во регионот влегува во сезона во која повеќе не е доволно само да имаш плажа. Сега прашањето е едноставно: колку чини одморот? ...
Викендот за многумина е одмор, ама за македонските работници често е само уште една смена. Според податоците на Евростат, 32 проценти од работниците во Македонија работат за време на викендите, со што земјата влегува меѓу европските држави каде саботата и неделата најчесто не значат слободни денови. На европско ниво, 21.3 проценти од вработените редовно работат во сабота и недела, покажуваат податоците за 2025 година. Зад оваа бројка не стои ...
Во 2024-та година, луѓето во ЕУ патувале со железница 8,7 милијарди патувања, што изнесува вкупно 444,5 милијарди патнички километри, највисоко ниво во последните години, според новата анализа на Евростат, статистичката канцеларија на Европската Унија (ЕУ). Германија и Франција се најголемите комбинирани придонесувачи во перформансите на железничкиот патнички транспорт, со 109,1 и 107,3 милијарди патнички километри, соодветно. По нив следува ...
Платата стигнува, но радоста трае кратко. Неколку минути, можеби еден ден. Додека да се платат сметките, ратата за кредит, картичката, градинката, телефоните, струјата, парното, интернетот. Потоа останува она што семејствата сè почесто го нарекуваат „за преживување“. Во многу домови денес математиката е сурово едноставна: едната плата оди за долгови, другата за храна. Ако во куќата влегуваат две плати, некако се турка. Ако има само една, ...
Најнапред се одложува замената на дограмата. Потоа поправката на кровот. Влагата во аголот се премачкува со боја, колку да не се гледа. Еден штекер не работи, но сите во домот знаат кој е. Бојлерот „ќе издржи уште малку“. Цевката прокапува, а под неа стои леѓен. Така изгледа падот на стандардот кога не се мери само преку цените во маркетите, туку и преку ѕидовите, таваните, прозорците и подовите во домовите. Домот старее полека. Не испраќа ...
Јапонија и Кина го предводат повлекувањето на странските влади од американските државни обврзници, бидејќи последиците од Заливската војна ги поттикнуваат стравувањата за валутите, објави „CNBC“. Странските влади продадоа американски државни обврзници во март, бидејќи војната на Блискиот Исток ги принуди централните банки да ги ликвидираат доларските резерви за да ги заштитат локалните валути од енергетскиот шок што ги погоди девизните ...
Општина Маврово и Ростуше продолжува со континуираните инвестиции во правец на подобрување на локалната патна инфраструктура. Во моментов, активно се спроведува втората фаза од проектот за рехабилитација, санирање и асфалтирање на локалниот пат кој ги поврзува селата Велебрдо и Требиште – информираше Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за односи со јавноста во општината. Со текот на работите денеска попладне се запознаа градоначалникот Онер ...
Францускиот министер за буџет Давид Амиел вети нови мерки во вредност од 710 милиони евра, односно 823 милиони долари, за поддршка на домаќинствата и компаниите погодени од растот на цените на енергијата поради војната со Иран. Оваа помош доаѓа покрај веќе предвидените 470 милиони евра за таргетирана поддршка на индустриите, вклучително и патниот транспорт и рибарството. Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно. ...
Растот на домашниот бруто производ во Македонија годинава малку ќе забави на 3,2 отсто, што е за 0,1 процентен поен помалку во однос на процената од минатата есен, се вели во Пролетните прогнози на Европската комисија обхјавени денеска. За наредната 2027 година, ЕК предвидува натамошно „ладење“ на македонската економија и раст од 3,1 отсто, што е за 0,2 процентни поени помалку од претходните проекции. Исто така, како што стои во делот од ...
Почитувани колеги и колешки од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ако расправаме за задолжувањето од 260 милиони евра, тогаш да расправаме со бројки, со документи и со економска логика, а не со обвинувања дека опозицијата немала аргументи. Првиот аргумент е дека ова задолжување е симптом на исцрпена фискална позиција. Владата првично барала 300 милиони евра, а договорила 260 милиони евра. Оваа разлика меѓу бараното и добиеното е ...
Binance, една од водечките платформи за дигитални средства во светот, ја поканува локалната крипто-заедница, ентузијастите и сите заинтересирани за дигитални финансии на одбележување на Bitcoin Pizza Day во Скопје, кое ќе се одржи на 22 мај, од 12:00 до 17:00 часот во пицерија Impasto. Bitcoin Pizza Day е еден од најпознатите датуми во историјата на крипто-индустријата. Пред 16 години, програмерот Ласло Хањец ја направи првата реална ...
Помалку работници во индустријата, но поголемо индустриско производство на годишно ниво. Последниот извештај на Државниот завод за статистика покажува дека на годишно ниво производствот во индустријата бележи раст од три отсто. Но, во поголемите и позначајните сектори производството е во минус. Според податоците намалено е производството во секторот Рударство и вадење камен од 6,2 отсто како и во секторот, Снабдување со електрична енергија, ...
Германскиот технолошки гигант "Костал"од Охрид со амбициозни планови за иднината. По рекордната деценија во која компанијата влезе во топ 5 извозници во земјава со очекувани 280 милиони евра приходи годинава, менаџментот најавува нови инвестиции во електромобилноста. Првиот човек на компанијата, Виктор Мизо, потенцира дека Охрид веќе не е само туристички, туку и сериозен напреден индустриски центар. Германскиот технолошки гигант "Костал"од ...
Врз основа на обемна анализа од Европската комисија, Нови Сад се претстави како еден од најуспешните примери за долгорочен развој на Европска престолнина на културата, соопшти денеска Фондацијата Нови Сад 2022. Истражување, прво од таков вид спроведено од ЕК откако проектот EPK постои од 1985 година, го издвои Нови Сад меѓу 22 градови, поранешни носители на титулата и според резултатите од анализата градот беше истакнат во речиси сите клучни ...
Европската комисија прогнозира дека економијата на Србија годинава ќе порасне за 2,8 проценти, а следната година растот дополнително ќе забрза и ќе достигне 3,9 проценти, поттикнат од јавните инвестиции, растот на платите и подготовките за меѓународната изложба EXPO 2027 во Белград. Според најновите пролетни економски прогнози на Европската комисија, домашната побарувачка ќе биде главен двигател на растот, особено поради засилените ...
По значителното забавување лани, економскиот раст на Србија ќе достигне 2,8 проценти оваа година и 3,9 проценти следната година, бидејќи домашната побарувачка ќе има корист од големите јавни инвестиции поврзани со специјализираната изложба EXPO27 и од зголемувањето на платите и пензиите, прогнозира Европската комисија. Во пролетните економски прогнози на Европската комисија објавени денеска, се предвидува и дека фискалниот дефицит на Србија ...
Големата разлика меѓу откупните и малопродажните цени на земјоделските производи повторно предизвика револт кај земјоделците. Тие реагираат дека додека производителите едвај ги покриваат трошоците за производство, трговците остваруваат огромна заработка, продавајќи ги производите по двојно повисоки цени на зелените пазари и во маркетите. Според земјоделците, доматите моментално, на големо, се откупуваат по 50 денари за килограм, додека во ...
Цените на енергијата вртоглаво растат поради војната со Иран и ја оптоваруваат европската економија. Европската комисија ја ревидира својата прогноза за германската економија, додека еврозоната исто така расте значително побавно од очекуваното. Поради високите цени на енергијата што произлегоа од војната со Иран, Европската комисија ја преполови прогнозата за економски раст во Германија во 2026 година. Економските експерти сега очекуваат ...
Струга, 21. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, на 23 мај 2026 година, Nabizi Retail Park слави една година, а воедно се отвора првиот маркет на мултинационалниот гигант на супермаркети, Spar во регионот. – Со препознатлив светски квалитет, високи стандарди на услуга и модерно шопинг искуство, Spar носи ново ниво на купување за потрошувачите од Струга и целиот регион. Како еден од најголемите светски синџири на супермаркети, Spar е присутен во ...