Плодни дискусии за претставите избрани во официјалната селекција се случуваат на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. „Амадеус“ на Турскиот театар и „Случајната смрт на еден анархист“ на Театарот од Штип го привлекоа вниманието и на публиката во гледалиштето, но и на разговорите. Целата актерска екипа, како и режисерот Андреј Цветановски учествуваа на тркалезната маса што во чест на претставата „Амадеус“. Уметничката дириекторка на ...
Во четвртиот фестивалски ден на МТФ „Војдан Чернодрински“ се одржа и трибина на тема „Помеѓу отворениот дијалог и удобниот молк – театарот и општеството“. Што е поопасно за едно општество: Дали е тоа конфликтот кој проилегува од овој отворен јавен дијалог, или, пак, удобноста на молкот и резигнацијата? Вака модераторот Кристина ја испровоцира дискусијата на првата од двете трибини на фестивалот. -Францускиот социолог Жан Дивињо вели: театарот ...
„Помеѓу отворениот дијалог и удобниот молк – театарот и општеството“ беше тема на трибината што се одржа вчера во рамки на четвртиот фестивалски ден на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. „Што е поопасно за едно општество: Дали е тоа конфликтот кој проилегува од овој отворен јавен дијалог, или, пак, удобноста на молкот и резигнацијата?“ Вака модераторката Христина Цветаноска-Станкоска ја испровоцира дискусијата на почетокот на трибината. ...

