
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Двајца агенти биле снимени како стојат пред домот на актерот, а на нив им се придружиле и двајцата заменици на шерифот. ФБИ наводно го истражувал неодамнешниот инцидент во кој приватен дрон се судрил со хеликоптер кој гаснел пожари во Лос Анџелес. Потсетуваме дека Афлек мораше да ја напушти својата вила вредна 20 милиони долари, која остана недопрена од пожарот. Викендов папараците го снимија пред вилата со најстарата ќерка Виолет (19) која во ...
„Нема да дозволиме да бидеме во ситуација да мораме да го слушаме Милановиќ како дава заклетва за Уставот, што потоа го прекршува. Донесовме одлука да не одиме на инаугурацијата. Тоа е политички став. Некој со месеци го крши Уставот и не дозволува началникот на Генералштабот да дојде во парламентот“, изјави Пленковиќ по седницата на Претседателството на ХДЗ. Милановиќ не честиташе ниту во 2016, 2020, ниту 2024 година, нагласи тој. „Нема да ...
Телото на актерката наводно било пронајдено во куќа која изгорела до темел, објави Дејли Мејл. Тажната вест ја потврди и нејзиното семејство. „Пред околу еден час судскиот вештак потврди дека нејзините останки се пронајдени на имотот“, напишала една од нејзините правнуки на Фејсбук. Актерката позната како Momma D глумеше во „Lady Sings the Blues“, имаше 95 години и долго време беше во пензија. Таа се појави и во филмовите „The 10 Commandments“ и ...
Посредникот Катар им го претстави на Израел и Хамас конечниот нацрт-договор за прекин на огнот во Појасот Газа, откако бил постигнат пробив во разговорите на полноќ во присуство на претставник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави за Ројтерс официјален претставник запознаен со разговорите. Официјалниот претставник рече дека текстот на договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците бил дефиниран со разговорите ...
„Иднината на европската и глобалната безбедност зависи од исходот на војната во Украина. Сите сакаме оваа војна да заврши. Но, пред сe, сакаме мирот да трае. Не знам како или кога ќе заврши војната, но знам дека мирот нема да потрае ако Путин се снајде во Украина, бидејќи тогаш тој ќе продолжи напред“, рече Руте. Руте ги повика европратениците да го поддржат неопходното зголемување на буџетите за одбрана на земјите од ЕУ бидејќи целта за трошоци ...
Во рамки на денешната емисија „Аргумент +“ на телевизија 24, гостуваше Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Митева стави акцент на актуелните интерпелаци, и прашањето за бегалецот од правдата Артан Груби. Митева ја истакна и стабилноста и функционалноста на коалициските односи, притоа критикувахќи ја опозицијата за политичко калкулирање и етнички мотивирани интерпелации. „Во рамки на владината коалиција можам да кажам дека функционира ...
Министерството за здравство попладнево информира за успешна трансплантација на Клиниката за ортопедија, со имплант, односно коска од починат донор, што е имплантирана на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија. Како што истакнуваат од Министерството, кај нас за првпат е извршен ваков тип трансплантација. Детето, нагласуваат од Министерството, е со уреден постоперативен тек. Во пишаната изјава на проф.д-р Билјана Кузмановска, национален ...
Реал Мадрид – Барселона 2:5! Кој ли само можеше да претпостави. На двата последни меча “кралевите“ примија дури девет гола од Барса. Среќа за тимот од Мадрид што по 1:5 беше исклучен Шчесни, па Ханси Флик мораше да прави рокади во тимот. Којзнае што ли ќе беше со Реал ако Барса играше со 10 играчи во поле? Токму затоа по вчерашното финале во Суперкупот на Шпанија, кое се одигра во Џеда, фановите на Реал се гневни, да не говориме за Дон ...
Прелиминарните проценки го надминуваат обемот на штетите од сезоната на пожари во 2020 година, изјави главниот метеоролог на компанијата, Џонатан Портер, предупредувајќи дека шумските пожари во областа на Лос Анџелес би можеле да станат најлошите во модерната историја на Калифорнија доколку изгорат повеќе структури, објави NBC. Некои од најскапите недвижнини во САД се наоѓаат на потегот од Малибу до Санта Моника, а многу куќи во таа област ...
Тие живеат во речиси сите мориња и океани, што е невообичаено за другите китови. Сепак, тие претпочитаат поумерени и постудени региони. Тие се врвни предатори, понекогаш наречени „морски волци“. Феноменот е забележан од експерти од Германија, Шпанија, Велика Британија и Чиле, за тоа како орките можат да имитираат човечки говор. Целата студија е објавена во списанието „Proceedings of the Royal Society B: Biological Sciences“, а сѐ е документирано ...
Опасно силни ветрови се очекува да продолжат да дуваат низ Лос Анџелес денеска, што потенцијално ќе ги загрози напорите за гаснење на двата шумски пожари кои опустошија цели населби и убија најмалку дваесет луѓе. Сувите ветрови од Санта Ана со брзина од 80 до 112 километри на час се очекува да продолжат да дуваат до среда, соопшти Националната метеоролошка служба, издавајќи црвено предупредување за „посебно опасна ситуација“. Гувернерот на ...
Се прогнозира дека сувите ветрови Санта Ана, со брзина од 50 до 70 милји на час, ќе продолжат до среда, соопшти Националната метеоролошка служба, издавајќи црвено предупредување за „особено опасни услови“. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, рече дека државата претходно распоредила пожарникари во најранливите области во текот на викендот, вклучувајќи ги и оние околу пожарите во Палисадес и Итон, двата најголеми што избувнаа во Јужна ...
Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се евидентирани од 6 до 12 јануари. По два случаја се регистрирани во Куманово и во Струмица, по еден во Скопје и во Кичево, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавени денеска. Пет лица од новите случаи биле на возраст над 60 години. Еден случај бил регистриран од возрасната група од 40 до 49 години. Во текот на 2025 година, а заклучно со 12 јануари, регистрирани биле вкупно ...
Европската комисија на 3 јануари објави дека Фон дер Лајен има тешка пневмонија и дека нејзините обврски за следните две недели се откажани, пренесува Еј-Би-Си Њуз. The European Commission has denied that it had tried to cover up the state of health of its president, Ursula von der Leyen, after the head of the EU’s executive branch was admitted to hospital with severe pneumonia. https://t.co/QTGBGNBLzJ https://t.co/QTGBGNBLzJ — Belfast Telegraph ...
Трагедијата се случила околу пладне на планината Пунта Валгранде, на границата меѓу Италија и Швајцарија. Лавината погодила група од пет скијачи, јавуваат медиумите. Двајца преживеале и со хеликоптер биле пренесени во болница. Лавината неколку стотини метри ги влечеше скијачите кои загинаа по удолницата, нанесувајќи им фатални повреди. Операциите за извлекување на телата се уште се во тек. Први интервенирале некои скијачи, кои ги извлекле ...
Двајца активисти влегоа во Вестминстерската опатија - место на кралски свадби, крунисувања, погреби и голема туристичка атракција - денеска наутро и употребија боја со спреј на гробот на Дарвин, се вели во соопштението на групата. Активистите напишаа „1,5 е мртов“ со портокалова боја на површината на белиот мермерен надгробен споменик - упатување на неодамнешната вест дека глобалните температури во 2024 година за прв пат надминаа 1,5 степени ...
Безбедносните камери на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ снимија неверојатен настан на 8 јануари - жена која некако успеала да им побегне на чуварите, без документи или билет, се лизнала под неодамна отворените е-порти и стигнала до авионот кој требало да полета за Малта, и покрај строгото обезбедување на аеродромот и полицијата. Таа во Белград пристигнала со лет од Франција, откако била депортирана од таа земја. Според новите правила, ...
Неполни 75, наспрема 25-те проценти за кандидатот на ХДЗ, Драган Приморац е епилогот од изборите, кои долго ќе се анализираат. Милановиќ порача дека ѝ подава рака на владата, но и дека резултатот е јасен сигнал не до него како победник, туку до премиерот Пленковиќ. -Освен тоа, ова е порака, плебисцитарна порака на хрватскиот политички народ до оние кои треба да ја слушнат, а ја ги молам да ја чујат. Владата е најодоговорна во оваа држава и ја ...
Јирген Клоп викендов ја започна својата нова работа во Ред Бул со тоа што се појави на два меча на клубови кои се под капата на големата компанија. Германецот со широка насмевка гледаше како РБ Лајпциг го победи Вердер Бремен со 4-2 за да го врати четвртото место во Бундеслигата во неделата, а ден претходно беше и во Париз. Клоп ги презеде новите должности како прв човек за глобален фудбал на Ред Бул и ја искористи првата можност да го види ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен добро се опоравува од пневмонијата од која боледуваше и се наоѓа во нејзината куќа во Хановер, информира денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо. Таа соопшти дека Фон дер Лајен уште оваа недела ќе отсуствува од своето работно место во Брисел, поради што побарала со заседанието на Колеџот на комесари в среда да претседава извршната потпретседателка на Европската комисија за чиста, ...
Предвидено е разгледување на перспективите за идното проширување на билатералната соработка во трговската, инвестициската, транспортната, логистичката и хуманитарната сфера, како и актуелните прашања од регионалната и меѓународната агенда“, се вели во соопштението на Кремљ. Путин и Пезешкијан ќе потпишат договор за сеопфатно стратешко партнерство меѓу двете земји и ќе дадат изјави за медиумите, соопшти прес-службата на рускиот претседател. ...
Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, предводена од Н.Е. амбасадорката Петра Дрекслер. На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се базирани на пријателство и соработка во повеќе сфери од заемен интерес, а соговорниците изразија подготвеност за ...
Инспекторите велат дека не ја отфрлиле можноста за шпионажа како можна причина, веројатно поврзана со војната на Русија против Украина. Канцеларијата за криминалистичка полиција на Баварија (ЛКА) соопшти дека полицијата била информирана за лет со беспилотно летало над воздухопловната база Манхинг во близина на градот Инголштад вчеравечер, при што полицајците потоа можеле да откријат до десет дронови. Иако беше побаран полициски хеликоптер за ...
„Немам објаснување да дадам, бидејќи не бев јас тој што ги поништи изборите“, одговори Чолаку на новинарско прашање дали добил повеќе објаснувања зошто се поништени изборите, со оглед на тоа што властите се уште јавно не објавиле што довело до ваквата одлука. „Тоа е одлука на ЦЦР што мора да се спроведе, а не да се коментира“, рече Чолаку, додавајќи дека не е негов проблем дали Калин Ѓорѓеску и натаму треба да се кандидира за претседател. На 24 ...
Екипата на Барселона е освојувач на Суперкупот на Шпанија. Каталонците на фантастичен начин во конечни 5:2 го совладаа лутиот ривал Реал Мадрид во финалето одиграно во Саудиска Арабија. Меч во кој Реал поведе по само неколку минути игра преку Мбапе, но потоа му се случи катастрофа. Тренерот на Барселона, Ханси Флик по мечот нормално дека беше презадоволен од настаните, велејќи дека секој меч е нова лекција за него и неговиот тим. „Мечот одигран ...
-Во исто време, таквите одлуки секако мора да доведат до одредена дестабилизација на меѓународните енергетски и нафтени пазари, рече денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој посочи дека Москва ќе направи се за да ја минимизира штетата на сопствената економија. Песков е убеден дека Москва може да ја издржи и последната рунда санкции. Тој тврди дека често е невозможно да се отповикаат одамна воспоставените енергетски врски, велејќи дека ...
Извозот изразен во долари е зголемен за 10,7 отсто во декември во однос на истиот месец во 2023 година. Во ноември е зголемен за 6,7 отсто. Увозот се зголеми за еден процент, најсилен од јули. Во последниот месец од минатата година, Кина забележа суфицит во трговската размена со светот од 104,8 милијарди долари, за 7,6 отсто повеќе отколку во декември 2023 година. Суфицитот во трговијата со САД се зголеми за 12,4 отсто, на 33,5 милијарди долари. ...
СДС и нивниот прв човек, Венко Филипче во времето кога беа власт, кога стануваше збор за ДУИ и посебно за Артан Груби, глумеа дека ништо не знаат за криминалот на партнерите. Демек ниту виделе, ниту слушнале, а знаеја сите што прави конкретно Груби, изјави Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ СДС и Филипче сега влегоа во филм да зборуваат ДУИ не чини или само декларативно се оградуваат од нив. На СДС и Филипче треба да им е јасно дека тоа не е ...
Управата за јавни приходи, ја информира јавноста дека во тек на месец декември 2024 година, согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања спроведе контроли кај 696 објекти. Од вкупно извршените контроли кај 512 даночни обврзници не се утврдени неправилности а кај 140 даночни обврзници се утврдени неправилности за кои се изречени соодветни поднесоци: Изречени се 80 глоби за сторен прекршок неиздавање фискални сметки за извршениот ...
Кавадарчанец денеска бил приведен, по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Во два часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Б., на возраст од 44 години, постапувајќи по претходна пријава дека на улицата „Ѓорѓи Соколов“ во градот, по кратка расправија, физички го нападнал 32-годишниот Б.Ч. и го удирал со пиштол по главата, појаснуваат од СВР – Велес. С.Б. бил ...