Кога Том Холанд беше избран за новиот Спајдермен на само 19 години, тој беше млад актер со само неколку главни улоги зад себе. Десет години подоцна, работите изгледаат многу поинаку. Холанд порасна со својот Питер Паркер, а една сцена од новиот филм „Спајдермен: Сосема нов ден“ сега го привлече вниманието на гледачите. Причина? 30-годишниот Холанд се појавува без маица во филмот, а неговата физичка трансформација предизвика лавина од реакции ...

Пожарот кај Студеничани, во атарот на селото Рамни Габер, и понатаму е активен и ќе продолжи во текот на ноќта, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Денес дејствуваа трите ер-трактори, кои успеале да го забават ширењето на огнот, но пожарот сè уште не е изгаснат. На терен имаше и припадници на Противпожарната бригада и возила на ДЗС. Гаснењето продолжува. Пожарот кај Студеничани, во атарот на селото Рамни Габер, и понатаму е ...

Денес во Јуроп хаус, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го одбележа Меѓународниот ден на младите со настанот насловен „Можности без граници“, посветен на младинското учество, европските можности и личните приказни на младите кои преку различни програми ги прошириле своите знаења, искуства и хоризонти. Настанот беше отворен со обраќања на директорката на Националната агенција, Ана Михајлов, министерот за социјална ...

Лос Анџелес Лејкерс наскоро би можеле да имаат нови сопственици откако Џош Кушнер и Боб Игер се согласија да ја купат оваа иконска НБА франшиза за рекордни повеќе од 12 милијарди долари. Славниот клуб на тој начин ќе ја промени својата сопственичка структура само една година откако Марк Валтер го презеде од семејството Бус за десет милијарди долари. Продажбата сè уште чека официјално одобрение од Одборот на гувернери на НБА, но се очекува ...

Секој има свои граници и работи што можат особено да го иритираат. Според астрологијата, различните хороскопски знаци имаат различни предизвикувачи – некои се најмногу погодени од непочитување, некои од неискреност, а некои од чувството дека нивната слобода е ограничена. Овен – не може да поднесе да биде воздржан Овните сакаат акција и брзо донесување одлуки, па затоа најмногу се нервираат кога некој ги забавува, ги потценува или се обидува ...

Поранешниот директор на Мосад, Јоси Коен, изјави дека неколку пати го посетил иранскиот објект за збогатување ураниум во Фордоу, зборувајќи за претходните операции против нуклеарната програма на Иран. Коен изјави за форумот „Галилеја“ во Сафед дека турите биле спроведени за подобро да се разбере самиот објект, но не прецизираше кога биле спроведени турите или кој точно учествувал. Тој рече: „Многу пати ја посетивме нуклеарната централа Фордоу ...

Германската влада одобри нацрт-закон со кој се укинуваат голем број ограничувања за разузнавачките агенции што беа во сила уште од повоениот период. Овој потег доаѓа во време кога земјата се опоравува од два сериозни безбедносни инциденти за само еден месец, кои открија значителни недостатоци во системот за заштита на граѓаните. Контроверзните измени, кои сè уште не се усвоени од парламентот, ги исполнуваат долгогодишните барања на ...

Саудиска Арабија се спротивстави на тоа Египет да се приклучи на безбедносниот договор потпишан од Турција и Пакистан минатата недела, и покрај напорите на Анкара да го вклучи Каиро во алијансата, пишува „Мидл Ист Ај“. Според овој весник, саудискиот став е резултат на растечкото незадоволство од владата на претседателот Абдел Фатах ел-Сиси, како и на проценката дека Египет повеќе нема стратешка и воена вредност каква што ја имаше некогаш. ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, јавува УХМР. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне ...

Од 13 август до 14 септември 2026 година граѓаните ќе имаат можност да учествуваат во јавната анкета за Нацрт-Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – „Барутана“, со кој се предвидува нова градба на падините на Водно. ДОМ ги повикува сите граѓани на Центар, но и сите скопјани кои го чувствуваат Водно како заедничко природно богатство на градот, да се вклучат во јавната анкета и да ги достават своите забелешки против урбанизацијата ...

Додека некои луѓе претпочитаат безбедност, познат терен и внимателно планирање на секој потег, има и такви кои уживаат во возбудата што ја носи неизвесноста. Кога ќе видат можност, тие се подготвени да преземат ризици и да тргнат по пат што другите можеби нема да се осмелат. Меѓу хороскопските знаци има и такви познати по својата храброст, импулсивност и желба за нови искуства. За нив, животот без предизвици е едноставно премногу предвидлив. ...

Младата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал, вечерва е домаќин на приватна прослава по повод неговиот 19-ти роденден, објави „Ел Еспањол“. Се очекува повеќе од стотина достоинственици и големи имиња да присуствуваат на оваа гламурозна забава. Шпанскиот репрезентативец го избра историскиот имот Мас де Сант Љеј во близина на Барселона за оваа посебна пригода. Младиот фудбалер го изнајмил овој луксузен комплекс за да го одбележи својот славенички ...

Извор близок до Анџелина Џоли изјавил дека таа не била изненадена откако Бред Пит признал дека по седум години повторно се предал на алкохолот. „Анџелина не е изненадена. Се обидуваше да ги предупреди луѓето. Знаеше дека тоа секогаш е можност“, изјави извор за колумната „Naughty But Nice“ на Роб Шутер. Тој продолжи велејќи дека Анџелина Џоли верувала оти трезвеноста не мора да значи дека Бред Пит се ослободил од главните проблеми што ги имал. ...

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре, 13 август 2026 година (четврток), ќе има прекин на водоснабдувањето на улицата „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар. Прекинот е поради поврзување на нова водоводна мрежа со Ф-100 милиметри на улицата „Мирослав Крлежа“ бб. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на активностите. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре, 13 август 2026 година (четврток), ...

Орце Ѓорѓиевски денес повторно покажа дека функцијата градоначалник ја разбира првенствено како ПР-платформа за лична промоција и партиски пресметки. Од непроверена порака што кружеше низ преписки за наводна неисправност на водата, успеа да произведе политички спектакл, да ги прогласи скопјани за хистерични и да ја обвини опозицијата дека е единствениот причинител на недовербата на граѓаните во власта, велат од Левица. „Надлежните институции ...

Лионел Меси се прости од својот татко Хорхе, кој почина по тешка болест, во емотивна порака на социјалните мрежи. Познатиот аргентински фудбалер ја сподели својата длабока болка со јавноста, признавајќи дека му било исклучително тешко да ја прифати загубата на човекот кој му бил најголема поддршка во животот. Неговиот татко го следел во секој негов чекор во текот на неговата кариера, дејствувајќи како ментор, пријател и менаџер, без кого ...

Денес продолжи следното рочиште за случајот „ПУЛС“. За време на рочиштето, експерти од Градежниот факултет ги презентираа надлежностите и одговорностите на различните институции во врска со контролата на зградите. Според експертите, контролата на хотелските објекти и проверката на нивната состојба не е во надлежност на Министерството за економија, туку на надлежните институции и инспекторати, врз основа на законите што ја регулираат оваа ...

Денес, во одредени делови од светот ќе се случи целосно затемнување на сонцето. Овој феномен ќе ги опфати северните и западните делови на планетата, од Северниот Пол и Гренланд, преку Исланд, до Шпанија и некои делови од Балеарските Острови, каде што Месечината целосно ќе го покрие дискот на Сонцето. Во поголемиот дел од Европа, затемнувањето ќе биде делумно. Според НАСА, максималното времетраење на затемнувањето ќе биде 2 минути и 18 секунди ...

Зависта е чувство што малкумина отворено ќе го признаат. Додека некои можеби искрено се радуваат на туѓиот успех, на други им е тешко да гледаат како некој друг го добива она што го сакаат. Според астролошките толкувања, Шкорпијата, Лавот и Бикот се посклони од другите знаци да паднат во стапицата да се споредуваат со другите. Шкорпија Шкорпиите се многу амбициозни и тешко им е да почувствуваат дека некој е еден чекор пред нив. Тие можат да ...

Стресот е составен дел од секојдневниот живот и повремената напнатост сама по себе не е причина за загриженост. Проблемот се јавува кога стресот трае долго време и станува толку интензивен што почнува да влијае на расположението, однесувањето, концентрацијата и секојдневното функционирање. Некои промени може да бидат толку постепени што лицето можеби дури и не ги забележува на почетокот. Сепак, одредени знаци може да укажуваат дека на телото ...

Познатата пејачка и глумица Џенифер Лопез позираше во уште еден смел изглед инспириран од златното доба на Холивуд, а облечена само во долна облека, ги истакна своите извајани мускули. „Сезоната на лавови продолжува“, напиша Лопез во описот на новата објава на Инстаграм, каде што сподели серија смели фотографии. Иако на фотографиите во позадина се гледа полица полна со креации од модната куќа Долче и Габана, пејачката се одлучила за ...

„До сега очекувавме и видовме се од талогот на СДС, но ова веќе ги преминува сите граници. Вакви пораки на социјалните мрежи биле праќани од страна на активисти на СДС кон граѓаните. СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Ова е смислено сценарио поради финансиско профитерство на ...

Организиран напад еднаков на терористички чин е ширењето хистерија дека во скопската вода има бактерија Ешерихија коли, рече денес градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и ја обвини опозицијата за паниката кај скопјани. На вонредна прес-конференција градоначалникот Ѓорѓиевски кажа дека скопската вода е чиста за пиење и е една од петте најдобри води и извори во Европа. За да докаже дека водата е чиста, тој побара чаша вода од чешма и ја ...

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот избор. Експертите предупредуваат дека дигестивниот систем се забавува навечер, па затоа одредени видови храна можат да предизвикаат гасови, ферментација и задржување на течности во текот на ноќта. Токму затоа некои навидум здрави намирници можат да бидат лош избор за вечера. Мешунки (грав, леќа, наут) Мешунките се богати со ...

Протеините се важна хранлива материја што му е потребна на телото за градење и обновување на мускулите, како и за бројни други процеси. Недоволниот внес може да влијае на гладот, закрепнувањето на телото и здравјето на косата и ноктите. Иако за протеините најчесто се зборува во однос на мускулите и физичката активност, нивната улога во телото е многу поширока. Протеините се разградуваат на аминокиселини што телото ги користи за различни ...

Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје. Ова го потврди директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана на денешната прес-конференција во Министерство за здравство, како и одговорните лица од Институт за јавно здравје и Центар за јавно здравје-Скопје, кои исто така, информираа дека ...

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени ...

Денес, таа е мајка на две деца и води сосема поинаков живот, и иако е критикувана за својот изглед, таа е задоволна и среќна. Поранешната Плејбој зајачица , Кендра Вилкинсон , која има 41 година, реши да стави крај на својот минат живот и да сврти нов лист, па денес води сосема поинаков живот од оној што го водеше кога беше во познатата Плејбој вила . Денес, Кендра работи како агент за недвижности и со задоволство зборува за своето искуство ...

„Во пресрет на одбележување на 35 години независна Македонија се разви полемика, партиски расправи и пресметки за тоа, чија е заслугата или кој ги оспорува фактите на процесот на градење на современа македонска држава. Гледано од денешна перспектива, во деведесеттите години актуелните водства на повеќето политички партии имаа многу малку или воопшто немаа никакво влијание во процесите на осамостојување на државата“, велат од ДС. „Тешкиот пат ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. „Како одговорна институција ја информираме јевноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07