Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во обраќањето пред Конгресот, рече дека Америка и Израел мора да бидат обединети. „За да триумфираат силите на цивилизацијата, Америка и Израел мора да се држат заедно“, рече Нетанјаху. „Кога сме заедно се случува нешто навистина големо: ние победуваме, тие губат“. Нетанјаху, исто така, рече дека нема да биде мирен се ` додека сите заложници не се вратат дома. Израелскиот премиер, го пофали претседателот ...

По откажувањето од претседателската трка, Џо Бајден ќе и` се обрати на нацијата вечерва во 8 часот локално време. Бајден планира да зборува за неговата одлука да се откаже од својата кандидатура за реизбор. Потпретседателката Камала Харис ја прифати поддршката на Бајден за кандидат за претседател и гради моментум пред Демократската национална конвенција во Чикаго. Утре, пак, Бајден се очекува да го пречека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ...

Алармнантната ситуација со пожарите кои со седмици беснеат низ земјата и неможноста за соодветно справување со ситуацијата ги натера новите власти да размислуваат за ресетирање на целокупниот систем за справување со кризи. Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, владино меѓуресорско тело задолжено за оваа сфера кој денеска заседаваше, и препорача на владата итно да донесе одлука за реорганизација на ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес ќе биде пречекан со длабоки поделби меѓу американските законодавци и американската јавност и големи протести додека се обраќа пред американскиот Конгрес, по рекорден четврти пат. Долгогодишниот израелски лидер ќе зборува на заедничка седница на Сенатот и Претставничкиот дом во два часот локално време, надминувајќи го британскиот воен лидер Винстон Черчил, кој имаше такви обраќања трипати. Се очекува ...

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја потврди цврстата поддршка на Вашингтон за Украина во разговор со министерот за одбрана на Украина Рустем Умеров, соопшти Пентагон доцна вчера. Тоа беше прв разговор меѓу шефовите на одбраната по објавата на американскиот претседател Џо Бајден дека ја прекинува својата кандидатура за реизбор и ја поддржа потпретседателката Камала Харис за номинацијата на Демократската партија да се соочи со ...

Се очекува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се обиде да ја зајакне поддршката за израелската војна против Хамас, за време на денешното обраќање пред американскиот Конгрес. Посетата на Нетанјаху доаѓа во услови на притисок дома да обезбеди ослободување на заложниците, кои Хамас сè уште ги држи во појасот Газа, како и политичката неизвесност за главниот сојузник на Израел, САД, пред претседателските избори во ноември. САД, Египет и Катар ...

Дали наместо поддржувач на македонските евро интеграции, официјална Атина повторно ќе биде нејзин кочничар, откако двете држави влегоа во дипломатска војна, околу тоа дали се почитува или не Преспанскиот договор. Професорот по политички науки, Горан Шибакоски вели дека е неопходно градење на доверба, двете страни да го почитуваат договореното. Што ќе значи евентуалното враќање на почеток? „Тоа би било премногу тешко и многу болен процес. Сè она ...

Можноста за правење синтетички гласовни пораки, познати како „дип фејк“, сега е на дофат на секој што има интернет врска. Со повеќе од 50 земји кои одржуваат избори оваа година, се зголемуваат напорите за откривање на дезинформациите пред да предизвикаат штета. Сара Барингтон е истражувачка на аудио пораки на Универзитетот во Калифорнија, Беркли. „Треба само да земеме некои податоци од вас”, вели Барингтон. За само неколку минути, таа го ...

Луѓето се собираа на улиците околу Белата куќа само неколку часа по соопштението на претседателот Бајден, меѓу кои многумина за да изразат поддршка за таквата одлука. „За мене, претседателот Бајден беше најдобриот претседател за климатски промени што сме го имале, и тој отвори можност за нас да ги запреме климатските промени, и засекогаш ќе бидам благодарен за тоа“, вели Тревор Хигинс, поддржувач на Бајден. „Многу ми се допаѓа, ако тоа е ...

Потпретседателката Камала Харис зеде маргинална предност пред републиканецот Доналд Трамп во претседателската трка во САД, покажа новата анкета на Ројтерс/Ипсос. Таа денес е во Висконсин, една од одлучувачките сојузни држави, нејзиното прво патување во кампањата како очекуван демократски кандидат. Харис беше пред Трамп со 44% наспроти 42% меѓу регистрираните гласачи во националната анкета, спроведена вчера и денес, откако претседателот Џо Бајден ...

СКОПЈЕ – Континуитет во правната рамка и решение на прашања на бизнис секторот кои со години стојат пред Владата а кои се клучни за развој на стопанството како дополнување на 250 милиони евра кои се обезбедени од унгарскиот заем се начинот на кој стопанството ќе застане на нозе и ќе почне да се развива и да биде конкурентно во извозот, смета првиот човек на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески. Стопанската Комора на барање на ...

Директорката на Тајната служба се повлекува од позицијата, според имјелот што таа ја испрати до вработените, по обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп, што предизвика засилени негодувања за тоа како агенцијата задолжена за заштита на сегашните и поранешните претседатели потфрли во основната мисија. Кимберли Читл, која беше директорка на Тајната служба од август 2022 година, се соочи со зголемени повици да поднесе оставка и ...

Русија и Кина сè повеќе соработуваат на Арктикот, што може да влијае на регионалната стабилност, соопшти американската војска објавувајќи ја својата стратегија за регионот во понеделникот. Русија повторно отвори стотици воени локации од советската ера на Арктикот, се вели во извештајот. Кина, која се опишува себеси како држава „близу Арктикот“, исто така, има амбиции таму. Кина е насочена кон минералните ресурси и новите бродски рути, како што ...

Дуалното образование, кое беше воведено пред 7 години, останува во фокусот на новата министерка за образование. Весна Јаневска денеска потврди дека овој концепт и натаму ќе се развива за што ја има поддршката и од домашниот бизнис сектор чиј интерес е да вработува млади кадри кои освен што доаѓаат со стручна наобразба имаат и практично искуство што во основа го претставува дуалното образование. Целта е преку овој концепт, кој веќе со децении се ...

Потпретседателката на САД Камала Харис неофицијално обезбеди доволно поддршка за да биде кандидат на Демократската партија на претседателските избори во ноември, додека партиските функционери се подготвуваат да го финализираат процесот за формално номинирање кандидат пред Демократската национална конвенција следниот месец. Во извештајот на Асошиетед прес доцна вчера имаше повеќе од 2.200 делегати кои ја поддржаа Харис, со што лесно го надминаа ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им рекол на семејствата на заложниците кои се држат во Газа дека би можел да се постигне договор што ќе обезбеди нивно ослободување, соопшти неговиот кабинет во вторникот, додека борбите беснеат во палестинската енклава. Израелските сили продолжија со нападот во јужната област Кан Јунис во Газа, откако им наредија на цивилите да ги евакуираат некои области за кои рекоа дека биле користени за обновени напади ...

Највисокиот украински дипломат Дмитро Кулеба во вторник ќе ја посети Кина на покана од Пекинг на разговори за кои Киев рече дека ќе се фокусираат на тоа како да се стави крај на војната на Русија во Украина и на можната кинеска улога во постигнувањето договор. Речиси 29 месеци од целосната инвазија на Русија, министерот за надворешни работи Кулеба ќе разговара за билатералните врски со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји за време на ...

Од скромно детство во Апалачија, сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс, сега е во трка за втората највисока функција во земјата. „На луѓето од Мидлтаун, Охајо и сите заборавени заедници во Мичиген, Висконсин, Пенсилванија и Охајо и во секој агол на нашата држава, ви го ветувам ова: ќе бидам потпретседател кој никогаш нема да заборави од каде дошол“, истакна Венс. Тоа минато е јак контраст на богатата позадина на поранешниот претседател Доналд Трамп. ...

Историски момент во САД во 2021 година, поранешната сенаторка, Камала Харис, стана првата жена потпретседателка на САД. „Чест ми е да бидам овде, да застанам на рамениците на оние кои дојдоа претходно“, рече Харис. Камала Харис е, исто така, првата Афроамериканка и Индоамериканка која стапува на втората највисока функција на државата. „Таа скрши толку многу „стаклени тавани“ за толку многу жени“, посочува демократката Барбара Ли. Ќерка на мајка ...

Пукањето во Доналд Трамп ја шокираше нацијата длабоко во политичката кампања која предизвикува поделби. Делегатите на конвенцијата на Републиканската партија се собраа во сојузната држава Висконсин да се молат за нивниот кандидат и рекоа дека пукањето само ќе го направи посилен. Харисон Маселвајт е од Јужна Каролина. „Тоа не направи сите нас, вклучително и претседателот Трамп, порешителни да се бориме и да победиме. Претседателот Трамп го има ...

Набргу откако Џо Бајден објави дека се повлекува од ноемвриската претседателска трка во недела, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп побара Бајден да поднесе оставка од функцијата. „Неискрениот Џо Бајден не беше способен да се кандидира за претседател, и секако не е способен да служи - и никогаш не бил!“, рече Трамп рече во соопштението на социјалните мрежи што вклучуваше нов притисок за собирање средства. Трамп го нарече Бајден ...

Потпретседателката Камала Харис го пофали претседателот Џо Бајден во нејзиниот прв јавен говор, откако тој се откажа од претседателската трка и ја поддржа, пренесе Ројтерс. „Наследството на Џо Бајден во последните три години е неспоредливо во модерната историја“, рече таа во Белата куќа, зборувајќи на настан во чест на шампионските тимови на Националната академска атлетска асоцијација од сезоната 2023-2024. „Ние сме длабоко, длабоко благодарни ...

Администрацијата на претседателот Џо Бајден денес објави 25 проекти поднесени од 30 различни државни, локални и од влади на домородни заедници кои аплицираа за грантови од 4,3 милијарди долари, согласно законот за климата на претседателот. Грантовите, кои ќе бидат дистрибуирани до победниците до почетокот на есента, ќе поддржат примена на технологија за чиста енергија низ секторите, од домување до земјоделство. Американската агенција за заштита ...

Директорката на американската Тајна служба Кимберли Читл денес пред Конгресот призна дека таа и нејзината агенција потфрлиле кога потенцијалниот убиец го ранил републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на предизборниот митинг на 13 јули во Пенсилванија. „Не успеавме. Како директор на Тајната служба на САД, јас ја преземам целосната одговорност за секој безбедносен пропуст“, рече Читл, која се соочува со републикански повици за нејзина ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот замина за Вашингтон, оставајќи зад себе брутална војна, за да одржи политички говор пред Конгресот на САД во време на голема неизвесност по повлекувањето на Џо Бајден од претседателската трка. Со тековните напори да се постигне прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, зголемената загриженост за ширењето на војната во Либан и Јемен, и САД во екот на вртоглава изборна кампања, говорот на Нетанјаху ...

Моментумот денес се чини дека е на страната на американската потпретседателка Камала Харис, додека насобраните демократски законодавци, гувернери и финансиски донатори, ја изразуваат својата поддршка за таа да биде претседателски кандидат на партијата на изборите во ноември, откако претседателот Џо Бајден се откажа од изборната трка. Бајден во објавата вчера даде поддршка за Харис да биде противкандидат на поранешниот претседател Доналд Трамп, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес рече дека Полска донела одлука со која ќе се забрза испораката на многу потребните авиони Ф-16 за Украина, но не кажа за што станува збор. Полска, која граничи со Украина и е близок сојузник за време на војната, не е една од земјите што ветија дека ќе ги снабдуваат авионите на Украина. Нема моментален коментар од кабинетот на полскиот премиер Доналд Туск за изјавата на Зеленски. „Денес имаме ...

Дојдете со нас --- полетуваме од меѓународниот аеродром Ки Вест. Не се лета на некоја дестинација, туку се спречуваат други да стигнат до нивната дестинација. Embed share Ексклузивна репортажа на Гласот на Америка со крајбрежната стража кај Флорида Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:03:11 0:00 Direct link Американската крајбрежна ...

Ова се некои од реакциите од странски државници по одлуката на американскиот претседател Џо Бајден во неделата да се повлече од неговата кампања за реизбор во ноември: Британскиот премиер Кир Стармер: „Ја почитувам одлуката на претседателот Бајден и со нетрпение очекувам да работиме заедно во текот на преостанатиот дел од неговото претседателствување. Знам дека, како што правеше во текот на неговата извонредна кариера, претседателот Бајден ја ...

ВАШИНГТОН, 21 јули - Претседателот Џо Бајден во неделата изјави дека ќе се повлече од трката за претседателските избори во 2024 година, ставајќи ги САД на непозната територија. Бајден ја поддржа потпретседателката Камала Харис да биде кандидат на Демократската партија оваа година. Пред Бајден да ја објави одлуката на Ројтерс разговараше со Елејн Камарк, висока соработничка во Институцијата Брукингс, членка на Демократскиот национален комитет и ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
63%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
56%
1019
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
67%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
67%
1020
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.81
43%
1018
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
78%
1019
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.34
38%
1017
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
63%
1019
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
49%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
1.54
54%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
1.03
47%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62