Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, за време на настан во во Сингапур денес рече „сè што можам да ви кажам во моментов е дека мислам оти ништо не ја намалува важноста ... да се дојде до прекин на огнот“, откако Иран соопшти дека лидерот на Хамас Исмаил Ханијех бил убиен во Техеран. „Нема да шпекулирам какво влијание може да има некој настан врз тоа“, рече Блинкен. „Она што го знам е цврстиот императив за постигнување прекин на огнот и ...

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека детска парализа е откриена во Газа и предупреди дека децата во енклавата, зафатени во војната, наскоро ќе бидат заразени од оваа болест доколку брзо не се преземат превентивни мерки. Еден ден откако СЗО соопшти дека има „многу веројатни“ случаи на детска парализа кај населението во Газа, генералниот директор Гебрејесус се огласи на платформата на ...

Владимир Кара-Мурза, руско-британски државјанин, осуден на 25 години затвор под обвинение за предавство, е преместен од неговиот затвор во Сибир и е испратен на друго место, изјавија од руската затворска служба за Ројтерс. Затворската служба соопшти дека Кара-Мурза е префрлен од казнената колонија ИК-16 во Омск на друга дестинација. Не беше наведено каде. Голем број руски дисиденти и луѓе осудени за нивното противење на војната на Москва во ...

САД се очекува да бидат многу активни во разговорите за точниот начин на спроведување на договорот меѓу Скопје и Софија штом Бугарија има постабилна влада. Помошник - државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О`Брајан, на сослушување за иднината на Европа во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, рече дека Северна Македонија страда поради несогласувањата со соседите, што е еден од проблемите за пристапување во ЕУ и ...

Кога се слушнаа сирените и сообраќајот запре, патниците од метрото беа упатени во подземни засолништа. Фокус на вежбата: симулирање на ракетен напад. Некои се собраа на подземни паркинзи како овој и клекнаа, подготвувајќи се за удар. Брајан Чен бил на пат кон сала за вежбање кога започнала вежбата. „Ваквите вежби се важни затоа што ако еден ден се случи сериозна катастрофа, Тајванците ќе бидат подготвени. За разлика од вежбите во минатото, кои ...

Предупредување: Видеото содржи графички прикази што за некои може да бидат вознемирувачки. Советуваме претпазливост. За повеќе од 290 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, израелската армија уби повеќе од 39,000 луѓе, мнозинството цивили, според здравствените власти во Газа. Најголем дел од 2.3 милиони населие од енклавата беа протерани од нивните домови. „Не можеме да го свртиме погледот од овие трагедии. Не можеме да си дозволиме ...

Лидерот на Хамас Исмаил Ханије е убиен во средата во Техеран, според одделни изјави објавени од Хамас и иранската паравоена Револуционерна гарда. Никој веднаш не ја презеде одговорноста, но Израел претходно соопшти дека ќе го убие Ханија и другите лидери на Хамас по терористичкиот напад на 7 октомври во Израел. Во својата изјава, Хамас изрази жалење за смртта на Ханије, која според нив е убиен во „предавнички ционистички напад врз неговата ...

Оваа композиција од повеќе од сто илјади разнобојни домино плочки се сруши во рок од осум минути, но беа потребни повеќе од 10 дена за да се изгради. Овој уметнички проект беше претставен во Националниот музеј за градежништво во Вашингтон од Лили Хевиш, позната американска уметница која прави домино инсталации. Таа создава сложени дизајни, а потоа ги урива со еден прст. „Имаме работи како што се столбовите. Имаме голем заштитен ѕид на Мона Лиза. ...

ВАШИНГТОН – Американскиот Сенат речиси едногласно усвои реформи за безбедност на децата преку интернет, иако законот, кој наиде на различни реакции од технолошката индустрија, се соочува со неизвесна судбина во Претставничкиот дом. Два нацрт-закони - Законот за заштита на онлајн приватноста на децата и тинејџерите и Законот за безбедност на децата преку интернет, со прекар „COPPA 2.0“ и „KOSA“ - ќе треба да поминат во Претставничкиот дом каде ...

Израелската војска доцна во вторникот соопшти дека извршила напад во Бејрут чија цел била командантот на Хезболах за кој тврди дека е одговорен за воздушниот напад во кој загинаа 12 деца и тинејџери кои играле на фудбалско игралиште во текот на викендот на Голанската висорамнина. Можеше да се слушне силна експлозија и да се види облак чад како се издига над јужните предградија на Бејрут, упориште на милитантите на Хезболах финансирани од Иран. ...

Доколку забележите дека се доближува пожар, не чекајте да бидете заробени од огнот, евакуирајте се навреме. Тоа го апелира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов откако веќе речиси еден месец Северна Македонија се соочува со пожари низ различни делови од државата. „Апелирам до сите лица што живеат во полу напуштените села, итно да се евакуираат доколку слушнат дека активен пожар се наближува кон нивните домови. Доколку е ...

Четириесет и девет пратеници од 24 земји се собраа во вторникот во Тајван за да разговараат за тоа како Кина ги зголемува тензиите со островот со демократски владеење и да го проценат економското влијание што потенцијалниот конфликт може да го има врз меѓународната заедница. Дводневниот самит беше организиран од Интерпарламентарната алијанса за Кина, или ИПАК, група која вклучува стотици законодавци од 35 земји кои се загрижени за тоа како ...

Вршителот на должноста директор на американската агенција задолжена за заштита на високи функционери Роналд Роу обидот за атентат на поранешниот претседател Доналд Трамп го нарече „неуспех на повеќе нивоа“, чија операција на Тајната служба ја опиша како срамна. Тој сведочеше пред американските законодавци во вторникот, ветувајќи итни промени за надминување на пропустите во комуникациите и покривањето, што му овозможило на 20-годишниот да се качи ...

„Без уставни измени нема продолжување на ЕУ-процесите“ – министерот за европски прашања, ресор кој со новата влада прерасна во министерство, на првата прес-конференција по преземањето на функцијата го кажа она што и претходната власт постојано го зборуваше – заради пристапниот процес Бугарите треба да влезат во Уставот. Тоа, како што рече Муртезани, е клучен приоритет на „Вреди“ – коалицијата од чии редови тој доаѓа. „Како што евроамбасадорот и ...

Талибанците одбија многу авганистански дипломатски мисии во странство, велејќи дека нема да ги почитуваат пасошите, визите и другите документи издадени од дипломати поврзани со поранешната авганистанска администрација поддржана од Западот. Тоа е последен обид на талибанците да преземат контрола над дипломатските мисии. Некои Авганистанци во странство протестираат за ова како нефер и непрактично. Во соопштението на Министерството за надворешни ...

Специјалните претставници на Турција и Ерменија се состанаа на заедничката граница на двете земји во вторникот за да ги продолжат разговорите за нормализирање на врските меѓу историските непријатели. Турција и Ерменија немаат формални односи, а нивната граница е затворена од 1990-тите. Тие се согласија на крајот на 2021 година да ги подобрат односите и назначија специјални пратеници да разговараат за начините за помирување и отворање на ...

Голем број западни влади ги повикуваат своите граѓани да го напуштат Либан додека ескалираат тензиите меѓу Израел и милитантите на Хезболах поддржани од Иран. Либан се подготвува за израелски воен одговор на ракетниот напад на Хезболах во кој загинаа 12 деца и млади Друзи на фудбалско игралиште на Голанската висорамнина во саботата. Израел рече дека ќе возврати, а цивилите се подготвуваат за, како што рекоа официјални лица, би можеле да бидат ...

Венецуелската опозиција вели дека има доказ дека противкандидатот Едмундо Гонзалес го победил претседателот Николас Мадуро на претседателските избори во неделата, бидејќи уличните демонстрации против победата на Мадуро станале смртоносни. Гонзалес и опозициската лидерка Марија Корина Мачадо во понеделникот за новинарите изјавија дека добиле повеќе од 70 отсто од гласачките листови на кои Гонзалес освоил повеќе од 6 милиони гласови, додека Мадуро ...

Вилијам Л. Кали, Џуниор, офицер на американската армија, осуден за убиство во врска со смртта на неколку стотици невооружени жители во мало село за време на Виетнамската војна, почина на 80-годишна возраст. Кали почина на 28 април во станбена установа на крајот на животот во јужниот град Гејнсвил, Флорида. Неговата смрт беше објавена од Њујорк тајмс и Вашингтон пост врз основа на информации од јавни досиеја. Кали беше помлад поручник кога во ...

Соединетите Држави објавија странско воено финансирање од 500 милиони долари за Филипините, додека државниот секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин се сретнаа со лидерите во Манила за да ја зајакнат соработката за прашања како што се слободата на движење и сајбер безбедноста. Говорејќи на заедничката прес-конференција по разговорите со нивните филипински колеги, Остин го нарече финансирањето „инвестиција што се случува еднаш ...

Моќното кинеско Политбиро ја одобри долгорочната стратегија на владејачката Комунистичка партија за раст на економијата преку охрабрување на повеќе потрошувачки трошоци и отстранување на непродуктивните компании за промовирање на „преживувањето на најсилните“. Во соопштението објавено по состанокот на 24-те највисоки лидери на партијата се предупредува дека следните месеци ќе бидат тешки, можеби алудирајќи на зголемените глобални неизвесности ...

Израелската војска соопшти дека користела воздушни напади и артилериски оган за да нападне цели на Хезболах во седум области во јужен Либан. Последниот прекуграничен напад дојде неколку дена по ракетниот напад во кој загинаа 12 деца на Голанската висорамнина контролирана од Израел и во услови на меѓународна загриженост дека судирите меѓу Израел и Хезболах може да прераснат во поширок регионален конфликт заедно со војната меѓу Израел и Хамас во ...

СКОПЈЕ – „Балансерот“ е завршена и архивирана работа. Ова е пораката на министерот за јавна администрација Горан Минчев по турбуленциите во владината коалиција околу повлекувањето на „балансерот“ и правична застапеност на етничките заедници во јавната администрација. Тој е дециден дека не се обидува да провоцира туку го следи законот. Нагласи дека во законската рамка јасно стои дека алатката „балансер“ се применува исклучиво на резидентното ...

Од Сан Франциско до Њујорк и Вашингтон, влијанието на кинеските квартови и кинеската култура се чувствува во многу градови во САД. „Чувствувам дека имаме големо влијание. Погледнете наоколу, ние сме во кинески град“, вели Реин Броди, жителка на САД. „Претпоставувам дека на сите им се допаѓа кинеската храна, и дека лунарниот фестивал, Кинеската Нова Година, исто така е добро културолошко влијание“, вели Јуџин Мосак, посетител во Вашингтон. ...

Израел сака да му се одмазди на Хезболах, но не и да го вовлече Блискиот Исток во сеопфатна војна, изјавија денес двајца израелски официјални лица, додека Либан се подготвува за одмазда по ракетниот напад во кој загинаа 12 деца и тинејџери на Голанската висорамнина окупирана од Израел. Двајца други израелски функционери рекоа дека Израел се подготвува за можноста за неколкудневни борби по ракетниот напад во саботата, за кој ја обвини либанската ...

Зборувајќи на заедничката сесија на двата дома на Конгресот и, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата ги повика САД да продолжат да стојат со Израел додека неговата влада работи на ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и се брани од нападите на други елементи поддржани од Иран. „Мислам дека имаше многу што да и се допадне на Белата куќа, очигледно немаше само директни пофалби за претседателот Бајден. Но, посветеноста да се ...

Дојдоа за да ги видат шесте нови JLTV борбени возила кои се дел од поголемата набавка на ваква опрема од САД, но повеќе зборуваа за судските реформи и какви тие треба да бидат. Посетата на касарната во Штип се претвори во прес-конференција на премиерот и американската амбасадорка за едно од клучните прашања во земјава – правосудството. „Јас сум за тоа веднаш да се случат судските реформи и веднаш судството да суди и да ја донесе правдата. Не ...

Инженерите од Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес го развиваат овој уред за снимање на електрични сигнали произведени од мускулните вибрации на гласните жици. Истражувачот Зијуан Че користи вештачка интелигенција за да ги трансформира тие сигнали во говор. „Тој електричен сигнал ќе се внесе во микрофонот, а потоа ќе се емитува звукот. Значи, целиот процес, од детекција до обработка, а потоа до активирање, ја реализира крајната цел, да ви ...

САД ќе испратат воена помош од 1,7 милијарди долари за Украина, објавија официјални лица денес, вклучително и муниција за системи за противвоздушна одбрана, артилерија, минофрлачи и противтенковски и противбродски ракети. Пакетот вклучува финансирање од 1,5 милијарди долари за долгорочни договори преку Иницијативата за безбедносна помош во Украина и 200 милиони долари непосредна воена помош земена од залихите на Пентагон. „Го вклучува ...

Претседателот Џо Бајден денес го откри долгоочекуваниот предлог за реформи на Врховниот суд на САД, повикувајќи го Конгресот да воспостави ограничувања на мандатот и етички кодекс за деветте судии на судот. Тој, исто така, ги притиска законодавците да го ратификуваат уставниот амандман кој ќе го ограничи претседателскиот имунитет. Белата куќа денес даде детали за контурите на судскиот предлог на Бајден, кој се чини дека има мали шанси да биде ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
55%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
1.54
53%
1019
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1019
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
55%
1020
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.62
38%
1018
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
74%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
3.09
38%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
59%
1019
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
46%
1019
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
56%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
2.06
48%
1018
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62