
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Пред околу шест месеци, Доналд Трамп седеше во судница во долниот дел на Менхетн и слушаше кога поротата го направи првиот поранешен претседател осуден за кривично дело. Денес, тој ќе заѕвони на отворањето на Њујоршката берза на само неколку блока од таа судска зграда, а е прогласен и од магазинот „Тајм“ за личност на годината. Почестите за бизнисменот кој стана политичар го претставуваат најновото поглавје во неговиот однос љубов-омраза со ...
Претседателот Џо Бајден ги ублажува казните на околу 1.500 луѓе кои беа ослободени од затвор и ставени во домашен притвор за време на пандемијата на коронавирус и помилува 39 Американци осудени за ненасилни злосторства. Тоа е најголемото помилување во еден ден во модерната историја. Најавените ублажувања на казните денес се за луѓе кои отслужувале домашен затвор најмалку една година откако биле ослободени. Затворите беа уникатно лоши за ширење ...
По падот на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, администрацијата на Бајден рече дека целосно ќе го поддржи транспарентниот и инклузивен процес на транзиција кон универзална влада одговорна пред сирискиот народ. „Процесот на транзиција и новата влада, исто така, мора да ги почитуваат јасните заложби за целосно почитување на правата на малцинствата, да го олеснат протокот на хуманитарна помош за сите на кои им е потребна, да спречат ...
Претходно во претседателска кампања, Доналд Трамп жестоко го критикуваше Џо Бајден за поддршката на електричните возила. „Замислете - тој сака мандат за промовирање на електричните возила што ќе значи смрт за автомобилската индустирија на САД“, рече Трамп во септември 2023 година. Во последниот месец на неговата кампања, Трамп доби голема поддршка од извршниот директор на најпозната компанија за електрични возила Тесла, Илон Маск. „Тој ја ...
За доизградба на автопатот Кичево-Охрид, државата ќе продолжи да користи кинески пари. Откако сè поизвесно е дека речиси 600 милиони евра колку што досега чини неговата изградба нема да бидат доволни, премиерот Христијан Мицкоски, рече дека ако има потреба, државата повторно би се задолжила кај кинеската Ексим банка. На нашето прашање од каде би се земале тие пари, дали повторно од кинеската Ексим банка, премиерот рече: „Па најверојатно би се ...
Претставници на Одделот за домашна безбедност во Њу Џерси се собраа со државните и локалните законодавци денес да разговараат за неодамнешниот бран на појавување на дронови низ целата држава. Десетици мистериозни ноќни летови започнаа минатиот месец и предизвикаа зголемена загриженост кај жителите и официјалните лица. Дел од загриженоста произлегува од летечките објекти кои првично беа забележани во близина на воен истражувачки и производствен ...
ВАШИНГТОН, (Ројтерс) - Одделот за финансии на САД соопшти дека го префрлил американскиот дел од 50 милијарди долари од заемот на Г7 за Украина на посредничкиот фонд на Светска банка за економска и финансиска помош на земјата разурната од војна. Одделот за финансии соопшти дека исплатата ја исполнува нејзината посветеност во октомври да ја исполни заложбата на Европската унија да обезбеди помош од 20 милијарди долари поддржана од замрзнати руски ...
Итно постапување по наводите на Стејт департментот на САД треба да биде следен чекор на македонските правосудни органи, по ставањето на Артан Груби, поранешниот прв вицепремиер во македонската Влада, и судијата Енвер Беџети, на американската „црна листа“ вели за Гласoт на Америка на македонски, Билјана Ивановска, поранешен прв човек на Антикорупциската комисија. „Фактите врз основа на кои што Стејт департментот ги става личностите на „црната ...
Државниот секретар Ентони Блинкен се појави денес пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом за последен пат да се соочи со прашања за некои од најтемните моменти од претседателствувањето на Џо Бајден: повлекувањето на САД од Авганистан. Сослушувањето доаѓа при крајот на дипломатската кариера на Блинкен, со само неколку недели до преземањето на функцијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и на крајот од претседавањето на ...
Директорот на Федералното истражно биро (ФБИ) Кристофер Вреј денес ѝ кажал на работната сила дека планира да поднесе оставка на крајот на мандатот на претседателот Џо Бајден во јануари, најава што дојде недела и половина откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп рече дека ќе го номинира лојалистот Каш Пател за таа функција. Вреј рекол дека ќе се повлече „по неколку недели внимателно размислување“, три години помалку од завршувањето на ...
Администрацијата на Бајден соопшти дека е во контакт со сите бунтовнички групи во Сирија по соборувањето на претседателот Башар ал Асад и сака процесот за формирање нова влада да го водат Сиријци. Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, во интервју за турската редакција на Гласот на Америка, рече дека без оглед какво и владеење да произлезе од процесот, Вашингтон сака да се погрижи да ги исполни аспирациите на ...
Законот што би им дал на новинарите поголема федерална заштита не помина во Сенатот вчера вечерта, откако беше блокиран од сенаторот Том Котон. Законот предвидува да ги заштити новинарите да не бидат принудени од владата да откриваат информации, како што е идентитетот на изворите. Тој, исто така, би го ограничил запленувањето на податоците на новинарите без нивно знаење. Скоро секоја американска сојузна држава и округот Колумбија имаат или закон ...
Американски дипломати и воени функционери го интензивираа пристапот до групите кои се натпреваруваат да зацртаат нов курс за Сирија, како и со сириските соседи, во обид да обезбедат падот на режимот на поранешниот претседател Башар Асад да не отстапи место за понестабилна и опасна иднина. Голем број клучни состаноци се одржаа вчера во Јордан, каде што високи американски дипломатски претставници одржаа консултации со нивните јордански колеги, по ...
Прославите во Сирија и објавувањето на нова, преодна влада продолжуваат да го поттикнуваат оптимизмот, но не ги забавија меѓународните напори да се осигура дека долготрајните тензии и непријателства нема да ја поткопаат подобрата иднина за земјата. Американските власти продолжија со своите напори, делумно фокусирани на тоа дека терористичките групи како што е Исламската држава не можат да го искористат периодот на транзиција како шанса за ...
Одлука дека прво ќе одржи подготвителна седница за иницијативите околу Законот за употреба на јазиците, па потоа да се произнесе за уставноста на одредени негови одредби – тоа е епилогот од денешното заседание на Уставниот суд. На седницата, која се одржа во наелеткризирана атмосфера поради неколкудневните протести на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, пред зградата на судот, учествуваа шест од вкупно деветте членови, а петмина од нив беа ...
ВИЕНА, 11 декември (Ројтерс) - Трговијата со луѓе нагло се зголеми поради конфликтите, климатските катастрофи и глобалните кризи, се вели во извештајот на Обединетите нации објавен во средата. Во 2022 година, последната година за која податоците се широко достапни, бројот на познати жртви ширум светот се искачи на 25% над нивоата пред пандемијата во 2019 година, се вели во Глобалниот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и ...
Индија е оптимист дека врските со Вашингтон ќе се продлабочат за време на администрацијата на Доналд Трамп. Трамп зазеде остра позиција кон Кина за време на кампањата, а Индија е важна противтежа на Пекинг во Индопацификот. „Всушност, во неговиот прв мандат, прашањето за Кина навистина доби на значење, а дебатата за Кина се пресели на многу поинакво ниво. Мислам дека Индија се надева оти можеби тој ќе се надоврзе на тоа што ќе им овозможи на ...
Генералното собрание на ОН во среда треба да ја разгледа нацрт-резолуцијата со која се повикува на итен прекин на огнот во Појасот Газа, како и ослободување на сите заложници кои се уште ги држат милитантите. Состанокот доаѓа неколку недели откако САД гласаа против слична мерка во Советот за безбедност на ОН. Генералното собрание претходно го одобри повикот за прекин на огнот, но неговите резолуции се необврзувачки, за разлика од Советот за ...
(Ројтерс) - Синот на седумдесет и петгодишната Марина Теришвили, Мамука, беше убиен на националистички митинг во Грузија во 1992 година. Сега нејзиниот друг син, Ѓорѓи, е уапсен поради неговата улога во протестите против наводното руско влијание во нивната татковина. Седум полициски автомобили се собраа во нејзината куќа во главниот град Тбилиси во петокот и го приведоа Ѓорѓи, 52-годишен таксист, рече таа. Тој беше ставен во истражен затвор во ...
Најстарата монета изложена во Музејот на Народната банка датира од 5-ти век пред нашата ера. Тоа е сребрена монета на пајонското племе Дерони. Покрај оваа, во музејот е изложена и сребрена монета на пајонскиот крал Тевтај, вели Маја Хаџи – Манева, кустос во Музејот на Народната банка. Embed share Богата нумизматичка збирка во Музејот на Народната банка Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your ...
До неговата смрт во август 2023 година, Евгениј Пригожин беше лидер и лицето на платеничката група Вагнер. Во 2014 година, групата почна да испраќа илјадници платеници да се борат за интересите на Русија во Украина и на Блискиот Исток. „Видовме многу блиска соработка со Министерството за одбрана и другите руски институции на места како Украина во 2014 година и во Сирија“, објаснува Џон Лехнер, новинар и истражувач. Групата започна да работи и во ...
Пет илјади луѓе ни умираат годишно од аерозагадување. Едно од девет деца што умира во државава е поради аерозагадување. Не сме во воена состојба да губиме толку луѓе од проблем што е решлив. Тоа во изјава за Гласот на Америка го истакна Горјан Јовановски, еко-активистот од иницијативата „Зелен хуман град“ за време на денешниот протест во Скопје против аерозагадувањето. Протестот почна пред Министерството за животна средина, продолжи пред ...
Обидувајќи се да ги заштити и резервите на хемиско оружје. претседателот Бајден нагласи дека САД нема да дозволат ИСИС да го искористи вакуумот за моќ што се создава сега, вели Мајкл Рубин, виш соработник во Американскиот Институт Ентерпрајз за ситуацијата во Сирија во интервјуто за руската редакција на Гласот на Америка. Глас на Америка: Според Ваша оценка, што би требало да се исполни таа мисија и кои актери би требало да се вклучат доколку ...
Владејачките партии ликуваат, опозицијата ја поздравува, ДУИ ќе ја почитува, а амбасадата на САД порачува дека ќе се бара одговорност од сите кои се вмешани во криминал и корупција – така изгледа ситуацијата во земјава по одлуката на Стејт департментот на т.н. „американска црна листа“ да ги стави поранешниот заменик-премиер и висок функционер на „интегративците“ Артан Груби, како и судијата Енвер Беџети, поради вмешаност во значителна корупција. ...
Палестинските лекари денес соопштија дека во израелските воздушни напади загинале најмалку 25 лица во појасот Газа. Медицинските лица рекоа дека нападите погодиле повеќекатница во северниот дел на Газа и дека повеќето од убиените се од исто семејство. Последните напади се случија еден ден откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека има дополнителен простор за обезбедување договор со милитантната група Хамас за враќање на заложниците ...
„Мислам дека е релативно голем потрес за нашата политичка сцена и судскиот систем. После ова, политичката кариера на Груби и судската кариера на судијата Беџети нема да има голема иднина“, рече Марко Трошановски-претседател на Институт за демократија. Вака Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија го оценува ставањето на поранешниот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби и Енвер Беџети, судија во Апелaциониот суд на ...
Владејачките партии ликуваат, опозицијата ја поздравува, а ДУИ ќе ја почитува – така изгледа домашната политичка сцена по одлуката на Стејт департментот на т.н. „американска црна листа“ да ги стави поранешниот заменик-премиер и висок функционер на „интегративците“ Артан Груби, како и судијата Енвер Беџети, поради вмешаност во значителна корупција. „Власта на СДС и ДУИ, предводена од Артан Груби, се докажа дека е до гуша во корупција... Со ова се ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека „само одлучност“ може да ја прекине руската војна во Украина и да донесе траен мир. Неколку дена по разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, Зеленски рече дека соработката за ставање крај на војната е главен приоритет и изрази благодарност до Трамп „за неговата силна решеност да ја доведе оваа војна до фер крај“. Украинскиот ...
Стејт департментот вчера соопшти дека активно не ја ревидира ознаката „странска терористичка организација“ на главната сириска бунтовничка група која ја собори владата на Башар Асад овој викенд. Но, се вели дека таквите ознаки постојано се разгледуваат и дека дури и додека постои етикетата тоа не им забранува на американските функционери да разговараат со групата. „Нема конкретен преглед поврзан со она што се случи во текот на викендот“, изјави ...
Израелската војска денес соопшти дека четворица нејзини војници биле убиени во борби во јужен Либан. Во соопштението на војската се вели дека сите војници биле од иста бригада, но не е прецизирано кога биле убиени или околностите на нивната смрт. Развојот доаѓа речиси две недели откако Израел и милитантната група Хезболах со седиште во Либан започнаа прекин на огнот. Договорот, кој ги повикува двете страни да се повлечат од јужен Либан, донесе ...