Согласно заклучок од седница на Владата, Министерството за здравство ја објави јавната набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата. Вкупната вредност на инвестицијата е 461.250.000 денари. Во моментот е во тек законскиот рок за поднесување понуди. – Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски, во пресрет на нивното учество на 61. Биенале за уметност во Венеција. На средбата беа разменети мислења за концептот и подготовките на македонскиот павилјон, како и за уметничкото решение со кое ќе се претставиме пред меѓународната публика, на настанот што со децении ја возбудува светската културна сцена и јавност. ...

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредби за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Осомничените – судски полицаец и доставувач од Основниот кривичен суд Скопје, во периодот од август 2025 година до 07.04.2026 година директно примиле награда во паричен износ од 500 евра и 60 000 денари од сведок, за посредување на судскиот ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата ...

СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Т.З.(37) од Стар Дојран, Б.К.(54) од Нов Дојран и А.А.(41) од Стар Дојран поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот закон. Пријавените на 29.04.2024 година со неизвршување на својата должност која биле должни да ја извршуваат, при спроведување на ...

Како резултат на повеќемесечна, темелна предистражна постапка под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше координирана и обемна акција за разбивање на организирана криминална група. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени судски наредби од Основниот кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола. Приведени се 14 лица, ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против девојка (24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело измама“. Во текот на 2025 и 2026 година пријавената, преку профил на социјалната мрежа Фејсбук, со лажно прикажување на факти дека располага со станови под закуп, довела во заблуда четири лица од Тетово, и од нив примала пари како капар за кирија, а по прием на паричните средства не ги ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, укажа дека додека земјите од регионот напредуваат кон членството во Европската Унија, Македонија стагнира поради погрешните политики на владата на Мицкоски и останува заглавена без никаков напредок на европскиот пат. „Пред некој ден се формираше комисија која што веќе го драфтира договорот за прием на Црна Гора во Европската Унија. Каде сме ние? Заглавени во лагите на ...

Став на МЗ за акцијата на МВР: Министерството за здравство ја информира јавноста дека останува цврсто посветено на принципите на стручност, законитост и правичност во функционирањето на здравствениот систем. Секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди ќе биде предмет на соодветни институционални постапки, во соработка со надлежните органи. – Безбедноста на пациентите и квалитетот на здравствените услуги се наш ...

На 23.04.2026 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, спроведена е полициска акција, при што сузбиени се организирани криминални групи инволвирани во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“. Во рамките на акцијата, врз основа на претходно обезбедени ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција истакна дека премиерот Христијан Мицкоски се повлекува од законот за двојни државјанства затоа што се дозна вистината дека министри, пратеници и други функионери на ВМРО имаат бугарски пасоши. „Вчера премиерот Христијан Мицкоски ретерираше од најавениот закон од неговите пратеници на ВМРО за тоа да пратениците немаат двојни државјанства. И уште една нивна лага е разобличена. Зошто? ...

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, г. Беким Сали, оствари средба со претставникот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Република Северна Македонија, г. Бјорн Габриел. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Владата и ЕИБ, како и за забрзување на реализацијата на проекти поддржани од Европската Унија. Посебен акцент беше ставен на проектите во областа на инфраструктурата, ...

На Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денес беше пуштена во употреба нова лабораторија наменета за претклинички вежби на студентите. Инвестицијата е во вредност од 10 милиони денари, а средствата по половина ги обезбедија Министерството за образование и наука и Универзитетот. На отворањето присуствуваше и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која упатувајќи честитки до ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Според прогнозата, утринските температури ќе се движат од -2 до 4 степени, при што најстудено ќе биде во западните и повисоките предели, каде температурите ќе се спуштат под нулата. Во текот на денот, температурите ќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски во денешното интервју во централниот дневник на Сител телевизија посочи дека по парламентарните избори во Бугарија се слушнал со Румен Радев и му ја честитал победата и ја истакнал заложбата за дијалог и добрососедски односи. „Ние нудиме креативни решенија континуирано овие две години откако сме Влада. Континуирано бараме средби, разговараме со нашите партнери во Брисел. Малку сме, како да кажам во една дилема, ...

Откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче најави повлекување на СДСМ од работната група за изборниот законик по предлогот на власта за укинување на техничката влада, реагираше и Марија Митева портпаролка на Владата која таквиот потег го оцени какоуште еден политички незрел потег и постапувањето на ваков начин не носи ништо добро во интерес на граѓаните. „Не можам да разберам како Филипче вчера кажа дека имаме пораст на гласовите, а денеска дека ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2026 година, изнесуваше 46 159 денари. Во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.2 %, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за ...

Со фокус на дигиталните и ВИ вештини, денес започна Youth Empowered Пивара Скопје Академијата за млади – бесплатна едукативна платформа насочена кон унапредување на знаењата и вештините на младите, со цел нивна поголема конкурентност на пазарот на труд и активно учество во заедницата. Стартот на Академијата беше одбележан со панел-дискусија на Економскиот факултет во Скопје, на која учествуваа: министерот за дигитална трансформација, Стефан ...

Владата ќе продолжи со спроведување политики што создаваат создаваат стабилна, предвидлива и транспарентна деловна средина, во која инвеститорите ќе можат долгорочно да планираат и да се развиваат. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред Британската бизнис асоцијација која денеска одбележуваше три години остоење и делување во земјава. Таа потенцира дека Обединетото Кралство е еден од најзначајните економски ...

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 11,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,1%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на кредитите кај корпоративниот сектор. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 11,3%, поради повисоките ...

Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, од денеска го започна процесот на регистрација на нови учесници на пазарот во тековниот ден (Intraday Market). АД ЕСМ е првата компанија која официјално се регистрира на овој пазар, со што е подготвена за активно учество во првите трансакции на новиот пазарен сегмент. „Со воведувањето на интрадеј тргувањето, отвораме ново поглавје во оптимизацијата на сопственото ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Управниот суд ќе се поврзат дигитално преку софтверската платформа ЕПУС – ова е предвидено во Меморандумот за соработка што го потпишаа претседателот на РКЕ, Ацо Ристов и в.д. претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини. Софтверската платформа е креирана за да обезбеди брза, безбедна и ефикасна електронска комуникација со навремена размена ...

Владата најави конкретно намалување на цената на течниот нафтен гас, при што според официјалните информации, од полноќ цените на плинот се намалени за околу 5 денари по литар. Портпаролката на Владата, Марија Митева, информираше дека станува збор за резултат на координирани институционални мерки и договор со трговците, со цел стабилизирање на пазарот и заштита на стандардот на граѓаните. – Денес сакам да ја информираме јавноста за конкретен ...

„Реплек“ уште еднаш потврдува дека стратешкиот и современ пристап во менаџирањето со вработените е еден од клучните предуслови за деловен успех. Оваа фармацевтска компанија освои второ место за најдобра регионална HR практика во категоријата компании до 1.000 вработени, на 14-тото издание на конференцијата HR Days, која се одржува од 21 до 23 април во Ровињ, Хрватска. Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на „Реплек“ беше препознаена ...

Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (EES) на граничните премини за македонските државјани, во периодот од 1 јуни до 1 септември, 2026 година. Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјава, кој предупредува дека евентуалната примена на ...

Не може министрите во Владата да имаат резервна татковина, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека со законските измени што ги предлага пратеничката група на СДСМ и коалицијата јасно ќе се утврди дека носителите на функции во Владата мора да имаат само едно државјанство, со цел зајакнување на одговорноста и транспарентноста во извршната власт. „Ние ...

Нема да дозволиме здравјето на граѓаните во Крива Паланка, да биде загрозено поради бизнис интересите на оваа власт, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието. Филипче посочи дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на интересот на граѓаните, и тие имаат право да ја знаат вистината за рудникот во Кривопаланечкиот регион дека еден од потписниците на тие договори што ќе го користат рудникот е ...

Укинувањето на техничката Влада е автократки манир и нема да го прифатиме, таа не треба и не може да се укине, бидејќи е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието. Филипче посочи дека во состојба кога власта има целосна контрола врз судството, кога не се знае како се користат податоците од системот Сејф Сити, не семее да се случи ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (23 април) ги отвори редовните билатерални, македонско-американски одбранбени консултации на кои со, заменикот-помошник секретар за војна, Дејвид Бејкер и тимот од САД разговараше за регионалната безбедност, за развојот на Армијата преку процесот на модернизација и опремување, инвестициите во одбраната и новите можности за развој на стратешкото партнерство и сојузништво помеѓу двете земји. ...

Малиџано

6 часа - МИА
weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.57
26%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.63
34%
1016
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.08
44%
1014
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
1.25
32%
1018
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
0.57
25%
1017
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.45
67%
1016
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
5.81
37%
1013
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
0.22
21%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
0.54
27%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
1.79
42%
1016
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
1.79
37%
1016
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 26ᴼ
3.84
67%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Кобалт

56.29

Калај

55.95

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Сребро

1954.91

Родиум

269262.50

Злато

133030.14

Алуминиум

3.23

Иридиум

252383.36

Платина

56295.96

Паладиум

43242.75

Бакар

13.37